Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Не ми се пишува за дочеци, ручеци, и слични новогодишни муабети.
    Си размислувам за завршеток на нештата, не како завршеток на еден циклус туку ненадеен крај, на светот, на животот, сеедно. И сфатив дека позадоволна не можам да бидам. Можеби моменталната ситуација не ми е најзавидна, но во глобала, и да умрам утре, нема да имам буквално ништо за што би се „превртувала во гроб“, незавршена работа, недоискажан збор, нешто што никогаш не сум се осмелила да го направам, нема такво нешто.
    Се што во одреден момент сум сакала, сум посакала да го направам или постигнам, се е направено.
    Не дека нема уште, има, имам кон што да целам, но воглавно, најголемите желби ми се остварени, ако денеска заврши се, ќе бидам задоволна од мојот живот.
    И сега си мислам и за ризиците, храброста и наивноста, смелоста да направам многу од тие работи. Колку лудо и да изгледа сега, колку можни сценарија можеле да ме спречат но за среќа не се случило тоа, сепак вредеше, секој еден чекор и секој еден здив. Без каење, без враќање назад и без граници...до некаде и без памет.
    Убаво е. Чувството дека конците се во твои раце, сам си го креираш животот, без страв од било какви авторитети иако ги имало многу, границите ги прерипував ко бодликави жици и ги бришев ко нацртани со молив, тоа е слободата. А јас цел живот си бев слободна.
    Слободна и решителна. И тоа е тоа што најмногу ме исполнува во моментов, тоа е причината заради која не гледам назад со жалење.
     
    На ludoto19, tweety26, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  2. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    хаах и кко иде ?? хаха јас утре ке си купам штикли :3 и ке вежбам одење (знам дека мн касно палам али тоа е :lol: )
     
  3. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Годинава ќе ја паметам само по многу љубов,љубов,љубов...Прекрасна година...Дај Боже и наредната да е иста.Поздрав до сите и среќни празници уживајте и споделете ги среќните мигови со вашите најблиски.
     
  4. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Во новата година сакам почесто да осеќам пеперутки во стомак, да знам чисто онака дека се живи :)
     
  5. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    СДК... Денес се испезив до 100..
    Значи вистинска пеза.
    Отидов на станицата кај автобусот и видпв еден човек на земјата како седи и имаше една чаша до него..
    Јас глупавата мислев дека е просјак и му ставив паричка внатре....
    Не ми се верува дека го направив тоа а човекот само си седел си чекал автобус и си пиел кафе...
    :(((((
    Се надевам дека никогаш повеќе нема да го сретнам истиот
     
    На ludoto19, tweety26, Micheleljubov и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Ах,колку не ми се пишува.Само да ве известам дека сум оно- жива.И среќна.За дочек нели си се спремам,одлично ми иде,све супер и то :)
    Собирам храброст за една комбинација во Модни Критики ама некако тешко иде :tmi:
    Имам многу планови за зимово,само да се остварат.

    Ах,и денес во Зара сретнав едно девојче кое го знам,но не лично.Богато,татко и наследил огромно богатство од татко му,сега она со мајка и си живеат одлично,на шопинг секоја недела,на викенд во Виена,за НГ во Париз,на лето во Шпанија и Египет и незнам каде,во зима во Швајцарија...Ама добро,ако се богати не значи дека се и среќни.И не,не викам алал да им е браво,напротив.Тој тоа го има наследено,што значи дека ни тој,ни жена му не го изградиле тоа сами,од ништо да направат огромен бизнис,да се измачат сами,туку се на готово.А нас пак,што ни фали? Не,мајка ми и татко ми не се богаташи,но си дозволуваме пристоен одмор во Грција и едно скијање во Бугарија.Барем знам дека сами секој ден го даваат својот максимум и со труд го заработуваат тоа.Во нашиот дом владее љубов,среќно семејство.Не одиме секој ден на ручек во реномиран ресторан,но што ни фали?Ништо :|

    Едит: Кога ќе снема тоалетна

    [​IMG]
     
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.407
    Допаѓања:
    287.122
    Вчера морав да проверам кој датум сме поради сите предновогодишни постови тука.
    Јас ич не се штрекнував :emo:
    На одмор од работа, распуст од фак. па деновиве секој ден викенд.
    Но доста беше релаксирање, фаќам да учам . А малиот секако и утре и на први е прва смена па немавме некои планови за бурен дочек.
    Сакав за прв пат сами и во романтика, а за тоа не треба многу спремање и дотерување.

