Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    На само еден ден пред крајот на 2012 година сакам направам едно мало резиме за тоа како ми се променија многу нешта во животот...
    Пред се, сакам да му се заблагодарам на оние личности кои дојдоја и заминаја од мојот живот...
    На оние кои дојдоја им се заблагодарувам од дното на душата што го направија мојот живот по весел, по возбудлив.. што ми дадоа толку убави мигови на среќа, што ме научија да ги вреднувам тие среќни мигови затоа што не траат засекогаш. Им благодарам што ме исполнија со надеж и среќа... дел од тие луѓе се пријателите кои ги чекав долго време, токму оние вистинските на кои знаам дека можам да се потпрам и се надевам дека уште долго ке останат.
    Потоа и на оние личности кои што дојдоја и заминаја... сепак и за тоа постоеа одредени причини,
    некои луѓе едноставно се појавуваат да не научат на некои лекции.. да ни укажат дека во животот не е се така едноставно и не може секогаш среќата да е на наша страна, ме научија да не верувам на секој кој ми симнува ѕвезди, ме научија дека во љубовта секогаш има болка и страдање но слатка болка и страдање..
    Им благодарам на тие со кои се смеев, и на тие поради кои плачев.. тие ке ме направи посилна но и по реално да гледам на нештата.
    Сакам да му се заблагодарам на Господ за се она што ми го подари оваа година, многу од тоа што му го побарав го добив... иако не беше баш во таа форма сепак сум му благодарна од дното на душата.
    Оваа година доживеав многу работи... и добри и лоши... но без нив животот не е живот..
    направив и грешки за кои не се каам, тие ми го покажаа вистинскиот пат по кој треба да чекорам...
    не се каам зошто барем во еден миг сум го почувствувала тоа што сум го сакала да го почувствувам.
    Сега сум спремна да зачекорам во новата година со повеќе сила и надеж... спремна сум да го оставам она што ме повредува зад мене.. спремна сум да свртам нов лист и да тргнам во потрага по она кое што вистина го барам.
    Затоа што во животот ништо не се случува два пати, па затоа не се обидувам веќе да го доживеам повторно она што ми се случи изминатата година.. иако тоа беа најубавите мигови во мојот досегашен живот, мислам дека нема смисла да се борам за нешто кое не е да биде за мене.
    Изминатава година беше година кога доста созреав... па затоа му се заблагодарувам на оние личности кои ми помогнаа во тоа.
    Сега веќе е време да гледам напред.. кон новата година која да даде Господ да ми донеси само убави нешта, пред се здравје, среќа и љубов мене, на моето семејство, на моите пријатели и на сите други..
    Ги оставам сите тие среќни и тажни спомени, сите победи, сите порази, разочарувања, грешки, стравови... оставам се зад мене.
    Кко и да е.. сепак 2012 ке ја паметам само по убави нешта.. и за крај.. песната која секогаш ке ме потсеќа на нив..

    http://www.youtube.com/watch?v=kOGBIbqXwYE

    [​IMG]
     
    На Asja и tweety26 им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.105
    Допаѓања:
    179.421
    Пол:
    Женски
    Го чекам новиот хороскоп... па да рипнам во кревет! :D
    Утре би требало да е голем ден.. и е додуша, за оние шо оваа година поминале поубави денови поише од оние..неубавите... ние останатите ќе го славиме заборавот.. односно ќе се надеваме дека ќе ги заборавиме тие денови брзо..како шо го праат тоа златните рипки :)

    Држете се секогаш до она шо ќе си го зацртате во глава. И никогаш...ама никогаш не попуштај те!
    Упорноста е одлична особина за успех. Ако доволно долго чукате на вратата, бидете сигурни дека некој ќе се разбуди. ;)

    Убава вечер...
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Caliopea

    Caliopea Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    61
    СДК иде Нова Година или пролет? Времево.. :?
     
  4. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК и јас го чекам хороскопот па да спијам :D :D :D
     
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Отворам во темата Модни Критики и што ќе видам,што ќе видам.Се прашувам дали е некоја романтична страна или страна за поставување модни комбинации? :?: :?: Разбирам дека се дозволи да се ставаат слики со партнерите,но ова е претерано.Не обвинувам никого.Но сепак не е фејсбук ;)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    ВАГА (23. IX – 22. X)

    Понеделник, 31 Декември 2012
    Моментално нема дневен хороскоп за овој знак.

    Абе малер ..
     
