Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Сдк т.е сдпф (сакам да се пофалам :D ) дека имам 5 на полугодишниот математика ! На граница и тоа. И мило ми е за петката од две причини. Не дека беше петка на граница , туку дека беше петка како прва причина , а како втора единствена петка во класот. И ми остана уште еден тест за земање. А ќе ни го даваат утре... И тој да е петка супер би било ,ама некако се сомневам во себе. Што знам , да е петка тој тест сите петки би ми биле на полугодие претпоставувам. Ќе се помолам вечерва и тој да е петка , и со тоа би ми се отргнале сите грижи околу учењето барем до Божиќ. А зошто до Божиќ ќе прашате? Ех, е па матуранти. Треба да се учи со време и за интерни и за екстерни , да се прават проектни , тема за бранење .Па и не било толку лесно да си матурант , но најубаво е . Првпат вчера почувствував како има поголема блискост и доверба меѓу учениците во класот, како сите се за еден , а еден е за сите :)

    Задоцнив да си ја направам поубава новогодишната атмосфера од учење , тестови, испитувања. Отидов да си ја наредам елката и да поставам панделки и бисери на вратата од детската соба. Ви посакувам на сите пријатна вечер .
     
    На kravce, zhap4e, Oxymoron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659

    Малку на иронија пукав, ама добро ајде :D

    Јас не го бранам тоа изживување на професорите врз студентите, досега фала богу не сум била засегната да бидам дел од корумпираната игра, ама сум била ете „жртва“ на дискриминација бидејќи не сум дете „од фамилија“, сум добила поинаков однос, но никогаш не ме обориле за тоа.
    На државен ако знаеш, ќе положиш, а знаење се бара многу, што не е случај со приватен, а тоа го знам бидејќи со свои очи сум видела и сум споредила 2 исти факултети од државен и приватен. Има исклучоци на професори како Шуклев, ама тие се само исклучоци и не се на сите факултети.
    Да не ја вртиме дискусијава, уште од сега се знае исходот односно јас ќе си останам на моето ти на твоето, само за џабе ќе редиме офф топик муабети, има цела тема за ова па ни таму нема заедничко решение.

    Дека се билда искуство на државен, да, ама дека е тоа правилно...не знам.
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    17.277
    Кога мајка ми ќе рече „Не јади, за гостите е“.
    [​IMG]
     
    На Antigonna, Glossy-girl, kravce и 16 други им се допаѓа ова.
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк генерацијата или пак општо младиве девојки :!: со чесни исклучоци, многу големи мрзи станале кога е во прашање вежбањето, трчањето, здравјето на телото.

    Им се чудам трошат премногу пари на козметика-шминки за да се почувствуваат подобро,посамоуверено а ја губат или воопшто ја немаат грижата за сопственото тело. А секако дека со малку вежбање секој се чувствува посамоуверено а воедно и поздрав.А поради што е сето ова, поради најчестите изговори : Ме мрзи! Таква ми е градбата,гените...
    Ма немој :^)
    И така си барав друштво за вежбање зумба или било што по дома но не најдов па сама си се трудам :D
    Мора да се тргнат накачените килограми, ме нервираат, ми сметаат а и од самата помисла дека идат богати трпези за празнициве страв ме фака, дека нема да можам да им одолеам.

    И решив да се шишам, но се мислам како, ох зошто е толку тешко да се донесе одлука кога е во пршање женската коса :?:
     
    На CoverGirl10, XMaN, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Antigonna

    Antigonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    257
    Би можела со часови да зборувам за тоа колку ја сакам оваа празнична и зимска атмосфера
    и со денови да објаснувам зошто е тоа така. Кој и не би можел? Секој од нас на различен начин гледа на овој прекрасен период од годината. Верувам дека ми е среќен,верувам дека сега ми се случуваат најубавите работи,верувам.
    Но триесет и први декември не ми значи буквално ништо,а уште помалку пак,таа „волшебна предновогодишна ноќ“ за која сите паничат.
    Поентата на сето ова е да усреќиш некого,не да ги облекуваш најсвечените и најубавите работи,да одиш по фризери и козметичари,знаејќи дека ќе завршиш со искубана коса и скршени штикли,повраќајќи во некоја шоља.
    Како и да е,сега многу сакам да готвам,а посебно за најмилите. За мене нема поубаво чувство од тоа да предизвикаш искрена детска насмевка.
    И додека сите се расправаат околу каде ќе ја испратат старата година,јас си готвам за внуката ми.
     

