Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    СДК дека ЈАВНО (а сепак анонимно :lol: ) признавам дека ми треба коњушар кој ќе ми ја скраси кобилава, не се трпи веќе :D
     
    На Nyan-Cat, nesa и Avril.09 им се допаѓа ова.
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Рано насабајлечки-за кого како,ја отварам темава :)
    Го пијам кафето и го испратив него на работа,седам замислена и посакувам пак како некогаш да поаѓаме заедно на работа...Ми фали неговото мрчење во кола како се спремам со саати и како од мене ќе закаснел на работа :lol: Сепак ,секогаш па и денеска станува порано да го свари утринското кафе и секогаш ме буди и мене (откако не сум на работа исто така),но секогаш сум мрчела да ме остави да поспијам :devil: Денес станав пред него и јас го сверив кафето....убави утрински мигови со него.......е сега не се враќам во кревет,го раскренав,сакам да појдам до маркет да видам како е кога рано насабајлечки ќе испазаруваш лепче и јогуртче :lol:
    Убав ден на сите :*
     
    На TeddyGrey, tinkerbelll, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  3. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    32
    Уфф толку многу сакам да кажам а сега кога се логирав блокада.Спиев кај мачорот,си гугавме,ме масираше...пак си се заљубивме... :lol: :$ три години се заљубувам по ред па не е малку,овај малку е кога ке размислам.Сакам цел живот да си гугаме, со очите да си збориме...како кога ги гледам мајка ми и татко ми пред телевизор истегнати и си коментираат за турскиве ни серии а успут се држат за рака,си е галат а не се малку години да се разбереме :!: .Ама се рекло бре жена ти е столб во куќа и фамилија,затоа има презагубени во светот зашто сеушѕе не сватиле.Го гледам мачорот и многу више гледам особини на татко ми...море луѓе па имаат исти навики во јадење...не ми се коментира...има нешто..можеби сум сакала таков лик до мене за цел живот..психата чуда прави.

    Го пијам кафево и ми горчи,не дека нема шекер туку од времево и маглава...ја нема само во Скопјето,и овде најјужно постои.Од ден на ден се повеќе ме загрижува бабето,кашла,спие по цел ден лежи...не е на арно знам..Сите знаеме ама молчиме,демек она не знае...а во небесните и плави очи знам дека знае...си молчи се смее кога може пак и силна прави по некое манџурие во стил гледате уште сум на нозе.Мори жено одмарај,спиј,уживај...пиј чај со цел лимон...така го пие...ахх како не и горчи.Целата кујна мириса на лимон ... топло ми е дома.Убаво.Сплотено..
     
    На TeddyGrey и Cynthia им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.415
    Допаѓања:
    114.604
    Пол:
    Женски
    СДК дека мене почна да ме фаќа предновогодишна треска . Списоци за поклони направив, во сабота одам да купувам, па да ги виткам и да ги ставам под елката на моите ангелчиња. Ахх кога ќе им го видам лиценцето насмеано, и очињата полни со радист ми иде да запеам од среќа. Најубаво е да си тетка, дефинитивно !!!

    Ајде да ве развеселам и вас :)

    http://www.youtube.com/watch?feature=en ... wAFs4&NR=1
     
    На Hopeful, zhap4e и bittersweet им се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Жал ми е кога луѓето освен овој прозорец не познаваат други прозорци. Жално е и на некој начин бедно, а уште победно е кога сакаат да се докажуваат во истиот, место да отворат втор прозорец и таму да направат нешто повеќе за својата реална егзистенција.

    Одамна велам, кога човек би ја пренасочил својата енергија кон полезни работи, светов ќе беше поубав. Онака вистински. Како небово над Охрид моментално.

    Кој му е*е матер. Нека ка*аат и нека зборуваат глупости, нека оговараат и нека кажуваат невистини. Оној кој гледа колку глупости се изнатресени за неговата особа од некој кој не е ни релевантен ниту пак компететнен да осудува, може само да се изненади, насмевне и да си мавне со рачето.

    Мене овој прозорец ми е отворен кон нови светови, светови кои ги живеам реално. А јас тие ги искусувам сега, и вчера, и утре и задутре - да даде Господ.

    А денес е посебен ден. Навистина посебен и не ви кажувам што и како ама едно мило човече денес беше изненадено. И и предадов илјадници гушки во име на многу луѓе кои искрено ја сакаат. Се стопив.