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    ^ За никого нема дневен хороскоп.
    Мене ова дневниве, ми се жива глупост. Секој ден некого запознавам, нешто ново ќе ми се случи... Шта да ти причам. :wasntme:

    Покрај учењето, има уште една работа, што секогаш ја одложувам. Миењето и сушењето на коса!
    За овие две работи, од секогаш ме мрзело. Цело сабајле се канев, и пред 2 ипол саати си ја измив. И еве ја, уште седи во пешкир. Елена што правиш?
    - Еве, да погледам малку, па ќе одам да си мијам глава. Да се стопли вецето, па ќе измијам глава. Само уште да јадам, и ќе одам. Еве готово, уште ова да догледам, и отидов.
    Сестра ми само ме зафркава. Аман мори ти, цел ден си миеш глава. |(

    Абе, јас ќе ја измијам... Ама дали после 10 минути од како ќе кажам дека ќе ја измијам, или после 8 саати, не битно. Битно ќе ја измијам. :wasntme:
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Битно нема да ти биди мрсна </3
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Не знаете како ми се пресекоа нозете.
    Сеанса број 2.

    Јас кога велам оти имам мањачка ѕвезда, не ми верувате.

    Одам да се видам со љубовникот после 4 месеца разделба. И во автобус имаше седнато еден тип.
    И јас си седнав понапред, значи не ме гледаше ни во фаца, ни во тело. Само грб ми гледаше :?: И јас со слушалки ништо не регистрирав.Кога се симнавме на иста станица.
    И како што сум си параноична приметив дека оди по мене, ама дека кога јас шевам лево и неговата сенка се движи паралелно со мене. И јас нагло застанав мастики да купам. Кога замислена мислев куртулив, одам подоле . Луѓе очите ми прокрвареа мислам. :o
    Се шокирав и се изгубив незнаев што да правам.
    Прво ја испружи главата од дрво, виде дали сум јас ( очигледно ме намерачил) и после излезе цел, на ова ладно соблечен надоле..
    И „чопо“ беше гол. :sweat:
    И почна да стенка, да ме гледа и да се гали.
    Луѓе се сеќавам само како ги окорив очите и како се сецнав, почнав да трчам на штикли како со нитро . И отидов во трафиката, почнаа рацете да ми се тресат, и продавачката ме седна, ми направи неколку реда муабет колку да ми помине, и после му се јавив на дечко ми да дојде да ме собере од таму.
    Се испотресов .

    Воајеризам левел 492834298329. Не ми се верува какви мањачита шетаат.
    И не знам како на мене ми искачаат. Се договориле или што е работава. Веќе размислувам да си купам железни гаќички, во случај да ми се доближат.
    Веќе неможам мирно да се движам. :sweat: ЗНачи цела недела по еден мањак ми искача.
     
    На Monna.Monna, Sanniii, Ognenija и 9 други им се допаѓа ова.
  10. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    се изморив од непоканети гости, и општо од гости, аман бре луѓе неможам повеке. :@
    се изморив од миење садови, ме заболе и грбот од стоење над судопер :sweat:
    се изморив од празни муабети, :devil:
    се изморив и од мојата радознала сосетка, што и умрела циганката што ја фали па мора секој нејзин збор да биде јас |(
    се изморив од разгалени и невоспитани деца, што ми чепкаат по елаката, или по украсите, и што ми скокаат по дома како зајци што биле врзани 2 ипол години :devil:

    сакам да си поседам на раат дома, сакам да си ја наполнам кадата и да се растегнам како кит и да уживам 2 саати :rock:
    сакам да си излезам како човек да си купам на раат се што ми треба (и да не заборавам ништо) 8)
    сакам да се наспијам барем една ноќ без да ме фатат грчеви по нозете :doh:
    и сакам да дојде утре некој да ми исчисти дома и да ми ги испегла алиштата оти јас сум веке уморна :$

    Е ТОА САКАВ ДА ГО КАЖАМ
     
    На Ognenija, tweety26, marama и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Добро бре луѓе, каде со паметов. Среде кафич фатиле се ролаат се трљаат по сепаре! Да му е непријатно на човек да гледа у таа насока. Место нив да им е непријатно малце, за срамота. Гет а рум!
     
    На AlanisM, FortuneTeller.xD, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Многу ме мрзи да пишувам , па затоа на песната на јутуб и мавам само реплеј , а предосадна ми е и ме нервира. Е ај сеа... :^) Кому терам инат? |(

    Ах Скај , ај кажи си чао !
     
  13. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    ајде веќе нека си оди оваа година, се спремам за големи промени, да вртам нова страница од животот...уставри не, мене страница не ми врши работа...абе мењам нова книга!!! ајт што побрзо да ја испратам!
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    СДК дека го мразам зимново време човек да неможе да си попие сокчиња,водичка навечер..Само на мочкање тера уф!!!!

