Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    12.082
    Пол:
    Женски
    Ах, каква пита сум исукала. Се гордеам :rofl:
    Полека, полека, нежно, со мајка ми на припомош, а мене ми се тресат раце да не не дај Боже ја скинам.
    Месено лепче, гравче-тавче, печена риба. Скоро и се да е спремно за вечер.
    Не сум многу побожна, скоро па ич, ама убавината на ваквите големи празници е близината на фамилијата. Идилични денови. Денес, по којзнае колку време не паднаа рачунци за сметки и пари, факултет и преживување.
    Туку, денешниве деца многу неблагодарни се. Не примаат париче за коледе поситно од 10 денари. А мене ми е мерак да правам мини пакетченца со костени, ореви, некое благце, мандарина и ситни пари. За машките со сина, а за женските со црвена машна заврзани. И не ми е мака да станам во 5 или 6 за да им ги поделам. Викам, мака ми е за нивната неблагодарност.
     
    На eli25, Monna.Monna, teddybear и 23 други им се допаѓа ова.
  2. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Среќен Бадник на сите. Поминете си најубаво за празнициве иии...се надевам ќе ви се падне паричката :P :*
     
  3. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Стандард мамурно бадниково утро ...па шо да праам коа сме прави стоки со овој мојов ,дипломирани алкохоличари :tmi: ама добро па не сме само ние криви таква беше вечерта , како и да е добра журка испадна ...со главна тематика АЛКОХОЛ :D
    нит коледари сум сетила нит ништо ,кога ке се присетам во детството јас колку се радував на ова утро цела вечер бев во исчекување ,уште во 4 саатот се собиравме ниедна куќа не ја промашувавме ,напуни две торби па враќај се дома истоварај се ајде пак у поход :lol:

    да се освестам малце па да и потпомогнам на мама .а послем да одам во втората дома и таму да подспремам малку ... да да и со мама и тато ке делам паричка ама и со НЕГО :l: оу мај гад дали тоа значи дека јас се одомаќинувам :?: :!:
    во последно време многу размислувам на таа тема ,што се случува со мене со него со нас ????Да, се сакаме ,многу се сакаме но МЕНЕ ми е рано толку да се врзам ...

    Си велам се додека е убаво нека трае не се знае понатака што носи животецов ,зошто колку е убав толку е и заебан ,сад те има сад те нема .

    откако го изгубив него поинаку ги гледам работите ,сега знам кои се вистинските вредности во животот. Што ми вреди сега да плачам пред таа студена плоча и да го молам за прошка и да му кажувам колку ми значел кога не успеав да му го покажам тоа додека беше жив ?!...
     
  4. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    ..многгггггггууу си ги сакам овие празници , дури и премногу се внесувам :D во смисла се мислам дека сум Рудолф па печам гмечам во кујна :lol: .
    Едно што ме нервира се тоа `мрсните ` вицови или какви и да се будалаштини што се кажуваат за вакви свети и убави празници , тоа е далку од празнување и од христијанство .....но ајде секој со своето , јас во тоа не гледам ни З од забава .Подобро ми е да се се врткам низ кујна и да печам и гмечам како што и кажав.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.721
    Допаѓања:
    43.781
    Пол:
    Женски
    Бадник ко Бадник, незнам што поправо да апнам.Де мандарина, де јаболка, де локум(шо у живот не јадам), де урми, де смокви...веќе сум пуна до врв.
    Синоќа од мајка му добив коледашка замесена какосрце, е многу ме сакаат, што да правам кога сум толку добра :emo:

    И така, имајте пријатна вечер, драги и Среќен Божиќ.
     
  6. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Конечно за мене да почне распустот!! :) :whew:
     
  7. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    7 часот наутро. Мене ми е уште ноќ. |-)
    Чук - чук - чук. Прсте го притиснало ѕвончето, кое ни е расипано, но испушта мал звук, од кој ти иде да го искршиш ѕвончето. Ми иде да мавам со костени од прозорец. Фииииу, бум.
    Кенкам нешто и се покривам преку глава со јорганот и 2 - те ќебиња. Не ми се станува, не ми се слушаат смотани песни. Ми студи и ми се спие.
    Станувам, одам до тоалет, седам на студениот тоалет и ја гледам мајка ми, се разденсала низ куќа, во раката носи чиниче со бонбони и чиниче со костени.
    [​IMG]
    Сакав да ставам убаво сликиче, но како ова, но кога побарав за dancing gif само пе*ерите One Direction ми испаднаа, демек само они знаат да играат. И мајка ми знае. И што ? Смоки.
    Да се вратам на моето. Си легнав пак и зажалив. Мајка ми 15 пати помина низ собава да види дали има некој доле, зашто, мали се децата, па не го можат сите ѕвончето, не дека имаат рака да чукнат.
    Ај, ај, да спијам јас.
    И како што гледате, не спијам. Не ни заспав.
    Само слушав :
    .. Кооооледе ле де, паднало греде, утепало деде, деде со мачи, баба го квачи .. ^_^
     
  8. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Aхаааааа, значи затоа секогаш кога ми се паѓаше паричката имав ужасна година...добро, не верувам многу во моќта на паричката, ама имаше еден дел од мене што беше убеден дека сум изрод и мене се ми е обратно, па наместо среќа ми носи несреќа.
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Лепо је било док је трајало, нескафе и моето омилено бело чоколадо, на повидок и цигарче,ама вчера ја испушив кутијата.
    Накратко денес се впуштам во нови авантури, некои познати, други помалку познати,ама приоритети на мојата to do January list.
    Колку побрзо завршам со све, толку ќе бидам посреќна.
    Зошто? Затоа што многу си ги сакам.
    Само многу ми е жал, за Божиќ не е дома. Срце то.
    А, кај нас ја затворија маалската продавница,па сега не можам да шеткам по пижами, морам да се облечам и да попешачам 100 метри за да купам масло и пипер за сармата.
    За Нова Година ја правеше омилената салата на брат ми, за Божиќ мојата омилена, таа со лебни трошки.
    А, да и едно кило брашно треба,а за што немам идеја.
    Семејна атмосфера on.
    Night life off.
     
