Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.245
    Се надевам мука ќе го фати смогов од *досетлививе* статуси и ќе си замине од градов... Глупи сте,сите до еден,сите што ставивте статус за гнасоќата на градов која патем ја има во задниве 50 години,сите сте глупи! Ставија мерен инстриумент,сега апдејтуваат на интернет...во странство се користи наменски,си ставаат маски,водат грижа за својот живот,одат протестираат ако треба...кај нас намената е јадење гомна на фб. Па уште и кога ќе прочитам нешто мизерно како вчера... и кога ќе видам толку многу лајкови...депресивно е!
    И веќе кога се фатив за фб. Не разбирам како некој минува повеќе од просечното време на истиот. Минувам под просекот и за тоа време ми набива нервоза...
    Луѓе не е нормално ова! Силување...интелектуално,ма секакво. Самопромоција...некои од овие имаат буен социјален живот кој е индикатор на големи комплекси,ок,ама тоа го продолжуваат и на фб,не е здраво,значи не е здраво. Место каде што се негува лицемерието од кое најмногу се жалиме. Некои од нив се траорни како Наташа лично,мајке ми. Го бојат у црно-тегет цел фб и злоупотребуваат животни (не)погоди,што е страшно. Многу пишуваат со ароганција за толку очигледни работи и сега као демек јас сум паметен...ок,верувам дека уште 100 души го забележале и рекле мех,сешто или им било сеедно,ама ти...паметен се најде и употреби ароганција за нешто толку ... глупо?! Ох... Има и такви кои гледаат абсурдност во какањето на врапчето на нивната шофершајбна. Мислам стварно врапче и ти дудинке,како сте смееле да го избербатите човекот...кој не гледал кај паркирал или не размислил дека птиците какаат дур се на гранка! Имам и сексуални манијаци! Добро,не се баш манијаци,ама кога им се е*е луѓе...верувајте го изразуваат низ поезија,низ вулгарни статуси во кои као демек е прикриено,ма немате поим кој креативен потенцијал го имаат,све прават освен е*ење! Имам и такви кои ја рекламираат својата деструктивност. Ова се најчесто жени зошто изгледаат доволно луди за да легнат со било кого или барем да си мислат мажите така и имаат доволно голи фотографии,што се граничи меѓу софт порн и ептен порн,за да маживе онанираат,ама држат новоу па вадат некој мистериозен-мрачно-саркастичен-као демек паметен статус. Значи,луда сум,да речеме дека добро изгледам,ама повеќе развратно,ама еве и сум паметна (а тоа паметот го збирала ко пчела мед,на 20 милиони цветови за килограм мед!Од ваму зборче,од онаму досетка и ехеее,па ти книги ќе чита).
    Луѓе...да се разбереме...значи да се разбереме...фб не е место каде што треба да се докажете,ниту фб е филтер преку кој поминуваат најдобрите и успеваат најдобрите. Ако ви е алатка преку тоа го правите во животов,сериозно жал ми е за вас и искрено ви посакувам побрзо да се излечите!
    Интернетот секаде во светов се користи продуктивно,само кај нас за кур кејф и лични промоции,ама...ко бев на балииии,вчера се испијанив,вечер ќе одам онаму,онаа се чекираше у рокфелер центар,луѓе со 600 слики од нив самите!
    Многу луѓе треба да се крстат у гугл и фб,зошто во спротивно ќе требаше многу повеќе да се потрудат за да импресионираат.
     
    На PrinceOfPersia, la-chicka, Hopeful и 18 други им се допаѓа ова.
  2. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Фалеше да личи на есен,доцна.
    Инвазија статуси,постови,песни. Дождливо расположение за дождлив ден.
    Статии за првата вечера кај неговите родители,а мене и на одмор ме поканаа. ]:)
    Мислите ми летаат,а дождов ветува и исполнува хармонија.
    Не дека нешто посебно сакам да се смеам,ама имам насмевка..в џеб ја чувам,за секој случај.
    Сношти заспав до мајка и уште од сега ми вика дека цел август пред заминување ќе сум спиела до неа,а татко ми кај мене во соба.Будалче,женче.
    Уште рацете на мама се најтопли раце на светов.
    Ах <3
    Виножито!
    Полека со него го организираме викендов,ама нешто тој се гали и разнежнува..така да,можда ќе го оставам тука.
    Со тешко срце,ама ко е таков.
    Имам нови цедиња за в кола,со мерак одбрани. Имам и некој денар собрано,така да ќе си купам и играчка за во кола. И тиркизни штикли.
    Не дека ќе ги носам,ама мерак ми е.
    Мерак ми е кога ми е мерак да ми е мерак = сосема безвезе бескраен ред.