    И она знаете..мало резиме за годинава-Во главно една од успешните години абе најуспешна ми беше ова година досега..Другите нека ми бидат повеке успешни(и на вас нека ви бидат)...Си се запознав со дечко ми на почетокот на 2012,сеуште сум со него..а на крајот на 2012 имав средба со една личност кога имам некоја долга психичка поврзаност одамна...

    Грлс/боис каде и да сте ви посакувам на сите да имате убав помин за дочекот!Ви посакувам на сите да бидете здрави,срекни,љубени и само убави нешта да ви се случуваат од утрешниот ден па понатаму!Секој ден ни носи нови изненадувања(да веруваме дека ке бидат убави и подобри од предходните).

    Гaд блес ју ол! :*
     
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.474
    Допаѓања:
    91.880
    Пол:
    Женски
    Конечно заминува годинава. Се надевам на подобра, поубава и поуспешна.

    Утре поминете си најубаво. Би ви посакала се што си посакувам и себе. Најдоброто!

    Иако прилично лоша година, крајов носи некоја светлина. Некој кој полека ме учи дека кога нешто силно посакуваш се исполнува. Јас планирам, но не се исполнува. Тој посакува и за чудо се му се исполнува.
    Од денес посакувам и силно верувам дека се што посакувам ќе се исполни. Не од утре, од денес!

    Убава вечер :)
     
    На Elennaa, bittersweet, teddybear и 18 други им се допаѓа ова.
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Знаете, кога сте добри со луѓето, често знае да се случи да сте лоши со себеси. Некоја разбирлива рамнотежа или што и да е. Баланс.
    Не знам дали правам нешто добро, дали се важат ситниците, дали доволно ги љубам блиските и им давам се од себеси. Ама толку лошо постапувам спрема себеси оваа претходна година :x
    Не дозволив никој подлабоко да допре до мене. Ни нејзе не и кажав. А она се разбира. Јас сум крава што тешко дели проблеми со другите. Не мислам на оние ситните кои туку така не засегаат па заминуваат. Оние големите што тлеат и траат и не се разрешуваат.
    Постојано се наоѓав измеѓу огништата и бирав разум и молев за разбирање. Приметувам колку кревам раце од тоа дека ќе се случи нешто подобро, па гледам да се помирам со фактот дека иде само на полошо. Некои зборови не допираат до некого. А некои толку многу печат. Се трудев, навистина се трудев да бидам на сечија страна истовремено, ама некако... не помогна. Па сега се наоѓам на некое рамниште како да ми е сеедно. Заземајќи ги двете страни, од двете отпор, започнав и јас да давам отпор. Повеќе, далеку од моја свесна желба, не дозволувам никој да допре до мене. А не сакам, ама ми стојат на грло зборовите и по не знам кој пат ги туркам и бришам.

    Можеби и ова сега ќе го избришам, по којзнае кој пат. Како и секогаш.
    На крајот останувам сама, знам. А јас толку не се плашам да бидам сама. Смотана. Уживам.
    И пак ќе се смеам и ќе бидам онаа која што секогаш сум, смотано надежна, смотано позитивна, смотано насмеана. И ќе мислам дека ништо од тоа нема да се повтори. Хах смотано нели?
    И себично.

    И ете, ја чекам таа нова година како да ќе направи чуда. Како тој Дедо Мраз навистина да остварува желби. Сами на себеси сме си утешители и остварувачи на желби. А чуда? Само во приказните?
    Ако нешто доволно силно посакувате целиот универзум ќе се обедини за тоа да го оствари? Посакувам. Навистина силно посакувам.
     
    На Sexybaby86, bittersweet, Hopeful и 10 други им се допаѓа ова.
  17. HelloKitty2

