Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    3.194
    Знам дека фенот ме мрази. :^)
    Значи, како е можно секогаш мене да ми се гаси? Малиов ја мие косата секој ден, секој божји ден, а никогаш не му се изгасил. Јас еднаш го фаќам во 5 недели и еве го, брмчи 5 минути и оп, ваљда се изморува од мене, не знам што му е. Изнервирана и кажувам на мајка ми, таа го уклучува, работи!!!
    Леле, се воздржав да не го акнам од земја. Луѓето ме нервираат обично, сега и предмети ли ќе почнат, ајде бе ...

    Сакав да почнам да учам денеска, за испитот.
    Наместо тоа, поинтересно ми беше овде, пред Тв, па лакирање, па маткање нагоре надолу ... А утре пак не верувам оти ќе почнам, празник е, во понеделник не се работи, значи и не мора да се учи. Кај се видело да се учи за Божиќ?
    Затоа, од вторник натака ќе го мислам тоа, мрзлива сум си, знам, али уште некој ден да поуживам, оти ми требаат сили за втор семестар, кој ќе биде ох леле мајче, па до мај ќе се шизнам.

    Имам толку многу работи што треба да ги завршам месецов, што мислите ми одат 300 на саат. Ќе си напишам што и како треба да направам, оти сум перфектно организирана особа, што ако заборавам нешто така? Вака, црно на бело, еден список, и ќе шкртам една по една работа.
    Не дека јас сум презафатена девојка, али за се правам список. :D
    Малце сум фрик за тоа. :|

    Овие филмовиве што ми се симнати од летото, а кутрите не се погледнати ради тоа што немам време, полека почнав да ги чистам. И тие ми се напишани, и нив еден по еден ги шкртам откога ќе ги изгледам. :rofl: Поделени ми се на смешни, љубовни филмчиња, романтични комедии, некоја акција, драма, трилер... Гледам дека го одбирам прво овие забавниве, вешто ги одбегнувам овие драматичниве и филозофскиве. Па не сум јас крива што сакам филмот да ме насмее, наместо да ми го замати паметот, нели?
    Не знам колку драматикиве ќе бидат погледнати, не гарантирам.

    Кај нас овде, сега приквечер пееја коледарчињата.
    Али некако, и кај децата го нема тоа божиќното, не се радуваат некако. Едвај 3-4 дали поминаа на врата. За мене беше празник тоа спремање порано, китење на елката, па коледарење, ги сакав зимскиве празници. Али бев дете де нели, не се преокупирав со ништо друго, безгрижно си дремев. :D

    Еднаш, на едно Коледе, бев со братучедиве да шетам. Обично не одев со нив, дека тие многу шетаа, а јас си пеев по комшииве и малце подалеку. Тие одеа насекаде.
    Ги поминав сите згради со нив, мислам дека шетавме 3-4 саати, бев ко претепана, али колку собрав. :o
    Дури и ќесето ми беше преполно, тоа кутро се скинало и по пат сум сеела од тоа што сум собрала. :rofl:

    Али повеќе го сакав Лазаре, кога се собираат јајца. Бев секогаш со една кошничка, на која ми врзуваа црвена машничка и ми ја украсуваа мама и баба, а јас ќе се дотерав и ќе пеевме со другарки, оти нели само девојчиња пеат.
    Еднаш една година, брат ми, кој додека не порасна малце повеќе, се се влечеше со мене, сакаше и тој да дојде со мене. Значи, упорен беше, ќе одам, ќе одам. И ајде, и нему една кошничка и заедно си пеевме. :rofl: Отпрвин ми беше срам со мене да го земам, али ај мало дете беше, а и така ко мал скоро секогаш и велеа на мама дека има две многу убави девојчиња. :lol:
    Собравме дупло повеќе јајца од јас што собирав претходно и тогаш мислам дека мама ми направи две торти за роденден, оти ми е на почеток на мај. :D

    И така, имав многу добро детство, нешто што не знам дали денешниве помали деца го доживуваат вистински.
     
