Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Долго време се мислам што да напишам. Во последно време некако се` ми е исто, досадно, монотоно во животот. Станувам рано, одам на училиште, а таму секој ден тортура, испитувања и тестови, попладневно спиење, учење за следниот ден, пак спиење. И се` така... Не можам и да ги разберам овие професорите, како еднаш не можат тие нас да не` разберат? Да, навистина некогаш си се опуштаме и не учиме, ама не е се` во оценките. Важно е дали од тие училишни врати ќе излезеш како човек, подоцна да знаеш да се справиш со тешкотиите кои ги носи животот, да имаш карактер, пријатели, а оценките се релативна работа. Ама многу ме замараат. Имам некој немир, немам ни апетит и мислам дека е крајно време да се помирам дека не може секогаш да се биде најдобар.
    Не можам, одам да спијам :yawn:
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    :doh:
     

    Прикачени фајлови:

    • i can't.jpg
      i can't.jpg
      Големина на фајлот:
      22 KB
      Прегледи:
      331
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    The awkward moment when ќе ја ставиш сликава на фејсбук и ќе ти ја лајкне сучка од 40 кила сосе кревет што ја мрзиш. :wasntme:
     
  4. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
     

    Прикачени фајлови:

    На owl-ribbon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.125
    Допаѓања:
    179.673
    Пол:
    Женски
    You Never Know How Strong You Are Until Being Strong Is the Only Choice You Have.....
     
    На owl-ribbon и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  6. Velvet

    Velvet Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Сакам да кажам дека за нова година сакам убаво да сум нашминкана а сум како фатена во рацете.За шминкер не ми се дава толку пари а немам некоја другарка што добро шминка..What should I do? :(
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Запиши некој убрзан курс по шминкање. :geek:
    Ти стварно не знаеш што да правиш?!?! :tmi:
     
    На ilipili, kravce, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Velvet

    Velvet Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Па добро,немораш одма да напаѓаш нели?
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Само ти дадов совет, а ти читај меѓуредови дека имаш опции на јутуб, еве на пример
     
  10. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам дека неодамна слушнав за една дешавка на Економскиот наш Државен.
    Не ги знам сите детали, но информацијава доаѓа од сигурен извор :!:

    Гомното во случајов е нормално долгогодишен професор, кој после мал милион расплакани студенти, денес да го прашаш дали е човек или божество, веројатно ќе се замисли и нема да знае да одговори веднаш. Се разбираме, да.

    Собрал еден куп студенти во амфитеатар на предавање на кој морале да присуствуваат нели за да имаат присуство и после да добијат потпис. Барем така им кажал овој повраќаницава.
    Е после предавањето им рекол дека потпис ќе добијат само тие што поминале на првиот колоквиум А НЕ тие што биле на предавањата.
    Студентите изреволтирани од ваквиот потег, се собрале, се договориле и го пријавиле случајот во Деканатот. Од таму веројатно го притиснале и овој попуштил, но на истата група им рекол нешто у стил имам список со имињата на сите од Фејсбук групата што ја направивте за овој случај, ќе се разбереме ние поединечно.

    Сакам да кажам дека после ова ниту еден студент од Државен нема право да напаѓа ниту еден приватен факултет.
    Ни за привилегираните дечиња, ни за разводенетата програма, ни за попуштањата, за ништо!

    Тоа што го доживуваат студентите на Државен не гради карактер, не гради луѓе, не формира нити подготвува младина за иднината.
     
    На Hipster, Mishela и Extraordinary.girl им се допаѓа ова.
  11. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Како и секогаш, сакам да кажам многу работи, но кога ќе почнам да пишувам ги заборавам половината. |(
    Нема врска. Сакав да кажам дека очигледно атмосферата надвор воопшто не влијае на мене. А тоа, мора да признаам дека ми се допаѓа. Како една лабилна личност, која често не знае што сака, меланхоличен поет кој очајно го бара тмурното време за да пишува, се чувствувам горда што денес не е таков ден. Надвор магли се насобрале, и тоа густи. Голи дрвја, намуртени лица, нечисти улици. И низ маглата, небото дава некаков отсјај на зајдисонце. Убаво зајдисонце, розово, иако е магливо. И не знам, навистина не знам зошто сум среќна. Немам никаква добра причина, освен петката по математика, уништена од четворката по физика. И, искрено, ова не ни личи на декември. Повеќе ми личи на септември, доцна есен. Кој би помислил дека станува збор за доцна зима?! А пак, сето ова, важно ли е? Секогаш така, бегам од темата, сакајќи да опфатам се` што ми се вртело низ мисли. Па што. Не ни мора некој да чита. Само јас да пишувам. :)
    [​IMG]
     
    На Lilliana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ами како не ги подготвува за иднината? За оваа наша реалност таму надвор, на работа, во институциите, правата, животот? :D Да знае студентот дека не е све розево, дека сопки има на секое ќоше, да се научи дека тоа што му следува има да се бори за да го добие, а ако се пожали...тогаш ќе го исклоцкаат. Па кога ќе излезе од факултет, дипломиран (пошто на државен не се сите деца на газди) да знае што го чека, да не мисли дека има некоја фотеља за него резервирана, дека сите ќе му се искрени и со прави намери, дека никој нема да го кодоши за да му го земе работното место... :tmi: утопија бре
    Она што се случува на државните факултети е огледало на корумпираноста и жалната состојба на државата.

    Патем...госпоѓата со гафот била учителица. :| Речи су сувишне.
     
