Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.701
    Допаѓања:
    23.039
    Пол:
    Женски
    Од утре поасално ве дружам :!:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    СДК татко ми грчел помалку ако бил телевизорот пуштен на Сител :D И да знаете, пред да си легнете да спиете онаму каде ви е креветот, прво мора да оддремите едно 3-4 часа во кујна. Ритуал.
     
    На tessie, Sunchild и Lov3 им се допаѓа ова.
  3. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.804
    Допаѓања:
    4.943
    Пол:
    Женски
    Извини мамо. Извини.
    Ветувам дека нема веќе да ја истурам нервозата врз тебе.
    Татино галениче сум, ама те сакам и тебе. И ти имаш место во моето срце. Многу попосебно.
    Не сум неблагодарна што си ме носела девет месеци и што си бдеела над мене кога сум била болна.

    Зошто ми е толку тешко да ти го кажам ова? ;(

    Ветувам дека нема веќе така. Ветувам мамо. :hug: :l:
     
    На Serafima, pamelche и sanjaeva им се допаѓа ова.
  4. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.670
    Допаѓања:
    8.585
    Пол:
    Женски
    :D :D :D хахахахха се изгазив од смеење погледнете го клипчево ама догледајте го до крај
    http://funnyzela.com/dedoto-i-babata/
     
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Моментот кога си купуваш '80 Hairbands плејлиста на Сонгпоп и сите ги победуваш во рок од 15 минути :rofl:
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    И еве ме пред спиење си гнетам од пакетчето... не дека ми се јаде туку од мерак и среќа како 5 годишно детенце, еехеееј и јас на 23 години си добив пакетче :lol:
    Дојде што дојде нова година и што сега? Од утре пак по старо, пак на работа, пак исто се ... НО да не дозволиме да се разбудиме утре со таа мисли туку со нови надежи за подобро утро. Да, па јас иако умеам добро да ја проценам и видам реалноста никогаш не се откажувам од мојот оптимизам, ма колку реално да нема никакви шанси да биде нештото тука сум јас со моите надежи и оптимистички погледи уклучени на најјако и го поттикнувам нештото да тргне напред и да се исполни, и да не ве излажам ама во 90% од случаите ми успева! :!: Можеби е сам кајн оф меџик, можеби е само фантазија ама човек не губи ништо ако се надева, освен разочарување, ама ако не се надеваш пак можеш да бидеш разочаран така да, ватевер. И сега имам надежи и соништа еден куп, си се будам со насмевка бе, таков човек сум, со полно срце и насмевка се будам па колку сака нека е посран денот. Така да како што е ред, јас во новава година ќе ви посакам да бидете насмеани, исполнети со надежи и оптимизам, и да верувате дека нешто убаво ќе се случи. Убаво е кога нешто посакуваш цврсто да веруваш во него, да се вложиш себе си, да се надеваш и да веруваш дека ќе се оствари, затоа што стварно ќе се оствари. Очите широко отворени, срцата полни, малку самокритичност, главата горе, насмевката на лице и подготвени сме да влеземе во новата година со нови сили. Од срце ви посакувам се најдобро! нека биде дупло подобра година од претходната!!!
    (слика со чаши шампањ)
     
    На kravce, antonina, anuskaNESTLE и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Еден негов повик ме направи да се чувствувам среќна и тажна истовремено.
    Среќна затоа што не ме заборави и се јави да ми ја честита новата година,а воедно ме покани втората вечер да ја прославиме заедно (не знам поради која причина), а тажна затоа што тој повик повторно ме наврати на времето поминато со него.
    Зошто ми се појавува секогаш кога веќе мислам дека сум го заборавила и пак ме навраќа на минатото,зошто не можам да го заборавам??
    Се сеќавам на минатиот дочек на новата година.Најдобро помината вечер до сега,затоа што бев со него...бевме заедно,а сега сум сама.Знам дека таа вечер нема никогаш да се повтори.После таков дочек со него лани,сите наредни години ќе ми се глупави (можеби).Ги гледам наоколу сите вљубени,среќни,си честитаат,а мене душава ми се пара. Можеби имав шанси и оваа година да сум пак со него,но гордоста,а пред се стравот да не бидам повторно повредена не ми го дозволува тоа.
    А сепак длабоко во мене нешто ми вели дека нема никакви шанси да сме пак заедно,и тоа ме прави многу тажна.
    Сепак,после се,јас повторно би била само со него.
    И сега заради еден негов е*ен повик сум тажна и не излегов вечерва. Работава е сите пеат,а јас тагувам :lol:
     
