Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    Нека ви е среќна и успешна новата година, да ви донесе многу здравје, среќа љубов и се што ви душа сака :*
     
    На anneyy, Katerinceee, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Среќна Нова девојки, ви посакувам многу здравје, среќа, љубов и успеси :hug:
     
    На anneyy, Katerinceee, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Среќна нова година феминки,многу здравје,љубов,среќа и се најубаво во новата година! Ве гушкам сите и чекам мислења за тоа како сте си поминале :*
     
    На Angel.Heart, Katerinceee, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Среќна нова, пред се многу здравје, љубов, среќа и само успеси во новава година :*
     
    На Angel.Heart, Katerinceee, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Среќна Нова феминки , се нај нај наааааајдобро :*
    [​IMG]
     
    На Mrs.Cuper му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Она сношти беше една многу убава вечер. Со оние луѓе мене секоја вечер ми е Нова Година. Прекрасни нешта!

    Наеднаш ми вели, дојди со мене. Немав поим колку е часот. Ме носи на тераса, а пред нас се појавува едно величенствено изгрејсонце,половина град ни е пред колена, прекриен со златна прекривка од сончеви зраци. Ми рече : ете, првото сонце годинава го пречекав со тебе. Сега си имам две сонца. Ова го сакав. Јас и ти, заедно гушнати, ова ме прави среќен, не ми требаше целава еуфорија. Сакам и утрешното да го пречекаме заедно. Ама да не го гледаме. Ќе си спиеме, гушнати како сега. Може?

    Толку романтично ми се виде сето тоа што во еден момент си помислив дека ќе ме бара за жена :lol: Сепак не, прерано е, а и имаме планови... Но убаво е кога некој толку те сака...навистина е убаво :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На Serafima, Buttterfly, Doozy и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Ќе се надоврзам.

    Кога ќе ти се погоди друштвото, и местото, и атмосферата, и пиењето, и смеењето... можеш комотно секоја вечер да славиш Нова Година. Вечерта кога тргнавме полузаспани, со киселини во желудникот од виното, смрзнати, исчадени од маглата, се претвори во една убава приказна со црвени сијалички и микс од коктели. Уште една преубава вечер плус на листата :)
    http://www.youtube.com/watch?v=CAiUHV_Fs0k
     
    На Katerinceee и Idonea им се допаѓа ова.
  8. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Среќна ви нова година,многу здравје,среќа,љубов и успеси :)
     
    На Katerinceee и Elennaa им се допаѓа ова.
  9. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Ја гледам огромната единица до помалата 2013 на календарот и си размислувам. 2013 луѓе, првиот ден од новата 2013.

    Како голем носталгичар, се присеќам што правев лани на 1ви јануари. Ланскиот први го дочекав во неговите прегратки, се гушкавме цело утро, а потоа се фрливме на чистење. Интересен беше ланскиот дочек, интересен и пијан и многу заљубен. И целата мината година и драмата на љубовно поле ме натераа да размислам што е љубовта и дали некогаш сум била вистински заљубена? Не знам, но се чувствував сигурно во неговите прегратки, најсигурно од кога и да било.

    Потоа се навраќам на 2011. Ја дочекав со неколку другарки во локалната дискотека, а потоа со една од нив дојдовме кај мене дома и гледавме божиќни филмчиња до утрото. Една од другарките со кои чекав се самоуби, со две од нив веќе воопшто не контактирам. Ме натера да размислам за тоа како луѓето се менуваат, како е точно дека по завршувањето на средно, со многу луѓе патиштата ви се разминуваат. Слабо контактирате, не мора ни да се искарате околу нешто, едноставно веќе немате допирни точки. Исто така ме натера да размислам што е тоа толку вредно да си го одземеш животот на едвај 20 години. Без никому да кажеш ни збор, без да побараш помош. Или не викаше доволно гласно, или бевме премногу глуви и занесени со други работи за да те слушнеме. Почивај во мир.

    2010тата ја дочекав со неколку другари и другарки во Скопје, без да знаат моите. Моите „диви“ години, се дружев со повозрасни и мислев дека сум кул. Еден од оние со кои чекавме многу ми се допаѓаше, сите го знаеја тоа. Сите го знаеја, а една другарка заврши со него на крајот на вечерта. Таа вечер ме натера да размислам колку навистина ги познавам луѓето што мислам дека ги познавам и на кои луѓе можам вистински да им верувам. Кои се луѓето кои ќе земат лопата ако им се јавам во 3 по полноќ и им речам дека сум убила човек и треба да го закопаме телото? И секоја година запознавам се повеќе нови луѓе, а како да имам се помалку пријатели. Велев дека луѓето на коишто им верувам можам да ги избројам на една шака, е сега можам да ги избројам на една шепа.

    И можам вака до бескрај. Може да се навраќам на 2009тата, дочекана во домашна атмосфера со добро друштво, 2008мата, дочекана со повеќе непознати отколку познати луѓе и мојот глупав сребрен качкет, 2007мата, дочекана...каде бев во 2007ма? Ах, I lost myself.