    Пред да избегам кон матичниот калабалак сакам кафе покрај езеро. Сакам бе сакам! Пуп! Ај чао :)
     
    На Gea, Bright, MissSpark и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Само што си сварив кафе и сега ми почнува паузата и релакс ке се отпуштам пред ком во канцеларија на толичко. :inlove:
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сега сум и повеќе од сигурна дека се знаеме со Каша.
    Ако ништо друго барем живееме во бизина.
    Не сакам да трошам зборови на девојчено од претходно, ама ќе кажам дека интернетот не е за секого. Девојчето беше страшно асоцијална личност, буквално во свој свет, се додека еден убав пролетен ден во пубертетските години не и израснаа во 95Б. И од тогаш на сите можни социјални веб страни се експонира до максимум. Жално е, затоа што во витруелниот свет е едно, а во реалноста е сосема друго.

    Туку, вака додека сме на средината на неделата, морам да си ветам дека ќе почнам да го совладувам испитниот материјал. Мајка ми ми влепи еден убав, освестувачки, вербален шамар. Ама јас навистина не знам како да го натерам мозоков да се затупи во тоа книгите од милион страни и да се пренасочи од интересните и креативни работи.
    Вчера засклучив дека кога влегувам во Џамбо најдобро е да си го оставам новчаникот во ќеса и напред кај бројчињата. Или евентуално да одам кога сум шворц.
    Дали сте знаеле дека има мали округли платна за цртање?! Епа ни јас не знаев! Се полакомив да изнакупам буквално се од делот што е за ракотворби. Алал му вера на дечко ми, со две-три затки ме стави под контрола.
    Ама затоа, денес цел ден ќе си шкрткам, ќе си џиџам низ стан, ќе направам лом и после ќе ме мрзи да го средам. А денес и кафето го направив малку поблаго.
    Шеќерна ќе бидам цел ден. Блага де, благичка. За среќа дечко ми нема дијабетис.
    Имајте убав ден жени, женулиња и пубертетлики. :f:
     
    На Phyramide, LivingGlam, Miss-Independent и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    СДК дека има паметни и интелегентни луѓе само нема кој да ги слушне.
    Кај отиде светов !?!
    Секс (дали физички или психички малтене исто му доаѓа), дрога, насиље се главните атрибути на денешницава. Бадијала не седи за ништо не работи. Ако успееш да извлечеш некоја скриена насмевка од некого ти си најбогат на светот.
    Културно се издизам - е одам де на културни настани (во жаргон). Дали од радозналост, чаша алкохол, почит кон изложувачот или потреба да се види нешто ново, да се научи нешто секогаш ќе остане мистерија. Ја разбирам поентата јас, ама повеќето не ја разбираат туку колку да направат гужва.
    А тој родител, (родител си бе родител) горд на своето дете што направило и постигнало нешто во животот на свои млади години. Е таа искра во очите и таа насмевка беа искрени.
    И тие дела видоа бел ден а уште колку има што никогаш нема ни да видат бел ден.
    Секоја творба стреми кон совршенство а дали постои совршенство ?!?!
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Овие очи само тебе те бараат во толпата луѓе секој ден,без причина.Пеперутките во стомакот го играат својот танц.Колку среќа еднакво толку страв од непознатото,неслученото,неоствареното.Како ли да го тргнам тој прекрасен лик од очиве секој пат кога ќе ги затворам.Толку си блиску,а сепак толку далеку.Знаеш ли колку недостижен изгледаш?Ми го одземаш здивот дечко,погледни!!!
    :inlove: :inlove: :inlove:
     
  10. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Денот е убав, истите луѓе со различни ликови, информации и дезинформации, штит и сабја, момците мочат каде било, женските мораат да дигат фустани. Помочани чевлички, извалкани бели кошули и мир во светот!
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Се уште силни импресии ме дрмаат од The Help. Ме здрмува и лифтот што почесто е расипан отколку функционален, човековата себичност и глупавост.
    Ме здрмуваат и новиве автобуси кои ми прават милкшејк од внатрешниве органи. Задолжителна минимална доза два пати на ден. Ете.

    Си правам француски маникир и се радувам за тартот што ќе го јадам после. Сочувствувам со Ана Каренина, и се прашувам како Толстој ја смислил целата приказна. Жал ми е за Гоце Арнаудов и за бабата од четврти која убедено мислеше дека јас сум некоја си нејзина пријателка.

