Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Од понеделник ќе почнам да вежбам али дома
    по нов план па ќе видам дали ќе ми успее нешто ми здосади стариот план еве ми го го новиот
    ПЛАН ЗА ВЕЖБАЊЕ
    понеделник-

    стомачки,рачни,грбни,
    вторник-ножни,заднични,за потенка и поцврста половина
    среда-кардио вежби
    четврток-вежби за дома,брз тренинг дома,пливање
    петок-вежби за забрзување на метаболизмот,трчање
    сабота-за фит и цврсто тело
    Станете фит за само 15 минути
    недела-за поцврсто тело и повеке енергија :D :D :D :D :D
     
    На srcekrsacka, Ammy.Lee и anichka94 им се допаѓа ова.
  2. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    649
    Вечерва е коледе. Како би сакала да шетам вечерва со пештери.Се сеќавам секоја година уште од 16 часот ке се соберевме да си ги довршиме пештерите , па дај да прилепам некое ангелче на пештерата , да ја запалепам свеќата , па договорот во кои згради ке шетаме , па на крајот колку собравме...и на крајот сите зад зградата мажите од зградата веќе не чекаа со запален оган и започнувавме со припрема на вечерата...еееее цели церемонии беа .. :)

    Ке се запали огнот вечерва , со друштвото ке имам прекрасна вечер исполнета со дружење, смеа , радост, по малку јадење... :D Ке си пазам јас , не заборавам на диетата. :lol:

    Ме очекува прекрасен викенд Бадник и Божик се пред нас, моменти на семејството кои ги обожавам.. :)

    Прекрасен викенд :*
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    102.410
    Пол:
    Женски
    Читам низ форумов и не можам да се соземам од некои мислења.Млади сте ,животот е пред вас ,не знам зошто само се кука и се јадикува.Признавам и јас сум таква ,и јас кукам,ама моите години во споредба со вашите се :xПред вас е животот,зошто е потребно толку плукање и негативна енергија.Член сум на неколку форуми ама како што ситуацијата е овде навистина никаде не е.Е ,ќе речете па оди си,ако не ти се допаѓа.И тоа е точно ама ете Фемина ми прирасна за срце некако.Затоа -сакам да ви кажам т.е. да пренесам неколку позитивни мисли.
    Пред да кажете грд збор-помислете на оние кои не можат да зборуваат.
    Пред да почнеш да се жалиш на вкусот на храната-помисли на они кои немаат што да јадат.
    Пред да почнеш да се жалиш на родителите-помисли на оние кои ги немаат.
    Пред да се пожалиш на животот-помисли на оние кои умреле прерано.
    Пред да се пожалиш на нечистиот стан,куќа-помисли на оние кои живеат на улица.
    Пред да се пожалиш за должината на патот кој мора да го поминеш возејки-сети се на оние кои иста таа оддалеченост ја поминуваат пешки.
    Пред да впериш пст во некого и почнуваш да судиш-сети се дека никој од нас не е безгрешен.
    И кога лошите мисли почнат да не фрлаат во депресија-стави насмевка на лицето и помисли си-„Жива сум“
    Пред нас е преубав празник,уживајте во него со целата сила и љубов која ја носите во вашето срце :l:
     
    На potterholic, Monna.Monna, kravce и 25 други им се допаѓа ова.
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    и јога таебо и зумба на понеделник,среда и недела.... :D :D :D
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    И така влеговме во нова година. Уште една така ќе помине. Како и секоја друга.
    Патем нека ви е среќна новата година на сите. И да бидете пред се полни со љубов. Да љубите и да бидете љубени. Знаеме сите дека е убаво.

    Како што ми почна годината изгледа ќе биде доста интересна. :wasntme:
    Како би сакала само нештата да бидат едноставни и лесни.

    И новата година изгледа ќе ми донесе ново искуство. Всушност веќе ми донесе.
    Незнам дали се заљубувам повторно, но знам дека кога го гледам треперам.
    Што чувство ќе беше ова се прашувам, но убаво ми е.

    http://www.youtube.com/watch?v=GOEcgQZu06Q
    :d:
     
