Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Искам да кажам дека неделава ми е гз преку глава. Ми фали време за мене самата, за основни обврски, за дечкото, а не да правам распоред и да гледам дали имам време Госип грл да изгледам. Сама си го барав ова, прашање е дали ќе ми се исплати. Иако мислам не, се чуствувам како чирак.
    Али ај, ЦВ-то ќе има еден ред плус, утешителна награда нели, како лисицата со зеленото грозје |(


    Ах да и да кажам дека ептен ми е мило кога талентирани наши деца ќе ги видам на некоја насловна, на некоја странска интернет страна или на црвен килим, на светска премиера, рамо до рамо со ултра популарните колеги. Ама момичкава го заслужува тоа, доказ дека талентот се исплати, а таа е дефинитивно талентирана и една од моите омилени актерки.
    Одвај чекам да го погледнам филмот In the Land of Blood and Honey, а на црвениот килим изгледа прекрасно, едноставно, елегантно, отмено и дамски.
    Секоја ти чест Јелена Јованова :clap:
    [​IMG]
     
    На Hopeful, Trendafilka и Hiii им се допаѓа ова.
  2. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Изгледа :o .Сите постират на фб RIP.
     
  3. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Ми фали чувството дека сум сакана и дека сакам. Дека давам но и добивам. Вреди ли да го направам тоа што сум толку цврсто решена да го направам ? Не сум сигурна но чувствувам дека нешто ке се случи , ке пукне . Или ке излезам од ова .. нешто.. гнасно и отровно и погубно што става се во застој и ме прави невидлива , или конечно ке видам резултат кој ке е вреден за чекањето .Но , сега веке и не ми изгледа како најдоброто нешто за мене. Не знам како и не знам зошто . Мене ми треба некој кој ке ми даде безрезервна љубов и кој нема да дозволи да чекам и нема да бара да му дадам време. Кога сакаш некој нормално би било да го искористиш секој дел од секундата кој би му го посветил нему .
    Се случува да се изгубиш дури и кога го познаваш патот , а потоа да најдеш мир само во едни 2 раце кои така жедно те чекаат на крајот од патот . Не знам зошто но драги , мислам дека ти не си тој кој би ме чекал на крајот од патот. Или оној кој би ми ги избришал солзите кога ке сонувам кошмар. Знам само дека некој или нешто фрла светлина врз мене . Ох колку е само убаво . Колку е само убаво да се смееш без да бараш повод за тоа . Драги мој , без разлика што ти си мојата најголема љубов но ако не си ми судена , дај ми само да те вкусам макар на кратко за го памтам твојот вкус засекогаш , а потоа замини си без шум за да не боли. А ако си ми суден , те молам биди она што барам бидејки знам а и ти знаеш дека го заслужувам тоа. А за возврат ке добиеш безрезеврна , неизмерна љубов бидејки..ха , тоа е есенцијата на животот , а јас сум спремна да ти ја подарам .
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Објавија за Гоце Арнаудов и на Курир, баш сега гледам. Лесна му земја..
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Добро, можно е за помалку од 5 минути цел Фејсбук да ми е преплавен со жаленки за Гоце Арнаудов?
    Па да знаеше човеков колку фанови уствари имал, ќе направеше еден мега концерт. Солзи леат сите мои френдови, еве и јас малку да не бидам ептен аут ;(
    Нека почива во мир.

    Едит: Само што прочитав статус на една особа која сега тагува што се исмевала на кошулите на Гоце!
    Забега светов, немам повеќе коментари.
     
    На lovely91 и angel92 им се допаѓа ова.
  6. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Кој ќе ми пее на свадба бе?! ;(
     
    На Cynthia и Doozy им се допаѓа ова.
  7. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    4.755
    Жалосно е што починал ама уште повеќе се жалам што сите сега ќе плачат и ќе му креваат споменици... И за Тоше беше така, и за Борис Трајковски, и за Мајкл Џексон... листата продолжува..
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    СДК дека имам многу за учење а си седам на фемина :lol:
     
  9. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Да де,додека беше жив го плукаа,сега го слават.
    Аман бе луѓе,аман
     
    На IndieGirl и blueeparadise им се допаѓа ова.
  10. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    СДК дека интересна е ситуацијата во која другите ти го раскажуваат животот.. Од аспект на светот нели.
    Колку само тинејџерите ги опфатила оној вид на интеракција која ги разделува луѓето и создава прилично непријателски односи. Или како и да беше, интересно е.
    Дознав дека толку сум била богата што сум ги частела сите пријателчиња со цел да ги задржам. Али бек ту риалити, дома саундтрак ми е буџав лебац од Дубиоза Колектив. А, и дека мачорот мој сум го задржала година ипол со секс, мили Боже, ќе се молам и за овие дечиња.