  8. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    [​IMG]
     
    На Elichka, butterfly33, Name и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Среќна нека ви е годинава на сите, се што ќе посакате да ви се исполне :) Мене новата год ми почна мнооогу убаво, не очекував дека така ке ми почне. Се надевам дека цела година ќе биде таква, убава како синоќа, зошо предходната ми беше срање.
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Again, me... каснав неколку блакца и сега ми се качи шеќерот, па анализирам и премислувам, наместо да одам ко човек да си легнам. :devil:

    Си размислувам околу тоа каква бев и каква станав. :?: Да ми кажеше некој пред две години дека јас ќе бидам ова што сум денес, немаше да му поверувам. Не знам дали си се допаѓам вака, мислам дека да, ама секогаш кога ќе си помислам дали мајка ми би сакала ќерка и да се однесува така, некако ми ѕвони аларм во глава. И не зборувам за одредени работи и постапки, туку за целокупното однесување кон одредени личности, негрижа за некои работи, ноншалантноста и студенилото кое секој ден се повеќе и повеќе го сеќавам како ми навлегува и ме менува. Многу ќе треба за некој да ме стопли, воодушеви, врати на старо. Ако воопшто некогаш се вратам.

    Од каде желба за тоа и од каде оваа ненадејна промена, навистина поим немам. Знам дека минатата НГ, некаде низ хаосот во кој и јас најслучајно се најдов додека сите беа околу мене, си ветив дека ми е последен пат да се почувствувам ,,така,,. До ден денес не можам да го дефинирам ,,тоа,, чувство, некако осамено, а сепак со многу луѓе, некако неисполнето, незадоволно со самата себе. Не знам што направив, ама знам дека успеав да направам така добра самоодбрана, или така добра промена, или можеби тактика, што навистина не се почувствував пак така.

    Имав пресилни кочници, сега ме фаќа паника дека и тие веќе ми откажале. И станав ладнокрвна и индиферентна, и на секоја ситуација можам само да се изнасмеам и да ја заборавам за два до три дена. Се менувам пребрзо и пречудно, или само растам, којзнае.

    Единствено за што ми е гајле е семејството, кочниците ги поврзувам со танки врвки во мозокот само заради нив... Никогаш им немам кажано колку ги сакам и ги ценам и колку всушност мислам на нив цело време. Ми фалат кога не сум дома, ужасно многу ќе ми фалат оваа година кога речиси цела година нема да бидам дома. Не сум човек што искажува емоции, им немам кажано, а сакам и барам начин да им кажам... Некои работи ги правам само заради нив.

    Некна кога идев за Скопје, првпат мајка ми дојде да ме испрати на автобуска, ми ги зеде торбите и куферите, ме избутка да бидам прва на шалтерот :D и си седна отпозади. Мислеше дека не ја гледам, ама ја гледав на стаклото... Колку остарела, а не е стара... има тежини во душичката, и се гледа во погледот дека не и е лесно. Уморна е. Цел ден трчаше и спремаше за мене, и двајцата всушност, се изнапотрошија за јас да одам некаде, за јас да носам нешто убаво, за јас да бидам среќна. Не сакам да ги разочарам, ама ич. Оваа променава ме тера да мислам дека ќе ги разочарам, а не е мајка ми крива, никако. И сакам да им го кажам сето ова, а не знам како и од каде да почнам...

    :doh:
     
    На kravce, ludoto19, lunicka и 20 други им се допаѓа ова.
  11. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    До вчера раперка и никој не ти беше рамен..А денес шмизла бр.1 и Аца Лукас слуша...чк чк чк..:/ :lol:
     
  12. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Тажна и осамена сум си. И јас самата веќе не знам што да кажам...