    На moonlight-girl.55, Doozy, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Зошто неможам да имам вистински другарки како што јас сакам? Зошто неможам ни УБАВИТЕ работи што ми се случуваат да им ги кажам, а не па лошите.. зошто... денес почувствував дека не се тие што беа..И убави работи ми се случија и лоши а јас неможам да им кажам, а секогаш сум овде за нив.

    '' Каде сте кога ми требате? Секогаш сум била овде и за добро и за лошо, солзи ми паѓале по лице заради вашата среќа... вашата среќа е и моја среќа.. зошто вака ми враќате? Јас времето со вас сакам да го поминувам лудо и незаборавно затоа некогаш моите шеги за вас се како нешто најлошо да сум сторила и тогаш ми свртувате грб и притоа ме прашувате зошто само со други другарки се дружам? Знаете денес колку ми беше тешко зошто една работа и тоа добра која што е за споделување неможев да ја споделам со вас..срцето ми е распарчено.. ама ете неможев да ви кажам.. сите овие зборови се напишани со солзи во очите. Јас не ви посакувам ништо лошо напротив СЕ НАЈДОБРО.. ама... ете кој како го сфатил.''

    ;( Тешко ми е...
     
    На COollLady, Velvet, Chica.Loca и 4 други им се допаѓа ова.
  14. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Од Македонија држава на бидува.
     
    На majicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Треска имам јака, и многу ми е мака
    Апчиња цел ден пијам и во кревет гнијам
    Шмркам, кашлам, кивам и неможам да спијам
    Од очите солзи ми течат и многу ме печат
    Вечерва нема излегување, повторно ме чека ПРЕЖИВУВАЊЕ!

    Мојата моментална состојба!

    [​IMG]
     
    На anichka94 и marama им се допаѓа ова.
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Тоа беше на Економски, за Шуклев станува збор. Него сите го знаат која будала е со години наназад, и никој ништо не му може.
    Е сега, работата е што, тој пушта само 1 список во текот на семестарот, и ако те нема на тој список нема да си земеш потпис, поточно речено, нема да земеш бесплатен потпис туку ќе треба да го платиш 500 денари. А бидејќи немаше пуштено список цел семестар, се знаеше дека на последно предавање ќе го пушти (тактички скроз погрешно :D ) и дојде на предавање нормално, секој еден студент што слуша менаџмент. И професорот се изнервирал зошто обично на предавање има САМО по 500 души а сега има 1500, и решил да даде потпис само на одредена група на студенти, не само на положените туку на тие што учествуваат во негови проекти, и рандом среќници.
    Е сега, дека не е во право не е, бидејќи во тие 1000 души што дошле дента имало редовни што си иделе секое предавање, ама па и немаше да биде фер на сите да им даде. Како и да е, каша попара се направи работава си добија сите потписи и професорот си остана без неговите 500 денари од потпис...жалосно ;(

    А за тоа дека нема споредба со приватни, секако дека нема, знаењето и искуството што го стекнуваш на државен не може да се спореди со мазење од приватен, државен те спрема за вистински живот и да не должам Кравче убаво објаснила.
    По некоја логика добра тактика на министерство за образование, кога ќе излеземе од државен Македонија ко земјата на бајките ќе ни биде. Да не беше трагично ќе беше смешно работава.
     
    На kravce, simoncelicius, moonlight-girl.55 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Последен тест утре! Халелујаа! Математика е на ред, уште денеска да поучам, да повежбам - па фри сум после. Само уште 2 дена од школо, секако нема да одам во понеделник 8)
    Новогодишна еуфорија започна, фајнали!

    Ајде да се вратам на работа, имајте пријатна вечер :D
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Мора да се тргнам од Фемина малку, почнав и да ве сонувам. :rofl: Кога читав дека сте сонувале некоја членка а не ја ни знаете ми беше многу чудно. Но оваа вечер и мене ми се случи тоа. Ги сонував Старфиш, и Јипмен. :tmi: :wasntme: Дошле кај мене на гости, тие двајца како пар, и старфиш беше девојката како на нејзиниот аватар, а Јипи беше црнец и личеше на раперот N.E.R.D. :rofl:

    Во таа чест ве поздравувам со оваа песна од НЕРД и доста ми доаѓате на сон. :bow: :wasntme:

    http://www.youtube.com/watch?v=YM-41D89rdc
     
    На kravce, ilipili, danniela5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    И сите да ти свртат грб пак семејството ќе биде со тебе. :!: :!: :!:
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    @ Nymeria

    По тоа некое сваќање кое ни со пиштол вперен кон мене не можам да го наречам логика или логично, Министерството за Образование со нивните "тактики" и крвопијските реликвии од социјализмот а.к.а. професори на државен ќе им покажат на студентите како изгледа светот 4 години пред да дознаат овие од приватни.

    Кога ќе излезат од факултет, тие што нема да се вработат во на тато и мама фирмата, секако ќе се соочат со реалноста.

    Ова сега ќе излезе и дека Државен ќе ве направи ко волци со лузни, риба во вода во Македонскава џунгла, предатори...

    Не можам да прифатам позитивна страна во ситуацијава, ни оваа конкретно ни општата во УКИМ.

    Татко ми и мајка ми биле уште на времето туркани на испити за тешки глупости, па морале да даваат пари, да одржаваат вили на професори, да носат риби, па ми кажувале за многу посиромашни студенти во нивната генерација, од Источна Македонија со вреќи компири доаѓале во Скопје, и што уште не..

    Мислиш ли дека таквото е.ење во уста ги направило подобри луѓе?

    Nymeria, те молам...

    Едит
    И во никој случај не зборувам нешто лошо за студентите, само велам нема добра страна во ваквиот однос од професорите и дека е крајно нефер кон студентите.
     
    На Hipster и kate21 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.