Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738

    Го паметите ова душиче??? :) Конечно му најдов домче. Среќна сум. :wasntme:
     
    На Nyan-Cat, Hopeful, Strumfeta93 и 22 други им се допаѓа ова.
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Еј среќна сум!
    He is coming home!
    http://www.youtube.com/watch?v=k-ImCpNqbJw
    Некогаш колку и да си исполнет,сепак ти фали нешто.
    Нешто за кое не си знаел ни дека ќе ти недостига, затоа што научена си со него 24/7, но еве сега Ашлинг плачи од среќа дека конечно ќе си го види братчето.
    Сепак некои работи се бесценети, безусловни повеќе од било што во моментов.
    Ништо не ми треба сега,само да ми дојде здрав и жив и да си го гушнам и да ми помине празнинава што ја имав изминатиов период.
    Си го сакам <3
     
    На Hopeful, LivingGlam, AnaKarenina и 3 други им се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.944
    Допаѓања:
    123.520
    Ми горат ушите и образите,сигурно некој ме оговара |( А и денес имаше зошто,најубава бев на работа бе,сите ми издадоа комлименти,новата сукњица ќе ја биде :P
    Ми го разубавија малку денот комплиментите од колегите,било искрени или неискрени.
    Уште повеќе кога низ канцеларијата се назирна сонце! Кафето дури со мерак го испив,а не како секогаш горко подголтнувајќи.На колешка ми и реков-еееј сонце!!! Она искоментира со следнава фаца |( - сонцето не било уопште битно,сме имале еден куп работа!!!Де бре ,пу,не смееш ништо да кажеш!!! |( Баш вака ја погледнав,исто ко нејзе,си реков кој дебил и намќор :x !Да не се радува на сонце,се радува ли на нешто воопшто???....
    Мене и те како ми влијае позитивно.Дури и пешачев една станица плус од мерак за сонцето,и мерак за сукњата -сега да не се лажеме :P :lol:
     
    На Divinebutterfly и LilBaby им се допаѓа ова.
  4. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    сакам дакажам дека отикако си дојдов само лоши вести слушам,почина вујко ми почина комшија драг,почина гоце аман сите ке изумрат во Струмица бе алооо :( на крај и по болници се влечам и значи ми иде да се измушам
     
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Бзззззззззззз, звукот на машинката за тетовирање ми одзвонува во ушите. Утре е големиот ден, утре е денот кога ке има плачки, крици, и солзи, ;( Знам, досадна сум со ова веке, и се би дале да не пишувам на оваа тема веке, но ве молам издржете ме уште малку, ве молаааааааааааааам :wasntme: Знаете што е најтрагничното од се? Што никој не сака да дојде со мене. |( Дечко ми се плаши од игли и не сака такви работи, другарките утре се вракаат од Скопје дури одкога јас ке завршам со целата работа, зарем сама да одам? Зарем не ви е жал за мене бре ;( Некој кандидат доброволец да му ја стискам раката само за пола саат, ништо повеке? Ениуан? :?: :wasntme:
     
    На Divinebutterfly и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    СДК дека ви благодарам на сите Феминки за честитките и ве сакам и гушкам сите :D
    Поздрав и бидете среќни и весели и секогаш насмеани :)
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Добра половина од собата ми е во светки. Дури и Џоџо.
    Мајка ми ми рече декс сум шлакната и дека дури сега се убедила дека сум ја утнала профисијата.
    Ама така си е, штом се нафатам за нешто, нема бегање.
    За неколку дена ќе ви покажам. ;)

    И јас си светкам целата со златни светки.
    Сама баба ми, ми вели дека сум златно дете. Ете во право била.
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Си го заборавив именденот, не дека е некој битен ден.....среќен именден на сите што се викаат Катерина :)
     
  9. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Само уште 50 страни за коментирање во Модни критики :hai:
     
    На LivingGlam и marama им се допаѓа ова.
  10. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    да се немало мир.само што ќе помислиш КОнечно се средија работите етети некој психопати што све ќе ти упропастат :@
     
  11. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК не ми се учи и не ми се учи :(
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Леле бе зошто некој друг не ги забележи работиве што јас ги забележувам? :D
    Never mind.
    СДК Дека доста беше ладно, сега може да дојде лето мислам :D Навистина, ме иритира кога многу врне, кога треба да одам некаде јас, и кога ми врне од сите страни, чизмите и фармерките ми се прават лом, а косата изгледа како да има лоши суканици :D Си доаѓаш дома, се преслекуваш и само слекуваш алишта, и слекуваш и слекуваш, до бескрај... |(
    Ајде барем утре нека има сонценце, да си шетнам малку раат.
    Интересна е темата за времето, можеш да ја зборуваш со секого, и не само што можеш туку и ја зборуваш. :D
     