    На kravce, Ilusionist, Divinebutterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Јас не го барам летото.Распуст е, празници се,убава атмосфера... Едвај чекам утре рано да тргнам во нов коледарски поход. Уште сум мала,уште ќе одам. Само мене без снег не ми иде баш. Знаете, надвор снег,внатре каминот,печена тиква,костени,риба,грав,лепче... :) Па уште симнав и некој убав, божиќен филм,фамилијарна комедија. А малите пакетчиња,слични на оние на Јагодата ни,се веќе спремни. За зимување се спремам,се оди како подмачкано. Уат елс куд ај виш фор? :) Среќни празници,само среќа,здравје и љубов ;)
     
    На zhap4e, Doozy и Lizzy.Grant им се допаѓа ова.
  3. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Сонив лош сон со невреме.
    Беше мрачно натежнале облачишта, мислиш ќе те растргнат. Силен ветар фучеше , а сите дрвја осамени како мене стоеја. А него го немаше.
    И еве повторно слушам како ветрот ми ги мава ролетните, и ме фаќа страв, од сонот, од невермето. Страшно ми ја растројува душата.

    И како секогаш еве ми се распипа распложението со ветрот.
    Стравувам да не однесе се што ми е мило, од мене.
    Ме плашат ветришта, облачишта.
    Зошто неможе само да врне?
    Нека врне, но нека не дува.. Нека не носи никој.


    Си седам со лаптопчево сама. Без правец. Нема инспирација.
    Најверојатно ќе одам да јадам нешто, или евентуално ќе седам на интернет гледајќи баналности.
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.244
    Допаѓања:
    10.421
    Пол:
    Женски
    А, си мислев дека само јас сум талентирана глумица, ама гледам дека тоа во кртвта ни било... :|
    На нас публика ни е народот, ние сме глумците.Без скрипти, без реплики, без ништо.
    Импровизираме.
    Се, само за да се допаднеме некому.
    На крај чекаме аплауз, за длабоко да се поклонеме.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Некако многу почнав да си го ценам слободното време...Сега едвај го имам па може и затоа.
    Што ми е убаво вака релаксирано кога си читкам низ нет , знам утре и задутре слободен ден ќе се изнаспијам сабајлето.
    Првата плата ми летна дур да трепнам...
    Си купив штикли , на сестра ми јакна , ја почастив мајка ми со еден парфем, за нокти.. нешто козметика о некои др ситници и немам денар од платата веќе , ама баш денар. Морам да научам да се организирам малку зошто вака небива :| За греота сум!
    Иначе пред некое време бев во Битола и си поминав преубаво , морам пак да ја посетам ... ако има ( а сиг сум дека има ) некои Феминки од Битола нека ме упатат за некои места во Бт кои би можела да ги посетам. Мнг сакам да патувам и да престојувам во др градови па дури и во Мк .....
    А што убаво би ми дошло сега некое патување надвор од државава 8) :D

    И да мнг убава песничка , алал да му е на овој како ја пева 10 +


    А и ќе заборавев Нема бољи нешто од ова
    [​IMG]

    Pore Smoothing Corrector
    го прави лицето како стакло , нема потреба од база ... со мала количина на пудра се добива ефект на беспрекорно чисто лице. го пополнува секое дупче ! Не ме интересира дали е за возраста или не ( мада не е дефинирано за која возраст е) продуктов е СОН !
     
    На Neytiri, tweety26, ripkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Колку брзо помина една недела откако се спремавме за Нова Година не ми се верува, распустот одма ќе замине :x
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ах прекрасни се овие празнични денови. ..домот, семејството, топлото ќебе, пита со јаболка...ПОПУСТИ!!!
    Денеска си шопингував, и така исшопингована, си одам накај дома, си мислам на тоа колку работи купив периодов, а колку работи имам во кесите, и си реков, Нимерија, доста е, имаш премногу облека.
    Знаете, кај секоја девојка, кога тогаш ќе дојде еден пресуден момент кога ќе рече - доволно беше, немам веќе место во плакарот.
    Ахахахаааа, никогаш нема да дојде тој момент, никогаш!!! ]:)
    Сега мирно можам да го чекам принцот од банките :angel: (да да, од банките)
     
