Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Витомир, јас сум Змија во кинескиот хороскоп де :wasntme: Ти гарантирам не дозволувам да имаш лоша година :!:
     
  2. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Јас мора да се пожалам од еден Фемин вака јавно.
    Јас незнам како не му е сТрам , да се засТрами веќе, ова што го прави нема смисла. :fubar:
    Почна новава година, и он мисли вака лесно ќе се извлече? Дека се постовите? Дека се советите? Дека е XMaN?
    Ај што се прави на Тошо, па не се става на фемина, ај што не пишув постови, па ни лп не му текнува прати.

    Јави се XMaN, та-ра-та-ра-та! :clap:
    Ајмо сите на три-четири!

    :wasntme:


    Тука бунтови ме тера да кревам на фемина.



    Инаку како сум расположена деновиве, машалах, ишалах.
    Па сум земала низ центар парларам како ненормална, абре мелница. :talk:
    Па и си го обнувувам турскиот, мораТ. И така ми поминуваат деновиве, зборејќи и досаѓајќи на луѓе.
    А бај д веј, го видов мањакот, повторно во автобус, и сега пошто веќе нема нешто што не сум видела :tmi: нема со што да ме изненади, и сум посмирена во врска со целата траума , па сакав да го издувам малце ама не се симна на истата станица. Веќе не сум му предизвик, ме помина и како мивка ме фрли. :(
    Како ќе живеам сега без него??

    :D
    Си ги утнав ја апченцата по сабајле. Не ме осудувајте. Ретко сум вака зборлива, и по обичај зборам глупости. И така.
    И незнам дали оддеднаш си ја трошам цела енергија, ама ме гледаш на секунда напнатор :talk: , а наредната секунда |-) . Како бабенце некое старо. :angel:
     
    На kravce, Someonespecial, Salome и 2 други им се допаѓа ова.
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Мишелка, не си нормална :D.

    Ти си веќе втора што ми кажува дека не добила пп а знам дека сум го пратил, I'm not happy :^)

    Баш се чудев зашто не враќаш ама си помислив НГ, зафатена и не ти се пишува :).

    Изгледа пп-во е се понесигурен начин на комуникација и не знам дали форумот или е некоја друга (непозната) причина :^)
     
  4. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Ај ај вади ми се сеа јавно :wasntme: :D
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Понекогаш колку и да сакам мислите не можат да го избришат она што го има замислило срцето :|
     
    На tweety26 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Здраво Фемина, здраво Скопје! :hai:
    Еве ме и мене повторно на форумов, после 10тина дена одмор на чист воздух :)

    Имам многу што да кажам и напишам, но најпрвин ќе започнам со една убава приказна...
    Често велам дека планината е мој втор дом. Место каде израснав, место за кое ме врзуваат многу прекрасни спомени, место каде можам вистински да одморам од брзото темпо на живот.
    Иако во сите овие години имам видено траги од зајци, лисици, мечки и диви свињи, никогаш немам сретнато диво животно. Ама затоа често среќавам домашни миленичиња кои се изгубени, или на жалост – намерно напуштени. Досега имам сретнато еден мачор, две мачки, еден загар и два лабрадори, мажјак и женка.
    Еднаш на форумов пишував за мачорот Марко поради кој ги засакав мачките. Од планина, го донесовме во цивилизација и му најдовме семејство. Го присвои најголемиот мачкар кој го познавам, па Марко се стори господин мачор кој од планина се пресели во стан во Мичурин. Ах, само јас си знам како го донесовме до таму - му пеев песнички и го галев за да биде мирен, а него место не го држеше во кола.

    Порано или подоцна, домашните миленици кои се изгубени во планина, почнуваат да добиваат по некоја жичка од дивината, што е сосема нормално. Начинот на живот ги принудува на тоа. Можно е да почувствуваат опасност и да ве нападнат, па затоа е тешко да им пријдете на таквите животни. Секогаш се обидувам да ги најдам нивните вистински сопственици, објавувам огласи и прелистувам стотици слики на сајтовите за изгубени животни. Но, вообичаено луѓето кои го изгубиле својот миленик на планина, немаат надеж дека повторно ќе го пронајдат.