    Вчера ја дочекав и оваа година, 2013та по ред. Најдобро се нашминкав годинава. Носев прекрасен фустан. Косата ми беше лелеава и многу убава. Моите ми дадоа пари и повеќе отколку што им побарав, ја дочекав со многу драги личности, на опуштено местенце со добар бенд, со неограничено јадење и пиење. Ништо не недостасуваше. А сепак, вчерашниот дочек емоционално ме докрајчи. Не, проблемот не беше еден бивши што „случајно“ се најде на местото на настанот, културно ме поздрави и ми честита после 12, не рече ништо кога го зграпчив за задникот пред очите на новата девојка. Ќе му речам дека бев пијана и дека не се сеќавам на ништо, ако и самиот тој не беше пијан. Работата беше што сиот тој сплет на околности ме натера да размислувам до кога ќе трчам во животов? До кога ќе бегам од одговорност и емоционална приврзаност? Кога конечно ќе се смирам? Дали ќе се најде некој да ме смири или да трча доволно брзо со мене? Зошто сум толку исплашена?

    13ка никогаш не бил мојот среќен број. 13ка (автобусот) ми бега секогаш. Иако прилично песимистички гледам на годинава, се молам да ми го докаже спротивното. И знам дека изгледам депресивно со постов, но затоа што вчера, повторно, бев во трчаница, сакам сега да ја честитам Новата Година на сите Феминки :) И имам една молба до сите вас, ве молам најдете час и половина време од претстојниве праззници и изгледајте го Eternal Sunshine of the Spotless Mind. Тоа е најдобриот филм што некогаш сум го гледала, а навистина е тешко да се прераскаже.

    http://www.youtube.com/watch?v=ZXwvW8bjJ8k

    Сега го напуштам загушливото Скопје, ми требаат малку мама и тато и мојата најдобра другарка. Ми треба малку мир.
     
    На Lella, Serafima, Buttterfly и 13 други им се допаѓа ова.
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    12.085
    Пол:
    Женски
    Нека е среќна луѓе.
    Помина фамозната, небаре единствена полноќ, последна за веќе минатата година.
    Настрана од сите буки и петарди во градот, со малку кифлички, руска и благо, пакетче жижици, не петарди, еден огномнет да ја осветли пустелијата, ја дочекав и јас. И седевме, помуабетевме, се посмеавме. На крај заспавме. Неколку луѓе, ама доволно.
    Ги менувам сите дискотеки, за разденување како денешното, со чај во рака, дебел џемпер и тој до мене. И по кој знае кој пат јас ќе кажам дека го сакам неговиот мирис, а уште повеќе кога и мојата коса мириса на него.
    Сепак на крај останува дека не е битно каде си, битно е со кого си.
    А малку понастрана од градот, кога ги гледам сите негови светла и во најдлабоката темница изгледа волшебно, баш новогодишно, мене, искрено, убаво ми е.
     
    На ludoto19, Mrs.Cuper, Buttterfly и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Да,ајде и јас да ви честитам.
    СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!
     
    На Katerinceee, Hopeful, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  12. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Нема да раскажувам на дугачко и широко како си пројдов, само ќе кажам супер беше. Кафана је наша судбина :rofl:

    Сакав да кажам сабајлево ги префрливме другарчињава наши до дома и за идење накај дома останав јас позади да седам во кола. Седиштето го подспуштив, се навалив над него и уживав во возењето по Партизанска. Така лежејќи ги гледав украсите како светкаат горе и стварно би било прекрасно да ги изгасат уличните и да светат само тие :lol: .

    Читам колку сообраќајки имало и не ме чуди. Видов како се возеше вчера. Не се знае кој каде тера. :|

    И убаво почна денчево. Баба и дедо, моите Баба Мразица и Дедо Мраз ни дојдоа со пакетчиња како и секоја година. За нив и за моите никогаш, ама никогаш нема да бидам голема за пакетче.
    Фала ви :hug: .


    И да. Нека ни е најсреќна годинава. Само убави работи да ни се случуваат и мноооогууу исполнети желби :d: :)
     
    На Doozy, Katerinceee, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.097
    Допаѓања:
    179.319
    Пол:
    Женски
    Девојки... 13-кава нека донесе на сите само убавини!! :)

    Среќа и успех на сите полиња во животот. Здравјето и парите да ве пратат секогаш :D

    Многу дружење...умерени количини алкохол а неограничени љубов! :)

    Бидете умни, сакајте и помагајте секогаш!

