Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    12.084
    Пол:
    Женски
    Баба ми, бог да ја прости, секогаш викаше дека домаќинката мие садови со зеленото од сунѓерчето. Па секако, логично е да ја слушам баба ми, а и онака со обратната страна садовите не се мијат.
    Бабо, а да знаеш како мијам садопер со жичка и вим.
    Некогаш, навистина ми недостигаш.
     
    На sweet-cherry, Micheleljubov, kate21 и 25 други им се допаѓа ова.
  2. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    :devil: :inlove:

    [​IMG]
     
    На Lux, Galaxia, EleMental и 2 други им се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Хуху 45 степени :sweat:
    Најлошото тука е кога е волку топло е и страшно ветровито па не можеш ни приквечер на плажа да отидеш освен ако сакаш да се наголташ песок ;(

    Дома под клима и правиме со малиот колачи, му дадов пластично сукалче и сука ли сука :lol:
    Ако не му дадам да си игра и он нема да можам ни јас да правам, неред колку ти душа сака.
    Дојде една комшика онаква припростичка, не сакам да вреѓам ама со 4 одделение во ово време не може да биде многу паметна и го гледа малиот како сука и ми вика треба да му турам обетки и да го прекрстам во Матеја |(
    Многу ме нервираат вакви ограничени личности :swear:

    Татко ми се враќа утре едвај чекам да му кажам дека повторно ќе биде дедо а тек свекрва ми, па,па,па уште ако биде женско уууууу ќе ми приумре жената од радост ако е машко 10 внук ќе и биде :)

    Вчера кога се спремав за на лекар го гледам малиот се бацува во огледало, го прашувам
    Што правиш?
    Сакам.
    Што сакаш?
    Мене :rofl:
    Нарцисче мало :P

    Ово е доказ дека не е само моево дете лудо :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Chica.Loca, Sexybaby86, Micheleljubov и 38 други им се допаѓа ова.
  4. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    СДК денес сум цел ден затната! Аман веќе! :(
    Лека ноќ на сите! :*
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Сакам, многу сакам да сфатам дека не треба да се нервирам што пола од девојкиве се родени да шмекаат туѓи дечковци. Мислам какви родители ги воспитувале тие малечки шарлантно-кокетни девојчиња кои упорно го сркаат со поглед вашиот дечко? Па уште влегуваат во машки тоалет по нужда за да им ги видат патлаците на мажите. Се чудам на паметов на ваквиве:..
    Јас да ви кажам, било кога и да приметам дека некој дечко ме шмека, а воедно и неговата девојка е во близина, секогаш се преплавувам од срам и ми е непријатно за девојчето. Секогаш се трудам мојот поглед да не се судрува со погледот на запалениот мажјак.
    И никој не може да ме негира, бидејќи навистина на ваков начин се однесува една Дама. Дама е целосен пакет - убавина, харизма, зрелост, наивност, искреност, невиност, зрачење од километар со посебен сјај + Дама е девојка која никогаш не ја гради својата среќа врз другата несреќа. Дама е девојка која не им завидува на останатите девојки.

    Поминав тешка недела. Како некој да ме боде со игличка и на моменти дивее ѕверот во мене. Станувам лошотилак на кубен. Не знам каде и кога го загубив компасот на живеење во светов. Од соочување со толку одвратни карактери изгубив верба во луѓето, а не знам ни кај сум јас.
     
    На moonlight-girl.55, Serafima, tessi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    СДК дека и баба ми е на форумов,ја открив :geek:
    A ,да редактирам.Планирам задутре да се видам со сестра ми :) :angel:
     
    На Jagoda123, pamelche и anneyy им се допаѓа ова.
  7. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.534
    Допаѓања:
    17.259
    Кога ви е преку глава од броењето ов(ф)ци, земете бројте споменици, мислам дека делува :geek:
     
    На OneDirection, LittleFairy и Hipster им се допаѓа ова.
  8. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Денес, најголемата грижа на внука ми беше како тоа Дедо Мраз знаел каде живее, дека има братче, и зошто така скришно заминал кога и го оставил пакетчето.
    Душо моја, што се би дала да ги имам твоите грижи и години.

    И јас сеуште се радувам на пакетчиња, нека ми даде некој едно пакетче бее..
     
