Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    СДК дека ми е преку глава од луѓе кое не се сигурно во тоа што го кажуваат а шират дезинформации...
    Аман бре луѓе...пред време сите ги направивте мртви -.-
     
  2. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Серќна нова година на сите феминки да сте живи и здрави и се што сакате нека ви се исполни во новата 2013 год позз
     
    На hermosa и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  3. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    3.666
    Не сум веќе луда ( глупа, наивна ) да верувам во тоа дека на добрите секогаш со добро им се враќа !

    Колку си полош со некого - толку е тој подобар со тебе. Интересно, многу.
    Убаво вика другар ми - добро е да бидеш ценет, ама од друга страна не ценат ако си добар...
    Затоа само дрско и ГАЗИ !!!
     

    Прикачени фајлови:

    На machka1, Galaxia, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК џабе е се во животот, ако сето она кое што ни се случило не ни даде никаква поука.Едноставно само механички човек ќе си ги повторува грешките, и нонстоп едно исто ќе прави до недоглед.Некои работи не се стекнуваат на факултет.Луѓето треба да ги остават другите луѓе на мир да си го живеат животот онака како што тие сметаат дека треба, никакво фајде нема ако нонстоп го следаат туѓиот живот.Ако истите што нонстоп го следат туѓиот живот, наидуваат на нешта кои сакаат да ги знаат и притоа не дознаваат она што сакаат, веројатно затоа што истите не се заслужиле да бидат во тек со настаните на туѓите животи.И како не разбираат зошто не се во тек? Или чекаат некој да им каже дека не треба да се мешаат онаму каде не им е местото? Како тоа, ако некои не сакаат кучиња, треба и другите да не сакаат? Како може некој на тоа да се чуди? Не ми е јасно.А искреноста...аплаузот кој е наменет за истата, а е насочена со злобна намера кон некого, не е сертификат за нејзината автентичност.Значи, со други зборови, не држи вода.Ако некогаш некаде било запишано дека некои работи во животот не се фалат, тогаш со право е така, само ако човек доволно добро знае да ја забележи суштината на истите.Ама пак ќе речам, џабе се записи, џабе е се ако некои работи човек ги нема во душата.Надградувањето на личноста не е на начин на кој постојано некој ќе демне некого, со цел да пронајде нешто лошо во тој некој и да го распне, туку барајки добри и лоши страни во себе си и извлекување поука од секоја ситуација, па макар била и незначајна.Зарем некој луѓе кои повредуваат некого, не ли мислат дека тоа ним им се случува во секоја можна ситуација за која мислат дека има нешто што им пречи, со други зборови им вади очи? Да, животот е премногу ироничен, до толку што тоа и не е баш забележливо, освен ако човек не се сконцентрира за да забележи.Уствари, што има врска, има и други животи, па во овој ќе прават што сакаат, па ќе го трошат на такви работи, како претходно споменатите :^) Битно ќе се знае дали Обама јадел или не....а другото, што е битно...Нели, како прават, некои ќе утепаат куче, според нив, ма што има врска, тоа не чувствува, не, па душата ќе му ја извадат, после ама не сакале, не биле такви, од шо многу го сакале кучето, го утепале, мислам жив пример.Многу ме боли душава ко ќе видам некое повредено животинче, срце ме боли, ми се чини ќе ме фати, до толку премногу.Незнам како некој може да не сака животни, па тоа со очите ко ќе погледнат, така жално, некако, ми иди да ги изгњавам, изгушкам :D
     
    На Jagoda123, tweety26, Ilusionist и 2 други им се допаѓа ова.
  5. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Ги лајкнав (речиси) сите новогодишни фотографии на фејсбук, сега можам мирно да спијам. :whew:
    Не за џабе се сликале луѓето! :lol:
     
    На Lov3, senza.parole, Elennaa и 10 други им се допаѓа ова.
  6. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    121
    СДК не ми дрема ни нај малце за некои ’’луѓе’’ :D
     
  7. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    СДК многу време бев отсутна од фемина...ама да знаете дека ве читам одвреме на време... И сакам на сите да ви ја честитам новава година, се што ќе си посакате да ви се исполнит :*
     
    На Elennaa, kolache.99 и anabel-a им се допаѓа ова.
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Новогодишно расположение... гледаш дома сите пред телевизор или компјутер си гледаат филмови и серии или си играат на компјутер, си се радуваат си се смеат си уживаат, а ти се мислиш абе кој се досетил со физички закони да објаснува движење на мускул... абе ти се молам :@ :@ :@ :@ :@ Не можеш еден оброк нормален да имаш и да се посмееш како човек зошто тука секогаш ќе бидат испитите и колквиумите што ќе те прогонуваат и така ќе ти даваат неспокој во душата. Само да ве положам па има сите книги да ги искинам за сета нервоза и стрес што ми ја направиле. И така знам дека не сум воопшто активна тука ама немам многу време... уживајте во празниците и внимавајте кој факултет ќе го изберете :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lizzy.Grant

    Lizzy.Grant Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    46
    СДК Убав јануарски ден.Уште снег да имаше :|

    Планирам да го деактивирам фејсбукот.Многу ме нервира самиот тој како појава,а и сликите што се ставаат на него.Особено овој период,Нова Година,дочеци и што не..Па слики на девојчиња на моја возраст кои ,,лудо и незаборавно'' ја дочекале 2013 |( Ајт.Нивен живот,доста хејтам. :D

    Ви кажав дека е убав денов ? Епа не е.Многу е маглив. :worried:
     
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ви посакувам во оваа година повеќе да се гушкате, да Љубите, да сакате, да се смеете, да бидете пред се луѓе за себе и другите, да не ги цените останатите според материјалноста туку по човечноста, Ви посакувам повеќе да се стремите, да се борите и да посакувате.. да им кажувате почесто на своите колку Ви значат, сонувајте и остварувајте! Среќна 2013 Година!!
     