    Ама еве грашка сум била.
    Јас, малиот и свеки ќе ја дочекуваме лудата ноќ во трио :rofl:

    Ај арно се смеам, лошо е на плачка да удрам.
    Туку утре да засукам ракави треба да спремам нешто.
     
    На Doozy, tweety26, marama и 7 други им се допаѓа ова.
  8. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Ќе Го Скршам Секој Кој Уште Еден Пат Ми Рече Дека За НГ Ќе иде Во Бардовци. Лудница Ќе Било.. |(

    сељачка работа
     
  9. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    офф ме немаше фатено новогодишната треска ама ете и мене сега ме фати официјално сум не стрплива за утре незнам зошто ама оваа година ја заборавија оваа песна
    http://www.youtube.com/watch?v=-6FkAosjNvY
    а најубава е! Feliz Navidad (These are special times) и богами се посебни !
     
  10. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Само што се вратив од Сити мол, го реализиравме ветениот шопинг.
    Прв пат го посетив трговскиот, бидејќи си реков не стапнувам таму додека не обезбедам доволно пари, така и излезе.
    Фативме спортска, па се фрливме на трошење пари.
    Имав преголеми очекувања и прилично се разочарав од она што го видов по бутиците.
    Не видов многу работи кои ми го одвлекоа вниманието.
    Имавме замисла да купиме нови мобилни телефони Samsung Galaxy S3 и Samsung Galaxy S3- mini
    Ни побараа последна сметка за струја и два лични документи. Ние освен лични карти не носевме ништо друго, па мобилните телефони ќе причекаат уште некој ден.
    Сепак среќна се вратив дома, со две кесички - две, ама вредни кесички. :)
    Купив капут од Зара на попуст од 7.000 на 5.500 денари и фустанче од Бершка за 1.700 денари.
    Презадоволна и пресреќна сум.
    Многу наскоро ќе направам интересна комбинација па ќе ме видите во темата "Модни критики"
    Сега ќе пуштам музика и возбудена и среќа ќе урлам низ дома..
    Убаво ми е.. :lol:
     
    На Monna.Monna, ludoto19, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  11. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Го заокружувам денов со пишуванкава у продолжение. Ја земав од facebook, каде мнозината од вас ја прочитале. Лично ми развлече насмевка по лице и ми пробуди некое ситничаво чувство на гордост, дека некој ден и јас би можела да се носам со улогата на столб на семејството, сечија потпора, корен на семејно дрво. Моќно! И најважното- да е жива и здрава внука. И долговечна. :angel:

