Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ... моментот кога ја праќаш баба ти по Јап улошки, а она се врќа со ХЕДИС улошки што да ја терав да ги бара, никогаш на планетава немаше да ги најде!
     
    На Stoimenovska, ludoto19, 2036 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Многу одбивни ми се луѓе кои се расфрлаат со своите успеси, а стигнале до нив само поради фактот што "туѓа вошка ги полазила"...во превод од речникот на баба ми би дошло како -огромна, круцијална помош од некого за да денес бидеш она што си...
    Па се гадат од се' што е просечно и обично, од нечиј недостиг на амбиција или неспособност да истата ја остварат, заборавајќи дека да не бил тој некој кој ги извадил во прав момент од калта, веројатно не би постигнале ниту половина од она што го имаат постигнато оние на кои сега така одвисоко гледаат...
    Биди барем фер и признај си дека не вредиш толку колку што имаш добиено, речи и фала на среќата, не на твоите способности...не мора на глас, барем по постапките да се види малку скромност, разбирање, благодарност...не за друго, изгледаш смешно, не величествено како што замислуваш...
     
    На DeMelo, Monna.Monna, ljubam и 26 други им се допаѓа ова.
  3. Antigonna

    Antigonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    257
    Оооо,кој си ужива во центарот на Куманово? Паразитот Антигонна Панталоновска!

    Ништо не ме иритира,како гласното јадење и плукањето,и тоа на улица. Ти си се шеташ,си уживаш,си гледаш и мерачиш момчиња,кога тоа,девојчето поминува покрај тебе,си игра со шлајмот од грлото (камо да знаев тоа да го правам,еј!) си плука и ич не ја боли нејзината госпоѓица. Еми добро,браво,што да ти кажам.

    И денеска сум си ептен среќна,па за да не бидам до толку весела,сакам да си муабетам за работи кои ме нервираат. Еве,штом стигнав тука,помало градче,никој за никого не видов,зад грб да му зборува. Не дека јас не оговарам,побогу,и јас сум си типично женско суштетство,но некои навистина не знаат за доста во тоа. Ми здосадија скопскине муабети,кој со кој се фатил,која имала бркови,кој во чив тоалет какал...
    Во последно време,многу ми се живее во времето на Тито,не знам зошто.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... уметноста на подарување или ја имаш - или ја немаш. :)
    Јас ја имам и премногу.
    Да не ви се фалам, ама ако имате недоумица околу одбирање на подарок, слободно може да се советувате со мене, слободна сум во секое време за предлози и сугестии.
    Буквално значи потсвеста и шестото сетило ми работат кога треба да се подари нешто, па некогаш половина од подароците - ги сонувам. :D
    Така добивам прилично брилијантни идеи и изненадени лица.
    Еве на пример, ако ви се појави вакво кутивче и најдете пар празнични обетки внатре, ќе се израдувате? :D

    И мојот заштитен знак, неизбежните чоколадни мафини и подготвена сум за гости. ;)
    А да не ви ја кажувам цената на кутивчињава и обетките, ќе се засрамам. :$
    Ама пак ќе кажам - не е важна вредноста на подарокот, важна е идејата. И вниманието.
    It's The Thought That Counts. ;)

    Имајте го тоа на ум кога подарувате. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • e5e8.jpg
      e5e8.jpg
      Големина на фајлот:
      20,1 KB
      Прегледи:
      521
    • 100_4356.JPG
      100_4356.JPG
      Големина на фајлот:
      264,4 KB
      Прегледи:
      521
    На Annath, Monna.Monna, sweet-cherry и 22 други им се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Новата 2013 година на плоштадот „Македонија“ ќе биде дочекана со многу забава и музика, како и со традиционален спектакуларен огномет.
    Традиционално организираниот дочек на Новата Година,мислам дека вреди да се отиде на забавата онака на кратко,што мислите вие?
     
  6. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Колку работи можат да се сменат за само една година. Крајот од оваа го испраќам со тежина и сопрени солзи. Ми се случуваат големи промени,со него раскинавме,блиски роднини ќе ги гледам многу ретко,некако од сите страни ме разјаде месецов. А,морам да се сконцентрирам максимум што можам,ме чекаат едно чудо испити во јануари. Морам да смогнам сила и да си ја терам работата.