    Изминативе 10тина дена додека бевме во викендичката, не дружеше женка сибирски самојед која ја пронајдовме таму. Кога ја сретнавме беше прегладнета, но многу дружељубива и весела. Ја нареков Мона. Ја прибравме и се грижевме за неа, а во меѓувреме ги баравме сопствениците. Секој ден и давав разновидна храна – виршли, пржени лепчиња со јајце, шунка, пилешка салама, пржени кобасички, попара со млеко и лепче... што јадевме ние, јадеше и таа. Се познаваше дека е чувана во стан, па кога влезе внатре, веднаш си седна на тросед пред телевизорот. Ни влезе во спална и си легна на мојата перница, па потоа се бркавме по скали низ викендичката. Прав урнебес! И свиревме со флејта, а таа завиваше, па си правевме дуо трио. Беше многу енергична и по цел ден си игравме низ двор.
    Бидејќи не ги најдовме нејзините сопственици, и најдовме семејство кое се згрижи за неа. Семејството и претходно има чувано женка сибирски самојед, па не се ни сомневам дека ќе знаат како правилно да се грижат за неа. Освен тоа, ќе можам често да поминувам покрај нивниот двор и да ја надгледувам :)

    Ова е Мона.

    Уште една тажна приказна со среќен крај.
     

    Прикачени фајлови:

    • DSCN4827.jpg
      DSCN4827.jpg
      Големина на фајлот:
      237,9 KB
      Прегледи:
      314
    На Crixus, kravce, kate21 и 28 други им се допаѓа ова.
  7. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.710
    блазе си им на тие што си завршија со колоквиуми...мене маките од вторник ми почнуваат...

    пуста навика на учење со подвлекување,незнам колку маркери потрошив... :?: :tmi:
    и овој последниов ми се исуши...МАКИИИ :@
     
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Среќна ме прават малку работи. А и тие се истите оние во кои сум единствено добра. Велосипедизам, пливање и планинарење. Човек да ме пушти би ги правела само овие три нешта. Тие се моето свето тројство. За се друго сум дудук. Ама за се. Почнувајќи од готвење, перење, чистење, учење, па се до пријателство и љубов. Мора 2013 да се преориентирам кон моето свето тројство. Мора да бидам среќна. Мора да ги правам постојано.
     
  9. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    3.666
    Едвај чекам да дојде утре. Едвај !

    И ветувам дека вечерва порано ќе си легнам за да станам утре веднаш штом ќе ми запеат малите коледарчиња на врата... А не како и секоја претходна година да се истегнувам пола саат под ќебе и мајка ми гледајќи дека нема да станам да ги пречека.
    Всушност, јас губам. Ги пропуштам нивните насмеани слатки фацички и целата таа магија, детска позитивна енергија која ја шират. Ееех, јас кога одев...

    Па вечерта па. Сите на маса, ајде вечерата и на крај кршењето на лебчето.
    И не дека се фалам, ама скоро секогаш кај мене се паѓала паричката :wasntme:

    И после, нели не се шета... Ајде, да се слушнеме со баба ми, тетка ми... Оние поблиските де, да видиме тие како поминале :)
    После полноќ - мој родендееееееен ! :party: 8)

    Преубави ми се празнициве, преубави...
    И со поголем мерак ги чекам нив од колку нова година. Посебно па сега.

    Абе ко некое мало детенце сум. Цела сум мераци сеа :rofl:

    Нека ни се среќни и за мноогу години !
    А на вас Ви посакувам мноогу љубов, здравје, среќа, успеси и се што ќе посакате да си имате :hug: :l:

    Во понеделниииик кај мене на тортааааа :^: :^: :^:
     
    На Miss.Ricci, bittersweet, tweety26 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Многу сакам да заврши ова зимата и да дојде лето , :) па со дечкоми да си отидеме на одмор сами двајцата абе милина ,ке си излегваме навечер по плажата ке се шетаме ,па ке мавнеме неколку фотки .
    Оваа зимава стварно е досадна ,стуткана дома седам ,кај и да тргнам ко ке се вратам дома синусите почнуваат одма да ме болат од ова ладно време :( ,и во тие моменти одма ми текнува дека ја мразам зимата ,се убаво во зима само овој студо не требало толку остар да е поготово денес.И цела зима си го барам летото во мислите :D
     
    На Maroon5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Јавно изјавувам дека ова се моите омилени денови од годината - коледари ,бадникови гранчиња ,бадников оган ,греано винце на студов,кифлички руска салата ,бело гравче ,рипче ,печени коштанчиња м.м.м.м ,радост за паричката ...па Божиќ ,семејна атмосвера ..... абе радости :hug:

    отидов јас да се стоплам на огинче и греано винце :hai:

    останете во добро расположение
    http://www.youtube.com/watch?v=YhkXoWvp1CU
    (песнава не ја утињам ниеден бадник)
    је да утре е бадник ама така ми дое да ја постирам де ,гајле ми е ми се свиѓа и тачка .
     
