Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.698
    Допаѓања:
    104.760
    Пол:
    Женски
    Леле девојче да ми беше овде кога ќе те затепав, па одма и идам кај деканот ако ја немало а тој ден треба да пријавам испит, сместа значи. Додуша ние имавме поинаков однос со тетките од студентски, побргу ќе ми го земеше пријавниот лист и ќе го шмугнеше меѓу тие од пред истекот на рокот отколку да ми бара уплатница, но еднаш имав и јас лошо искуство, со една професорка, ма кога се развикав кај секретарката, да видиш како попушти жената, да видиш како ми ја стаи 10ката што и ја даде од милост на колешката која нажалост не можеше да слуша, со апаратче беше па ајде да не се депримирала, мене 8мица за сите одговорени прашања и проекти кој целиот го презентирав сама, а на неа 10ка а не отвори уста. И кажав и на колешката, извини мила ама мене ми зависи стипендија од ова, ми рече во ред е, се изнамачи заслужуваш, ама професорката во една група не давала повеќе од една 10ка и таа решила од сучувство да и ја даде на колешката која не можела да слуша, ахам, кога отидов кај секретарката, ја прашав дали има нови правила на факултетот, дали можеби сега се оценуваат телесните деформитети и недостатоци кај студентите или знаење. Ама сигурна бев дека со таа професорка нема да имам повеќе контакти. Но имав и таква една ситуација во која ми побараа пари а да го положам дипломскиот испит па си преќутев, едноставно знаев дека ако прозборам нема никогаш да положам :x
     
  2. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.670
    Допаѓања:
    8.585
    Пол:
    Женски
    Како македонски корисник честита Нова Година на наш мобилен оператор?
    [​IMG] :D :rofl:
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Животов се научил да ми прави шливки! Ко најголем сељак!

    Да бе... Ќе ме потегне онака животински, ме вшмукува до бол, та не ни знам каде се наоѓам!
    Си велам, момент е, ќе помине! И, стварно поминува.
    Поминува и секоја фама, вредна за кревање галама.. :D



    И, додека повторно ми се умилкува, како најнежен љубовник, па ме разгалува, мази и третира ко кралица, јас сеуште ги гледам темните печати кои ми ги нанесол. Ме навраќаат на некои времиња, болни, а не толку далечни. Секое од нив со свое тешко бреме...

    Кога ја резимирав 12та што помина, сфатив дека бааѓи сум "пораснала". :) И ми е мило.

    Девојки, не дозволувајте да ви прават шливки. :)
    Грдо изгледа, а и не би носеле постојано блузи со високи јаки, или можеби марама? :)

    http://www.youtube.com/watch?v=4HYnVzymph0

    Марама... Да ве потсетам на песнава.

    Ве поздравувам.
     
    На Lepaaa, Ingvild, lunicka и 6 други им се допаѓа ова.
  4. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Најголемата љубов, мојата илузија која живее во едно непостоечко време, опкружени со среќни и не толку злобни луѓе...Ама само фантазија, која секој ден се повеќе избледува и ја губи битката со реалноста,илузија за која не се сомневам дека секоја од девојките ја имала...:)
    P.S Среќна нека е, Најсреќна.. не успеав да ви честитам :)
     
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Мајка ми почна да се подготвува за Бадниковта вечера.Можеби е рано,но таа всушност секогаш најмногу внимание им давала на ваквите семејни вечери,можеби затоа што се ретки,или можеби затоа што тогаш најмногу влдее спокојот.
    Тогаш,за истата таа вечер,најмногу од се сакам да и помагам,едноставно мерак ми е.
    До сега,никогаш не сме купиле лепче со паричка.Секоја година ги мешам прстите во тестото и упорно од кога ќе ја ставам паричката се обидувам да запомнам на која страна останала,за да ја добијам јас.
    Арно ама,никогаш и не сум ја добила.Еве во мојата 20годишна историја,од моето постоење паричка не ми се паднала.
    Можеби звучам како мало дете,ама и кажав на мајка ми годинава да ми ја намести и да се израдувам.А тоа секако нема да се случи.
    Обично од миризбата на убавите посни јадења,едвај чекам да седнеме и да вечераме.Цело време се врткам и викам ајде ми се јаде,неможам.Е кога ќе седнеме,за 5минути пробувам од се и прва завршувам со јадењто.Секоја година истата процедура.
    Како мала,многу сакав кога со баба ми го викавме дедо Бадник да дојде да вечераме заедно.

    Ех Бадник,Божиќ,со душа ги чекам.За мене не постојат поубави празници од овие.
    Ја сакам паричката за Бадник годинава,мислам дека е време.Толку.
     