    За разлика од вообичаено средава ми е прилично средена. И собата и мислите ми се во ред. За мене редот е жива глупост, хаосот е мојот дом.
     
    На BeYourself, Trendafilka и MissSpark им се допаѓа ова.
  12. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    ауу како вми е денот и вчера и денес,глава ме боле и мн ми се спие,ми се гади од што ми се спие :worried: :x
     
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    People are people
    So why should it be
    You and I should get
    Along so awfully.


    Баш вака. Џабе би отишле и на Алјаска или Мароко, луѓето секаде се луѓе.
    Болката секаде е болка. Радоста секаде е радост. Лагата е секаде лага.
    Депеш Мод фино си го срочиле тоа ехее! Која среќа ќе ме спопадне на концертот нивен, ух ух. Само да не претерувам со очекувања. :angel:

    Си купив, конечно, црно кусо фустанче и секси чизма - штикла за новогодишнава забава во сабота. Што сака нека биде. Треба да направам куп нешта денес, и некако со мрзоволна радост си ги пролонгирам. Насред чело ми никна индијанец, ме боли нервира, а знам дека ми е од фаќање со прсти по лице и од добиеново, ама морам да искенкам! И на работа ме извадија од такт поради земениот слободен ден, цел ден вчера мрчев, непродуктивно можеби, ама ми е гајле. Нека му ја мислат и нека се полнат со негативна енергија тие што си мислат дека можат да манипулираат со туѓите мозоци.
    Ако нешто не поднесувам тоа е шерифување врз хуман кадар!
    Можеби ќе се откажам еден ден од однесувањето со култура, па ќе им се обраќам како да се говеда.
    Страшно е како мора да се витка една личност само поради капиталистичките срања во кои плива.
    Је*ига, од таму произлегува сета демотивација и неможност за прогрес.

    Гоце Арнаудов починал. Баш ме фати жал. Толку позитивен лик, си отиде на подобро место.
    Од цело брдо никаквеци, лопови и политичари со образ ѓон, сите живи и здрави и крадливи, баш најде Гоцка да не напушти. Ломотам глупости сега, ама сум некако егзистенцијално изнервирана.
    Факт е дека луѓето се луѓе.
    Неправдата е неправда.
    Смртта е смрт, но Животот секогаш е посилен!
    Со крената рака како револуционер, за подобро утро на сите, Салут! :devil:
     
    На zhap4e, Hopeful, BeYourself и 5 други им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Денов сончев, убав, абе прекрасен.
    Очекував снег, да си бидам искрена, ама во секој случај е пријатен и волшебен.
    Од утро ми тргна со изненадувања, останав буквално е вака - :o , па после пак :o :x :rock: :$ :talk: .

    Мојот телефон не е во функција, а сепак луѓево се снаоѓаат, наоѓаат број од мајка ми и таму ме бараат да ми честитаат. Не знам со што заслужив толку убави луѓе во животов навистина, но благодарна сум од срце.

    Се сеќавам на минатата година на овој ден, го отворам форумот и гледам честитки, честитки... а прилично нова бев тогаш, и застанав и си мислам: „од кај знаат бе? :^) “ Сигурна бев дека некој ме провалил. :D
    Па после разбрав како се гледало кој има роденден, еурека!
    И значат, значат честитките и на ФБ, и на форумот, се радувам што има луѓе што искрено ми посакуваат убави нешта.

    А за денешните изненадувања што да ви кажувам. :x
    Се’ уште сум под импресии и денов нема да го заборавам.
     
    На Phyramide, angel92, Hopeful и 25 други им се допаѓа ова.
  15. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    http://www.youtube.com/watch?v=g47cXq5Z ... =endscreen

    СДК дека овој Саша Ковачевиќ е срцкаст многу. Извонреден глас,убави песни и преубаво и пресимаптично лице.Абе човекот е кеф за очи и душа... Барем за мене е! :lol:
    Жал ми е само што кога доаѓаше летово во една дискотека во мојот град,неможев да стигнам до него и да го изгушкам :worried:

    Друго,имав во план да се издепилирам денеска,да си направам крем палачинки со шлаг и да се видам со него...
    Планирав,ама ништо од се оваа. Јас секогаш кога ке си испланирам нешто ден однапред,и кога ке си замислам нешто никогаш не ми се исполнува.Џабе е!
    За депилација,мојата козметичарка во петок е слободна,со него нема да излезам затоа што ке учам.Глава ме боли кога ке помислам колку страници треба да научам и колку програми треба да запомнам.Ах!
    Палачинки ке ги оставам за некој друг ден кога ке имам желба за нив.Сега ни ми се јадат ни ми се прават...
    Така да,. сега планирам да си легнам и да си го одморам мозочево од се денеска.
    Требаше да одам со братучедка ми во град али неможам.Изморена сум и јас и сакам да се одморам малку.