    На Hipster, bittersweet, crazylady и 18 други им се допаѓа ова.
  11. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ви посакувам во оваа нова година, никогаш да не ви бидат празни новчаникот креветот и срцето
    Сакајте се затоа што сте единствени,смеете се и кога вие најтешко само така ќе изгледате поубаво,радувајте се на животот и оставете да ве води магијата на моментот.
    Само денес ќе бидите помлади од утре,а постари од вчера.
    Животот е сепак еден,знаеме дека не е панорамска слика туку пат кој оди по угорница
    Но со малку воља и вистински луѓе покрај себе,ќе успееме да го достигниме невозможното.
    Имајте пријатен ден !


    http://www.youtube.com/watch?v=1G4isv_Fylg
     
    На AlanisM, senza.parole, pamelche и 9 други им се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера за кратко и преведуваш изигрував :lol: ама штета не постигнаа договор двете страни штета :(
     
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    На раскрасницата кај Палома Бјанка секој ден од 19 часот продава весници чичко Делчо, бездомник, на 1 ви заедно со Сандро Николовски му купивме индијанки, кифли и му дадовме паричка зошто гледаше во храната на излогот на бурекџилницата кај главната автобуска станица, го прашавме што му треба ни рече јакна, и чевли број 46, доколку некој има некакви блузи, панталони, чорапи, за маж висок околу 1,80 м или пак храна и слично би било убаво да му однесте, јас најдов јакна ќе ми ја однесам периодов, ама не е на одмет уште некоја, тој е скромен мирен човек, побарајте го на раскрасницата кај Палома Бјанка, секој ден после 19 часот и помогнете му..
     
    На Sunchild, Juicy03, moonlight-girl.55 и 48 други им се допаѓа ова.
  14. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Ништо корисно направено во новата година.Ништо освен лежење и јадење.Досадно еее :|
     
    На Glossy-girl и anichka94 им се допаѓа ова.
  15. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Наравоучение :
    Немав гордост за луѓе што ги сакам. Денес сфатив дека не вреди.

    You're welcome. :)
     
  16. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Ја сакам AngelOfArh :inlove: :* штотуку ми го спаси ноктот од непотребно сечење :rofl:
     
  17. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    10.113
    Стоп за надградба на нокти, акрил и циркони! Стварно не ја разбирам убавината во овој тренд, девојките што правеле нокти викаат многу било креативно, се дружеле со другарките и по нешто заработувале. Класичен кич! Женски свестете се тие акрили и чуда имаат хемикалии, ги уништуваат вашите природни нокти, станувате зависни знашто вашите нокти се луштат во слоеви кога ќе падне гелот. А за дизајнот на ноктите да не коментирам згрозена сум.:x
     
  18. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Доколку се водевме по Cover сликите на македонските ФБ профили:

    -90% од нашиве девојки се палат на паметни мажјаци, пошо као smart is the new sexy, нАли, за идол имаат (просечен) маж од историјата на англиската книжевност и живеат водејќи се по некоја негова исклучително мудра (љубовна) мисла - сексот не е битен, се разбира - и тоа во Париз, и имаат т’нки грисинести нозе со 15+ црна штикла... А, да, и вртат секси хулахоп или хеланка на нив, тие две никогаш не сум ги разликувал. :D
    -90% од нашиве момаци имаат базен по дома или во маало (24/7 легачат во него), коктел-бар исто така, и возат некој футуристички автомобил... А, да, колата да биде дреч боја, по можност, зашто drech is the new sexy. :D

    Е, ама не е така... :rofl:
     
    На EleMental, crazylady, Feuerwerk и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Денов е прекрасен значи,само за шеткање. :) Ќе го почекам момакот да си дојде од работа и ќе го убедам да прошетаме на јануарсково сонце. Се чувствувам како да е пролет,а не зима. :D
     
  20. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Е вака и доликува на една година да започне.
    Релаксирано и мирно. Со мачорот си ја пречекав новата, со мачорот и си ја испратив старата година.
    Месец и нешто помина а јас лудо заљубена и си блескам од убавини и мераци.
    Само нека продолжат вака да се одвиваат работите, на секое поле. Убаво почна годинава, нешто ми кажува дека ќе биде и многу поубава и посреќна од изминативе. Дај Боже, сите што ми значат да ги гледам насмеани и расположени.

    Ви посакувам и на вас убава и успешна година.
    И додека сум уште тука да си се пофалам дека денес си полнам 17 години и да ве почастам!! :makeup: :mm:


    само да се пиело... :?:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На bittersweet, The-Queen, kate21 и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.