    Среќна нека е^^
     
    На Katerinceee, Hopeful и Elennaa им се допаѓа ова.
  14. Feuerwerk

    Feuerwerk Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    15
    Помина и таа ФАМОЗНА новогодишна ноќ.И уште неможам да се изначудам,како тоа девојките се попијани од машките?!Абре се истурија од повраќање,па тоа на девојки не личеа.И шо демек фаци се ако се начукаат?Него ај Среќна нова девојки.Оваа година само убави работи да ви донесе.Се што сакате да ви се оствари! :*
     
    На Marjan007 и Katerinceee им се допаѓа ова.
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Среќна нова годинаааааааааааааа!
    Хепииии сум. Конечно помина ноќта која сите ја спомнуваат, никој нема доволно пари да ја слави и сите кукаат за пари, а сите повторно фрлаат илјадарчиња, сите ја мразат потоа зашто се шфорц, ама во следниот момент одат да си купат нова облека и се збори со денови за една обична вечер, која секогаш е потпросечна! Епа конечно заврши, затоа сум хепи :)

    А мене оваа новогодишна вечер ми беше за прв пат поинаква од обично.
    Епа дојде моментот јас да лечам мамурлак на новогодишна ноќ :D
    Сите пијат, а јас со главоболка и со една чашка винце поминав цела вечер.
    Ама затоа јас каков деееееееен имав! Ден со вино играње, пеење, смеење, 100 пати подобар од сите новогодишни вечери од животов мој што сум ги имала.
    Ма каква нова година, дајте ваму вино од Бовин и денска журка, тоа е тоа!

    И нормално ко најголем малер ќе добиеш 2 часа пред 00.00 часот и ќе си пиеш после вино и мамурлак кетонали и ќе си јадеш руска.
    Него го меркам прасенцево, се пече. Ќе се крка на велико.

    Е така јас ви посакувам здравје пред се,најбитно е верувајте, а ако имате здравје направете си да сте среќни и весели, дружете се, сакајте се.
    А фемина нека ви биде рекреација, слободното време поминете го да помогнете некому, да споделите дел од својот живот без лажги и дволичности, не делете фрустрации тука и не замарајте со работи кои не ве интересираат дури ни вас а уште помалку светот околу вас.
    Ајде да имаме убава 2013та и интересна фемина за читање.

    Едит: Ах да и јас како моден критичар :lol: да ве замолам жени ај помалку разголувајте се годинава, девојки сте, не сте проститутки за да носите миничи + деколте + вртоглава штикла, зашто така личите ама најискрено! А плус облечете се треба да раѓате еден ден! Имајте малку вкус, вулгарни сте до бесвест и со облека и со однесување. Женскиот род станува се поодвратен! Фала приетно!
     
    На Monna.Monna, Mrs.Cuper, CoverGirl10 и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    01.01.2013, летна 12-ката како вчера да се кршев на стол в кафана :lol:
    Како и да е убав помин за новата со најблиските :)
    Нека ни е среќна новата 2013 година, многу здравје, среќа, љубов
    Да бидите среќни онака како шо заслужвате, без нервози, и само успеси сегде.
    Сите желби шо ги имате да ви станат реалност,јас имам само една желба, која се надевам дека побрзо ќе ми се оствари :inlove:

    Убав ден, поминете го со најблиските :hug: :hug: :hug:
     
    На Mrs.Cuper, Doozy, kate21 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Среќна нова година на сите феминки. Нека новата година ви донесе исполнување на сите желби проткаени со многу здравје, љубов и среќа. :rofl:
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... како може некој да го мрази новогодишното утро? :(
    Само јас ли се будам hyped уште пред 9 часот, со нималку новогодишен мамурлак, макар и трошка.
    Потпечени лепчиња, се ѕверам во елката со нема радост, си го галам полното меше кое сонува сарми за ручек како Цацко.
    На Мтв1 си пичи Виенскиот концерт, јас суредувам садови и си тропкам од среќа.
    Си го изгледав и Полар Експрес и си пуштив некоја солзичка повторувајќи - I believe.

    Каков дочек, прекрасни пријатели на едно место збрани, љубов се чувствуваше во воздухот.
    Сум го добила џинџербред мен, хоум мејд едишн, абе да си пукне човек од среќа.
    И да мразам новогодишно утро? Денот кога надежта е ровка и свежа и пливка безгрижно во воздухот кон исполнување на сите најубави посакани желби?

    You must be out of yr mind hater bitch ! :devil:
    :D
    http://off.net.mk/bavchi/emili/shto-ima ... a-slavenje

    p.s. Лилит ја мрази Јана.
    Трендафилка ја мрази Емили.
    Лилит и Трендафилка го мразат Трендо.
    Трендо го мрази Саше Политико.
    Саше Политико ги мрази сите !

    :D
     

    Прикачени фајлови:

    • 100_4410.JPG
      100_4410.JPG
      Големина на фајлот:
      238,7 KB
      Прегледи:
      348
    На Lella, fashionista, Mishela и 25 други им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.137
    Допаѓања:
    67.281
    Пол:
    Женски
    Моето утро чиста спротивност од постот погоре на Трендафилка. Каков мамурлук ме дрма, леле мори мајко, вчера сум пиела мислиш последно ми е. Рацеве ми се тресат едвај куцам. До мене има само литри вода, Ама тоа е, добро друштво, храна, па забегавме малку. Ќе си трпам сега. :)
     
    На Buttterfly, Katerinceee, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк и ме прашуваат: како ја дочека Новата Година ?


    Си се наспав до 1 саат (и покрај целата галама во зградата), ме разбудија си изначеститавме и си седевме до 6 саат е така.


    И денес ден како и секој ден.
     
    На Monroe и Katerinceee им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.