    Аха и мудреци. Го изгледав ново видео на Марјан. Него му сметаат клабери,рокери,рапери,металци,сељаци,аристократи..а сам припаѓа негде овде и мене ми е смешен. Другиве пак,го пцујат и неможат да прифатат дека има публика човеков. Застарени се шегите со квази сарказам,озбилно.
    Какање се врши во тоалет. И не е препорачливо дружење со гомца надвор од него.
    Време за туширање и сонување.
    :smirk:
     
    На Doozy, MandyLane и zhap4e им се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК .... Да, и Мерлинка е во право ... и небото пукна ко јас пред некој ден и тоа ја покажа својата слабост .... затоа од вчера си плаче. Но за нас тоа е убавина, за нас е плодност, за нас е прочистување, за нас е благодет ... за земјата е потреба. А Сонцето на моменти како крадец се насмеа и го смируваше, како ние кога им даваме поддршка или раме за плачење на другите, како нам што ни се нудат за да не сослушаат и расположат ... Но она што небото со својот плач, нели дождот и Сонцето умеат да го постигнат во заедничкото живуркање е да го создадат виножитото, тие неколку бои кои им ја разубавуваат дружбата. Да, претпладнето имаше едно силно и убаво виножито. Така Сонцето го смири и небото ...

    Дали ние луѓето од нашиот заеднички соживот успеваме да создадеме виножито? :?:

    Го пијам второто кафенце и филозофирам ... добро е, добро сум :)
     
    На Divinebutterfly, bittersweet, MacaLove и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Belieber163

    Belieber163 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    444
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    после 1 месец и нешто КОНЕЧНО го добив тоа што го порачав :party: , а тоа е накитот Мариза, од авон и е преубав :$ герданче, алка и малечки обетчиња, а пред тоа не си ја земав алката за борба против насилство, оти девојчето е бремена, па ај да не ја мачам 2 патида доага, така да ја добив и неа во оваа нарачка :D
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Попладнево беше тмурно и досадно, вторнички недефинирано. Па, за да ја разбијам монотонијата на денов, решив да прочепкам низ старите плочи на татко ми и да си пуштам некоја на грамофон.
    Тато е голем носталгичар.
    И кога ќе размислам подобро, целиот наш дом е исполнет со многу носталгични спомени. Почнувајќи од старите книги со прекрасни посвети, семејните фотографии закачени на неколку ѕидови, сувенирите кои носат убави спомени. А таму некаде во ќошот се наоѓа неговиот стар грамофон и многуте плочи. Токму таа негова носталгичност ги има сочувано сиве овие години од заборав.
    Ова попладне тие плочи ми беа мелем на душата. Секако, повеќето песни можам да ги најдам на интернет, ама чувството кога ги слушаш на грамофон е сосема поинакво. Звукот крчка, крчкаат и мислите.
    Денов ми беше зачинет со музиката на Bay City Roller, Abba, The Platters, Olivia Newton John, Penny McLean, Boney M., The Hollies, Smokie и многу други изведувачи од 70тите и 80тите. Време во кое постоела вистинска музика.
    [​IMG]
     
    На Crixus, PrinceOfPersia, ines.h и 10 други им се допаѓа ова.
  7. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    На фб, во групата Светски Чуда, напишале "Напиши го твојот пасворд во коментар и ќе се појават само ѕвездички ! :P" и долу 4274827094829 коментари со пасвордите :D

    ЕХ бре, што деца ќе беа.. :D
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kika13

    kika13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    104
    СДК конечно ми го поправија ПЦ-то и сега официјално можам да си седам по цел ден на Фемина :)
     
    На Divinebutterfly и Smileeee им се допаѓа ова.
  9. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК дека си се најдов помфритче не дека мн сакав ама мајка
    као демек ја нејќев :lol:
    ми ме тераше божемски не сум јадела,сега ќе си поседам на фемина фино лепо :D и ќе одам да ја гледам Јасмин :) ...тоа у глобала поздрав драги феминки :* :*
     
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.944
    Допаѓања:
    123.520
    Јас само сакам да кажам дека се надевам дека еден ден сите жртви ќе се исплатат.
    Оддамна си го забранив зборот надеж ,ама ете сега само тој ми останува!
    Јас џабе што давам се од себе,кога веќе немам ни живот.Епа не сакам !!!!!!!
    Се надевам само ќе ви се врати .....