    Одам да го отворам пакетчето поклон од татко ми и да си продолжам со учење.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.403
    ^ Како не вредело. Јал Виена, јал Скопје. Па тоа ти е исто. Да се измрзнеш за без пари да ја слушаш Тамара и тоа да не и ги видиш градите пошто ќе биде облечена до теме до пети.
     
    На Sara123, Antigonna, Angelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Сите нестрпливо ја чекаат долго очекуваната ноќ,која е само обична ноќ,која носи нови напори за идно борење со тешкотиите во животот ...
     
  9. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Мене па баш ми е интересно и мило кога за Нова година си разменуваме подароци со семејството :wasntme:
    Нас ни е како еден вид традиција, на Нова година под елката си оставаме подароци потпишан од кого за кого е , и вечерта или другиот ден ги отвараме и си се смееме и сакаме. :inlove:
    Не мора да биде нешто вау подарокот, битно е што е од срце и да се украде насмевка од најблискиот и е една убава традиција. Сега се повеќе и повеќе се оддалечени луѓето, така да убаво е да се има некој "ритуал" кој ќе се практикува секогаш со семејството. :) Креативност, забава и љубов.
    Ајде сега одам да ги виткам подароците :rofl: Шо сум им купила на брат ми и сестра ми има да паднат од смеење :D На родителите и баба ми као нешо посериозно :lol:
     
    На tweety26, kravce, la-chicka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ДЕВОЈКИ!!

    Сега, откако ви го привлеков вниманието, ве молам, да ви кажам нешто.
    Нема да бидам тука утре, т.е. уште од денес ме нема, а не можам да заминам да славам без да ви посакам и вас нешто.
    Значи вака, Среќна Нова на сите , најубав помин кај и да сте, сите што сте скарани со љубовта да се смирите, сите што сте во врска да бидете нај среќни, да имате успех на секое поле, положени колоквиуми, здравје, и среќа дома, љубов, многу љубов, памет во главата и ве молам насмевка секој ден. Бидете силни, бидете попаметни од лани, бидете свои...
    Искрено ве гушкам, брзам затоа вака на брзина.
    Останете свои, и многу многу среќа искрено и од срце на сите ви посакувам!!
    Среќна нова година :hug: :hug: :hug: :* :* :*

    P.S. ова се онесува и за момците заборавив да потенцирам :) :)
     
    На Annath, Monna.Monna, sweet-cherry и 40 други им се допаѓа ова.
  11. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Пред календарскиот крај на годинава што изминува чувствувам одговорност да се оддолжам на сите мои починати роднини. Знаете, луѓето не заминуваат прерано ниту предоцна. Сечие заминување се случува точно навреме. И пердувесто лесната оддишка на малите бебиња, и тешкиот збор на смртна постела што го испуштаат старците у десетта деценија, се е тоа искалкулирано и совршено пресметано, да нема простор за полемика, оти тоа било несреќен случај или оти се работи за докторска грешка, оти некој у погрешно време ја преминувал улицата или имал висок крвен притисок. Некој сосем случајно се здобива со тешки повреди, мозочен удар или инфаркт.
    Е такви нешта, мили мои, не се случуваат случајно ниту во земјата на чудата, а камо ли, у нашата.

    Бидејќи ние луѓето сме изградени од таков материјал, кој не упатува да мислиме дека нам ништо лошо нема да ни се случи и дека сме далеку од астмата на детето на пријателката, далеку од соседот со специјални потреби, далеку од ромчето што пита со отворено дланче, далеку од сопругот и сопругата што за кратко време ќе престанат да бидат тоа оти овој и мава многу тешки шлаканици...

    Се наоѓам во ситуација која времето ме гони без пардон, кога болеста ми дише у врат, кога институциите во кои се префрлам од ден на ден и сите тие проклети шалтери ме оптоваруваат со временските граници, административните гомна и купиштата документација. А на човекот внатре во мене му откажува орган по орган, после живците кои одамна му се испокинати. Па, овој малечок реферат своевидно си го посветувам и на себеси, за да се поттикнам да размислувам за тоа како е да се остави овој свет без да се извинам на моите најблиски, меѓу кои се наоѓаат и такви кои го трпат моето крвничко однесување со насмевка, кои не ми префрлаат или одвреме навреме ќе кажат по некој лош збор затоа што и тие не се у стаклено ѕвоно, па варваринот - Јас ги повредува, а јас си земам за право да им се лутам и да сум злопамтило. И потенцирам, секој од нас има помалку време отколку што мисли дека има, никој нема да си замине од тука потполно материјално задоволен, вистинскиот мир доаѓа од мирот кој ќе го постигнеме (или не) со другите луѓе...