    На kravce, SimplyElegant, tweety26 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Празниците си дојдоа ама и сесија си нив.
    Да неможе човек на раат да си ужива во јадење, пиење, другарување и денгубење.
    Блазеси ви вие што немате сесија во Јануари.
    Посебно мрзам овој испит систем, 3 книги бабачки иам, не се спремаат сами од себе.
    Прееска со мајка ми се разбравме ко литлфери со мајка и и пишиите :D
    Рене Зелвегер, му била жена на Мајкл Даглас.
    Па она на име поише му одговарала, не идело со Кетрин фонетски, звучност бе :rofl: шта чеш старост лудост.
    За овие од Холивуд можам докторска дизертација да спремам, али нико нече то знати!
    Се шалам ;)
    ....
    Убав е периодов, ама секогаш ми има некоја луфта, мала нервоза, неизвесност.
    Секоја година викам више така не праам, идиотка ќе станам и јас, али пак ништо.
    И дозволувам секакви смотаници да ме нервираат.
    Совет од мене бесплатен, не се фаќајте со секого ви тим, посебно ако знате дека мозокот за се му работи само за работата што треба да се стаботи не, и не им држи гз да работат, коа цел живот некој др работи за нив. И префини да се, ако не ги бива, на цедило ќе ве остаат вас да таботите и за нив, а после низ глава и ќе ви треснат и ќе ви префтлат зашто нешто нечини.
    Не е секои за тимворк, посебно кога незнае ни сам да работи како што треба.
    Убав заклучок даде љубам пред некое време, млади а за толку површни работи се замараат, а некои и на 22 уште незнаат што значи секта и офталмолог!
    И најтрагично не се ни заинтересирани да дознаат.
    Битно ти си будала и што се секираш за испити, да со глупости се замарам.
     
    На LittleFairy, Allthatglitters21, teddybear и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Destroy

    Destroy Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    3
    Добро бе луѓе,нели има 500 попаметни начини да се искористат парите наместо да се фрлаат за бадникови огинчиња на секој чекор ? ...
     
    На EleMental, Katerinceee и Hipster им се допаѓа ова.
  10. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Сакам да кажам дека додека сите се вртат околу огновите со чашки ракија јас со мојот шарпланинец си се вртев низ населба :D Традициите ги сакам ама еве јас скоро никогаш не сум одела по огновиве што ги палат.Мразам да сум надвор среде зима да стојам во место и да мрзнам, а пак чадот што ќе ме засмрди е плус.Јас сум ти повеќе за на топличко да си седам :D
     
  11. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Утре и јас ќе одам на коледе :wasntme: . Да искористам со сестра ми.
    Не дека не сум била одамна, скоро секоја година ме вика баба ми да одам да им попеам малку и одам :lol: , ама во комшии не сум била со години години.
    Кај баба ми и дедо ми им ја отворам вратата и пејам тивко да ме чујат само они и да дојдат надвор.
    И ќе ме чекаат окезени од уво до уво да завршам и после да ме избацат. И ќе ми дадат нешто парички и од се по нешто што се дава.
    Ама оваа година ќе пејам во комшии со сестра ми :D . Се најавив на некои места да не чекаат. И ќе одиме. Ќе најдам некое торбиче од тие што јас ги носев и ќе пееме.

    И ајде една проба:
    Коледе леде
    паднало греде
    утепало деде
    деде се мачи
    баба го квачи
    со четири јајца
    гускини, шаткини.

    Денес е Коледе,
    утре е Божиќ
    ќе колеме теле
    теле вика леле
    не колете мене
    ќе ви купам зеље
    да месите пита
    да јадете сите.

