Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sarleta

    Sarleta Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    10
    Леле конечноо :whew: Ај добра ноќ на сите :)
     

    Прикачени фајлови:

    На teddybear, prettyliar, ludoto19 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... сабота - на работа.
    Толку фино се римува ова, мора да признаете дека има и смисла.
    Рекапитулар на последнава недела - прослави, забави, резилење по истите, очекување на плата пред Нова година, а преживување со заостанати тровчиња.
    Фаза два од денот:
    Пристигнување на платата, проследена со овации и радост, прегратки со колешката, чиниш сме извојувале војна.
    Ја добивме, колку е добро, дупло е и полошо, ќе ја снема за кратко, а јануари е убедливо најдолгиот месец во годината. :|
    Само за арно нека е.

    Натоварена подароци за најдрагите, побогата за едно филмско искуство, стари серии на репертоар, лахмачун и ќофтиња со наут во стомакот. Сум ги јадела, како да нема утре.
    Се враќам на некои мои лоши навики во исхраната, меѓу кои пребрзото јадење. Немам трпение - ниту за јадење. НЕ-МАМ !

    Календар за баба и дедо, стриктно троделниот, и онаква лента со црвено правоаголниче за одредување на датумот. Старо, добро ретро, one of a kind.

    Да ви кажам право, со душа го чекам новогодишното утро, намирисана со Љубов. :inlove:
    Polar Exspress и печено свинско, пижами и многу вино.
    Почнав само здравје и среќа да им посакувам на луѓето.
    За се` друго реално, треба да си го помачиш газот.
    Ништо веќе не доаѓа на тацна и подарено - ма ни Љубовта.
    И за неа треба труд, време, трпение и волја.

    Девојчики (и по некое момче) - да си се дружиме и во Новата година која е на прагот.
    И абер до паричето од лепчето, иако е прилично рано - оваа година молам нека ме скокне.

    Со певаљскиот хонорар докупив чоколади за кокичето наше по дома, сум го обезбедила и сега молчи, задоволен и среќен, како некое тазе надоено бебе.
    Само нешто се жали и се пуфка, како му е тешко со две жени дома, крвта сме му ја пиеле :^) :D , а прееска се распекмези зошто оваа година не сме му пуштиле честитка во сандаче.
    Па сега и тоа утре е на ту ду лист, како да ми се малку сите други обврски...
     
    На tweety26, Neytiri, bittersweet и 27 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.142
    Допаѓања:
    67.311
    Пол:
    Женски
    Првиот чекор кон решавање на проблемот е согледување на истиот. Така јас се осеќам ко до вчера да сум имала превез на очите и денес некој магично го тргнал. Ама важно согледав дека така не одат работите, дека се закочени и нема да тргне на подобро. И да, време е да престанам да се залажувам самата себе. И кај кого да се обратам ако не кај татко ми. Знаев дека ќе се разочара, ама пак и знам колку ме сака, знам дека можам да му се обратам за се, дека секогаш сака да помогне...
    И како што очекував, ме погледна само со многу љубов и ми рече да не се секирам, а поготово нервирам, нешто мора да се направи... А јас го знам тоа најдобро од сите.
     
    На tweety26, bittersweet, Peppermint и 10 други им се допаѓа ова.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Ни сама не знам како се довлечкав на точачено до дома. Мевот ќе ми пукне, италијанско аперативо не е за балканска душа. Кога ќе платам 7 евра има да јадам до онесвестување. Mission accomplished! :rock:

    Денес сфатив дека сме на два дена пред Новата Година. И ме здрма еуфорија, ми се пренесе радоста од оние крекави дечишта што бараат да влезат во Дизни продавницата, од сите жени што купуваат штикли за славење (нема ти сестро на таа штикла да ја дочекаш НГ освен ако во вис не ти се нозете), од сите мажи што заборавиле поклон да купат или го утнале оној за Божиќ па сега надокнадуваат.
    Вештачка работа е броењето на деновите ама го имаме. И сакале или не, убава е идејата дека имаме минијатурна шанса за нов почеток, што и да ни значи тоа. Па што не чини да испробаме. Може нема да успееме ама барем пробавме.

    Бидејќи ова мислам ми е последен пост тука за годинава, официјално на секој и секоја да ви честитам ја честитам Новата Година. Убав и е бројот, се повеќе луѓе го имаат за омилен мислејќи дека така се издвојуваат од толпата а не сфаќаат дека се претопуваат во нова. Пијте, јадете, љубете, трошете и заработувајте, правете се што ви се прави и на 31 и на 1 и секој ден потоа.