    На kravce, Doozy, Micheleljubov и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.081
    Допаѓања:
    179.157
    Пол:
    Женски
    Во принцип.. а и без него :lol: ја сум таа шо увек ги запазува гафовите на другарките.. СДК ако почнев да си ги запишував моите бисери од последниве денови ќе можев сопствена бисерџирница да отворам :D може и тука ме приметивте.. кој да ве знае :D е се дешава де! :rofl:
    Бисер до бисер... сум деновиве... барем да ги имав и на врат немаше да биде лошо... :angel:
    А..коа веќе сме кај бисерите... енџои 8)

    http://www.youtube.com/watch?v=ykVcUUdLs2A
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Секоја година за Бадник со сестра ми подготвуваме малечки пакетчиња.
    Во украсни ќеси врзани со машничка ставаме: Бонбони, портоколи, костени, ситни парички и мали чоколади.
    Сите ќесички ги ставаме во голема корпа и подготвени ги чекаме малите коледари.
    За утре е се подготвено, се договоривме да станеме во 6 часот наутро, да пиеме кафе и да ги очекуваме.
    Обично првата група коледари се девојчиња, баба ми вели дека симболизираат бериќет и среќа.
    Бадниковото гранче го закачив на новогодишниот венец на вратата и мислам дека се ни е подготвено.
    Да бев дете денеска, денот ќе го минев во договарања со другарчињата каде и кога ќе се чекаме? Кој правец ќе го фатиме и во која куќа најпрвин ќе запееме? :)
    Ееее.. Секоја година дома со полни ќеси се враќав. Сечиј праг моите нозе го имаат стапнато. :D
    Како да се натреварувавме кој прв ќе ги наполни ќесите.. :D
    Сега, како возрасна јас пак си потпевнувам коледарски песни. :$
    Овојпат само пред вратата на баба ми. Тивко и ѕиркам лево-десно да не ме гледа некој од соседите.
    Баба ми ќе отвори врата и ќе ми даде се што им дава и на останатите коледари. Во раката ќе ми тисне и некој денар, колку за една чоколада и ќе ме прими дома. :)
    Ви кажав дека Бадник е мојот омилен празник?
    Утре повторно ќе се надевам дека паричката ќе ја најдам во моето парче леб, ако не е таму Господ сепак нека ми даде среќа, како што правеше до сега, така и сега не барам повеќе.
    И Вам во го посакувам истото. ;)
     
    На Monna.Monna, kravce, Neytiri и 18 други им се допаѓа ова.
  14. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Кажете им на луѓето кои ги сакате дека ги сакате, правете го тоа често ,во секоја прилика, бидејќи никогаш нема да знаете кога е последната можност да го сторите тоа.

    Барем да имав уште една прилика да му кажам колку го сакам..Барем да знаев дека тоа беше нашата последна средба.
    Ме напушти кога најмногу ми требаше.

    Ја слушам песнава и плачам..

    http://www.youtube.com/watch?v=rEXhAMtbaec

    Тато, проклето ми недостигаш... ;(
     
    На kravce, the-girl1, tweety26 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Ептен е убаво кога на сред зима се кова план за летување. Што да се кова кога е закован веќе, се е спремно уште да отидеме фали :lol: Иако едвај чекам да се излежувам на плажа, не си ја запоставувам Крисмас атмосферата. Направив торта со тиква за утре, индиски оревчиња, бадеми и фстаци, рибата се одмрзнува, мајка ми ќе меси лебче, сарма, гравче ... корпа со овошје, бомбончиња и трпезата е спремна. Елката ми трепка и убаво ми мириса на каранфилче цела куќа. Кутрето мирно спие, веќе не дига нога на елката :lol: и се е така идилично. На улица запалиле оган, се веселат со стари македоснки песни, татко ми грее ракија за да однесе надвор, а на мајка ми веќе и светнале очите после првата чашка. Тоа е тој Крисмас спирит.
    Ви имам кажано дека ги обожавам Божиќните и Новогодишните песни? Имам цела компилација која деновиве не се симнува од репертоарот на фамилија А. :)
    http://www.youtube.com/watch?v=cCZx5GrmJzk
     
    На kravce, Neytiri, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.267
    Пол:
    Женски
    Г*зот ми се рашири ко епидемија. Морам да престанам да се товам ко свиња пред колење. Јес да се празници, ама човече, претеризам е ова веќе. :^)
    [​IMG]
    Во мојот случај, имав една работа да ја направам, а ни таа не ја направив. |(
    laziness overload...
     
