Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    ПОлагам толку рано што на факултет одам со ноќна линија. Yup, FML.
     
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Бакни било кој за да ти тргне годината ;)
     
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Кога ќе им кажеш на твоите дома дека после нова година повеќе ќе учиш

    [​IMG]
     
    На Ema.Sk, Lov3, tweety26 и 23 други им се допаѓа ова.
  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Прво кажување.
    Го повлекувам кажаното од вчера дека сакам да сум машко.
    Второ кажување.
    И мајка ти да те пречека и да ти речи само ти и пекарите останавте во градов.
    Трето кажување.
    За срамота.
    Чекај имам и четврто кажување.
    Уствари немам, срамота е.
     
    На anichka94 и AmericanWoman им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.406
    ООооооо глава ме болиииии...оооооооооооооооо аааама ми е доброоооооооооооооооооооооооооооууууу!
    Ај добро утроооооооооооу!

    http://www.youtube.com/watch?v=Rbm6GXllBiw

    Све ми гаѓаат бре! Коа реков дека еден ден ќе се начукам на песнава и ќе играм на шанк, ете у 2013 тоа ќе го праам некаде у Калифорнија! Поточна ЛА де,МДАААА!!!

    Дали вие денес се чувствувате ФАНТАСТИЧНО?!
    Да?!
    И јас!!!!!!!!

    Абе ... како да ви кажам, млада сум,тоа е тоа што ме прави среќна,доволно среќна за да знам дека нема да му попуштам на времето да ме љуљка чекајќи чуда! Ама младоС... това не може никој да ми го земе! И знаењето као нешто кое од увек мајка ти и татко ти ти го кажувале коа ќе ти се десела неправда. ЗНАЕЊЕТО НЕ МОЖАТ ДА ТИ ГО ЗЕМАТ!!! :D И така...и да грешам ми се прашта,ама не премногу... пошто сум (сме) млад(и)а!!! Јас не славам нова година,јас ќе си славам младоС и лудоС.
    АИде ве молам посвете го викендот на разлепшување за да бидете НАЈУБАВАТА ДЕВОЈКА у просторијата впрочем како и секоја година уназад. Напудрете се така што отпечатоци од секој што ќе ве исфаќа и излапа ќе можат да се видат на вашето лице, да си имаат увид дечките колку ве прошле и ве молам што покусо и посветкаво! :!: И побрзајте денес попустите во Сити мол почнале, бидете велелепна сељанка така што на 10 посто попуст ќе купите двесте работи. Абе реално, на 70 купува нормална девојка со здрав разум,на ич попуст исто така нормална со подлабок џеб, а на 10-20, купуваат глупачи... направете ја математиката и ќе ме разберете зооооошто? :D
    Ко што не се купуваат нови автомобили баш периодов,ама тоа ќе ви го објаснам у другата лекција по економија,пошто морам да одам да ја слушам ода на радоста што ја опнала мајка ми на најгласно као да сме некоја Виенска аристократија и ќе појадуваме кавијар сега,сакам да кажам да намалам... да не изводиме,пошто вчера ме прашуваше зошто нејќам кафани со ЖИВА МУЗИКА. Она мисли старогратска музика има у кафаниве...

    Папапапа ПАУ!

    Си ја гушкам Љубам!

    Ч-ч-чаааааоо!

    П.С. Ма Македонка секој викенд брееее,особено за нова година!!!
    http://sarma.mk/zabava/rasturena-sarma/ ... stranstvo/
     
    На tweety26, SweetChild, Antigonna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.721
    Пол:
    Женски
    Деновиве само причини за славење,полна трпеза и мачнина од прејадување.Вчера ми беше годишница од веридбата.Значи луѓе полни 16 години.Уште малку ќе ми треба дигитрон да ги пресметувам годините :lol: Ама ако, нека се множат .Се смеевме сношти како времињата се менуваат,и колку сме се смениле...и со понекоја брчка повеќе или помалку коса...ама тоа е ...времето,животот тече не те прашува дали сакаш или не сакаш..