    Јас одам да зачистам, за гостите и за новата година. И ќе ве молам, италијанска традиција е црвен долен веш да се носи за Нова Година па испоштувајте традиција за мене. Само оние кои воопшто не го носат се оправдани.

    До догодина (Боже колку добро звучи ова).

    [​IMG]
     
    На tweety26, sweet-cherry, Hipster и 5 други им се допаѓа ова.
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Ми се чини дека начинот на кој стартувам и влегувам во новата година ми е пресуден за настаните што ќе се случуваат во продолжение.. Да не речам been there - done that, а ќе речам... Малце апсурдно ќе си помислите, што збори оваа, ама тоа е..

    Па така, здравје на 1-ви Јануари сабајлето тукушто вратена од исфорсираната вечер, решив да направам една дооолга прошетка од Ѓорче до Карпош 3, само јас, мобилниот и слушалките. Tоо much pressure? Not for me :devil:. Решена сум да се вратам на здравите навики, а сакам и така да ми помине остатокот од годината.

    Ќе ми треба само добра волја и добра мисла.
    А да, и добра песна. Мислам дека веќе знам со која ќе ја започнам 13-та.
    Истото ви го посакувам и на вас :).

    http://www.youtube.com/watch?v=gRwFRMGpTWg
     
    На tweety26, bittersweet, Peppermint и 20 други им се допаѓа ова.
  6. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.726
    Допаѓања:
    10.318
    Пол:
    Женски
    Не го чекам со нетрпение понеделник ниту пак Нова Година затоа шо нели тоа е само една обична вечер,ке дојде и ке помине...туку се радувам затоа шо после незнам може еден месец ке си одам дома и ке ги видам мама,помалите сестри,баба и дедо и ке си добијам новогодишно кесе :D друго сакам да кажам дека 2013 очекувам да биде поарна од претходната,барем малку колку да не е без ич...бтв ке пиам за НГ(малку само-нема да претерам) зашо ми треба да се опуштам...да заборавам дека се скарав со една личност за глупости и дека нече сеа да зборе со мене ама ај гајле ми е уствари... Добра нок ;)
     
    На Doozy и pamelche им се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.475
    Допаѓања:
    91.880
    Пол:
    Женски
    Минатата Н.Г. на 31ви, се враќав од Битпазар со 11 кг. натоварена.
    Сестра ми си го шиеше фустанот кај тетка ми, мајка ми во постела, па мораше некој да спрема.
    Кога се прибрав дома, почнав да сецкам за салати, да вадам месо од фрижидер и да мислам што благо да направам. Обично има страшни гужви по дома за празниците, а нели срамота е да не се принесе.
    Дур се прибра сестра ми 70% од работата беше завршена, а јас имав еден час за да се подготвам и излезам. Ми се скршија очилата, вода за туширање речиси и да немав, а капак на се се расипа и фенот. :lol: Знаев дека лудо ќе ми почне наредната година. Одејќи накај автобуска се испокарав со малиот, стигнал порано, па ме чекал. Гајле ми е јас на време си стигнав, биди среќен што те видов без очила.
    Вечерта пак се испокаравме едно 4,5 пати и легнавме лути. Се скаравме и кога си одевме накај дома, па и цела година се караме. Раскинавме и пак се караме.
    Деновиве пак рачката од очилата се клати, да си купам деновиве да не кукам тогаш :lol:
    Ќе го исклучам мобилниот и со никој муабет, да не се скарам.
    Ќе се средам сабајлечки, да не ме зезне бољерот.
    А за по дома на 30ти ќе спремам.
    Среќа сестра ми веќе знае што ќе носи, умна дада има, фустан и купив уште пред месец дена. Да си симнам јас маки од глава :lol: кој ќе слуша за 2 дена паники.
    Мајка ми пак треска ја фаќа, ќе морам пак јас на пазарење ама сега ќе си ја земам и малава.
    Мада знае она да ми рече - Ај ти пазари СИ (ова као јас само за мене пазарам) па ќе се сретнеме.
    Списокот за пазарење до мене е. Мајка ми од постела дава наредби што, како. А малава ми кидна со изговор- Кога ќе станам ако не си испазарила се, ќе одиме заедно.
    А да станам јас после неа, а?