    Прикачени фајлови:

    На Moira, CoverGirl10, Doozy и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.125
    Допаѓања:
    179.669
    Пол:
    Женски
    Да промрчам малце јас....значи девојкава брк...као сомче... море сомиште... буквално плетенчиња можела да сплете.. ама фатила фраер, па го мотка низ град, е сеа она шо не ми е јасно тука... абе..не и го глеа бркот !?!?!? Пробува цвики нешо.. и го прашува како и стојат... во тој момент сите околу ја глеаа во бркот само тој во цвиките (ќе да не и го глеа)... мислам дека од коа ќе го извади бркот (ако евентуално се деси тоа), комотно може да го користи као перде за новите цвики!! Па ја преку излог и го приметив, а за воља на вистината ретко приметувам детали нит па се загледувам по луѓе.... ама луѓе мои брков нејзин очи бодеше.. просто те моли да и рипнеш и да и го искубеш на лице место, коа веќе на неа не и текнува! |(
    Сфаќам на нозе...раце и тако даље.. влакна... мораш да ги пуштиш за депилација, ќе си носиш фармерче..хеланче..дугачки ракави.. па не се глеа.. ама брк бре... :puke:
     
  7. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Ми здосади што осаменоста се вовлече во мене како влага во ѕидовите и чувствувам се на неа.Некако,кога и да фрли некој поглед накај мене, имам чувство дека го гледа тоа – гледа осаменост.
     
    На CoverGirl10, anabel-a, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.331
    Допаѓања:
    158.466
    Каков премиер треба да си да излезеш во емисија без концепт која ја прави необразувана личност без поим за политика,уличарски речник и припорски хумор?
     
    На Annath, Hipster, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Eлементал ова е чиста вистина за жал. Ситуацијата беше таква и за тоа сам си е крив, не сме ние криви. Прво плаќаме премногу пари :!: значи за се нешто се бара пари, од ратата која ја имам како редовен студент во државна квота и изнесува 200 евра годишно јас плаќам 400. Ни наплаќаат дури и за потврда за редовен студен 100 денари, не ми е јасно што кошта толку, мастилото од печатот??? И крајно се невоспитани, затоа што ретко знаат да излезат во пресрет на студент. А овој горе наведениот професор е цел живот таков, можеби и он бил измачуван во негово време па сега истото ни го прави и на нас. Најмногу од се ми е криво што даваме толку пари, нема услови за одржување настава. Не ми беше јасно како ќе одржува предавање на студенти од 6 смера (а во еден смер се околу 200).. Толкав капацитет амфитеатарот нема. И Нумериа напомена дека останал без тие 500 денари, не, зема тој пари од другите студенти што не оставија индекси, ги има доста такви. Што се однесува на листата со студенти, тоа не беше група направена за него, туку група на колеги од цел факултет каде се коментираше за неговото давање потписи каде добиваа потписи деца што правеле проекти, а не оние кои се редовни на предавањата. Таму го нарекуваа со грди зборови, се силеа и триста чуда, за да некој го испринта сето тоа и го однесе кај професорот, епа тие студенти, искрено жал ми е, ама не знам дали некогаш ќе положат и ќе завршат на Економски факултет. Реалноста е таква и сурова е многу, а никој не е колегијален во денешно време, сешто се прави за оцена...
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.331
    Допаѓања:
    158.466
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Someday I'll be living in a big ol' city... And all you ever gonna be is meaaan...

    Влегов во светот на фантазијата... Моите соништа, соништа кои тешко се остваруваат, но е лесно да ги сонуваш...
    Бидејќи е реално...
    Барем сум реална и дека се тешко остварливи...
    Оваа година, а и наредната имам само една желба... И за Нова Година, и за роденден, и за Божиќ... а и наредните што следуваат...
    Конечно знам што сакам.
    Нема да биде лесно.
    Може нема ни да се оствари.
    Немам зашто да брзам.
    Ќе бидам упорна.
    Битно е дека знам што сакам.
    А и онака, веќе одамна научив да се справувам со разочарувања, така да ништо страшно и да не се оствари.
    Конечно постои нешто што го сакам повеќе од него.
    Јас имам цел. И доволно многу сакам да ми се оствари. Ми треба само среќа. Не барам многу, нели?
     