    Ех,кај е безгрижното детство ;(
    Јас разбирам дека секојдневно (ко повозрасни де),се соочуваме со предизвиците на животот ама ова е веќе претеризам!Па ме прашува ли некој мене дали имам душа?
    Би продолжила да филозофирам,да кукам и да се жалам,можеби би завршила и со позитивна мисла :) ,но ете не можам,сили јок . :yawn: :|
     
    На Acerola му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Ја пљачкаат државата со години, зимај брате, ко да не е твое, последен ден во животот ти е!
    Стоки расипани.
     
  12. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Сакам да кажам дека не е бе фер, ако си приватник да ги дрмаш и да ги држиш вработените и во сабота и во недела, и на празник и сето тоа од 7 до 7, БЕЗ НИКАКОВ НАДОМЕСТОК!
    Тоа ти е Македонија, а ако се побуниш ке ти рече ако не ти е погодено, милион луѓе плачат за тоа работно место, што е и вистина.
    Пример жена со дете оставено само, иди работи цело време, без никој да ја праша дали може, и без никакво разбирање дека некој и дома треба да си појде. Не смее да прпне, и никој не го интересира дека таа жена и дома е потребна. Помолува женава барем во Недела ако може да не дојде, и и вика дојди сабалје барем малку после оди си, ко милион евра да му должи оваа...
    А јас на мои 23 години, без никаква обврска да се побунам или да побарам нешто???
    Ке ме стрела бре наместо. Така и се осетив, си замислив сцена од старине воени филмови, заробеницине кога ке ги свртат со грб накај зидот и ПУКАЈ брате.
    Еби ти Феарлес новогодишна атмосфера, има да ти се споебе мамата до први.
    Се надевам барем Нова Година ке може да славиме, али па и не мора, не сме луѓе ние, глупости, ние треба да работиме.
    Ех кога си бевме на факултет, си замислувавме нешто ке сме отварале приватно, па како некои јаки луѓе ке бидеме, а сега по тиква ладен туш, не оди ништо така.
    Ех, тешки во ова да е лошото, има да седам додека треба, само здравје, и се разбира појаки наочари.
    И еден апел, до секој што на било каков начин излегол од државава, НИ ПОД РАЗНО ДА НЕ СЕ ВРАЌА.
     
    На zhap4e, girl.23, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    http://www.youtube.com/watch?v=mN7LW0Y00kE
    Ајде веќе нека заврне. Не ми е гајле колку ќе биде ладно.
    Ниту колку неколку дена после тоа ќе биде шлакатарници.
    Сакам да станам и да се одвлечкам поспана до прозор и да видам како паѓа снег. И да се насмеам.
    Сакам да газам по него и да ми крцка под нозе додека весело потскокнувам како дете.
    Сакам да си сварам капучино од чоколадо, да земам од омилената дорина ајс, и да дремам на прозор додека гледам како врне и му пишувам порака.

    [​IMG]
    Сакам да сме во куќаркава, да јадеме топли макарони со сирење и да пиеме чај од брусница и заедно да спиеме.
    Сакам да му се мушнам во прегратка додека врне снег и да му речам те сакам.
    Сакам да го држам за рака додека оставаме траги по снегот и се препелкаме.
    Сакам да се мавам со топки.
    Сакам да се возам со него на снег.
    Сакам да се приберам дома и да си ги извадам мокрите топли бели ракавички и да си ги пикнам смрзнатите нозе во релната од огинот додека се смеам од срце.
    Сакам да си го олабавам срцето од грижи и нервози, да не се тормозам и се да биде како што треба да биде ....
    Сакам да го сакам сега и засекогаш.
    И сакам да падне снег.
    Сакам сакам сакам сакам.
     