    ПИСМО ДО ВНУКАТА - Горан Стефановски

    Драга Калина
    Внуко моја,
    Ти пишувам писмо во првите часови по твоето раѓање,пред Коледе,во очи на Новата година,во дните на зимската краткодневица,најкратките денови во годината,кога сонцето запира зачудено,речиси паднато во бездна,пред одеднаш чудесно пак да реши да крене глава и да тргне угоре,како обновено божество на светлоста.
    Со радост во срцето те поздравувам и брзам да ти кажам дека светот одново се раѓа со секое новородено детенце!
    Сиот свет сега ти припаѓа тебе
    и се во него е твое!
    Твои се земјата и луѓето и животните и
    билките,
    И морето и рибите
    И небото и птиците
    Твои се сонцето и ѕвездите
    И твоја е месечината
    Се е твое!
    Твои се четирите страни на светот
    И исток и запад
    и север и северозапад
    А посебно југ
    И немој да имаш тага за југ,туку ти самата биди југ,
    И носи го во себе кај и да си,
    Твои се и Охрид и Струга
    Лондон и Цариград
    И Мачу Пичу и Кинескиот ѕид
    И градот на Вардар
    Твое е Дебар Маало
    Твои се и Канео и Нерези и Матка
    И иконите и ангелот од Курбиново
    Твои се Битилси и Стоунси и Ерик Сати
    и свитите на Бах за виолончело
    Твои се оперите на Моцарт
    Се е твое!
    И строгата и проста македонска песна
    На твоите предци знајни и незнајни
    Везот дебарски на Атлана и каменот ѕидарски на Стрезо
    И тие сега се твои
    И претставите кои ги режираше прадедо ти Мирко
    И улогите во кои играше прабаба ти Нада
    Твоја е магијата на чичко ти Влатко,ем електрична,ем акустична
    Се е твое!
    Се ти е дадено на располагање
    Твои се моите драми
    За да ми кажеш еден ден па дедо,проблемите за кои си пишувал веќе се решени,со рака однесени,
    македонските прашања се станати македонски
    одговори со извичници,светот сега е чудесен!
    Твоја е глаголицата на Кирил и Методиј
    И кирилицата на Климент и наум
    Твој е македонскиот јазик
    И Блаже Конески
    И сета македонска книжевност
    И бушавата азбука
    Твои се и сите други јазици
    И англискиоѕ на Шекспир и албанскиот на Фрашери и
    српскиот на Нушиќ и грчкиот на Омир и
    бугарскиот на Вазов
    За да осознаеш и почувствуваш однатре
    За да умееш да ги поздравиш соседите по нивно,
    како што е ред
    Твои се Тарковски и Фелини и Рубљов и Амаркорд
    И Чехов и Бекет
    Твој е ептен Марко Цепенко
    Твои се Силјан Штркот и сите триста самовили
    Твое е да ме прашаш еден ден а зошто ви требале Ај-пад и Ај-под и Ај-Фон и Ај-Мак
    покрај толку телепатија?
    И зошто толку ве мачела
    квадратурата на кругот,
    Па решението го учевме во прво одделение!
    Твои се рецептите за раванија и чомлек
    И пастрмка со магданос
    И посно гравче со нане
    И дробена сува пиперка во расолница
    И патлиџанот јабучар и крушките стегалки
    Се е твое
    и ваше
    На целата твоја генерација
    Се ти е на дофат
    Сите придобвки
    На демократијата
    И човековите права
    Сите широчини и височини и длабочини
    И непал и Катманду и Ацтеките
    и Маите кои те пратиле да објавиш
    дека ова не бил крајот на стариот свет
    туку почеток на новиот
    Твоја е добрата мисла
    И сите добрини
    кои ти личат и доликуваат
    И да не куртулиш од нив
    Твој е пламенот на мајка ти Пламена
    И гордоста на татко ти Игор
    И патешствието на баба ти Патриша
    И јасновидноста на тетка ти Јана
    Твои се сите мои плочи ,синглови и лонгплејки
    на винил касети и ЦД и ДВД
    Сите мои книги сега се твои
    се што сум збирал со страв дека некој ќе мо го земе
    Ти ќе патуваш без шубе дека ќе ти побегне возот
    Ќе живееш со насмевка,во еден друг свет
    без раскол и делби
    без братоубиства
    свет радосен,раскошен,возвишен
    Ќе се сетиш на сите кои поминале пред тебе
    ќе ги видиш нивните лица ќе ги чуеш
    нивните гласови,
    ќе знаеш дека нивните маки довеле до твојата радост,
    И ќе ги спомнеш по добро и ќе ги благословиш
    Па ќе им расправаш на твоите внуки и внуци
    за македонските работи,за шчо напраифме,
    а што расипавме кога го губевме умот,
    Па ќе не подучиш што да напрајме за однапред
    ако некој каже ,овде има провалија
    Ти кажи му,онде има мост!
    Ако се најдеш пред гори високи
    Ти стори се сокол пиле,прелетај ги!
    Ако се најдеш пред реки длабоки
    Ти стори се риба мрена,препливај ги!
    Каљо Калино,момиче
    Виши Каљо, црни очи
    Извиши ги,на високо
    На високо,на широко
    Твој е сиот свет!
    Да имаш срце
    Срце-на срца срцата
    цел свет да збере па да је за тија гради малечко
    Манданата те имал и тебе во предвид,секако,
    во оној благослов,во снегот,на Пирин Планина
    Бреј луѓе,дете ни се роди во четава.
    Ај да ми бидеш здраво и живо детуле ,да пораснеш големо,на лице бело и црвено тетовско јаболко,на снага вита ела Пиринска,грлото бисер да ти рони,гласот да ти биде
    како славејче.
    И кога еден ден ќе гледаш во синото небо и ќе слушаш славеј,
    спони си за нас.
    Спомни ја четата во која си се родило.
    Таа чета се бори за твојата слобода
    Моето име сега е твое!
    Мојата куќа е твоја куќа,мојата крв си сега ти
    Ќе те чувам и да се чуваш
    и да се сочуваш и да не дочуваш!
    Се клањам пред тебе
    Внуко моја
    И пред неслутените величини
    на животот кој ти претстои!
     