    еве еден виц за добра ноќ :)

    Se javue Mara u radio Kavadarci, i vika:
    ---Alo dali e toa radio Kavadarci?
    ---Da, povelete.....
    ---A dali emisijata e vo zivo?
    --Da, da....
    ---I sea mene site me slusat, i u kolite, i u prodavnicite?
    ---Da.....
    ---Blazo semi ovcko sirenje, nemase u ducancecto....
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Одамна се немав напиено и расположено така.Годината ми тргна весело. :D
    Пеев,играв,се смеев дури и се закарав малку колку да ми тргне и годинава.Што да правам инатот е поголем. :D Во домашен амбиент,сите весели,особено јас. :wasntme:
    Се договоривме со мама она прва да ми честита,дека среќа ми носи за да ми тргне годинава. :)
    Најмногу ми беше мило кога и го видов среќното лице кога си го виде подарокот.Знам дека не очекуваше ама заслужила да ја изненадам.Ако не неа тогаш кого. :)
    Како заврши вечерта ни сама незнам,не знам ни до креветот како стигнав.Ама знам како се вртеше целата соба :D и знам дека се пресмеав како за цела година.Се надевам дека така весела ќе ми биде целата година.И не само на мене туку сакам сите да се среќни и весели.И оваа година да слушаме само убави новости. ;)
     
    На Miss.Ricci, Mrs.Cuper, ludoto19 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Излегов од гнездото на мајка ми и татко ми, и како младо штотуку што пролетало пиле се лоцирав во куќата од школскиот ми.
    Средношколската „шема“ ја започнав во квази-кафич, па стагниравме кај другарка ми дома, па не не‘ собра во станот и отидовме кај другар во викендица по брда и планини на штикли, и за крај „сениониравме“ како луѓе во кафана.
    Студентски живот ќе те натера да се акнеш на места кај што не ти е место, се‘ со намера да пробаш „шта ти живот пружа“, а и „од љубов кон татковината“, овај... друштвото де. Ќе пиеш на туѓа сметка и ќе си претерано секси и после кога ќе се видиш на слика сфаќаш дека не чини да бидеш толкав „телекастер“. Некаде во средина, ве фаќа цимерско лудило и се собирате кај едниот дома. Цимерски протест со кифли се вика тоа!
    Годинава решив да не лутам, решив да се чувствувам удобно, да се облечам нормално... Не ја прославив „најлудата ноќ во годината“ |( Само излегов и случајно, за време на моето излегување, помина полноќ. Како и обично.

    Не ми се сменија работите преку ноќ. Кога завршува март и започнува април, точно на полноќ, ви се менуваат ли работите?
    Заклучив дека помеѓу две замислени точки во времето, кои ете да речеме дека се на полноќ меѓу декември и јануари и меѓу кои има растојание од 365 дена, постои разлика во начинот на кој јас размислувам. Истите точки може да ги поставиме и на 31.03. Повторно ќе има разлика.
    Синоќа.... не се случи ништо спектакуларно. Да, се напив малку повеќе; да, бев скоцкана и средена; да, седев во омилениот клуб на шанк; да, танцував и пеев, измив раце во вц и си се погледнав во огледало да корегирам шминка, се муабетев со шанкерот... да продолжам да набројувам? Сето претходно наведено го правам на секое излегување. И синоќешното беше само уште една одлично помината вечер во низата. Не беше „најлуда ноќ“. Верувајте, сум имала и полуди.

    Ми се чини само си бараме банални причини да прославуваме.
    Ајде од утре јас ќе прославувам „фештански“ кога ќе го сретнам згодниот комшија во влезот од зградата затоа што, искрено, ептен ретко го среќавам.
    Има многу поважни работи од новиот календар што ќе го обесите на ѕид кои би можеле да ве направат среќни.
    http://www.youtube.com/watch?v=Tpdd_yhCNS8
    Сите приказни исти се, тажни ко оваа
    ...
    И само.......
    Помисли на тоа што се можеме...
    Можеби е доцна, а може не
     
    На Peppermint, ludoto19, Springy и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Новогодишната ноќ си ја прославивме сами, јас и тој.
    Еден покрај друг бевме, а тоа беше најважно.
    Си посакавме здравје, љубов и среќа и оваа година никогаш да не се случи да ги тргнеме насмевките од нашите лица.
    Чувствувам дека оваа, ќе биде убава година за двајцата.