    И така овие два дена со сигурност ке си поминам тапа и ке го чекам петокот златен.
    Аааа знаете ли колку само ми фали тој и неговото гушкање.Пуф пуф .. кукла моја,едвај чекам да дојде петок.

    Напишав од се по нешто и на крај ништо битно нема во постот.Али ако!
    Важно се оваа сакав да ви го кажам пред да си легнам..
    чао чао и пријатно :hai:
     
  16. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Не сакам ништо посебно да кажам само сакам да ја споделам сликава,зашто ме остави без зборови колку е прекрасна... :l:
    [​IMG]
     
    На Peperutka90, zhap4e, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  17. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Вчера сосем случајно наидов на еден текст во кој што максимално се пронајдов. Неромантичарка, со тапија! И сега онака ставам паушално прст на глава, сфаќајќи си колку многу сум изгубила. Не дека не можам да најдам некој за да споделуваме романтики, туку до мене ќе да е проблемот.
    Таков тип сум, затворен, мрчаторски, скептик.
    Среќата ми трае кратко, таман да се порадувам и веќе завршило. Секогаш така. Изгледа тоа е правилото што ми се случува. А дали сум подготвена за исклучок, не сум во состојба да кажам.
    Се чувствувам емоционално зрела, подготвена да се занимавам со ист таков, без да планирам да трошам време со некој лигуш кој замишља дека е паметњакович.
    Не знам дали е тоа што во моментот го сакам.
    Но, знам дека е дојден моментот кога треба да си направам една промена околу мојот љубовен имиџ. Не можам да се приврзам, затоа што самата не дозволувам. Не изостувајќи го стравот дека ќе го направам погрешниот избор, ама и да го направам, бар да патам еднаш вистински. Можеби мазохистички, но навистина, една права патња ми фали, да научам некоја нова лекција. Дали тоа би делувало спротивно од тоа што го сакам, не би знаела да кажам однапред поради непредвидливоста која ме надвладува.
    Сега одам до крај, сама си го започнав, и нема да се откажам додека не се заврши. Било позитивен било негативен фидбек, не е важно, важно ми е мене да истерам некоја работа до крај. За мене лично, за никој друг. Извлеков можеби погрешна лекција од овој случај, но сакам да се уверам дали навистина е погрешна. Веќе преку тасе ми е да се прашувам ‘Што ако би било..‘. Сега секое ‘требаше‘ ќе го направам ‘бидна‘.
    Иако можеби излегам малку налудничаво со оваа преголема решителност која што можеби не е карактеристична за мене кон вакви полиња, сепак мислам дека ова е тоа што ми треба во моментот, не за да ми растури монотонија, туку да ме врати во нормала.


    Ако имавте трпение да ги слушнете моите внатрешни гласови, кои што сеуште не сум ги изустила гласно некому, ве частам со прекраснава нумера :)

    http://www.youtube.com/watch?v=-uZlvKXn ... plpp_video
     
    На zhap4e, BeYourself, L-enna и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК дека настинав :( сега целата сум затната носот,грлото ме гребе ахх зашо бе :envy:
     
  19. day.dreamer

    day.dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    900
    Интересно е како работите се менуваат, на подобро или полошо... Изненадена сум од постапките на луѓето околу мене, но позитивно изненадена. Ме радува кога некој сака некој друг да го направи посреќен со некој мал гест, кој на другиот многу му значи.

    И да, среќна сум, без разлика на времето дали е сончево или не, без разлика дали сум со него или не, веќе не сум истата и ја сакам оваа другата јас повеќе.

    До следното навраќање на темава...
     
    На zhap4e, maca99 и MissSpark им се допаѓа ова.
  20. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Голем пропуст е ако не можеш да ја согледаш убавината на животот која што извира од твоето срце. Треба да се цени значењето на малите нешта кои најмногу го разубавуваат животот :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.