    Без врска муабет.
    Имајте убава вечер.
     
    На srcekrsacka, creshicka, tweety26 и 23 други им се допаѓа ова.
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Мириса цела куќа на баклава :mm:
    Татко ми...како свекрва. Не знае да го зготви тоа што е на мени, ама знае да дава упатства. Не, тоа не треба така да го правиш- Е како бре не треба, од кај знаеш ти како треба. На нерви ми рчка :tmi: дали ме вежба, се зафркава, или веќе до годините му е...кој знае.
    Јас и онака сум премногу уморна, ама пусти мерак што утре сум дома, нејќам бре рано да си легнам.
    А тука поздрави и честитки, па оваа плочава во глава што ми се врти одма ми нафрли една песна
    http://www.youtube.com/watch?v=uLNZnBf-98A

    уште да станам и да си свртам едно орце околу соба :tmi:
    туриру тиру ту :dance:
     
    На tweety26, bittersweet, Peppermint и 16 други им се допаѓа ова.
  9. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    ajde uste malku nova godina :lol:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.408
    Допаѓања:
    287.142
    Неостварена желба ми е да бидам во Њу Јорк за време на божиќните празници.
    Премногу американски филмови и исплакнат мозок за некои, но за мене еден искрен и неостварен детски сон.
    Не морам кузнее колку да купам,доволно ќе ми биде да шеткам и разгледувам.
    Да ја почуствувам онаа атмосфера кога сите ги фаќа предпразничната божиќна треска и улиците се преполни со безброј насмеани лица. Можеби ќе се разочарам(ама не верувам у тоа :rofl: ) ама треба да отидам и да видам прво.
    Би сакала да го посетам и Санкт Петерсбург или Москва. Нив не мора баш за божиќ или на студот, но после четири години поминати во изучување на овој јазик и оваа култура посакав барем еднаш да зачекорам на црвениот плоштад, и да ја видам таа архитектура и многуте знаменитости.

    Сакам и во Азија. Отсекогаш ме фасцинирале земјите од овој крај и би сакала барем еднаш да зачекорам во некој будистички храм. Но и да го почуствувам раш аур во Токио, Шангај, Пекинг.

    Немам видено Кенгур :( . Веднаш помислив на Сиднеј. и операта...Не дека во операта трчаат кенгури де, но Австралија во целосен пакет.
    Иако Јужно Африканската Република не е лоша, но еве не мора во Африка. Скромна сум.

    Барем две од овие 4 да се исполнат, и да живеам барем во уште една земја/евентуално континент.
    Мора мора, сонувам и се надевам. Никако откажување, животот е пред мене, зошто да не и сите.

    Една колешка од факултет ми раскажуваше за нејзиното патување околу светот.
    После две годишно интензивно штедење(можеби и со мала помош од родителите) таа и сестра и биле на патување околу светот кое траело 6 месеци.
    Само со ранецот на грб...
    Ми наброја голем број на афрички и азиски земји. австралија и северна и јужна америка...
    Места кои човек не може да ги најде на картата, непознати култури и јазици. Честопати спиеле во некои мали афрички селца или под отворено небо.
    Не во секој дел од светот има хотел или хостел.
    Се снаоѓале како знаеле и умееле за средства за хигиена и нејзино одржување, спонтано одлучувале во кој правец ќе се движат и колку долго ќе останат на таа локација.
    Саати ми раскажуваше за милион згоди и незгоди, ситници кои се случиле по пат.
    А јас го упивав секој збор. Обожавам луѓе кои ме поттикнуваат или инспирираат, луѓе од кои можам да научам нешто.
    Таа немала дигитален апарат со себе. Секое делче од светот го регистрирала само со своите сетила и го меморирала длабоко во себе.
    Почнав да размислувам за сите оние места кои јас ги имам посетено во изминативе години.
    Толку многу, а уште толку многу има да се види...
     
    На LetsTalkFashion, tweety26, bittersweet и 15 други им се допаѓа ова.
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    17.272
    Симнувам музика за Нова Година, ама предосеќам дека за џабе интернет си трошам.
    Тоа јас што го слушам, нема да дојде на ред од Уан Дирекшн, Миле Китич и Цеца.
    Сепак, предосеќам дека ќе си поминам убаво, мислам дека убави визитари ќе имам. Со другар ми правиме муабет, он предосеќал лош почеток на Новата Година.
    Па, ќе видиме што и како ќе биде. :)
     
  12. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам до каде отиде младинава
    а јас од тие постарите сум божем :D
    за роденден на 14г се пиело текила,вотка,шприцер и ред други работи + женско :fubar: се додека не се напраиш дрво да де :swear:
    Бог да чува и да брани се отишло од раце.