    Коледеее

    Не сум ја заборавила :rofl:
     
    На DeepBlue и Katerinceee им се допаѓа ова.
  12. Andemona

    Andemona Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    2.496
    Пол:
    Женски
    сакам да кажам дека не ми се падна паричката на огинот :(
     
  13. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Денес го искористив претпладневното слабо зимско сонце и пеш отидов до градската библиотека да земам некоја книга за читање за да корисно го пополнам слободното време, доста беше славење и психички одмор, барем за мене. Барајќи сооднетна книга малку ме зачуди кога слушнав дека еден од вработените библиотекари се обраќа двојазично, иако и друг пат сум земала книги кога тој бил на смена но до сега го немав забелжано тоа. Одбрав руски класик Достоевски. Незнам точно поради која причина но Достоевски ме потсеќа на зимски период, и преферирам да читам негови дела во овој дел од годината, стуткана во фотеља, покриена со кебенце, пред шпорет со шоља топло чајче. Можеби затоа што неговите дела се пообемни, опфаќаат многу детали и бараат голема концентрација а зимава како годишно време носи некое идилично спокојство во душата па чувствуваш дека имаш сила за се, па и за најголемото психичко оптоварување.

    Поминав и до една трафика и после подолга низа години си купив весник, голем противник сум за читање новости од, и нон стоп дремење пред компјутер. Купив Вест, заедно со теа крстозбор и плус прилог за здравје, почувствував радост и ме исполни тоа што го имам пред мене во материјален, а не во фиктивно апстрактен визуелизиран вид.
    Го пролистав весникот, ја прочитав колумната на Горан Михајловски и уште неколку статии и веднаш земав пенкало и се фатив за крстозборите. Се сетив на врмето кога бев нешто помала и кога редовно од дома купуваа весници и специјално за мене крстозбори пошто голем мерак им имав.
    И пак истата миризба на саботниот весник, омилениот осумнасочник и неколку сканди крстозбори. Периодов ќе имам занимација.
     
    На ines.h, Hopeful, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека никогаш не можете да ми дадете доволно голема шоља чај или доволно голема книга за да ме задоволите...
    Чил до крај!
     
    На L-enna, LilBaby, Marossa и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Колку е убаво да си имаш пријатели од цел свет. Можеш да си правиш не многу скапи екскурзии низ различни држави, си имаш бесплатно сместување и плус туристички водич :rofl: И што е најбитно - многу дружење !! Ги доживуваш градовите на поинаков начин отколку како рандом турист, запознаваш други луѓе, култури и обичаи.
    Имав незаборавно патување и сеуште сум под импресии.

    Кога ќе размислам подобро, ваквите сезонски пријатели повеќе ми се драги, ги запознавам, поминувам прекрасно време со нив, и остануваат добри спомени се додека патиштата пак ни се вкрстат и чувството да ги видиш по неколку години е неверојатно ! А не премногу да се зближувам со луѓе, да им помагам и да им се доверувам за да на крај ме разочараат..
     
    На Monna.Monna, kravce, ceca-1 и 20 други им се допаѓа ова.
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    17.259
    Пи*е јало гравче па се задавило, дошло ку*о братче па га осглавило.
    Коледеее...

    Убава вечер си поминав со комшиите. Од 8 до 2, па и не е малку.
    Лани паричката кај мене, оваа година кај татко ми, пак ние кумови цела година. Ни посакаа комшиите уште една кола да си купиме, подобро да ни посакаа повеќе среќни да бидеме (глупо звучи, ама ни треба).
    Пеевме мрсни песнички и слушав мрсни муабети :D
    Утре сакам да идам на коледе, не за друго порано собирав по полни кеси ореви, костени, мандарини, бомбони. А па пари, најмалку со 500 се враќав дома. Луѓе, со такси сме се враќале накај дома не сме можеле да ги носиме торибите. Ама кај сите луѓе шо ги знаеш да отидеш, не е малку. :D

    И пеам на мајка ми „Мамо пушти ме“ од Каролинчето, ама не ме пушта жената пуу. Не е ич благодарна што сум ја спасувала за купување ореви за славата што ни иде. Ама баш ич.