    Сега е најдобриот момент да се направи листа на цели кои сакаме да ги оствариме оваа 2013 година.
    Ние заедно одлучивме да ја стартуваме годината со здрав начин на исхрана и ќе се трудиме да им одолееме на слатките, брзата храна, алкохолот и газираните пијалоци во текот на целата година.
    Посакувам да успеам во тоа и ќе дадам се од себе оваа цел да ја остварам.
    Има уште некои работи кои сакам да ги направам.
    Затоа утре планираме да ја направиме конечната листа со нештата кои сакаме да ги оствариме оваа 2013 година! Јас верувам во себе и знам дека ќе успеам да изреализирам се што ќе си поставам за цел.
    Предизвикот е прифатен! :)
     
    На Mishela, marama, thinkerbell и 11 други им се допаѓа ова.
  16. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    сдк дека нема ништо по грдо кога у 00:00 сите ти честитаат а он абер нема да ти се јави бре! :@
    епа на вас нека ви е среќна новата година, се надевам дека мене нема да ми биде целата како што започна...
     
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.538
    Допаѓања:
    17.265
    Неможам да опишам колку го мразам татко ми.
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК оние работи кои се премолчуваат поради икс причини, премногу се чувствуваат и ја даваат вистинската слика на истите.Некогаш на шега, велам, дека да пазат што мислат оти се се слуша, тоа е некое внатрешно силно претчувство, интуиција кое некогаш е страшно досадно во ситуации кога нешто не е како што треба.Барем, поради тоа човек си знае што и какви се всушност работите, па без разлика колку тоа се камуфлира.Сепак и човек и да знае која е нивната вистинска суштина, не вреди да обрнува внимание, оти ако тера правда, никаде нема да стаса, а некогаш е доволно истите да се потенцираат. Некогаш животот е многу незгоден, до толку што не може да го одбегне тоа, колку и да сака, да треба да се соочи со оние нешта со кој одамна не ги решил и само си ја одложува својата битка против истите.Се си има своја граница, до каде човек треба да оди со својот начин на однесување, едноставно поради тоа што така е поставен животот.Ако нема граница, хаос, па оди снајди се, работава.Ама ете, некогаш некои луѓе поради тоа што не сериозно ги разбираат нештата, прават работи за кои не се ни свесни, па си даваат за право некого да исмејат, да се постават надмено према други и слично.Она што ги нервира, не го кажуваат, не ставаат до знаење, самите си создаваат проблеми за кои потоа Трпе им е крив, ама тие не се....Ама се забораваат убавите и добри моменти, повеќе се памтат другите, па стратегијата е: памти - па врати и така до недоглед...
    Ќе рече некој, „ ех види ја сега, на нова година, вака размислува“, па зошто да не? Некои немаат ни можност да се прехранат, а камоли да слават нова година...
     
    На lunicka, marama, zarah и 4 други им се допаѓа ова.
  19. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Ноќи неспиени, а сепак одморена и позитивна.
    Љубовта ме крева како ништо друго на овој свет.
    Синоќа не бев со него, небитно, никој од нас двајца не стави акцент на тоа, лани се испонашав како разгалена кучка кога му префрлав за тоа, ми се иде сама шамари да се размавам кога ќе ми текне, ама лани за лани, дете кога ќе се според со сега.
    Секоја година ќе ми е така со споредвиве? :)

    Тивка и мирна ноќ имав синоќа, јас сама со другарка ми, муабет на муабет, вино по вино, филм по филм...
    Ми се чини прва Нова Година каде сум била на топличко и во удобна облека со чорапки до колена и топлинки на нозе...
    Ќе излажам ако кажам дека не сакав да е до мене, и дека не ми беше битно.
    Не искажав,ни кажав нешто што тоа би го почуствувал некој околу мене, посебно не тој.
    Животот е доста суров со него, а уште повеќе ме боли што се тоа се случува пред мои очи.
    Неможам да бидам поблагодарна што имам маж до мене, со толку силен, цврст и приземјен карактер... Животот секогаш го гледа низ убавата страна и целото лошо и секое зло на кое налетува константо како да го дроби и сронува позади себе...
    Јас се молам секој ден, тоа да се смени.