    HelloKitty2 Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Одамна не бев уклучена на Фемина.. ми недостасуваше..но денеска ми треба најмногу од се да го кажам тоа што го чуствувам....
    Денеска после 6 месеци, после пола година ми се јави личноста која што направи животот да има смисла за мене, што направи да има за што да се борам во животов, после толку време, откако мислев дека сум го заборавила, мислев дека никогаш повеќе нема да има ништо меѓу нас, но сум згрешила... Јас бев таа што се тргна, јас бев таа што дигна раце од врската за која две години војни водев со сите, јас бев таа која на моменти се присекав на него и јас бев таа на која и беше криво што сето тоа завршило, без да му кажам зошто и како...
    Приказната за нас двајца е долга и широка.. исти сме но само верата не разликува ЗОШТО?!, зошто тоа да било пречка за да сме среќни.. ми се јави, го познав по гласот, срцето ми затрепери, "пеперутки" почуствував во стомакот..но зошто сега кога решив да почнам нов живот, тешко ми е .. Срцето ми вели оди со него, фрли му се во прегратка нека биде како што било порано почуствувај се сакана и повторно почуствувај како е да сакаш..Но разумот ми вели не оди, проблемите пак ке почнат, можеби ке немаш доволно сила за одново и одново да се бориш за оваа врска.. Но тоа МОЖЕБИ не мора да значи и НЕМА ДА УСПЕЕШ, ми вика срцето...Го сакам, сеуште го сакам но се плашам да не се повредам повторно, се плашам... Го пишувам ова и срцето ми трепери, сакам да му се вратам, но знам дека ке се соочам со многу проблеми поголеми од тоа што беа предходно..го сакам.. зна дека има надеж, знам дека и тој мислел намене, како што јас сумм мислела на него во тие 6 месеци.. Неможам, незнам, сакам да му се вратам ама незнам разумот ми вика едно, срцето друго..... Само едно знам дека секогаш ке го сакам, не е битно дали во иднина сум била со него или со некој друг.. Тој ми беше брат, другар и партнер, тој ми беше рамо за плачење, советник тој ми беше се.. Од една страна мило ми е што повторно се слушнавме, а од друга страна си викам зошто Господ вака ми прави?! или можеби треба да см со него.. повторно ми го испрати за сега да сум со него , да се борам за врската да ни успее без разлика на другите што ке мислат..
     
  18. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Како и сите, би ви посакала поубава, посреќна и поуспешна година. Беше што беше, вртиме нова страница, нова година, нова надеж. Вечер да си поминете најубаво :*
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.403
    Се трудам веќе два дена да напишам нешто кое ми стои на душа тука,ама некако не можам. Како завршува годинава,така ми се чини дека раскрстувам со фемина од многу причини. Многу од вас бескрајно ми се допаѓаат,иако не ви го бакнувам задникот, но многу од вас се една супер потврда за добро утврдениот женски стереотип,дека жените се кучки,кои се злобни и не знаат што сакаат. Малку си ги надминавте границите на дозволеното и почнавте да допирате на места кои не треба и се правите блесави.
    Не друго,моментот кога некој ти навредува интелигенција мислејќи дека не му ги читаш потезите и финтите...е момент за сериозно запрашување и гадење.
    Ме нарекле Хилтер, манипулатор,многу од вас и тупаџика,дрска и не знам веќе каква...ама...како го знаете тоа,ако не ви се допаѓам, зошто тогаш ме читате?! Па немојте! Или не можете да не ме читате?!Ха! Ама да ви кажам, ретко ми е гајле што некој вели, но не сум вообразена да не погледам зошто тоа го вели. Првенствено, кога го правите тоа, со задоволство ги читам вашите мислења... и тука наоѓам празнини, лелекања, мислења у играчница, за мода,мода,мода и само мода и нешто така плитко и празно и онда,е уатевр нашол кој да зборне и да каже било што,зарем се осеќа за вредна личност,зарем мисли дека ќе му го вреднувам мислењето,бухахахаха?!,а поретко пронаоѓам нешто длабоко кое ми дава прашалник над глава да си речам,ало чекај бе. Оние кои ми вредат,не ме донеле кон прашања,никад...криво ми е за една,што не ме разбра нешто коа ја прашав,со доза на иронија,не упатена кон неа туку кон личноста ламја што издете каки од шимпанзо,ама нејсе...така требало да биде.

    Да не бегам од муабетот... има красни девојки тука...да не ги набројувам,ама ќе си зборам за стара постава, сите до една си носат по нешто во себе, за кое многу ги почитувам и дел од новите,до душа не дел,повеќето. Знаете не мора сите да се сакаме за да се почитуваме на ниво...не морам да ви речам леле те сакам, ако не те ни знам, и да те опсипувам со комплименти кои можеби времето ќе покаже дека биле површни и глупи,ама го почитувам секој еден збор кој го пишувате. Исто како што има ѕверови меѓу вас кои се олицетворение на самото зло...Мхм... Се мислев да одам со јузери, сериозно...ама не сакав да направам предновогодишен хаос... Ама чукнете ги главите... и пазете со кого зборувате. И помислете како би ви било вам некој да ви го открива идентитетот со целата ваша интима или пак полошиот дел, да ви го открива идентитетот и да ви КАЛЕМИ карактеристики кои ги немате,само затоа што не ве познава?! Не помислувате ли дека таа личност можеби ве запознала многу подобро тоа што вие мислите?! Да знаете дека е на еден чекор пред вас во случајот. Само да ви кажам, од тоа што знам, ништо не пролетало...ниту пак ќе пролета,ниту пак ме занима да ви ги раскажувам и реметам животите.