    Туку деновиве пред н.г. се растрчувам да ги отплатам сите сметки.Не сакам да влегувам должна ,некако имам мислење дека цела година ќе сум должна, со стари долгови,глупо суеверие или не знам што е.Ама го практикувам последниве неколку години.Акање по шалтери,превртување очи...редовна процедура.Дали само тоа јас имам впечаток или од шалтерскиве работници 99% се Албанци.Ме револтира кога ќе прашам нешто и добивам процедувачки одговор од едвај разбирливи зборови.Како да сум друга држава ,не?Немам ништо против никого се додека коректно се извршува работата и се знае одговор на прашање кое е поврзано со нивното шалтерско место.

    Се сретнав и со луѓе од кои бегам.Сретнав и луѓе кон кои бегам.И луѓе од кои никогаш не можеш да побегнеш.Овие последните се најчесто оние кои живеат длабоко во тебе. :angel:
     
    На Moira, Monna.Monna, Lov3 и 14 други им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.869
    Пол:
    Женски
    Се сеќавате пред некоја недела или месец ви кажував за малите кутренца пред зграда и мајка им на којa и го дадов мојот доручек?E сега истите тие се големки и трчкаат наоколу и многу ми е мерак што успеале да преживеат.Некој им заградил местенце со борови гранкички, а внатре им ставил некои парталчиња, јас денес пак им дадов лепче, одма го лапна среќна и задоволна легна до нив.Некои од вас знаат на што мислам, која убавина е тоа.

    Инаку јас се прибрав и неможам да се навикнам дека сум без учење :D Дека имам време еден куп и можам да правам што сакам.Oвој семестар не сум за жалење се редат 9ки и 10ки :emo: и убаво е кога уживаш во своите постигнувања.

    Дома, како дома.Добив пакетче од баба и дедо, без разлика колку и да сум возрасна ниедна година не ми го ускратиле задоволството, многу ми се радост.На видик многу празници, топлина на душа.Нова година, нови достигнувања, нови планови и цели, едвај чекам да си замислам желба во 00:00, некако сеоја година ми се остварува.
    Неповрзан муабет од мене, ама ете така сакам да го правам додека пијам чај.

    E и знаете што...падна запросување од мојот луд дечко, лажно не мислете се, ама битно ме уцрви и препоти пред цела дискотека и среќа што навреме се насмеа, оти веќе се шлакаа раце.Уф мило ми е што не беше сериозен, не дека не би кажала да за некоја година, ама сега ни малку не сум спремна.И така луѓе.Xмм...
     
    На bittersweet, tweety26, Serafima и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Многу мрзам да лажам. Се препотувам, мењам бои. :sweat: Дајте некој курс за лажење. Па не оди веќе вака.
    А кажам некоја лага, сите сетила ми се изоструваат и само чекам дали некој ќе каже „ Лажеш ку*во “
    Па не лажам... ;( уствари добро... лажам. Пукајте !

    Сериозно. Се најдов во една „what the fu*k“ ситуација денес. Мислам што ќе правев ако отидев? 4 саата ќе тонев во седиштето на колата?? Што муабет ќе правев??? Па кога ќе почнеа со прашања, па со критики, па со пофалби, констатации.. :sweat:
    Стварно имам срцева маана и несмеам да се изложувам на такви стресови.. :sweat:
    И морав да исполажам да за да се извадам од ситуацијата. Мислам културно беше што ме понудија, ама немораа да бидат толку упорни. Се засрамив. :sweat:
    О Боже! За нова година оперирај ме од срам и дај ми дарба да лажам !!!
     
    На tweety26, Serafima, Umbrella22 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Antigonna

    Antigonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    257
    Куде сте бре,Кумановци? Највесел народ дефинитивно.
    И така се паднало,некои ќе шетнат на познато скијалиште,другарка ќе си се прошета низ Дубаи,а јас? Јас си одам на егзотично патување во Кумановоленд. И на сафари по дечк..добро,не.
    Верувајте,најубавите години од животот ми поминале таму,најголемите лудости сум ги правела таму,сум се смеела до солзи токму во Куманово. И си го сакам и бранам градот,иако не ми е роден. Има некоја енергија таму :)

    http://www.youtube.com/watch?v=KuVAeTHqijk

    А песничево и го посветувам на внучката,добро,освен тој дел со дрога,алкохол и журка. Кога ќе погледам вака де,добро,само насловот и го посветувам.
    Хиперактивно чупе,не знае за одмор таа.
     