    На Serafima, teddybear, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.244
    Допаѓања:
    10.421
    Пол:
    Женски
    Ииииии како тоа сите честитаат НГ, дават извештај како си поминале, а јас незнам?
    Без мене ахаа? ]:)
    Шала настрана, од 2012 не сум ја прочешлала темава, само ве гледам во модни критики колку сте биле убави, да немаше една 'позната' на форумов и јас ќе постирав од мене, чесен збор! :!:

    Мојот престој за НГ до последен момент не се знаеше, се мислев дали во кафич или кај еден другар и се одлучив за второто многу јасно и направив добар избор.Уствари ОДЛИЧЕН ИЗБОР.
    Во домашна атмосфера, а бевме издасани ко за кафич 8) само што немаше испотени мишки и срчи на сите страни.Плус караоке, мх мх прајлес.
    Ама постновогодишната атмосфера и те како се познаваше, оти сабајлето у ситните саати кога си одев дома, а на секој работен ден нормалните луѓе на работа би оделе ја вака се осеќав:


    И цел ден бев ваква


    Толку ни се заарни, што и втората и третата вечер ги поминавме во домашна атмосфера.Ко некои пензионери. :lol:
    И да не заборавам, Среќна Нова Година на сите вас, само здравје, а се друго треба да се заслужи.


    Поздрав. :hai:
     

    Прикачени фајлови:

  10. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Епа ајде како што е редот нека ви е СРЕЌНА новава 2013 :party: ,веројатно повеќето полагаме надежи дека ке биде мноооооооогу подобра од изминатава .
    од време на време ѕиркав низ форумов ама не бев расположена за пишување .Кај мене ништо ново, СТАГНАЦИЈААААА ,пробувам да ја доловам таа празнична еуфорија ама не ми иде ,се тешев во ПМС сум ама и тоа помина а расположениево ми е еднакво на нула ...единствено ме радува и исполнува мојата месечинка
    ( кучката моја да не ве збунам :P )
    со неа сум преокупирана цело време и ми годи, ептен ми годи да се грижам за неа и безрезервно да си се сакаме .

    Kаренин воопшто немој да се замараш со такви прости неизживеани девојки кои патат за внимание најверојатно не им е пружено доволно љубов од најблиските па сакаат да го надополнат тоа со нивните ниски постапки.
    Сите сме луѓе ама ретко кој е човек ;)
     
    На julie77, Miss.Ricci и karenin им се допаѓа ова.
  11. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Make it or break it!!
    Нова серија која ме опседна!
    Беше љубов на прва епизода!
    Не се чудете ако ме нема во следниов период, или учам или гледам серија!
    Дури и спиењето го намалувам под дифолт на 5 часа максимум!
    Да не се лажеме, секако серијава ќе ја изгледам за 3 дена најмногу :)

    Собата си ја преуредував по стоти пат...
    И не си одам до 9ти, таман да се направам буре :( :lol:
    Ма гајле ми е, после 14ти почнувам турбо со вежбање, си знае XMan, си направивме пакт јас и он!

    Добра ноќ одам јас да водам љубов со серијава.
     
    На Micheleljubov, XMaN, happygirl и 9 други им се допаѓа ова.
  12. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Абе тешко ми е. Не оди вака,не оди.

    Loneliness as a situation can be corrected, but as a state of mind it is an incurable illness. Уствари,ова е најточното нешто што сум го прочитала деновиве.
    Решив да не се давам и да се изборам до крај за она што го сакам, ама не можам да се борам за нешто што не постои и за нешто каде што ништо не останало. Сакам да имам некој до себе, сакам да се испразнам тотално, сакам целиот хаос да се среди. Ама не оди, а и секако знам дека во мене е проблемот. Јас сум хаос. Тотално. И постојано се тешам дека ќе биде добро,ама не е. Сакам промена,а не ја правам. Не знам, цел свет ми се руши. Ебено тежок филинг е кога на некој посебен си му важен цели 0 проценти. И тешко е кога се е даун,а не знам начин да го сменам тоа.

    Што ми треба за излез од очајнава ситуација стварно не знам, ама се тешам со она дека денот ќе ми донесе нешто ново и дека ќе се среди се.
     
    На julie77 и tessi им се допаѓа ова.
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Си почнав пак со старата навика, седење навечер, спиење цел ден. Ама не, морам да се оправам, вака се ми е испомешано :x.
    Ама од друга страна убаво ми е вака кога никој не ме замара навечер, си седам, си разгледувам се и сешто на интернет :), абе милина. Уште слушалки на уши ми фалат.
    Така е Блек, седи си ти, друг ќе учи за испити. Рано е, да се одморам додека можам :) .

    И сдк дека ми се појави многу голема желба за патување, навистина сакам. Ќе бидам најсреќна ако наредната 2013 година ми биде исполнета со екскурзии до некои посакувани дестинации. Да имам поголема сума на пери, без жалење би ги дала сите на тоа :) .
     