    На kravce, bittersweet, tweety26 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.266
    Пол:
    Женски
    Знаете што понекогаш е подобро да не ја знаеме вистината. Кога ќе ја дознаам, останувам скршена. Вака ми е `подобро`.
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога ќе земам нов пар леќи се чувствувам како да имам нови очи. За мене е радост да можам да читам и на 200 метра далечина без да подзамижам. На некој може ни на памет не му паднало дека некој се радува и за такви ствари, ама, јеби га, секој со своја маана.
    Додуша, ќе бев посреќна да се разбудам сабајле и да неам потреба да бутам пластика во очите или да ставам наочари. Од прва без проблем да го видам денот. Ама тоа ти е...
    Затоа денес ме разбуди друга радост, ми се врати дембелиот. Поточно мајка ми го врати, и така валкан, да не кажам гнасничок, ми го тупна во кревет. Го гмечев толку што мислам дека испушти еден звук, и ми даде поглед како да сакаше да каже дека порано да останел надвор отколку ова да го трпи. Го избањав, го замотав ко бебе, му згреав во соба и го оставив да се изнаспие. Абе ќе го здробам од љубов.
    И после како да не им се чуди човек на тие што се чудат на такви ко мене. :D
    Вистина е дека си имам посебен јазик на комуникација со мачорот, ама тој ми е само за во домашна употреба. И вистина е дека му давам да касне од се што јадам јас, макар и последно залче ми било. И дека му пеам песни кога ќе се вратам пијана дома. И дека ми лежи на стомак кога ќе добијам и ми се пика во врат кога плачам. Така си е, и овие работи ќе ги разберат само тие што имале или имаат милениче. Останатите нека продолжат да се гадат, да се плашат и да се чудат. Они губат.
    И пошто се повеќе и повеќе негативно се изненадувам од човечкиот род, мислам дека најпаметно ми е радоста да си ја споделам со животно. Може нема да ми даде совет, ама затоа нема да гледа со завист на мојата среќа, како што, за жал, гледа секој човек.
    Да имав сега чаша пијалок до мене, ќе направев една здравица. За арно, за убаво и за нашите миленици. :d:
     
    На Lov3, Monna.Monna, kravce и 23 други им се допаѓа ова.
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Иако мислев дека оваа 2013 год ќе ми биде подобра,но се излажав полоша е,сега сакам да се врати 2012год во која уживав во секој поглед од животот сега е све срање.
     
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    ... имам голема грижа на совест зошто ја учев баба ми да вика „suck my dick“ мислејќи дека значи „Добар ден“. :wasntme:

    Само осеќам дека гадно ќе патам ако навистина утре отиде во продавница и им рече: „Сак мај дик, дајте ми кафе!“ :|

    Кога не части од пензија - така ѝ е! Се` си има своја цена. :D
     
    На potterholic, Lizzy.Grant, LilBaby и 4 други им се допаѓа ова.
  10. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    преку глава ми е од лицемерни створења :@
    им има ли крај на таквите?!
     
  11. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Уште малку ќе одам на коледарска вечеррр! 8) :party:
     
  12. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Уште денес имам некое претчувство дека утре на сите фејсбук "пријатели" ќе им се падне паричката..
     
    На SimplyElegant, Feuerwerk, srcekrsacka и 7 други им се допаѓа ова.
  13. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Денес има премногу лицемерни и дволични луѓе.Скоро секој денес ти прави лице,ти се умилкува а потоа ти збори зад грб.Или ќе гледа да те искористи за негова цел и после за тебе нема ништо да направи.Или пак некој ти се прави другар,а всушност ти е љубоморен и ти завидува.Тебе нормално ќе ти прави лице.Дали денес постои вистинско пријателство?
    Чест на исклучоците.

    Толку од мене,вие убаво да си поминете за празнициве. :)
     
    На tweety26, SparkyAngel, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Кога ќе престанат да зборат СО тебе, зборат ЗА тебе!
    Браво уште еднаш за мене, што по кој знае кој пат сум верувала на погрешни особи! |( :clap:
     
    На Miss.Ricci и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    КИНЕСКИ ХОРОСКОП ЗА 2013 ГОДИНА

    Од 10 февруари според кинеските астролошки закони 2013 година ќе влезе во годината на црната змија. Итро опасно животно, кое своите лични истереси ги става пред се останато.


    Нема да имаме пари, ќе има многу скандали на светската политичка сцена, различни меѓусебни кавги, па и нереди, но токму поради тоа треба да се инсистира на разум, смиреност и економичност.
    Значи потребно е многу внимание, разум, дисциплина и чувство за одговорност, ако сакаме од оваа година да го извлечеме и она доброто што една ваква година го носи.