    На lunicka и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  10. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Абе дуп пијана и сега.... :doh: :drunk:
    Страшна главоболка и ветување дека повеќе не мешам додека пијам :D
     
  11. Moretti

    Moretti Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    1.051
    Конечно ги решив проблемите и ви се вратив мислев дека никогаш нема да се вратам ама.. неможам :D
     
  12. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Сама ќе си се бакнам ;)
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    колку и да се лутам, и тоа што имаме различни свакања и ставови сепак таа ми е мајка си ја сакам без неа не можам да си го замислам животот :* :hug: -што се работодавциве толку бездушни на крајот на годината и почетокот на другата да мора да им вршат притисок на вработените од наутро до вечер на работа :@ а веста дека тетка ми средната ке лежи во болница најмалку 2 недели на испитување, и може да остане инвалид-веке е со очите, ама и неподвижна не погоди сите ;( можам да замислам како им е на братучед ми и на тетин ми-има право тетка ми, треба почесто да им пишуваме, а братучед ми ко за инает нема ф.б. а скајпот ми беше нефункционален долго време ама ветувам дека почесто ке комуницирам барем јас со нив :)
    а којзнае што се случува со најмалата тетка братучедите-со нив секаков контакт изгубивме :worried:
     
  14. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    [​IMG]
    Кога ќе те погоди песната </3
     
    На Snow-Queen, srcekrsacka и alessandraaa им се допаѓа ова.
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Eдно од ветувањата кои никогаш не ги остварив ни јас, никогаш, како жедна африканска сум кога ќе видам разни пијалоци на маса. Мислиш ако не ги пробам сите ќе дехидрирам.
    Никад не пијам бело вино, ама после неколку пијалоци ми е омилено. Свашта.
    Туку сакав да се пожалам на фемина дека не е фер што неколку години во низа јас имам менструација на новогодишна ноќ, не за друго сирот мој дечко. А не ретко сум под фаза на кетонали, па пиењето се сведува на една здрава чаша вино, а една ко ниедна |(
    И така ме дрма јак ПМС, де сум во фаза бест, де сум во фаза најдааун што може.
    И сакав да се пожалам дека ми фали ланската преновогодишна атмосфера.
    Една од лошите работи кога си во странска фирма е што предновогодишните забави ти се пред 20 декември, кога уште пола македонци не си ги украсиле елките |(
    Арно ама кога е нешто неочекувано е најубавооооо. Кога ќе договориш пред заминување од 9 работни часа забава со многу вино е најдобро, без никакви договори. Доаѓањето дома после 20 часа и гледање на креветот како светост!
    Одам на прошетка за разбистрување на главата, сакав и кафиња и шопинзи, ама нц. Морам да си ја направам руската, хуху овој мој пмс сака полно меше. И колачот 8)
    Ах да и мразам новогодишни поклони кои се рекламен материјал, ќе отворам тезга за чадори и тефтери, неќам тоа. Зашто само на шефови праќаат пијалоци и блашко, што сме ние вработените, казнети нешто? Не е фер, и ние сакаме да јадеме и пиеме :lol:
    А мојон се пофали 13та земал, абре каква блажена насмевка имав во тој момент, си го замислив плакарот полн нови алишта 8)
     
    На kravce, JuLleE, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  16. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    24.101
    Пол:
    Женски
    После толку нервози, откажан лет, неспиење повеќе од 40 саати, вртење на повеќе од 100 тел. броја,
    конечно DEAL.

    Софија-Милано, 31.12.2012.

    Italy, can't wait to see you!

    :D

    Е*ате глупата 2012, е*ате.

    |(

    Нека заврши шо поскоро, веќе.