    На LivingGlam, Hopeful, Divinebutterfly и 18 други им се допаѓа ова.
  14. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    :geek: :@
     
    На WhiteAngel, Look, MandyLane и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    А, бе, да не ви кршам филинг со снегов, ама ни под разно не го сакам. :D

    Прво и прво, ова нашево нит е белина, нит е снеговина, ами е кал. Таков бел и чист снег, како на филмовите, НЕМА! Овде кај нас ништо чудно и сив снег да падне, или евентуално жолт. Иф ју ноу уат ај мин. :D

    Ај што ќе падне, нека падне, ама никој не го чисти бе, леле бе! Се раскашавува, подмрзнува, замрзнува, заледува.... :sweat: Па кога ќе падне, јас не гледам уживанција, гледам начин како да го преживеам денот без да паднам. Евентуално ако паднам, се помирувам дека паѓам и се молам на сите светци да не скршам нешто од типот рака, нога, заби, пу, пу, пу,... :x

    Подмрзнати скали, лизгави патчиња, калливи улици, водени панталони и блокиран половина сообраќај ?!
    Грацијас, пер, но. :D

    Да не зборувам, дека ако утре вечер, не дај БОЖЕ заврне од проклетијава, нема да можам дома да си отидам. Или ќе се тегнам со некое автобусче три саати, со попатни паузи за да мине камиончето да исчисти. Ние патниците внатре, возбудено ќе чукаме раци кога ќе мине, зашто Боже мили, успех е низ нашиве патишта да се спровнеш и да го исчистиш снегот.

    За да уживам во снегот, треба редовно да фрлаат купишта сол, што не знам дали во Скопје го прават, претпоставувам да. Нажалост, во другите делови од државава, не му се укажува таа чест на снегот, да му турат солца одозгора, па од лутина, се претвора сирот, во вода. Вода ---> Мраз. Дузи ---> Фолинг даун. Си д поинт? :wasntme:

    И на крај, за да не бидам јас лошата, предлагам да си купите вреќи со вештачки снег. Ем бел, ем сув, ем топол, ем во соба можеш да си го истуриш! :D А јас ќе се преселам некаде во топлите краишта и ќе вегетирам на суво, со сите четири екстремитети нормално функционирајќи на мене.

    Ноу хард филингс. 8)
     
    На ines.h, la-chicka, Lepaaa и 8 други им се допаѓа ова.
  16. barbie-hilton

    barbie-hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Сдк.. ДОБИВ ВИЗАА !!!!! Неможам да дочекам да дојде другата среда да одам за австралија на сонце и на море не дека се фалам амa стварно сум ПРЕСРЕЌНА.. can't wait :* :* :*
     
    На Hopeful, danichap, Lepaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  17. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    СДК дека родив прекрасна ќерка и од денес сме дома ,сите заедно и многу сме среќни :D
     
    На Adi888, Zlatusko, BeYourself и 71 други им се допаѓа ова.
  18. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Сакам да кажам дека денес се ме боде. И во стомак и во срце. Глупавиов каиш во стомак а минусот што го добив во срце. Е па колку е лесно да се скршат надежите на една кревка душичка ко мојата.
    Да, некогаш знам да се истакнам. Ме бива, е стварно.
     
  19. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Денеска на пат за дома си доаѓав со училишниот автобус за првпат . :) Сакав малце да ја почувствувам атмосферата внатре, па и тоа седиштата беа две по две и свртени одспротивно . Уште маса за јадење фалеше . По пат свиреше песната од Тоше , среќна ли си ти ..
    Поминавме по улицата со коцки која порано многу ја обожавав.

    Кога ја видов пак како морници да ме полазеа.
    Како целиот филм да ми се врати во главата, секој момент . По таа улица немав поминато одтогаш, ми беше страв . А сега сето какко да ме удри по главата. Ми се причини дека е премногу жешко во автобусот. Го отворив прозорецот. Мирисаше на јоргован , исто како тогаш ! Не ми се веруваше , дали е можно повторно да мириса на јоргован . Слегов од автобусот и еден час седев во кафичот,сама.
    Порачав чај од рузмарин , неговиот омилен.
    Го гледав првиот кат од зградата овде ќе бидеш кога ќе ти пеам серенади..Ова ми се вртеше низ главата и се замислив малце . Обрнуваше многу внимание на ситните работи . Обожаваше мачки . Тоа беше првото машко што го запознав а да обожава мачки , досега немам сретнато таков.
    А знаете, не треба да им се верува на машки што не сакаат животни, тој велеше дека се аwеѕоmе..
    Незнам што ми стана денеска , можеби бидејќи му е роденден .
     

    Прикачени фајлови:

    • hhd.jpeg
      hhd.jpeg
      Големина на фајлот:
      13,2 KB
      Прегледи:
      207
    На Divinebutterfly, Lady-Cha, Strumfeta93 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    4.748
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.