    На kate21, DzingrlakaDzikica и Ognenija им се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сите едвај чекаат да дојде Нова Година, јас искрено едвај чекам да помине тој период на лудила, еуфории и штознам... Стварно луѓево се забегани, кај сте тргнале бе алоооо? Ко апокалипса да ќе има па ќе снемате за јадење и што да облечете :x Ме нервира се што е напукано со некаков лажен сјај, лажна среќа и такви ми ти работи, и ме нервираат муабетите што ги слушам по автобуси за тоа кој каде ќе слави Нова Година, „Ама маче мораш да ми најдеш уште една влезница, греота е другарка ми ќе нема кај да слави ако не дојде со нас, ќе ти даде вечер 2000 денари за влезница„ :^) Сериозно? :o
    Некои луѓе треба стварно да се запрашаат зашто слават Нова Година?
    -За да не ги пукне депресија ако се сами дома?
    -Само затоа што сите слават?
    -Имаат ли толку пари за да одвојат за една вечер?
    -Неможат ли тие пари попродуктивно да ги потрошат наредниот ден?
    -Сакаат да бидат видени во најјакото кафуле или диско?
    Зашто всушност се слави Нова Година? Зашто сите мора негде да одат и нешто да прават?
    Никогаш не сум го сакала тоа славење и притресување за шминка, облека, ресторани, кафичи... не ме интересира бре што ќе прават таа вечер, не се замарам. Чисто колку да се релакрисам од цела напната атмосфера на „предновогодишно лудило„ сакам да сум си на планина со друштвото што го сакам, во интимна атмосфера, или да си седам дома, сама или со друштво сеедно, би седела и сама искрено ако така ми се присака годинава.
    Ок, порано беше интересно, коа се собиравме у основно, собиравме по 200 денари и одевме у амркет да си купуваме сокчиња и грицки и правевме журче кај некого дома ... :)
    Сега ми е се некако вештачко, скапо, исфорисирано и немам никаква желба 31 да ми биде најлудата ноќ во годината.

    Предности пак што ги нуди ова еуфорично расположение е фактот што сите очекуваме некакви подароци и истите ги добиваме. Одсекогаш сум мислела дека фирмиве на своите вработени им даваат поклончиња ради реда, и дека истите се тапа, у стил на парфемчиња за во тоалет, ама годинава навистина пријатно се изнанадив. Добив толку многу подароци, навистина убави и најбитно е што ми се допаѓаат. Парфемче од 4000 е стварно за голема благодарност, а воедно и мотивира за повеќе да се работи во нареднава година нели...
    Си добив и пакетче и милион други ситници, затоа ми се допаѓа поимот Нова Година, дарив и јас... уште да си се почастам и со пост новогодишен шопинг (зашто пред беше невозможно да се направи) ќе биде навистина супер затоа што очајно ми се потребни нови парчиња облека, ајде нека се олабават луѓево да може на раат да се прошета.

    П.С. Исто не го сфаќам т.е. го мразам форсирањето на родителите да си ги сликаат децата со Дедо Мраз, мислам плаче, се плаши од језивиот педофил вана би Дедо Мраз, што го тераш си сила, трауми ќе си има детето. И сликата што? Ебате споменот, расплакано и размурсулавено цело, геота :(
     
    На Lella, crazylady, sweet-cherry и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Живејте како математичари:собирајте радост, одземајте тага,множете среќа и делете љубов! :!:

    Нели?
     