    Само да не ме сватите дека јас сум од тие од 70тите,разбирам да се напиеш пиво вино сл ама се си има ред и граница ова дрво да се напраиш да не знаеш за себе на 14г...све сум видела ама ова не :x
     
    На tweety26, Sara123, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Дома сум и сите мои очекувања се исполнија.
    Баба ми ме прегрна. Со растреперен глас ми кажа дека ужасно многу и недостасувам и дека кафето во мое друштво и е најслатко.
    Ме разнежни..
    Не се навикнати моите да сум толку време далеку од дома. Што ли очекував јас?
    Татко ми, иако ми вели: Уживај, не се јавувај, знам дека очекува секој ден да го правам тоа и да преспивам по некоја ноќ дома.
    Вечерва и утре цел ден сум им на располагање, потоа пак се враќам кај него.

    Дедо Мраз (Баба ми) и оваа година мислел на мене.
    Пакетчето ми го оставила под елката и како мало дете во исчекување, подзината и насмевната чекаше моја реакција.
    Внатре ставила и парфемче, секоја година покрај грицките ме изненадува и со нешто друго, некое поинакво мало подароче.
    Ја изнагушкав и посакав како мало дете да и седнам во скутот и да се размазам.

    Лицето на татко ми зрачеше со спокој. Вечерва мирно ќе спие, ќерка му е дома.
    Мислам дека не е важно дали времето ќе го поминува со мене, важно е да сум во неговото гнездо, во својот дом.
    Чудна е таа врска татко-ќерка.
    Имајќи на ум дека тој секогаш одбива да дискутира на темите: Брак, свадби и сл. благодарна сум што воопшто и ми дозволи толкав временски период да бидам далеку од дома, со своето момче, во неговиот дом.
    Да си молчам додека не се предомислил. :lol:

    Кога знаеш дека имаш краток временски период на располагање, даваш се од себе реалноста да ја претвориш во бајка.
    Јас овие денови престанав да го живеам своето секојдневие, избегав од него и успеав да создадам бајка.
    Свесна сум дека кратко ќе трае, но не сакам да мислам на тоа.
    Ова кратко враќање во реалноста, тешко ми паѓа. Кога ќе треба да се вратам засекогаш, како ли ќе се чувствувам??? :|
     
    На tweety26, bittersweet, kate21 и 28 други им се допаѓа ова.
  14. ChoChang

    ChoChang Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    19
    Се претворам во ноќна птица! ]:)
    Дали факултетот, дали ова Скопјево ме испоремети, не знам, ама ова дефинитивно не сум јас.
    Порано си легнував и станував со петлите, а деновиве не легнувам пред 3. 8)
    Тоа е, се тече, се се менува ;)
     
  15. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Денешниов ден ке го паметам цееел живот!
    Денес дознав некои работи што не ги знаев цел мој живот, а што се случиле кога не сум била ни во план да се родам.
    Се шокирав. Иако сигурно си мислеле дека ако ми кажат ке ме повредат, сепак имав право да ја дознаам вистината. Знам дека татко ми не сакаше да ми кажува сепак го прашував... ме инересира.. жал ми е што му ги отворив старите рани (тоа и сам ми го рече) но морав. И немаше да ми биде вака ако ова го дознаев порано. Не, не сум повредена, не сум тажна туку само шокирана бидеќи не сум ни помислила дека ни дел од ова што го дознав се случило некогаш.. :|
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Ах животов какви „ случајности“ знае да приредува, како по грешка создадени...А за некои можеби за нив скроени...којзнае.Нешто што не може човек да контролира, колку и да сака...
     
    На tweety26 и Katerinceee им се допаѓа ова.
  17. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    3.666
    Годините си поминуваат, а мене памет не ми доаѓа...
     