    На Moira, bittersweet, Lilliana и 9 други им се допаѓа ова.
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Во еден ден на една другарка и почина дедото а на друга и е роденден. Тоа е тој начин на функционирање на животот, чуден и глуп начин и се трудиш да се убедиш дека се има смисла, а уствари ништо во животот нема смисла. (заборавив да напоменам, не се поврзани двете)
    Така, прееска поплакав, после ќе одам на роденден, ако воопшто стигнам кај што треба затоа што некој решил да протестира и хаос е општинава.
    Си велам колку малку си дозволувам да уживам во среќата. Можеби немам се, но имам и повеќе од доволно. Си велам си поставуваме кочници во животот и ги отежнуваме работите а нема потреба од истото. ама џабе си велам, такви сме...
    Изморена сум. Изморена и глупава. Глупава затоа што кликерот ми фаќа, синоќа за 1 саат совладав десет типа на задачи што и не се баш лесни и некој цела недела ги спрема, а до сега бев таква мрза, т.е што би рекла лилит прокрастринирач и заглавив. Арно рано ми текна да станам сериозна. Мислам добро не е крај на светот, ама зошто да е така кога можело поинаку.
    Изморена сум да ги пробивам ѕидовите што тој ги поставува околу себе без причина. Бил изгорен некогаш на времето, но не од мене. Безброј пати сум кажала покажала и докажала дека сум сериозна дека сум тука, дека ништо не ми влијае, дека сум го прифатила, дека го љубам премногу и не можам веќе. После сите години се изморив веќе па на некој начин јас почнав да се оградувам. На толку суров начин го оттргнав пред некоја вечер што не се препознав себе. Не сакам да сум таква. Сакам само да ме пушти во животот целосно, како што треба, без страв, без резерви, без несигурност... никогаш не би му наштетила ниту пак би го повредила. Не знам од која причина упорно вртиме во круг и уништуваме нешто искрено и убаво. Или ако не ме сака повеќе нека ме пушти, ама не може ем да ме држи ем да не бидат работите како што треба. Би му помогнала со што и да е, би била покрај него во се, само кога би ја отворил таа уста негова и би прозборел. Не можам да гледам на гравчиња, не можам... секој човек има граница, сечие трпение има крај, не можам повеќе.
    Јас не знам да се препуштам како него, тој е опуштен(ко демек), поладен, посталожен, живее ден за ден. Јас ги сакам работите сигурни, не викам да закажеме во матично од сега, ама не можеш да бидеш во нешто кое не би имало некаква иднина. Сакам да се како што треба работите и тоа ми е дефект. Не можам да функционирам ако работите во животот не ми се како што треба, се нервирам, се замарам, побудалувам. А што е тешко да направиш план за нова година на време, или за роденден, или да имаш план во понеделник на пример за да излезеш негде во сабота? ЈАс сум таква тој не. Ова може ќе излезе, па она, па дрн дрн дрн дрн јариња. И така се во 5 до 12. Некогаш убаво е и така, ама не можеш да живееш на тој начин.
    Изморена сум и да ја гледам мајка ми како си доаѓа дома и не може веќе на нозе да стои целите и се рани а нема друг избор, изморена сум што светот е суров, животот е суров, луѓето се сурови, се е сурово.
    И јас сум сурова, навистина многу го тегнам трпението ама кога ќе ме фати бесот фатено е. Можам да го излудам, да не кревам, да бидам дрска, ладна и безобразна, да не го сослушам, да не ме интересира. Не ми е така на душата, ама кога ќе ми дојде премногу болка и премногу нефер работи навистина сум таква на некој начин бесчувствителна, да проба малку од својот лек. Еве сега, највеќе на свет сакам да го гушнам а ќе му речам дека не можам да се видиме. Зошто максимално се поминаа границите последниве недели.
    Човек сум, грешам, си имам многу дефекти, како и секој од нас и физички и психички и секакви. Пример, се бањам со уклучен бољер ама нема шанси да се бањам ако работи машината за перење, пијам само од стаклена чаша, јадам само со една моја вилушка, не носам боди, се нервирам ако бојата на чорапите не ми одговара со бојата на долната облека и слични смешни и трагични дефекти.
    Ама еден Господ ако навистина постои е сведок дека секој ден се трудам да бидам добар човек, да спијам мирно и да ми е чиста совеста.
    Ништо материјално не барам за нова година, барам само Господ да ми ги чува бабите и дедовците, да ми ја чува мајка ми, и со него да се средат работите еднаш засекогаш. Со се друго што ќе фрла животот по патот ќе се сносам, само овие три работи нека ми ги исполни, мислам дека толку сум заслужила.
     
    На eli25, Bozica1980, Moira и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Ова го прочитав некаде на нет. Сакам да го споделам со надеж дека ќе стигне до вистинското место како новогодишна честитка од мене ..
    "На полноќ на 31 Декември, ќе видиш гужва од луѓе околу себе. На дел од нив ќе им честиташ, ќе ги гушнеш, ќе ги бакнеш, но, ќе ти недостига само еден поглед, еден бакнеж и една прегратка кои нема да ги добиеш... "
     
    На bittersweet, Lilliana, CoverGirl10 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Немам ништо друго да кажам, освен дека устата ми испука. И дека веќе неколку дена немам ништо прозборено. Како рипче сум по дома. Си седам и си дишам длабоко. Си седам и си дишам длабоко. Онака на суво. Па сеа со мојава уста ќе се разгласам до Шар Планина и пошироко.
    Инаку го цитирам Стојанче од маало
    (за мене зборува, да разјасниме. :talk: )
     
  16. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    3.194
    Ова до пола кога го прочитав, уствари и првата реченица, јасно ми беше оти се работи за Шуклев. :D
    И кажи му го името, сите кои студираат на Економски знаат што и како е работата со него.