    Животот во Македонија е права беда.
    Младината нема надеж, нема сон, нема светла точка во која да се надева.
    Идиоти насекаде околу нас, идиоти на чело на државата, идиоти се борат да управуваат со дравата.
    Секој еден, без разлика со статус на богатство, сите луѓе, верувајте осетија остар ветер и доза на беда годинава.
    Се прашувам од година за година ќе е вака?
    Што ли ме чека за некоја година кога ќе треба да барам работа?
    Како ли да се поставам, ни со арно ни со лошо не си.
    Ни човек да си, ни вол да не си.
    Што да си денес да бидеш среќен?
    Прашања кои ме преокупираат, ме изморуваат.
    Која пуста надеж да ја впијам?
    Сакам, очајно сакам целокупно 180 степени мењање на некои работи во Македонија.
    Сакам да биде држава каде што ќе сакаме сите да останиме, а не да бегаме и да ја пцуеме и колнеме неа, и тие што водат и што се тепаат да водат со неа.
    Смешни и страшно очајни ми се, вришти сељачкото нивно повеќе од никогаш.

    Новава година поубаво не можеше да ми почне :)
    Веќе, кажав, синоќа не бев со него, здравје, ќе бидам следната, последната, цел живот е пред нас, млади и весели сме си, нас денес ни беше вистинската прослава.
    Мислам дека бев единствената сабјле која бркаше автобуси во 9 :)
    Но, самата помисла што ме чека, ми се идеше да си летнам пешки.
    Си стигнав кај нас дома во 11, го разбудив, си се изнамилувавме како да не сме се виделе 3 дена(после 3 дена се разнежнуваме како во филмовите,обично кога си одам за Неготино е тоа), направив кафенце, муабет а воедно си чистевме.
    Накај 2 веќе се беше спремно, сум ја наместила трпезата перфектно но без храна! :D
    Неговите стигнаа во 2 а со нив и храната.
    Живели, муабет, јадење, смеење, позитивност и топлина, иако не бев дома, пак ми беше убаво и скоро исто спокјно како да сум дома.
    Чувството кога си меѓу луѓе кои ги сакаш и кои те сакаат, е незаменливо и единствено.
    Живели за тоа.
    Времето запре и денот ми помина како во една секунда.
    Со мир во душата толку спокојно сум си раскревала после...
    Како јагода на шлаг буквално...ја имав најстрасната предигра и воедно еден од најдобрите сексови во цел мој живот... мх мх мх

    Да сте живи и здрави дами мои и нека годинава работиве удрат повеќе на добро :)
    Среќна Нова.
     
    На kravce, marama, ludoto19 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Умор, ли е умор,
    голема мака џаболебарска.

    Стани си поручек покасно,
    легни си по полноќ порано.

    Поручек сарма јади си,
    Навечер руска к'сни си.

    ај, пусти да е, пуст да би
    остана живот швалерски!

    Роди се човек – мрза биди
    роди се човек – мрза умри,
    скотски цел живот лежи си
    на други, туѓи кревети.

    :wasntme:

    My life inspiration.

    Ма сега како му се мерачам на креветчево, мое убаво.
    Па го лежам секоја вечер, нормално дека и оно ме чека.
    А јас не сакам да го мачам психички. Одам во неговите топли прегратки .

    Инаку оглувев. Да, не лажам. Бев на рок журка. И се беше во ред додека пивото не почна да кулминира во моето тело. И тогаш влегов во такси и ме пречека една многу добра песна
    „Ех Бранка, Бранка, Брааааанка, кажи ми Брааааанка, кој је крив за нашег растанкаааа “

    И такви нагли шокови од промена на музика, ми ги прокрвавуваат ушите.
    Затоа кога дојдов дома, ми викаат во фрижидер имаш гибаница.
    Молим? Лапавица?? Нема лапавица.
    Абре гибаница.
    Кивавица?? Кој има кивавица??

    |(

    Мислам дека ме потроши денов. Како креда. Сега сериозно одам да спијам.
     
    На kravce, lunicka, ludoto19 и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.