    И тоа ми даде повод да размислувам за тоа како почна се со мачорчево. Било је то давно, летна-ужасно топла вечер, шетња јас, тој, она и он, и муабети на секаква тема. Шетња како шетња, те тера да седнеш после толку пешачење. Па ме загледа така сочно во очи и промрче нешто, а јас понесена блеев низ него. Кога во наредниот момент ни се споија усните. Па тука ајкули ми пливаат во мешето, огномети, што ти не. И испадна дека тој е личноста која ми е потпора и поддршка. Личност со стабилен карактер и јасно оформени мислења и ставови. Личност која сум ја барала во 3 саат навечер чисто да си се исплачам од мака. Ех, мачорче. Колку и да не сум по оние муабети од типот после смртта или божји чуда.. Дедо ми сепак имаше право. На смртна постела сакаше да ме види последен пат, но мајка ми со нејзините филозофии- не, на ништо не изгледа, памти си го како што ти останал во сеќавање не му ја исполни последната желба, па пораката ја добив преку неа. Го цитирам- На моето чедо, ќе му го одберам од таму горе најдоброто момче, она за кое ќе бидам сигурен дека нема да ја повреди и дека ќе ја сака со цело срце и прифати со сите нејзини маани.
    Уел, тенќу грендпа :)
    И сега претпоставувам пола од тие што го читаат ова бедно, жално постче си промрчеле-леле, која љубов на петнаесет/шеснаесет години жити се?
    Ама јас идам тука со контра аргумент- Уверена сум дека ова ќе биде уште една од успешните врски кои започнале на 15 години. Ако биде жива и здрава фемина до тогаш, а и вие мили мои, ќе ви се појавам на некои 5-6 години во темава со слика од моево милно, нежно раченце со убав прстен и ќе пишам „In your face biatches“

    Довиџења.
     
    На Izaabella, Divinebutterfly и Breezy им се допаѓа ова.
  11. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    ај напрајте си тема кој сака за Гоце да пишува. не ми се чита во сдк се едно исто.
     
    На Offspring, TheCandy880, Strumfeta93 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ајмо сега опет РИП постови и тука и на фб.
    Ајмо сега ке почне истата приказна како и со Тоше.
    Во ред си е, луѓето си заслужиле, придонеле нешто, оставиле свој белег.
    Ама еве, како и очекувано, фб полека станува гоцебук. До вчера некои му се смееја и никаде немаше да го спомнат, те ги сега први.
    Човек треба да умре па да го ценат. Или барем да се преправаат дека го ценат, за колку да бидат во тренд и да привлечат внимание кој ке има посрцепарателен текст.
    Нека си почива во мир човекот. Нека го жалат оние на кои навистина им е жал, а не оние што користат ситуација да придобијаат внимание.

    Починал денеска и актерот Илчо Стефановски, ама него никој не го спомнува, ретко го знаат, нема да соберат лајкче. :(

    Лесна им земја!


    p.s. Ги молам тие што се пронашле да не се потресуваат толку. Затворени се аптеките сега за дијазепамче.
     
    На JoxyTheFreak, TeddyGrey, kika13 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    СакамДаКажам, дека утре имам дејт и се чувствувам бетер од 13 годишно девојче кое се токми да излезе со машко за прв пат.
    Сакам да ве поштедам од читање глупости, и сакам да ми пуштите среќа бе па - заслужив мислам, по долгомесечното тормозење со Лоаловичи и остали глупавичи. :D
     
    На LivingGlam, Go-Girl, TheCandy880 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    СДК само упорните успеваат.По кој пат животов ми го докажува ова,како да ми кажува без зборови да не се откажувам,да работам упорно и да бидам упорна.
    Ми фали цел,ми фали воља..за се...