    На Glossy-girl, Divinebutterfly, tea4e и 2 други им се допаѓа ова.
  14. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Нова година иде..сите се збеснати кој каде ќе слави што ќе носи со кого ќе еее...на кого каков подарок ќе купи..во трговките многу народ..со сето срце чекам да помине ова...Среќа глумат сите :!: ..а всушност не ее така се розово..ова се моменти кога сите гледаат со розови очила на светот а после кога ќе ги тргнат едни ќе се фалат како поминале, а други ќе офкааат за тоа колку пари потрошиле... :!: па ало бре луѓе и 31 вечерта е нормална како сите други...само што утредента ќе почнете наново да броите денови,недели и месеци :!: ...во градов има толку многу метеж што вејќе е да не излезеш од одма е ееее... :) затоа што ќе ти треба еден час да стигнеш на место на кое се стигнува за 15 минути... :?: :?: ....Нека помине новата година па сите да се спаси ме .... :!: :|
     
  15. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    17.271
    Незнам зошто толку го форсираат тоа Етно Село :^)
    Мене не ми е ништо посебно, кај нас имаме ресторант уреден во таков стил и искрено поубав ми е. Ѕидовите со камења, баш како селска куќа, даските убави, прави. Овде даската со пица веќе искривена. Чистотата не им е ич на нивоУ. Не ми се допадна, не. Келнерите стварно немаат култура, каква што доликува на такво место. Музичари имаше, свиреа саат, саат ипол и толку. Од надвор за убаво, убаво е. Кога отдовме ние, надвор се џипетани а ние со голф тројче, и се паркиравме до едно фичо :rofl: . Среќа што облеков фармерки, а прво мислев у тренерки и дукс да појдам, таму Швеѓани едно згодни, мх, мх, за мерак. :D
    И така. Се избањав, се издепелирав нозете веќе не ми се мајмунести. И то.
    Поздрав4е, кис4ее.
     
    На Galaxia и Hipster им се допаѓа ова.
  16. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Луѓе абе како да научам да се помирам и да се привикнам на денешново време ? !
    Нешто што мразам е

    1. Да ме лажат во очи и прават будала

    2. Дволичност

    3. Улизување

    Е сеа третово ми е највпечатливо , со него си имам проблем моментално . Не не можам да смислам вакви луѓе , би немало проблем би се дистанцирала но забележувам дека ова го прават добар дел од најблиските пријатели што ги имам.Е ова ме акна ко некој да ме нокаутира нејќам да си поверувам и свесна сум дека ништо не можам да сменам освен нив . А добри се бе мајката ... Не се со лоша душа , немаат злоба ама ова ми ја скрши сликата :( . Не поштувам ваква раја ја нејќам . Не сакам да ми се улизуваат ни да се улизувам , ни потребно ни безпотребно . Стварно не можам да разберам зошто некои имаат вакви потреби ?
    Почнав со анализи со мозочево што не би требало да го трошам зошто ќе ми треба и некако дојдов до заклучок а тоа е тамтарааам ...
    Тоа се луѓе што имаат потреба од внимание , од познаства мислејќи дека така се повредни , побитни , подобри и многу по , по :tmi: .
    Зависни од лајк и коментар на фејсбук од многу лигавења на истиот , од комлекси да ги знаат сите . Да бидат препознаени и препознатливи , се шлапаат со кого познават и " познаваат" . Фрчат лајкови и коментари , постирања на луѓе со кои имаа евентуално и ладно здраво . Ми се :puke: ... Дали е тоа осаменост , лечење комплекси , недостаток на внимание , празнина ... Лајковите им се приоритет во животот и коментарите . Паѓаат во депресии ако немаат 100 -200 лајка тоа значи дека не се доволно добри ? !
    Ако не им се пушти некој или ги одбие , тие автоматски се за никаде ...
    Да помогнам ама немам како .

    Зошто бе се погодив во вакво време а ? а ?
     