    Него преска, застанувам пред огледало, ја дигам маицата кога да видам сало нема, само плочки. Нозете со мускули стегнати, абе мерак да ти е да ми веруваш.
    Добро, ќе си легнам.
    Добра ноќ. :)
     
    На Monna.Monna, Jagoda123, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Покрај оганчето,со песни,смеа,играње...
    Секоја година славев во неговото маало поради мојата екс другарка па после поради него.Оваа година се е поинаку...ни таа ни тој.И можам да кажам дека до сега е најубавата ноќ.Смирено се чувствував,поинаку...среќно...
    Едвај го прерипав огнот...се плашам од оган многу изгледа,уште малку па од страв да заплачев. :D
    Се напив малку па уште викам- "Ауу ова алкохолов ми ја изгоре душата,одамна не сум пиела жив алкохол". :rofl:
     
    На kravce, bittersweet, Miss.Ricci и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.043
    Допаѓања:
    81.406
    Пол:
    Женски
    ... није вотка ракија, ма да ночас удара ...
    Не, немаше ниту вотка ниту ракија, ама кога ќе ти се погодат песните дури и сокот од боровинки ќе ти удри во глава. И во срце и насекаде. :D
    Епа, ќе кажам по којзнае кој пат - чинам вчера беше ланското Коледе и чинам, вчера се нервирав затоа што се наоѓав опкружена со погрешни луѓе, во ужасен тајминг.
    Среќна сум што помина. :tmi:
    И чинам, времето лета. Клише е, ама во секое клише има трошка вистина! :!:
    И си мислам, до што ќе да е, та толку брзо ми минат и деновите, и месеците и сè.
    Ма, мене и саатите ми минат брзо иако не правам ништо продуктивно, ама това је това, ко што би рекла Параскева. :D
    Да се навратам - или ми е преинтересно, та немам време да мислам на времето што минува или пак навистина дошле бурни и напорни периоди, та преокупирани со работа и обврски, едноставно забораваме да мислиме на времето. :?:
    Не знам и не сакам да знам.
    Не ми се исправаат криви Дрини и не ми се измислува топла вода - си давам одмор.
    Од сè.
    Само знам, дека имам премногу љубов и личност која не само што ми ја обележа годинава, ами и ме обележа за навек. И правам работи кои не ни сонував дека ќе ги правам, клише сум и за прв пат ќе кажам, дека мило ми е. Зашто, кога некој заслужува, нема потреба од понатамошни објаснувања и не дај Боже, оправдувања. Е така, сега кога моето архе е конечно тука, мислам дека имам мотив за сè.
    Душевната исполнетост е клучна во желбата и мотивацијата за исполнување на секојдневните обврски, па и на целите кои сме ги зацртале во и некаде низ глава - тоа да си го запомните.
    ...
    После секоја криза доаѓа убавина и после секое убаво нешто, пак следува лошотија.
    Сè така во круг. Наизменично.
    И собери ги сите лошотии и добрини, сите позитивни нешта и негативни - ти останува нула. Зашто, колку имало од едните, толку имало и од другите, само, такво ни е окото (а богами во последно време и умот), та го забележува и меморира само она од кое се изгорело. А и добрините брзо се забораваат, од некои икс или ипсилон причини кои не би да ги тумачам моментално.
    ...
    Не знам што да си посакам годинава. Вам ќе ви посакам здравје и благосостојба во изобилие, а себе си, покрај доброто здравје кое и те како ќе ми биде потребно, ќе си посакам и трпение.
    И истрајност. О, колку ќе ми биде потребна.
    И искрено се надевам дека и догодина истиов период ќе си честитам самата на себе за до тогаш постигнатото. Сакам, о колку сакам.
    И ја замислувам баба ми, со нејзиното познато „Ќе биде, сè ќе биде, само дајте им време на настаните, да се навикнат да течат како што треба и доликува...“
    ....
    Време, ах време - понекогаш немам осет за него ...
     
    На kravce, bittersweet, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    О Дјос мио спирито санто, 2 и 42. :| Треба да си легнам, а искрено, не ми се спие, ме боли глава, се бафтав со книги цел ден и нешто ми се прави, а не знам што. Пуштив еден филм со намера да ме успие, не само што го изгледав цел, не ме ни фана дремка како што обично ме фаќа на филмови. Земав да читам и баталив, не можам во куќиштево да се намирам. Плус и ми се пријаде, а не можам да минам низ дневна, сите спијат. Проклето нека е се.