    Фокус и дисциплина ќе бидат потребни за да се постигнат што повеќе резултати. Во митологијата змијата често претставува исцелување на физичкото тело . Змијата претставува мудро суштество, кое преферира мир. Иато така претставува тежнеење кон преданост. Со оглед на тоа дека планетата Сатрун тежнее кон стабилност, во текот на нареднава година оваа поланета ќе има многу силно влијание во текот на владеењето на црната змија.

    Во 2013 година. Сатрун ќе биде во склад во односот кон Меркур, планетата на комуникацијара. Новооткриените амбиции ќе не поттикнуваат да правиме што повеќе можеме за да ги оствариме своите цели.
    Сатрун знае како да превземе одговорност, па и во текот на годината Змија исто така ќе биде одбележана со превземање на дополнителни одговорности.

    Оваа година ќе биде совршена за почеток на секоја важна и детална работа. Змијата често претставував длабока трансформација и исцелување. Имено во 2013 година Плутон ќе го изложи она што е скриено преку длабоко расветлување на подсвесниот материјал. Полека ќе ги согледаме причините за многу ситуации и ќе бидеме во состојба да сфатиме некои случувања. Во оваа година треба да си обезбедиме сигурен простор за работа, бидејќи змијата сака сигурност. Нејзе и е потребно да се чувствува сигурно и заштитено, за да може на најдобар начин да ги искористи своите аналитички вештини.

    Самите змии не се грешни, бидејќи не наведуваат на поголем грев од оној на кој некогаш ги навеле Адам и Ева. Тие се само итри, што треба тоа да значи? Тие се подготвени на секакви трикови, а воедно се и мудри. Ако си поставиле некоја цел ќе ја постигнат преку својата мудрост и со помошта на добронамерните заштитници. Змиите успеваат да постигнат нешто во животот.Можеби не се највредните животни, но секако се најтврдоглавите кога треба да ги искачуваат скалилата на успехот. Во главно се оди како подмачкано бидејќи змиите знаат каде можат да успеат, а каде ќе останат со празни раце.

    Популарно за змиите:

    Доблести: организираност, внимателност и мудрост.
    Недостатоци: тврдоглавост и љубомора
    Што мразат змиите: да бидат измамени и споредувани со другите
    Што им се допаѓа: долги ноќни разговори и убави предмети
    Омилени места: сопствената куќа и суви, диви предели
    Класичен одмор: читање книги во својата куќа
    Не може без: заведување
    На работа: одлучна и без голем напор постигнува успех
    Совршена професија: предавање на стари, заборавени јазици
    Најлоша професија: работа во производство
    Односот кон парите: ги сака парите, бидејќи таа тие и овозможуваат да има живот каков што посакува.
    Интереси: роден политичар, професор по латински, филозофија, психијатар и психолог, амбасадор и астролог, голем волшебник, луциден пророк. Ете зашто ми лоша година
     
  16. Lizzy.Grant

    Lizzy.Grant Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    46
    Сакам кажам,не знам речам. :|
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Полека полека почнувам да не се препознавам, не, не личи ова на мене, ова е некоја друга... Ми се вртат мисли низ глава какви што сум немала до сега, ми лета паметот. Седам на фемина и се мислам да напишам еден нормален пост, ама џабе, еве ќе го сјебам и овој. Не ми се збори за ништо, не сакам да зборам за ништо. Останува во мене само таинственото, само она опасното...
    Веќе ништо не е како што беше, па не сум ни јас...
     
    На Ilusionist му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Destroy

    Destroy Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    3
    Ве читам долго време,и конечно се зачленив ...
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.581
    Допаѓања:
    289.926
    Обожавам промени.

    Промена но и било каков вид на пресврт во животот, макар и за 180 степени ми делуваат стимулирачки и ме мотивираат.

    Не сакам инстант адреналин дози во стилот рипање од највисоката даска на базент, најлудата вожња во забавен парк или не дај боже банџи џампинг.
    Си ги знам границите, и си ги почитувам.
    Единствена цел за нивно проширување ќе ми биде личното задоволство, а некаква квази мутава сатисфакција дека сум го сторила истото, макар и што срце ми испаднало.

    Е така еднаш со сиот памет се качив на највисоката даска во еден базент за да рипам. Гледам еден куп деца наредени по скаличките , ред се редат за да рипаат, па си викам они можат а не па јас.
    И така се наредив и јас, лека полека се накачив до врвот и застанав на даската. Е сега дојде олелето...
    ауу нозе ми тежат, стомак ми се превртува, глава ми тоне.
    Еми сега што ќе правам :tmi:
    Гледам назад тоа дечурлиите се наредиле на скаличките, пуно.
    Единствен пат за надоле е да се џитнеш :rofl:
    И така луѓе, замижав...се џитнав, уште живеам и раскажувам за тој момент.