    На LilBaby, Hipster, Rozich и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    3.666
    Ми дојде излив на емоции... Ова е до еден посебен човек 8)
    Доколку некој не сака, немора ни да го чита. Јас не најдов соодветна тема, па го пишав овде...

    На интересен начин се запознавме. Беше таков, дигнат и премноогу самоуверен.
    Јас каде каде помала од тебе. Интересна сум ти била, затоа и почна да ме провоцираш.
    Но, се изненади од начинот на кој ти возвраќав. Не очекуваше, нели ?! :)
    Потоа ми призна дека всушност во мене си се препознал себеси. Ист инат, ист жар во очи...
    И двајцата полни со самодоверба. Поинакви од другите.
    Секогаш беше тука за мене. Повозрасен и многу поискусен.
    Знаеше работи за мене кои ни родениот брат не ги дозна.
    Беше тука и кога бев лута, тажна, среќна, разочарана... Баш тоа и ми беше потребно.
    Си имаше свои работи, а сепак ме сослушуваше, даваше најдобронамерни совети, дозволуваше и да згрешам знаејќи дека само така ќе престанам да се обидувам, а сепак не дозволи да отидам предалеку...

    Пред тебе целосно се отварав без да се плашам дека по тоа што ќе го чуеш ќе го смениш мислењето за мене, дека ќе се смени нашиот однос...

    Ај да не должам многу, знаеш дека никогаш не ми ни одел од рака овој начин на изразување чувства :$

    Само ќе ти кажам ( иако веќе мноогу добро знаеш ), среќна сум што те запознав... Имаш посебен дел од моето срце и нема да дозволам НИКОЈ и НИКОГАШ да го измени тоа. :)
    Ќе бидам тука за тебе, без разлика на се. Ти со мојот постар брат кој од секогаш сум сакала да го имам... ТЕ САКАМ ! :hug: :l:
     
    На marama, bittersweet, Agrona и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    СДК ми се спие ми се плаче АМАН !!! Хронично ненаспана сум. Со душа чекам да помине денот. Уф како ќе си се наспијам утре, недела и во понеделник НЕРАБОТЕН ДЕН :inlove: Кевлија сум зошто нема да работиме. Ве читам вака кога седите до касно на нет и слично, како јас што си седев пред да се вработам. МИЛИНА :$ Е, сега нема така легнување со кокошките, станување со петлите. :lol:
     
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ми дојде и на мене редот да и помогнам на едната од девојките за преводотдругите превеле колку можеле, а една заедничка другарка треба и таа да и допреведе ама и работи паралелно -вчера бев кај неа, се видовме и ми даде што треба да и преведам па така да кога си дојдов домче наместо да дремам пред тв за да го гледам Беверли Хилс, јас преведував прашања, одговори и делчиња од одговорите-останав до 1 и 30 :!: кога го видов часовникот колку е :o :tmi:
    а што ме чека :x да го довршам тоа што го почнав,па да и ги барам одговорите и да и ги преведам не е толку тешко ама има некои изрази што не ги разбирам па нешто брат ми ми помага, нешто ке пробам со Гугл транслаторот да и објаснам се подетално да го научи тоа што треба правилно, да имаат смисол речениците-за испит и треба, а 4 испити спрема одеднаш кутричка при крајот на месецов и се :worried: ја жалам најискрено
     
  17. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Е ова се вика живот. Легни си у 1 саат, стани си у 10 ипол. Па ќе си раскренеш нешто по дома, па ќе си погледаш филмче, па со пријателите заедно.. Ах тешко мене од 21 Јануари. :)
     
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Офф бре, како сте ме преплашиле, во секунда страшна депресија ме фати :D Сум си запишала година на раѓање, а дата не, па кога на профил 26 ми пише :o Се шлогирав, кај ми отиде уште една година без да знам :D Хороскопов (кој два пати во година го читам) во срце ме мава
    Абре фрчат на сите страни комплименти :D јес да ми рекоа косата ми е убава...ама тоа мама...се важи? Јас го уважувам :D
    Иако не сум нешто религиозна, некако тивко нешто во мене се радува за Божиќ. Можеби заради тоа што секогаш потсетува на домот, семејството. Ноќните коледари (оние "магарињата" со више од 20 год. :D ) си знаат, кучето ноќе ми е будно и ги чека :?: За малите, се радувам, многу. Како ние кога бевме дечиња, кога во торбичките повеќе имавме ореви и костени отколку чоколатца. И железните парички и те како се броеја :!:
    Брзо ќе пројде овој Јануари, а Јануари секогаш е месец за дома. А дома си е дома...секогаш најубава и најтопла :) Откривам нова љубов во себе, можеби и веќе била тука некаде закопана...ама ме смирува. Уште толку многу треба да научам за себе и за тоа како да ги сакам другите. Нека има здравје, со тоа и време :)
     
    На Sexybaby86, Micheleljubov, Peppermint и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ова е првото утро кога се будам без твојот повик...можеби и треба да се навикнам.
    Можеби веќе треба и да се одлучам?
    Како да го конкретизираме тој чекор...како, кога ни јас ниту ти не сакаме?
    Но, исто толку знаеме и дека не оди...не оди љубов...