    Жалам. И како што се кажува на едно место: „Мојата злоба беше злоба поради самиот ѓавол, таа не ми даваше никакво особено задоволство, ја хранев само поради рутинската потреба да живеам, зашто и мојот живот беше така построен, гнев во очите, тишина на усните, пекол во срцето.„
     
    На tweety26, kravce, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Спомнав јас еднаш баш тука во темава, чекам 200.000 евра. :)
    Да се пофалам добив на лото дури 300 денари. :D
    Се радувам, луѓе. ^_^ Не заради парите, туку затоа што наскоро и седмица ќе погодам.
    Со среќа!
     
    На Rubiii, tweety26, marama и 15 други им се допаѓа ова.
  13. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Ако мама е срекна и јас ке сум!! Веке 8 години по ред е сама жената,и мн ми беше жал да ја гледам како се упропастува.. Но денес заживеја.. И баш сум срекна овие денови ми фалеа од кога се разделија мама и тато..Мислам дека мама ја најде среката во друг маж и баш ке е срекна со него..Исто и тато.. И тој ја најде среката во друга жена но за жал таа не е нашинка..но сепак се разбираме..:) АКО МОИТЕ РОДИТЕЛИ СЕ СРЕЌНИ И ЈАС КЕ СУМ 100 ПАТИ ПОСРЕЌНА.. :)
     
    На ljubam, tweety26, marama и 16 други им се допаѓа ова.
  14. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам вакви сончеви денови,сакам работи кои се чекаат со нестрпливост и возбуда. Но несакам организации во 5 за 12. Изгледа сите мои планови што ги имав пред еден мецес сега кога треба да се изреализираат ќе паднат во вода. Но ми е гајле , тој е со мене. Конечно подолго време статусот на локацијата ќе ми биде ; Јас тука , а тој до мене. :inlove:


    Благодарна сум му на дедо Боже , 2012 за мене беше доста успешна и доста стресна година. Исчекување дали ќе поминам на интервјуто , исчекување дали ќе ја добијам стипендијата, исчекување дали ќе добијам Виза , па потоа стрес пред заминување , па таму дешавки секакви,па стрес дали да се вратам или не .Враќање , соочување дека не знам кај да терам,планови и идеи за новата 2013, а добро здравје имам и упорност. Па нели тоа е најбитно. :|
    Полање на кола , минување на тестовите и на полигон , сега полека финансиски треба да се спремам за гратска. :D
    Се на се сите тие стресови на крај поминуваа со насмевка и со Ти благодарам Дедо Боже.
    Имаше многу плачки и карање по дома , имаше многу смеења и гушкање. Имаше разочарување од многу блиска личност и болка во градите која и сега ме претиска но јас со она доброто мото Секој греши ! Имаше простување и ветувања...Само се надевам на тоа ветување да продолжи во наредните години.

    Ја сакам секоја година бидејќи во секоја година запознавам нови луѓе , некои од нив ми остануваат длабоко во душата.Во секоја година дарувам крв која можеби помогнала некому. Во секоја година ми се раѓаат внучиња , па знам здравје моите деца ќе имаат многу братучеди :D
    Во секоја година мајка ми има роденден па барем тогаш не ме фаќа мрза и и правам некое лудо изненадување на кое таа толку многу му се радува и се смее.


    Признајте мајка ни најмногу заслужува , но ние најмалку за неа правиме некои работи и најмногу со неа се караме. Но најмногу ја сакаме.

    Гледам сите веќе си посакувате најубави желби... Не знам дали ова ќе ми е последен пост за оваа година на форумот , ама ајде јас како член да ви посакам нешто.
    На сите ви посакувам многу здравје,среќа ,љувов,слога и исполнување на најголемата желба.
    СЕга ова ќе биде за оние над 19години :!: Ви посакувам некој добар, секси маж и водење на љубов пред камин и доручек во кревет со чаша Џус. :D

    И сеуште не знам кај за Нова Година , можно е и утре веќе да сум во Јужна Кореја. Се си бива... 8)
    Хо хо !!
     