    Немам што да додадам, за дека е идиот, е, има и неколку професори/ки исти вакви ко него, дури и асистентите се однесуваат ко недостижни, али ајде. Јас се навикнав, верувам дека секој после прва година се навикнува на факултетов.

    Не се согласувам само со твојата констатација дека не гради карактери државниов факултет. :D
    Ау, не си свесен колку гради.
    Со самото малтретирање, трпење на глупости, недавање на потписи итн, се ујачуваш, како не.
    Еве, сега еден мене нејќе да ми даде потпис, не само мене, туку и на сите што не сме зеле на предавање. Бевме на колоквиум, го прашавме, не дава. Океј штом не даваш, ми е гајле, ќе си платам 500 со цела мака, али нит го барам за потпис, нит му се молам, ич уво не ме боли. Суратот не сакам да му го видам повеќе.
    Во прва за ова, може и ќе се расплачев ејјј, како да не ми даде потпис?! Сега, нека крши глава, ама ич не се нервирам.

    Нема никој да те бутне ако знаеш и си напишеш точно, тоа е факт. Не не малтретираат дотолку. ;)

    А овие од приватен, нема што да мрчам за нив повеќе. А имам право! :!:
    Зошто мојата 10ка за која сум се здробила учејќи, за нив е два дена читање. Сега зависи кој предмет де нели. Али мислам дека сите знаеме како стојат работите, нема потреба од тегнење. :)

    А дека не е фер кон нас студентите, не е воопшто, али кој не прашува ...
     
    На EleMental, Sephora и Libera им се допаѓа ова.
  17. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Жалби и пофалби:

    - Женските термо чорапи од Star (или како и да се викаа) се катастрофа. Ама бабините сплетени калци се незаменливи.
    - Обоениот чај во ќесичка не вреди (некако нема вкус ако не ставиш мед/шеќер). Vitalia ме просветли и направи да си поуживам во вистински чај од брусница (60%).
    - Кога ќе се рече студентско бифе се мисли на цени прилагодливи за студенти. Кај се чуло и видело кафе за носење (макијато) 40 денари? Протестирам со некупување.
    - Лајф радио отупе со рекламите за мат стар и анхоч компјутери. Ми го зезнува утринското расположение. Ама и другите радија не знаат за подобро. Знаете, нова година е па се‘ треба да се изрекламира, се‘ треба да се испродаде...
    - Ми треба одмор. Домашен. Охридски. Онака да си правам сенешто. Од радост. Од ќеиф. Без одредени планови. Без аларм и распоред.
     
    На Buttterfly, Shelea, CoverGirl10 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    ...нека оди сФе у qrc
    фала многу, пријатно
     
  19. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    ‎-Кој ќе jaде?
    -ЈА!
    -Кој ќе cпие?
    -ЈА !
    -Кој ке седи на Фемнина?
    -JA!
    -Кој ќе учи?
    -Е да бе се ја :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Elennaa и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Мајка ми бре, комедии. :rofl:

    Знаете, сезона на новогодишни прослави организирани од работа, расположење на вработени да им качи. И еве, помибаа 45 минути откако ја качи татко ми во кола, ете ја ѕвони. Ни ало, ни како си, викам Која песна ти/ми ја погодија. Ми вика, кoја ми е ќерка. :D

    Ние си имаме такозвани пакт песама. Кога одиме на место доживљај една без друга, си се јавувавме една на друга кога омилената песна ни ја пеат/свират. Другарчиња мили.

    Преклани, кога беа актуелни борците на А1, течеше еден чувствителен спот и у позадина Виндс оф џејнџ. И ете ти ја мајка ми, се враќа од прослава видно возбудена, и ми вика Леле чекај да ти испеам една песна, на врв на јазик ми е името. Ајде мајче, певај. Надарена за слух, не и за говор на англиски, пушти глас Таааааана (Теееејк ми) тана нана на нана на (ту д меџик оф д момент) нана нааааа нана (оф д глори најт) и се клати у ритам. Па така најдовме интерна шала.

    За годинава ќе видиме. :rofl:
     
    На Monna.Monna, Buttterfly, Moira и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.