    На kravce, Lepaaa, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  6. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Мислам убаво ми започнува годинава.. хаха малце смеење, малце плачење, малце дружење..и денес малце танцување.. :) денес настапувам хаха ајде одам јас ;)
     
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Надвор е супер за возење точак, само да немав свирка трубовача во градиве. Се мачкам со Викс, пијам чај од слез и сируп од бршлен. Совршен старт на годинава!

    Сама сум крива. Ракија, петарди на ладно, цигаре мигаре, кока кола, и ете ти. А и се занесувам, признавам. И после зошто пролонгирани болести? Па не седам мадро, жими мене. Ок. Слободна сум три дена, ќе бидам мирна, ветувам. Супа со бибер, музика, филмчиња, чекање Бадник, и Маврово другиот месец, да има снег. Жртви на сопствените глупости сме, некогаш.
    Ги бројам деновите додека да дојде и се притресувам на секоја неугодна ситуација што ќе ја прочитам, видам. Се затворам во стаклено не ѕвоно, ами балонче и чекам да пркне пролет и да се насмеам од душа. Бев на кафе со другарка што студира во Минхен и ми вика - кога и да дојдам во Скопје, се претворам во хејтер! Се’ ми пречи, луѓево мрчат, па мрчам и јас. Си викам - ете што носи невработеноста и апатијата како свој данок. Жива зараза од незадоволство, дури и кога ќе дојдеш од туѓина те малтретира. Се израдував што ја видов, порасната, освестена, прогресивна. Мора во две реалности да жонглира со носталгијата и мудроста. Но, ми значеше што ја видов дека се менува, на подобро, и дека Скопје само ја држи во стагнација и одамна му кажала збогум. Да, нажалост овој наш свет не нуди избор. Се влечкаме...

    Туку, izlez.mk ми ги шалтаат твитовите во електронска верзија на нивниот весник, и ме радуваат. Не дека нешто ќе се смени, ама барем позитивно делува. Еве ви две. За убав ден, ноќ. За радост.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На kate21, Divinebutterfly, Libera и 4 други им се допаѓа ова.
  8. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    http://makfax.com.mk/300069/saudiski_ve ... je_sirijki
    Истакнатиот саудиски верски лидер Мухамед ал-Арифи повика на масовно силување на Сиријките за на „воините на Исламот", кои се борат во војната во земјата, им се пружи „сексуално олеснување".
    Со својата страотна фетва Мухамед ал-Арифи им дозволува на исламските милитанти „влез во краткотрајни бракови втемелени врз полов однос". Тие бракови би требало да траат по само неколку часа, „за да може секој борец да дојде на ред". Ал-Арифи додаде и дека секоја девојка постара од 14 години се смета за подобна „невеста".

    Ал-Арифи е огорчен што многу исламски милитанти последните две години откако трае војната во Сирија немале можност „да легнат со жена". Порача дека оваа негова фетва „ќе ги зајакне муџахедините во Сирија" и дека ваквите „бракови" со сириски жени „им се света должност што ќе им обезбеди влез во рајот".


    Вест на денот. Да претпоставиме дека сум ја мало детенце кое налетало на оваа вест седејќи на интернет и читам дека силувањето е океј. Силувањето е сосем у ред затоа што НЕОЛЕСНЕТ маж нема да може да убива луѓе. За да убиваш луѓе (да ја вршиш професијата у случајот) треба да си го исфрлиш семенскиот материјал у 14 годишно девојче. И во сите жени што ќе ги видиш а не си се олеснил. А тоа малечкото Ајше на Мухамед колку ли имаше? Мирољубива религија. :inlove: Мене како незрело човече ми се сака да се приклучам на овој систем бидејќи ми ветува олеснуење и слободно мавтање со полов орган. :l: Чичево кажва дека вака се влегува во рајот. Полесно никад не било. Топ. Би било убаво некој од таа страна да каже нешто по однос на ова бидејќи во спротивно ќе сметам дека го поддржуваат. И така се размножуваа сите по светот, оти таква беше волјата божја. Или волјата на алах. Или волјата на некој случаен трговец :wasntme:
    Да не чува вистинскиот Бог од вакви творови што газат по земјава додека не дојде тој да ја гази и да му покаже на светот уште еднаш после 2000 години што е милост, што е вера, што е љубов.
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.695
    Допаѓања:
    22.955
    Пол:
    Женски
    ^^ Нема вистински и лажен Бог. Бог е еден и е ист за сите нас. А тој човек (ако може така да се нарече) е кукавица која се крие зад верската руба затоа што по се' изгледа е свесен кој монструозен чин го поттикнува а сака другите да ги увери во спротивното.

    Оваа манијакална постапка нема да ме натера да ги мразам и да ги делам луѓето по религиска основа, затоа што со тоа сум покажала дека сум победна и од него и дека му се исполнува мисијата, која очигледно има за цел раздор и разединување.
     