    На tweety26, kravce, Hopeful и 8 други им се допаѓа ова.
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    ете така си идам јас накај ова македонијава наша и ете ти во аутобус една жена која беше од странство и си кажува како е убаво кај словенија кај хрватска кај србија,,си кажуваше жената кога си запиравме по граници дека било чисто и се така и јас како јас,гордана ова жемја и да си се пофалам и ивикам да UBAVO E SE TUKA ISTO I KAJ NAS VO MAKEDONIJA :!: и она јас идам за македонија и јас ее супер ке видиш и кај нас е преубаво...
    и ете ти идеме на мак граница :o што ке видиш отпадоци на секаде и јас си се зачудив и гледа гледа и пред да изговори и викам ке видиш каков град е разубавен скопје ;) си викам малце да се снајдам...
    а што ме тераше да си се фалам ајде де за мене е се супер ова земја али дека има по чисти и средени има и тоа многу повеке...и така ништо си слегува она кај скопје и викам убаво да си поминиш и чао/....

    ете така ти е тоа кога сакаш да се фалиш :D :D
     
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    12 ПРИЧИНИ ЗОШТО ЖЕНИТЕ НЕ ГИ САКААТ ДОБРИТЕ МОМЦИ

    Иако сите жени велат дека сакаат добри, фини и воспитани момци, тие обично завршуваат со оние лошите. Еве зошто е тоа така:


    1. Нереални: Добрите момци се едноставно предобри за да бидат вистинити. Едноставно не е возможно некој да биде фин цело време, доколку истиот тој не е светец. “Добрите“ момци се толку зафатени со тоа да се однесуваат пристојно и фино што едноставно се исклучуваат од реалноста, па жените инстинктивно немаат доверба во нив. Оние “лошите“ се и пореални, одвреме навреме предизвикувајќи и по некоја непријатна или стресна ситуација.

    2. Почит: Никој не ги почитува луѓето кои дозволуваат некој да ги гази. Добрите момци не поставуваат граница и не бараат нешто што логично секој би го побарал од вас. За разлика од нив, лошите момци не и дозволуваат на жената да ги гази и да ги контролира. Жените едноставно не го почитуваат мажот кој можат да го контролираат. Немањето почит е исто што и немањето привлечност.

    3. Предвидливост: Повеќето луѓе водат здодевни, предвидливи животи, па нив ги привлекуваат луѓе кои се возбудливи и непредвидливи. Лошите момци секогаш се предизвик. Добрите пак, воопшто не се. Предвидливост+ немање возбуда+ немање предизвик= “Повеќе би преферирала лошо момче“.

    4. Мајка Природа: Жените се создадени за да негуваат. Често пати, наместо да ги негуваат само децата, тие ги негуваат и лошите момци, сметајќи дека љубовта ќе им помогне и ќе ги спаси. Спротивно на тоа, добрите момци ретко кога ќе треба да ги спасувате и негувате- тие немаат такви драматични ситуации во животот како лошите момци.

    5. Превоспитување: На добрите момци не им треба “превоспитување“. На лошите пак, често пати гледаме како на проект кој доколку успешно го спроведеме, ќе добиеме и добро и привлечно момче. Жените мислат дека ако го претворат момчето во “совршено“, тоа никогаш нема да ги остави. Во таа макотрпна процедура, тие ги занемаруваат своите проблеми и животи, па често пати “готовиот производ“ за кој сте се труделе подолго време завршува во рацете на некоја друга.



    6. Војна на спермата: Биолошки гледано, жените имаат предиспозиции да избираат партнер со најсилни можни гени за да се размножуваат. Лошите момци испраќаат несвесна порака дека имаат одлични гени и не се плашат дека ќе ја загубат девојката поради

    нивното однесување. Добрите момци пак, испраќаат порака дека ни самите не сметаат дека нивните гени се доволно добри за жената која ја сакаат, па ќе внимаваат повеќе на своето однесување за да не ја изгубат.


    7. Страв од интимност: Ако жената се плаши од интимност, таа потсвесно знае дека треба да ја избегнува интимноста со лошото момче за кое постои опасноста дека ќе ја остави. Исто така, таа се плаши од интимност и со доброто момче, но од друга причина: страв и е дека тој ќе сака посериозна врска, а тоа често пати делува страшно.

    8. Ниско ниво на самодоверба: Не се чувствуваме удобно со луѓе кои не третираат подобро од она што го заслужуваме. Ако немате претерано високо мислење за себеси, лошото момче уште повеќе ќе ја намали вашата самодоверба. Доброто момче ќе ве третира како “совршена жена“, а тоа едноставно не ви е дел од секојдневието и иако отпрвин ќе ви биде интересно, потоа ќе ви стане чудно и на крај ќе ви здосади.