    На Divinebutterfly и esperanca им се допаѓа ова.
  13. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк не е до мене до уредникот на страницата е :)

    Верен читател ми е :rofl: ми ѕирка секојдневно на профилот и се радувам вака кога ми ги објавува но си викам да не станам малку досадна :wasntme: преку еден ден ме објавува :)
    ..ме изненадува со e-mail-ви за да ме праша дали дозволувам да објави нешто од мене :)
    :tmi: :$



    Насмеана.
    Нови фармерчиња.
    Болка во ноженцата но како и да е вечер ќе ги мачам пак има да играат ехеее :)
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.250
    Сдк си имам килимче! Ама знаете какво! Уникатно!
    Аладин и Џасмин бурек да јадат!
     
    На anneyy, Neytiri, Miss-Independent и 2 други им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Благодарение на семестралниов распоред, среда стана новиот петок. А бидејќи според најновите истражувања Скопје е најзагадениот град во светот, решив наредните четири дена да ги поминам на планина. Да се наспијам, да се одморам, да ги прочистам белите дробови со планински воздух и да пешачам. Следните четири дена ќе бидеме само јас, тој и топлата викендичка опколена со зимзелена шума. И ништо друго нема да ми треба. Следните четири дена ќе бидам надвор од цивилизација, надвор од мобилни и интернет мрежи. И тврдам дека ништо од тоа нема да ми недостасува.
    Веќе си го спакував куферот и едвај чекам да заминам. Во последно време стагнирам со инспирација. Треба да си ги ослободам мислите за повторно да пишувам. Ќе фотографирам, ќе пијам чај на тераса и ќе уживам во последните есенски денови. Ми треба таков одмор од животот.
    Се читаме за неколку дена :hai:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На PrinceOfPersia, sesilija, Adi888 и 24 други им се допаѓа ова.
  16. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59
    Епа,и јас нешто како тебе.Само што,овие 4 дена јас ќе ги поминам на чист воздух во викендичката на баба ми и дедо ми(секако без нив) :D
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Денес е роденден на мојата Русинка! Ја сакам премногу, таа е мое сонце, таа е шамарот кој некогаш ми е потребен, снежна топка по фаца, огрев во зима... и се позитивно и реално!

    Едвај чекам да си дојде, да ја гушкам додека нејзината густа коса ми влегува во устата и ми пречи. Ама си молчам јас :emo:

    Среќен 19ти сестро! :l:
     
    На zhap4e, ines.h, Strumfeta93 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам како во мене да има некое мало човече кое постојано вриска, бара да излезе, бара мир.
    Уште колку ли ќе треба да чекам да помине годинава, да се отарасам од сите незгоди што ми ги донесе?
    Ништо не ми останува освен календарчето до мене и да си шкрткам денови.

    Ма, се` треба да се убие.
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... како фино ми пулсира предново запче, ми се оди да си го откорнам со пар домаќински клешти ! :devil:
    Утре конечно кај чичко заболекар, да ме оправи, препекав од болка.
    Се мислам така, болката ајде некако... боли де, ама стисни заби (ова метафорички, ако ги стиснеш апла , тешко дека нешто ќе се поправи), ама стисни гаќи и ќе помине де.

    Ама звукот... звукот на брмчалката... ме прогонува со денови потоа. :|
    Да не зборувам за аромата која си ја носам со себе после посетата на забар.
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ладни раце, слаба струја, а тек зимава пред мене.
    Ужасно е тоа како се справувам со ладното. Зборот ми беше, НЕ СЕ СПРАВУВАМ СО ЛАДНОВО.
    Зимурлија тешка, колку сакаш облечи се, рацете мраз ладни. Жити топлото срце златно.



    И така денес сфатив дека ми недостасува менструација. Не ја колнете кога ќе ви дојде, радувајте се што ви доаѓа. Зборувам за девојки кои не се план да забременат, така.
    Веќе 4 месеци ми е пореметен циклусов, секогаш доцни, и таман претходниот месец помислив ќе се стабилизира, еве го пак да ме демантира.
    Се трудам да не ждерам многу, оти бааајаги се здебелив. Се трудам да не се нервирам многу околу ова, но пуста душа нервозна не ми дава.
    Живчана сум, живчана, јас сум многу живчана, поживчана здравје.



    Може требаше да се испукам на друго место, а?
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.