    :devil:
     
    На kravce, BeYourself, tessi и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Еее... какво си беше вчера сиво, магловито, нездраво. На такво време не се излегува надвор. Да беше така Охрид, никој навистина немаше да излезе. Ама Скопје си е друга приказна. Сите тераат, шибаат, возат, брзаат. Сите одат некаде. На работа, на шопинг, на училиште, на кафе... Не смета сивилото. Смета немањето време.
    Вчера со цимерката фативме 24ка, ги осетивме турканиците во петок, застанавме на погрешна станица, лутавме низ Кисела Вода, сите згради ни изгледаа сиви од маглата, јас се газев од смеење, таа се нервираше, ама ја гушкав при брзото одење и велев: Б, требат почесто вака да одиме во непознативе скопски предели и да си се губиме :lol: Како луда си се смеев, изгледа голтнав многу магла :drunk:
    Ама по 40 минути доцнење, го најдовме фризерскиот салон, 150 денари е капење и шишање и фенирање, нормално дека се испаќаше да отидеме. :emo: И да, задоволна сум од фризурата, конечно обликувана, ама од денес почнувам да ја растам :!:

    Денес ко за чудо, градов блеска! Ама јас го напуштам на 10тина дена. Си одам Home sweet home, да заборавам на сите грижи. Кога ми почна брзото темпо оваа студентска година го напишав ова: Мислам дека оваа година ќе ми биде најтешка. Или онолку тешка колку што ја замислувам. Или пак реално тешка. Мислам дека е третото. C'est la vie. Aма добро е. Оваа година воопшто исполнав и доживеав многу работи кои сум ги посакувала. Љубовна радост пред се‘.

    Иначе, колку поголем куфер, толку повеќе го полниш. Ооо, како ќе се однесам? :lol:

    *Бидете ми живи и здрави. Љубете и бидете љубени.

    Bright.
     
    На bittersweet, kravce, tweety26 и 16 други им се допаѓа ова.
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Еве ги моите од типот ко во клиповите на Марјан ... Васке ела на топла ракија. :rofl:
    Им викам, ви личи ли бре на годините, и им го пуштив клипот, се кезеа ко млади невести.


    Неугодно ми е, ама и тие нека откачат од проблеми. :D
     
    На bittersweet и Libera им се допаѓа ова.
  19. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Ги сакам ваквите утра. Сите дома заедно. Со татко ми немав пиено утринско кафе од летото :) И ова утринско кафе со него ми го направи денот. Семејни муабети, кој каде за нова год, кој што ќе носе, договори со сестра ми за денес каде ќе шетаме, муабети со моите на кој што му треба. Незнаеше ни кај ќе ја славиме нова година, знае само дека пари ни дал, и не му се лутам не е дома секогаш, за да ние имаме се што ќе посакаме. Сакам и јас на моите деца, кога ќе имам де :) никогаш за ништо да му речам не, како него. Смеа, прегратки :) ааах ме прават среќна малите нешта. Ете како на пример утринско кафе со татко ми. За се наеднаш падна договор. Немаше потреба од телефонски јавувања по 10 пати за да се договорам и консултирам за една ситница. Ми годи домашната новогодишна атмосфера. Ми годи дома што се конечно сите заедно, шо не фали ни еден. Ми годи што седам на топло потпрена на рамото на татко ми и се смеам. :) Да можев, ќе останев дома за нова година. И нив ќе ги натерав да седат со мене, да славевме заедно, наредното утро ќе ме разбудеше татко ми уште рано да го гледавме Виенскиот концерт. :) Прво ќе му премрчев, ама на крај ќе станев, ќе отворев една голема чоколада и ќе се сместев до него. Никогаш не ми бил интересен, незнам зошо човекот секој 1 јануари станува сабајле да го гледа или слуша :?: , ама ради негов кеф го правев тоа и јас секоја година додека бев мала. Ама ни годинава ништо од тоа. Моите со другари, јас со дечко ми и луѓе кои не ги знам ќе си честитувам нова година. Ми фали времето кога бев мала, кога не ги пуштав моите да слават нова година некаде надвор, ми фали времето кога татко ми ми ги носеше најубавите новогодишни кесиња (и заедно си ги јадевме), сега го сфаќам значењето на реченицата ,,не брзај да пораснеш, еднаш си само дете,,.
    Туку отидов јас со сестра ми по продавници, меѓудругото да му купиме нешто и на моите, редно е и ние со нешто да ги изненадиме :) Феминки имајте ми убав ден :*
     
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Дали знаете колку е едноставно човек да го дигнеш во облаци? :wasntme: Само едно љубезно лицемерно зборче, и потоа оди прај муабет со него ако можеш. :D
     
    На Boomgirl и blaa им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.