    И на тие вожњата во луна парковите чат пат се качувам, ама на помалку лудите. Повеќе сум на јадењето навртена таму.
    А третото горе набројано, банџито, НЕ ФАЛА.
    Ќе преживеам, ќе раскажувам како јас тоа сум го сторила бла бла бла но не би имало никакво задовоство или уживање.

    Да се вратам на другиот вид на предизвици, оние кои имаат суштинско значење во животот, промените и одлуките кои можат да бидат одлучувачки.


    Сега ќе почнам од оние со помало животно значење, дури на баналност во стилот мирис :rofl:
    Ете така убаво ми е на душата секој ден инаку да си мирисам, па секој ден во неделата се туширам со различен гел за туширање.
    Сакам промена на место на живеење, без разлика друга држава или град, друга култура или јазик или промена на работа.
    Не се плашам ниту да избришал луѓе од животот кои веќе не го заслужуваат местото кое предходно им било отстапено во моето срце, оние останатите, подобрите, заслужуваат шанса.

    Промени промени промени
    Невообичаено за еден контрол фрик како мене, но јас ги обожавам и чекам со раширени раце.
    Секако со предходно воспоставен ред и направен план :rofl:
     
    На kravce, Neytiri, Sexybaby86 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.247
    Пол:
    Женски
    Ако некој ја држи фамилијата цврста, тоа е жената. А мажите? Мажите се лигуши.


    Ми фали овој период да сум во село, да се собираме на оган. Да се собереме потоа во нечија куќа и да мешаме на Аца Лукас :rofl: Веќе 10 години поминале од мојот последен ваков ден таму.
    Па да станам утрото и да ги истераме сите обичаи, да скокнам преку секирче, па маша и не знам што друго беше за да имам здравје и среќа годината. Дур баба го прави најубавото гравче, ја чекаме мајка ми да ни дојде од Скопје, да донесе се и сешто. Кога часовникот ќе покажеше 18 часот, сите по дома, вујковците секој во својот дом, а братучед ми со тешко срце си одеше - Како па да не касне од гравчето на баба?
    Масата секогаш ја носевме во малото сопче на баба, со голем прозорец кој гледа кон селото, ќе се скаравме со баба да седне на трпеза заедно со нас, а таа се брани стара била, да не ни пречи.
    Додека јадеме телефонот ѕвони неколку пати, братучед ми да праша кај кого се паднала паричката. Нели, не се излегува од дома после вечера, а тој нема трпение да дознае кај кого е.
    Ќе се подналутевме ако паричето не се падне кај мене или кај сестра ми, па баба ќе не залажеше со по некое денарче.
    Тиква за здравје, баба лупи портокали и јаболка, а јас и вујко ми ќе печевме костени.
    Вујна ми од долната страна ќе застанеше на тераса и ќе подвикнеше да отвориме прозорец за да праша кај кого е паричето.
    На Божиќ се собиравме сите, повеќе од 15 души, на голем, убав, вкусен ручек. Баба ми со насмевка не гледаше сите собрани на куп, а ако некој фалеше кога ќе штуцнеше- Аааа ХХХ мисли на мене. Да, да мисли...
    Кога ќе се приберевме во Скопјево дедо ми, не чекаше со лепче, не му било убаво да го крши без нас или ако го скршел ќе ни ги чува парчињата да каснеме. По некоја случајност ниту една година лепчето не не промаши мене или сестра ми :lol: Ако во село се паднело кај едната тука, случајно ќе се паднеше кај другата. :lol:
    И од тогаш мене не ми се паѓаше до лани. Дома моите прво се жалеа, ќе отишле сите пари на глупости, немало да има парички ама се зезнаа. Среќа, оваа година финансиски бевме многу јаки, но за жал ги дадовме по лекари.

    Од тогаш, од село не сум била на оган, можеби денес ќе тркнам. Утре ќе замесам лепче, ќе направам вечерњаќ и како по обичај ќе отидам до кај тетка ми на Коледе.

    Му реков не се гледаме до после Божиќ, но сум се зезнала. Ми вика- Ако не те видам вечер, ќе ти дојдам утре на Коледе, да видам дали нема да отвориш. :lol:
     
    На potterholic, Monna.Monna, kravce и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.