    9. Секс: Жените сметаат дека добрите момци не се добри во кревет. Тие некогаш сакаат доминантност, а мислат дека доброто момче нема да знае да ги “преземе работите во свои раце“. За лошите момци постои верувањето дека се добри и во кревет, иако не секогаш тоа е вистина.

    10. Згоден: Дали сте виделе лошо момче кое не е привлечно? Добро, има и такви, но пак ќе ве привлечат со своето нескротливо однесување. А замислете си- “лошо“ момче кое изгледа пеколно добро! Е на таквите ќе им простите и по некој грев повеќе, нели? Спротино на тоа, за добрите момци жените велат: “не ме привлекува“ или “го гледам само како пријател“.

    11. Шарм: Добрите момци не секогаш знаат што да кажат и често пати не знаат како да изреагираат. Лошите момци можат да бидат мошне шармантни и знаат да ни го кажат она што сакаме да го слушнеме, но на крајот се испоставува дека тие се мошне себични. Додека да го откриете тоа, вие веќе сте се вљубиле и не би се откажале лесно од него.

    12. Заштита: Историски гледано, мажите ги штителе жените: и физички и на секаков можен начин. Лошите момци оставаат впечаток дека се способни да ја заштитат својата жена, а за добрите...па и не сме баш толку сигурни. Сепак, во животот е најважно да знаете да одржите рамнотежа. Повеќето мажи се или добри или лоши момци. Идеалниот маж не може да се категоризира како претерано добар или претерано лош: тој се наоѓа на границата помеѓу овие два екстреми. Се додека мажите не научат како да го постигнат тоа, жените ќе ги одбираат лошите момци, иако реално гледано таквите мажи имаат повеќе негативни отколку позитивни особини.
     
  17. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Денес си ги купив моите први штикли, и сега „тренинам“ одење по дома :lol:
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сд и кажам на неделава и на годинава:

    ИШ, иш не ве сакам ама ич !

    МРШ!

    Денот заникаде,мислите уште повеќе требаше да го преспијам денот,требаше :!:
     
    На senza.parole, anabel-a и Ann.94 им се допаѓа ова.
  19. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    3.866
    Пол:
    Женски
    Ех, колку е убаво да си дома после толку време.. Сите околу мене ги мава празнично расположение само јас дремам пред телевизор, гнетам смоки и гледам некои серии по којзнае кој пат..

    И се ќе беше така сиво доколку не се појавеше баба ми во соба, а мајка ми прави кифли и и кажува дека утре е Нова година.. Баба ми прави некои збунети фаци :?: и вели: Не е утре Нова година, понеделник е :wasntme: :D :D
    Е како да не ја сакаш после бе? Не може.. :) Ајде бегам јас, може ќе фатам уште некоја забелешка од баба ми :D
     
  20. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Утрово со сестра ми отидовме да купиме нешто за појадок и лепак и некоја мала тегла за куглата која штотуку почнав да ја правам.

    Поради гужвата во продавница, таа ме чекаше надвор, а јас пазарев.
    На каса здогледав шеќерни бастунчиња и за миг се сетив на едни дамнешни времиња.

    Времиња кога својот скромен џепарлак го трошев на едно такво бастунче и една огромна гумена бонбона (најчесто крокодил)
    Секој ден после часови од продавничката до училиштето купував и и ги подарував на сестра ми.
    Многу се радуваше!
    Понекогаш купував и шеќерни смоли за двете, па се радувавме кога ги тегнеме и вртевме, не дека ни беа нешто посебно вкусни.

    Земав бастунче од теглата на каса, го платив и го ставив во џеб.
    Знаев дека надвор, кога ќе и го дадам ќе успеам да украдам една нејзина искрена насмевка.
    Излегов, го извадив од џебот и и го дадов. Ме погледна, се насмеа од срце и рече:
    Те сакам и ти благодарам, ништо поубаво не можеше да ми подариш, потоа следуваше силна прегратка..

    Јас сум среќна кога успевам да оживеам незаборавни спомени.
    Ништо повеќе не може да ме израдува од повторно доживување на убавите нешта од минатото.
    Среќното лице на сестра ми и се она кое ни мина низ главите во тој миг, ме врати назад и јас бев повторно ДЕТЕ!
     
    На tweety26, marama, L-enna и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.