    На la-chicka, julie77, machka1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Сакам да им кажам на сите жени кои планираат да станат мајки, пред да го зачнат своето дете да размислат дали се спремни да го прифатат и сакаат ако еден ден дознаат дека тоа е наклонето кон сопствениот пол.
    Затоа што не е фер после многу години да повредувате нечија душа, да и` велите дека било подобро да сте ја абортирале, иако нејзиниот избор не е од зовриени хормони, и поради привлекување внимание- туку едноставно така се родила, така генетски било предодредено.
    И зарем не и било доволно на таа личност што цел живот се преиспитувала, се трудела да воспостави мир со себе и да се пронајде, се мачела со сопствеите демони и која одлучила да не биде лицемерна и да не ве лаже дека вашите сомнежи се погрешни, зарем не и биле доволни сите овие маки, па сега треба да ја уништите?
    Зарем толку лесно би се откажале од вашето дете, кое е успешно, кое не направило ништо за да се чувствувате засрамено пред околината, ами напротив- секогаш ве правело гордо, толку ли е лесно?
    И зошто? Поради комшиите? Поради роднините? Поради тоа што вие сте замислиле друг живот за него?

    Не е фер.
    Вие не сте Бог за да казнувате нечија душа.

    И ме боли кога сум сведок на ова, ме боли и цело време размислувам за сите овие жени кои се бремени, кои се фалат дека ќе станат мајки, кои се горди, и се прашувам дали се свесни што може да се случи во иднина?

    Мајчината љубов треба да биде безусловна, немојте да го доведувате ова под знак прашалник.
    Ако не, тогаш не сте спремни за дете.
    Да се има дете не е воопшто едноставна одлука. Ова е само дел од работите што можат да ви се случат во иднина.
    Мислите дека почетоците се тешки- плачењето, температурите, грчевите, а се прашувам колку од вас се свесни што се` би можело да ве очекува во иднина?

    Затоа ве молам да си размислите, да се преиспрашате, како што во иднина би направила и јас, затоа што гледам колку ме боли што сум сведок на овие настани, а можам да замислам како му е на тоа суштество да чуе дека било подобро да го нема, да не било родено, и дека сакаат да ги оладат односите со него.

    Или сакајте безусловно, или воопшто немојте да стварате ваши поколенија.
    Лицемерието е опасна работа, исто како и обидот вашите нереализирани желби да ги остварувате преку некој без да го прашате.

    Тоа сакав да ви кажам.
     
    На anuskaNESTLE, Monna.Monna, kravce и 29 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.682
    Допаѓања:
    104.668
    Пол:
    Женски
    Празници без болни синуси и бубрези не се празници, Ангел здрава не е Ангел. И не пијам антибиотици веќе, се отрув, сега ќе се лечам со хомеопатски лекови ко Срцекршачка, неќу више ни С од Сумамед, неќу више ;( Ало, сакам деца да раѓам, здрави и прави, не со аномалии од испиена пола Алкалоид фабрика :fubar: Идам јас да се дружам со другарчето мое платнена вреќичка полна со морска сол, директно на синус, шалот на кичма и под јорган, уше у 9ипол и ич не ми чуе :!:
     
    На Maroon5 и danichap им се допаѓа ова.
  19. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Ми се скита, ама некаде понадалеку.
    Веќе по родниниве во другиве градови низ Македонија не ми се оди. И таму ми стана ко дома. :) Секоја година по некој празник или одмор поминувам кај нив.

    И ми се работи.
    Да си земам паричка, моја. Башка да си бидам искрена, не сум навикната на некој режим. Стани сабајле, па спремај се, па фати превоз, работни обавези, приватни работи на страна, за нив покасно се размислува, па назад дома, па пазарење за домашни потребштини, па да се зготви нешто. Што е ова од мене, ништо не праам, нит станувам рано, нит работам, ниту пак сум многу многу вешта во кујна (жими по некој ручек, а и тој каков ...). :worried:

    Мислам дека би можела да живеам во некоја мала мини-гарсоњера, во светол амбиент, со бели ѕидови и шарен мебел и темно-кафеав дрвен под, амаааа и да шетам. :wasntme: Убаво нели? :)

    Неповрзани работи ми се мотаат низ глава.
    Од едно 100-тина различни теми.
    И ако г-динот Д не ми се јави да излеземе за околу половина час до час време, си облекувам пижами лепчињата со ајвар во тањир (и тоа врз стомакот у полу-лежечка положба) и си пуштам филм! Така да си знаете! :!: Мерам на саат почнувајќи од сега !
     
    На kravce, tweety26, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Моментот кога еднаш во животот ќе се излажам да апнам овошје.
    Јаболка.
    И после неколку грицки, желудникот почнува да боли.

    Здрава исхрана, мижи Џиле тулумби паѓаат. |(
     
    На kravce и Hipster им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.