    Зошто така лесно се откажувам,зошто?!..
     
    На Chocoholic му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Јас СДК конечно имало Господ да се насмеам онака од срце :) Значи колку ми фалат овие луѓе сега сфаќам :inlove: Бев на гости на бившата цимерка со дечко и и уште едно дете.Се пресмеавме,цимерката имаше направена риба заради денешниот празник,вино бело и смеа до даска :D Сега незнам како ќе читам :D Се шо не можам да зборам со други со овие се пукнавме во муабети и глупости...ете да избегаме малце од секојдневната шема и проблемите...
    И за педери :D Не ни се веруваше за некои дека се,од јавните фаци де... :lol: и вицови,ќе кажам еден покасно :lol:
    И супер беше рибата.А сега па ко си идев,пукнав,пешки нагоре до 11 спрат,а толку ми беше мака,одвај се довлечкав.
    Ептен ми се интересни и ми фали старото друштво.Денес ќе ставам една песна,заради нив :)
    http://www.youtube.com/watch?v=ZR0v0i63PQ4
     
    На teddybear и Adi888 им се допаѓа ова.
  16. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Еве на пример јас многу го сакав човекот, како македонска јавна личност, која со самото свое име и кошулче ме правеше да се смеам ако не друго. И на пиволенд 2010 само за него отидов, оти знаев дека ќе ме развесели до тука и назад. Исто и за виноскоп, жалев многу тогаш што бев во друг град, иначе кејфски ќе си ја пеев: Ех да беше стрела песнава...

    Како и да е... уште ќе си се веселам а неговите песни.

    Не гледам по што другите луѓе би плукале.
     
    На starbucks, Hopeful, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  17. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Многу ми доаѓа убаво на душичкава, кога милите феминки кои обожаваат да мрчат, ги оставаат најпозитивните постови тука :)
     
    На Rozich и firequeenn им се допаѓа ова.
  18. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    JАС СО ЗАДОВОЛСТВО ЌЕ ГИ ЧИТАМ СИТЕ СТАТУСИ ВО ЧЕСТ НА ГОЦЕ.
    Го почитувам неговиот лик и дело.
    Е сега,нема да сум кул пошо нема да имам трололо статус со 100 лајкови дека сум во право,дека на сите ни текнувало откако ќе починел.
    Па,искрено не ми имаше текнато на Гоце од еден роденден пред месец дена.
    Не дека сум нешто премногу повреден од ова,ама жал ми е и криво.
    Мака ми е од квази сарказам,иронија,глупи шеги и споредба со Илчо Стефаноски во случајов.
    Стално сте вакви.Кога сите навивавме кошарка, коментари 'OOOOOOO сега сите се експерти за кошарка'. И да не ја тупам,ама такви сме. Во ништо обединети.
    Леле,клето македонче.
     
    На starbucks, Miss-Independent, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  19. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Целосно се согласувам со ова! И да се надоврзам на постот на Брајт, не гледам зошто луѓето би го плукале, јас не познавам некој што рекол лошо за Гоце, напротив, сите се веселат на неговите песни, беше еден од најдобрите пејачи..
     
    На Hopeful, Divinebutterfly, Bright и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    И јас се согласувам со оваа. Нормално е да му одадеме чест на Гоце барем со еден статус на фејсбук или со еден коментар напишан или објавена песна од него. Јас не го слушав многу често, но покрај дечко ми(тој го сакаше многу) и јас го слушав чат-пат и дечко ми многу се натажи кога ја слушна таа вест и јас сочувствував со него. Тој, колку-толку беше дел од гордоста на Македонија и има луѓе што го слушале и го сакале како што ние ја сакаме Ријана или некоја друг/а. :) И не можам да ги сватам тие статуси на фејсбук, Vo nekoj momenti pomisluvam koga ke umram kako site si objavuvat sliki na fb od mene .. На што личи ова бе луѓе? Па ако не сте го слушале и не сте го сакале не мора да пишувате ништо. :x
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.