    На Divinebutterfly, tweety26, moonlight-girl.55 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Денот беше преубав.
    Најпрвин и помогнав на мајка ми околу дома,да расчистиме,да средиме...Кога завршив излегов со другарките,се влечкавме по продавници за да најдеме нешто за подарок за мајка ми и сестра ми.Барај,барај,на крај најдовме.Важно цел град го свртевме. :D
    Седнавме да се одмориме во една сендвичара и ги гледаме девојките од другото одделение насобрани викаат,демек се одговараат каде за Нова Година. На улица застанале и се договараат. :fubar: Ма ајде што толку подготовки за една вечер.Добро разбирам Нова Година е, ама што толку глупости... :^)
    Многу се замараат...Ма што сакаат нека прават.
     
  18. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ама е незгодно кога мајка ти ќе ти ги најде цигарите во чантата </3
    Мислев дека мојата Вики не ми чепка по работите,нели сепак тоа е дел од мојата приватност,
    ама страшно сум се излажала..
    Кога ме праша ми помина струја низ телово, онаа тенка линија која поминува секундарно од душата до петите, ,баш да те извади од пети,топлотен бран,нормално ја лажев во лице дека не е точно,ама и не е ...до кај негде не е,не сум активен пушач и нема никогаш да бидам !
    Ама сега е џабе... не сум повеќе черката за која со гордост кажуваше дека не пуши
    сега сум само невиден лаж,со статус на лоша ќерка

    Како шлаг на тортата,приморана е да организира состанок со мајките на моите другарки околу, нашето викенд-транчење :d: :d: :d: кое рака на срце ја премина секоја граница...ама јбг годините се такви какви што се ...ако не сега кога :^)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Колку е лошо кога ќе се разбудиш со главоболка од ненаспаност и кога се обидуваш да заспиеш и неможеш. Потоа цел ден ти е без врска. Имам цел ден за спиење, а јас како петлите ќе се разбудам уште во ранини. И тогаш се активира мозокот и не престанува. :yawn:
     
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    СДК уствари СДП што е работата со народот од Балканот и свадбите? :?:

    Мислам те канат на гости и обавезно ти пуштаат нечива свадба, дал своја, дал на деца, дал на роднини од 3 колено не може да поминеш без некоја свадба да ти пуштаат, и супер би било доколку се само highlights од свадбата, невестата, младоженецот....ама не, 5 саата гледаш свадба.
    Па почнуваат да ти објаснуваат кој е кој као да многу ме интересира јас ни мојата не сум си ја изгледала можете да замислете колку ми се интересни свадби на луѓе што не ги ни познавам |(
    После двд-то следуваат 1500 слики па само климам со главата и од време на време кажувам колку е прекрасна невестата/младоженецот во зависност од тоа кој им е роднина :lol:

    Македонци, срби, босанци, албанци, бугари кај сите истото обавезно свадба ти пуштаат или ако ти доаѓаат на гости бараат да им пуштиш, на брат ми свадбата сум ја изгледала 1000 пати за мојата ги лажам дека цд-њата ми се уништени па си поминувам само со слики кои и не се толку многу на број :)

    Немам ништо против свадби, не ми се ни многу омилени ама па со саати да гледаш нечија свадба ми е измачување, сега малиот ми е изговор за одење дома, еднаш и го штипнав да се расплаче за да си одиме...злобна мајка сум знам :devil:

    Вечерва ќе одиме до центарот на фамилјарен огномет :lol:
    Тој е во 21.00 за луѓе со деца кои не можат да издржат до полноќ.
    Спремивме ќебенца, храна и пиење, забава за најмалите има, возовите се бесплатни, друштвото спремно после ќе продолжиме дома кај некого ако ни дозволат најмалите веќе се од нив зависи :lol:

    Додека сум тука СД ја П Doozy што и значи зборот лихто, сите ги прашав никој не знае :doh:
    Ме мачи веќе една недела зборот, мислам дека е нешто како лито, старо ама не сум сигурна :lol:
    Please put me out of my misery and tell me what it means :rofl:
     
    На Lella, Moira, Monna.Monna и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.