    Ги барав насекаде на сестра ми пакетчињата, роварев по шифоњери во темнициве, и се мислев пола саат кај може да бидат. Одговорот од едноставен, поедноставен не можеше да биде - под елка. И таман ги најдов, не ме бендиса ништо, не ни вреди да зинам за некои чипсови, чоколатца, грицки... Не ми се јаде тоа. Сакам кисели краставички. :(

    Никогаш не сум одела, ни пак ме носеле по огнови, не ни имам желба искрено. На баба ми и е денес роденден и претрчав до кај нив на некој саат... и купив само ружа и честитка, немав пари за повеќе, а планирав барем уште нешто. Ќе докупат моите, јас сум задолжена за ,вниманискиот,, дел од поклонот, тие за материјалниот.

    Деновиве се изолирам од народ, некако не можам да се расправам со секој и сешто. Па што ти е? Па ништо не ми е, што да ми биде кога се збрлавувам дома по цел ден и се карам за глупости. |( Од кај па и јас вака фул со негативна енергија, ви викам, до просторов никаков е. И добивам желба за дома да си седам, не ми се оди во Скопје, не ми се оди никаде, некако разлигавена станувам. :envy:

    Утре планирам малку да одморам со учење, денеска се фатив себеси како повторувам 8 пати една иста работа во краток период, онака манијачки вртев низ страници, отворав презентации, и си реков... инаф ис инаф. Дај си малку фора, нека легнат некои работи, не збрлавувај. Мислам шта речи, реков дека годинава нема да се бафтам толку со глупости, и пак и пак и пак.

    Прееска си најдов совршени чизми со совршена боја и совршена цена за тоа што остана од новогодишниот фонд, и бам - нема бројка. Свемирот ми враќа на негативната енергија што му ја праќам. |(

    Одам да глумам гоуст оф крисмас најт, како вампир низ мраковиве. :swear:
     
    На teddybear, kravce, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.837
    Ова е една од оние вечери кога сакаш да напишеш се’, ама оставаш да зборува моментот. Еве да речеме, кратките фитиљи на луѓето околу тебе, потребата за неразбраност, уметнички дојам, глупирањето, глумењето кулерај и куплерај, и сето тоа во една филмска сцена што на крајот те остава со превртени очи и без аплауз.

    Јасно ми е дека имам блиски луѓе на кои им верувам и кои ме знаат онаква каква што сум, јас, лично и нелично. Во моменти на страв, страст, пијанство, глупирање, откривање, победа и пораз. И ништо повеќе од тоа не ми треба. Споредувам ситуации, луѓе, лутам низ нечии џебови, шапки, сеќавања, и сфаќам дека никогаш не можеме да си просудиме сами.
    Ни требаат Другите. Да, како во The Others. Духови, или луѓе, како сакате нека бидат, ама ни требаат. Секој сам по себе не може да создаде позиција на набљудувач, во состојба во која се лажел себеси или си ги потврдил стравовите. Не постои независност во суштинска смисла, сите сме клопче од нерви, ситуации, конекции и релативизации.
    Важно ми е да знам јас која сум наспроти сето ова.
    Вечерва ми се потврди тезата дека секој е сопствен режисер на приватното лудило. Само, нормално, мора да имаш публика/луѓе/близина/постојаност, за сето тоа да има смисла.

    Знам, отсекогаш знам дека животот е игра и театар, но, заспани сите сакаат да бидат, да не ги боли, ама нема... Се игра дур не те здоболат нозете!

    Исфилозофирав до немајкаде, ама тоа ми треба вечерва. Ниту една теза ниту книга можат да ме доведат до она што сакам и свесно можам да го спознаам. Чајов со талог од китки нане ме лула во тивко бесознание. Недостигот и натаму пецка како лоша раничка, и ме прави силна, истовремено на работ на приватното лудило.
    И сета иронија стивнува кога приватното станува јавно, го запишуваме. Се кали челикот на едно современо битие што не сака да падне во јазот, ами да седне на газот. Има и рима.
    А е зима.

    Студот, не се лечи со пагански огнови, се лечи со Луѓе. Со големи, свои, блиски Луѓе. Што те знаат и кога самиот не си се познаваш.
    Им благодарам. :*
     
    На julie77, ines.h, Lizzy.Grant и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.