  11. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сакав да се претварам во нешто што не сум, бев тоа што сум и затоа дебело платив.
    Го платив тоа непознато чувство кое располагаше со моето тело и ми го кинеше срцето дел по дел.
    Само понекогаш ќе се стуткав и побегнав некаде каде што би можела да заплачам.
    Дадов се од себе да го преживеам тој пекол достојно и храбро..
    Многу луѓе ја почувствува мојата болка.Сите тие погледи ми нудеа помош..Но никој неможеше да ми помогне.
    Сама!
    Сама стигнав овде кај што сум. Со свои одлуки, свои солзи, свои нозе и памет!
    И горда сум,ќе признаам, горда на својата храброст и потези.
     
    На LittleFairy, cinderella5, The-Queen и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Доста ми е од книги, од немање слободно време кога сите уживаат во празнична атмосфера... Од механичко читање и чудење какви се глупости учам |(
     
    На Allthatglitters21 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Кога бегаш во сон !
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, sparklie, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.534
    Допаѓања:
    17.259
    Покрај овие компјутерите човек слика неможе да си извади за успомен. Јас решив веќе да почнам да вадам. Вчера извадив неколку од Нова Година, еве си направив папка и од други слики што ми се така поубави. :) Компјутерот може да се расипе, ќе се избришат сликите, вака за сигурно ќе си ги извадам и ќе се сеќавам цел живот на некои работи. Луѓето ќе се сменат, спомените нема, тие се! Најдов една слика на интернет и така планирам да си направам на ѕидот над креветот. :) [​IMG]
     
    На kravce, sweet-cherry, Lepaaa и 23 други им се допаѓа ова.
  15. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Во танга-купачи бегате? :wasntme:
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.698
    Допаѓања:
    104.760
    Пол:
    Женски
    Ма кога бегаш не глеаш у шо си облечен, ехеее колку пати боса сум бегала :lol:
     
    На Ph0enix му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Пак јас со децава. Не можам и не можам да разберам како може да постојат толку проклети деца, не можам. Дали општествово, технологијата, незаинтересираноста од страна на родителите или едноставно самата нивна природа ги прави такви не знам, ама има нешто труло дефинитивно.
    Јас кога бев дете, на прсти се броеја тие што беа „bad seed“, денеска скоро и да нема нормално културно дете, не мора да биде паметно, доволно е само културно.
    Ако некогаш децата биле синоним за невиност, денеска дефинитивно се олицетворение на злото.
    Не разбирам што е тоа што го тера едно дете да измачува животни, а се почеста глетка ми е деновиве. Зошто од чиста мира да фрлаш со камен по мачка? Зошто да задавиш мало кученце? Се повеќе и повеќе идни психопати, расипана младина.
    Јас да дознаам дека моето дете на било кој начин повредило животно на психијатар ќе го пратам, откога ќе му одржам воспитна.
    Одвратни души!!!
     
    На Monna.Monna, kravce, Micheleljubov и 13 други им се допаѓа ова.
  18. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Јас гола бегам :angel:
     
    На Ph0enix му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gorddana

    Gorddana Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    23
    Осамена сум.
    Секој ден сама дома,од сабајле до вечер,сите си доагаат касно.А јас што да правам?! Само шетам од соба во соба.Ми се смачи веке.
    Ми фалат тие денови кога порано одевме на ручек во викендичката и сите роднини бевме заедно,кога цела куќа беше полна со луѓе и смеа.
    А сега,толкав голем празен стан и само јас во него. :clap: |(
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Колку само точно и убаво го имаш напишано ова.Ме потсети на една случка кога бев во село кај баба ми, едни деца,8,9 години сакаа од еден мост да фрлат мало кученце, ама многу малечко.Колку само мрзам вакви кретени.Абе ми идеше да ги фрлам нив од мостот а кучето да го земам.И им отидов,беше минатата година, пошто ги познавав вака по лик од селото.И му викам на едниот- шо му правите на кучето? И ми вика- ке го фрлиме, чек да видиш како ке лета.А другиот отиде негде.И го турнав, го земав кучето, баба ми позади мене беше и му викам.Ај мрш да не те глеам од тука да не видиш ти како ке леташ.И избега.Кучето уште е во селото,баш се слушнав вчера со баба ми,уште си го чувале,пораснало...Значи не ми е јасно бе, уште од мали такви кретени,монструми дури можат да се наречат, ако на 8 години убиваат кучиња,тогаш незнам, родителите ке си ги заколат коа ке пораснат.Психопати...Не ми е јасно,што едно толку мало кученце би им направило па да го убијат.Незнам, стварно незнам до кај оди се ова, сега кучиња кога ке порасне луѓе ке убива.Кретеништа.
     
    На Someonespecial, Juicy03, Ingvild и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.