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.721
    Пол:
    Женски
    Од некоја чудна причина не ги сакам празниците.Уствари го сакам духот,мирисот во воздухот,ама онака празник како празник не.Уште кога одев на работа како непишано правило ми беше да сум на работа за Нова Година ,Божиќ,Велигден...или во најмала варијанта наутро после празникот или да ја испратиш старата со клоци...некако изгубив сенс...А од друга страна однесувањето на маж ми е ...приказна за себе...секогаш е пијан...нефер...времето го поминува со други,кои ете случајно ги сретнал во животот ,со еден збор си живее ергенски живот.Да,ќе речат некои сама си го бирала.И тоа е точно,само што никогаш не знаеш што ти носи денот а што ноќта.Ниеднаш не сум почувствувала топлина .Се трудам самата да ја направам но ете се уморив.Децава веќе си фаќаат свој пат,не можат да се држат до сукњата на мама .И не треба ,треба да си створат свој живот,свои спомени.А мене ми останува да ги испратам со поглед да им давам совети да не пијат алкохол,телефонот да го сместам до мене.И да ги чекам.Кога подобро размислам .јас секогаш некого чекам.Го чекам него,нив...Чудно е како животот може да ти ги врзе соништата,надежите,очекувањата и да направи од тебе робот.Замислете колку сум трагична...викнав најмалку 6-7 роднини,пријатели заедно дасе собереме кај нас...сите не одбија со причина дека веќе се организирани.Кој со сестра,брат,кум,пријател...а не добив ниедна покана да се придружиме на нив.Која е причината?Дали го одбегнуваат маж ми зашто го знаат каков е ,или пак можеби мене :^) Грешка постои во системот ама кој да ја открие.А и да ја открие што фајде кога не може да се поправи.Си мислам можеби е подобро така отколку да го гледам овој мојов накован и да се нервирам .
    Ова е пост баш негативен,ама морав да го исфрлам ова од мене.И знам дека не личат вакви постови во овој период во годината.Поинаков пост ќе напишам утре можеби...само уште малку да ја истуркам тагата и нервозата од мене...само уште малку...
     
    На tweety26, marama, kravce и 24 други им се допаѓа ова.
  19. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Му направив пакетче на билдерецов :D онака чист мајтап, инстиктивно ми дојде не му планирав ...ама си го усреќив.
    А знаете колку сакав и јас да добијам :D ...............и испадна она познатото `ако нешто силно посакуваш постои можност да ти се исполни `мајка ми ми даде пари да си направам сама пакетич, а кај него кога стигнав ни донеле на подарок мини пакетче за двајца :rock: .

    Знаете јас сум како мало дете се радувам на овие ситници и нема никогаш да престанам да барам задоволство во ситни работи.Го сакам вниманието на луѓето повеќе од се, осебено кога гледаат што правиш за нив и ти врајќаат со мера.....па макар било тоа и обична новогодишна честитка ,рачно пишувана и кришум оставена на твојата врата од братучетките :) .
    Цецичка ми направи преубав шал кој ме топли безкрајно, како и нејзината љубов, јас пак им подарив внимателно избран подарок кој им виси на врата потсетувајќи ги на вниманието и љубовта моја.
    Обожавам да давам и примам подароци :$ :$ .....давајте и примајте љубов ,секогаш се врајќа трократно.
     
    На tweety26, marama, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  20. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Добро утро,добри луѓе.
    Јас не би била јас ако не сум цело време во некое брзање,само трчам некаде,само одам од место до место.

    Недела.Убава недела е.Можеби би била пак истата недела во моите очи,арно ама денес е денот кога ќе се подготвам и ќе зминам.Можеби и понеделник утре би бил оној очаен ден кој го мразам најмногу,ама ќе помине поинаку во моите очи,само поради новогодишното одбројување.
    Екипата е подготвена,треба само да тргне.
    Куферот е спремен,луѓето ептен погодени,ќе биде убаво чувствувам.
    Немам еуфорија сеуште бре,можеби утре ќе ме нападне,а можеби и не.
    Утрото после новата година секогаш сум голем носталгичар,а незнам зошто.Го сакам оној момент кога телефонот ќе пее некоја песна и кога некој ќе ми посака среќна нова година и куп желби.
    Секоја година во точно 00:00 замислувам желба и чекам да ми се исполни,така ќе постапам и утре.

    Сега како што е редот,сакам да ви посакам убав помин,бидете со оние што сте ги одбрале,бидете со оние кои што сигурно нешто ви значат во животот.Поминете си убаво,и нека оваа нова година биде убав старт за сите нас.Па во новата година да читаме и пишуваме само за убави работи.
    Јас отидов да пијам кафе,и за некој час заминувам.
    Се читкаме догодина.
    Ве гушка цигарче.
     
    На tweety26, kravce, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.