    Гуглајте го терминот социопати, ќе ви стане појасно. Користољубие и ренесанса, бесчувствителност и ко. И да, не ја тероризирајте емпатијата, пошто најсилувачите на истата, немаат поим што значи истата... ни најмалку. Скоро запознав особа и у комуникација и движење си ја свиткав ногата,пошто сум глупача трапава... ме погледна со тужен поглед џоа мачорот у чизми од Шрек и ми вика,леле душо и мене ме стегна зглобот и ме галкаше... не, тоа не е емпатија...да се разбереме...па сега вие видете... до кај ќе терате со шитот...

    И за почеток, дозволете си едно кино,на 3д и гледајте го Животот на Пи... денес ми го изанализираа ко слаткиот и страшен тигар и храброто дете што преживуваше со него пошто не можеше да го УБИЕ и прекрасните живописни пејсажи и фантастичноста на 3д-то...и ете толку. Моралот на приказната, никаде и никако... голтав кнедли да не речам,глупачо ништо не си сфатила. Ама да речеме дека така ги вреднувам луѓето, по површноста или по длабочината и не можам да бирам ништо помеѓу, не знам зошто, не можам и судете ми,убијте ме. Ете зошто не ми се зборува за филмови со секого,а за книги пак уште помалку... Гледајте го,топло го препорачувам,со целото срце. И земете си пуканки и излезете со потечени усти од солта! Ќе извадите страшна поука... ама страаааашна,прекрасна!

    Не бидете бедно злобни...и пазете до каде одите со лагите и манипулациите... :) Секогаш подобро ве сфаќаат од тоа што ви изгледа на прв поглед,а друго... секогаш мислите дека сте поубави од тоа што реално сте... ова чисто онака,и на себе си го кажувам коа ќе си речам ту бре Лилит, колку си убава...а оно,средно жалосна... :D Епа со душата, ова истово важи,пута два.

    Нека ви е среќна новата година,во случај да не можам, не сакам да пишам... Да сте живи и здрави, среќни и исполнети, секогаш со полни мешиња и полни срценца. Бидете подобри луѓе и бидете праведни луѓе, бидете реални и пред се, живејте за себе,зошто никој друг нема да го направи тоа за вас,ама на правилниот начин. Колку помалку гледате што прават другите, толку повеќе ќе бидете среќни и помалку ќе бидете под стрес. Зошто животот реално го чинат мали работи, зошто не туркаат до големите, а големите не прават вистински среќни,а до таму бирајте ги само вистинските средства... и не помагајте на луѓето само за да се пофалите пред луѓето или на форумот или зошто така се чувствувате како подобра личност и спиете послатко. Бидете ведри и реални оптимисти, верувајте повеќе во себе, но не ги занемарувајте оние кои ви даваат совети и критики,примете ги само оние од луѓе кои издржано вредат,а не само оние кои вам ви се допаѓаат. И немојте да мислите ако дечкото е лош со вас и ја прашате другарка ви за совет, она ќе ви го даде најдобриот совет како да го промените или тоа кукање со посебна алхемија ќе допре до него и ќе го подобри. Вистинската другарка ќе ви каже да го откачите зошто заслужувате подобар или ќе ви рече дека некаде грешите.

    И сеа ќе речат некои шо тупи оваа,да де,тие ролачките. Ама честитам стигнавте до крајот на постот и го истрпивте тупењето, ова за вас не важи и еве ви едно пристојно и празнично, културно фак оф,тенкјуверимач енд хев а мери крисмас! Ама сепак, стигна до крајот и признај си дека ме сакаш. :* Ну,ну,ну,нуууу!!!
     
    На Unique.chick, Sara123, SomeWhere и 78 други им се допаѓа ова.
  20. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    еве јас признавам дека те сакам лилит и покрај тоа шо си дрска и тупаџика некогаш :D прекрасна си таква каква што си и немој да се менуваш.(освен ако не е на боље нели) ;) и немој да си помислила да не пишуваш повеке на феминава нема да е иста без тебе.темава сдк одамна не ја читам ама ако го видам твоето име и на уште неколку души во актуелни теми тогаш ја отварам зошто знам дека имате што да кажете и дека ке е интересно на некој начин а не мрчење или повтарање на нешто шо го кажале 50 души пред тебе :) тоа сакав да ко кажам доста е да не рече некој оваа се улижува,скраја да е пу пу :P
     
    На jagotka.99, ljubam, Unica и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.