    Навистина љубовта не била доволна...
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Имаше, чинам Пеперминт, еден пост каде опиша како и` била нанесена неправда, еднаш како малечко девојче, а втор пат како возрасна жена.
    Тие денови, се думав што да и` напишам, како да ја утешам, кои зборови да ги одберам за да ја намалам нејзината болка. И деновите си поминаа, јас ништо не смислив.

    Денес, пак, имав можност јас самата, за првпат во моите дваесет и две години, да бидам обвинета дека лажам.
    Отидов на студентски, бидејќи задоцнив со пријавување на испитот, културно прашав дали можам да го пријавам и ми одговорија - "Да, со казна." Нормално дека не се побунив. На прашањето зошто доцнам, дадов одговор дека на последниот ден од регуларното пријавување лично бев на студентски и точно чекав два саата, колку што им е работното време, но истата таа вработена не се појави.
    Навистина немав никаква намера да ја обвинам, ниту да ми ја прости казната бидејќи таа не дошла на работа. Само што ја завршив реченицата, слушнав нешто што се трудам моментално да го заборавам - "Што? Мене ме немало два саата? Па како не ти е срам бе девојче да лажеш, можеби ме немало на пет минути, но за толку време би ме избркале од работа. Е сега ме изнервира."
    И јас почнав да и` опишувам во детали за да сфати дека не лажам. И` кажувам дека имаше редица од десет души пред мене и дека жал ми е што никого не познавав за да имам барем еден сведок. Дека ни вработените од другите шалтери не знаеја каде е таа, дека ги имаше оставено ташната и капутот и затоа се надевавме дека ќе се појави.
    Тогаш се појави чистачката, па почна и неа да и` се жали - "Ја слушаш ли, вели дека ме немало на работа два саата?" И почнува иронично да се смее.

    Знам дека не требаше, знам дека сум многу слаба, но во истиот момент почнаа солзи да ми течат. Исто како сега, кога се присетувам. И пак почнува - "Одговорно тврдам дека толку време не е возможно да ме немало. И да било така, требало да одите на друг шалтер." И објаснувам дека ако на некого му е работно време до 14, јас го почитувам тоа и не би сакала некој да работи прекувремено поради мене. Па почна - "и ние сме луѓе, може нешто итно се случило, па морало да излезам ама на кратко."
    Аман жено, јас не те обвинив зошто те немало. Што е најлошо, од сите десет души кои се туфкавме во редот и од кои слушнав исти коментари - "Добро кај е оваа, ваква, таква...на што личи ова?", верувам дека сум единствената што се исплаши што ја нема. Бидејќи се` и е тука, а ниту една колешка нема поим што се случило со неа. И јас, будала, бев загрижена.

    Разговорот заврши со зборовите - друг пат немој да ме лажеш. Не знам ни каква основа имав за лажење, ни дали нешто добро ќе добиев, ниту пак можев да си играм со нечија меморија и да го правам глуп. Што е најлошо, други тоа мене ми го правеа.
    Жената навистина не се трудеше да се извади, ниту да го прикрие отсуството, туку едноставно заборавила. Но, тоа не е никакво оправдување за мене да ме обвинува за нечесност.

    Не сум се лутела кога ми ставале пониски оцени, и покрај тоа што ми било одлично научено. Можеби некогаш ми било криво што други со помалку учење и помали бодови, од некоја "случајна" причина биле повеќе наградени. Со тек на време се научив да трпам неправди. Но, во лице да ми кажат дека лажам, дека треба да се засрамам, ме боли повеќе од најлошата расправија со оние кои најмногу ги сакам, повеќе од било каква навреда, повеќе од шамар, повеќе од губење на некој кој премногу ми значи.

    Јаа, која не знам да премолчам вистини кои болат, јас, чија искреност е неделива карактеристика, јас која ќе кажам нешто дури и да не се бара од мене, а со тоа само на себе ќе си нанесам штета...бев принудена да ги подголтнам солзите, да кажам "Извинете" и со душа да чекам да дојдам дома за да се исплачам на раат.
     
    На Monna.Monna, sweet-cherry, EleMental и 25 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.