  10. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    Со текот на годиниве снемува коледарчиња..
    :?:
    Кога јас бев, се туркавме по влезови групи од 5-10 деца.. Па ако ви се верува бевме едно десеттина групи. И во 6 сабајле идевме!
    Претходната година паметам, ме разбудија едно два-три пати. Рано рано беше...
    А оваа година... Само една група имаше во 8саат.... :(
    Иако нејќам да ме будат рано рано, ми се полни душата кога ќе слушнам коледе лееедееее ....
     
    На eli25, Monna.Monna, SimplyElegant и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Нека ни е среќен празникот на сите Христијани.Исус се роди!!!

    Сабајлето уште во осум часот дојоа коледарчиња кај нас,па ѓи почестивме со пари,овошје и орефчиња.
    Почнаа подготовките дома за вечер.Мајка ми почна да ја прави баклавата,баба ми почна да го меси лепчето со париче,а татко ми и сестар ми почнаа да украсуваат низ домот.Сега и јас ќе одам да направам од моите колачиња со мармалад...Возбудата се повеќе и повеќе расте-во кој ќе се падне паричката.Лани се падна во татко ми,а засега останува само да почекаме до вечер.
    Ви држам среќа на сите,за паричката вечер. ;) :* :hai:
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Среќен празник Христинани :)

    Кај нас уште од седум часот дојдоа коледарчиња и почнаа со пените.. хаха ме потсетија кога јас одев хаха како помала.. ехх времиња хаха :)
     
    На Sara123 и Katerinceee им се допаѓа ова.
  13. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Најубавиот период од годината, денови кога целото семејство е на куп. Денови кога на сите лицата им се среќни, душите полни.
    Синоќа запаливме оган, не многу голем, колку за адет, со добро друштво се е убаво. Мили и насмеани лица насекаде.
    Јадењата за вечер веќе се подготвуваат, лепчето и зелникот готови, гравчето се крчка, рибата се спрема.

    Феминки нека Бадниковата вечер ви донесе многу здравје, среќа и бериќет на вас и вашите семејства. За многу години.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Један дан прошао, други је дошао, ја још мозга мучим . . . :geek:

    Оваа година плус терет за учење, веќе глава не знам кај ми е, цел месец ќе бидам под притисок. Фати еден, доаѓа друг, неееееема време. :devil:
    Од празникот вчера не видов ништо, само ја слушав лудата комшика како вади фалшливи тонови од ракав. Лани плесна покрај огнот колку е долга и широка, годинава не ме чуди ако се расоблакала пред народ. :rofl:


    Да ви кажам искрено, вечерва мислам дека кај мене и мајка ми не паѓа паричката. :!: Или кај мушкиов дел, или во другите две парчиња. Божем кога се паѓало кај Господ и куќата, среќата била кај сите. Кај нас изгледа среќата сместа и моментално бега низ прозор и не се враќа.
    Поарно кај мајка ми да се падне. Лани и се падна, и веќе во фебруари и се исплати намалениот вид и трупањето со предмети. Викам, годинава ако ти се падне, да се кандидираш за градоначалник - обавезно добиваш. :D

    Не е лош животецов, арен е. Се дур е мир и спокој во душата.
    Сум ви кажала дека сака да работам и сама да си обезбедувам тоа што ми треба, без да ми е срам да барам од моите?! Најозбилно, почнав да се осеќам `стара` за да чекам џепарлак од моите. Да го чујат/прочитаат моите муабетов, ќе ме гушнат силно, и ќе ме тапшаат по рамо. :D


    За вечерашниот исход од ждрепката ќе известам накнадно. Имајте весела, опуштена и спокојна вечер со најблиските. :*
     
    На Monna.Monna, kravce, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Еве неколку скопски митови кои според мене се производ на се што наведов погоре:

    Ако си метросексуалец и ако водиш грижа за изгледот, геј си.
    Ако си имала секс со некој со кој не си во врска тогаш си лесна девојка.
    И да не си имала секс со никој пак си ку*ва, пошо така му одговарало на некој.
    Ако снимиш една песна и спот макар и најнискобуџетен ондак си ѕвезда.
    Највеча манга си ако те има по телевизииве на кратко, макар и на анкета.
    Фраер си ако имаш у петок гратиси за у диско иако картата е 100-150.
    Ако излегуваш на места кои некој си ги зацртал дека се “сељачки“, тежок селјак си.
    Ако излегуваш во актуелните дискотеки си шема.
    Ако излегуваш во места во кои има свирки и се малку понекомерцијални, металец си (Боже Господе кај живееме... демек ако некој се облекува во црно или оди на свирки, кои впрочем кај нас се 90 посто рок, веднаш добива епитет металец)
    А ако си навистина металец, тогаш си секташ, сотоњар, забеган, валкан... (фала Богу, ова се помалку го слушам, им доаѓа изгледа памет на луѓево )
    Ако си чест посетител на журки (шо би рекле, тупси тупси макар и најтешка комерцијала) ондак си наркоман.
    Ако слушаш транс макар и по дома такоџе си наркоман.
    Ако слушаш комерцијала, тогаш си кретен што не знае што е добра музика.
    Ако купуваш во Шутка си тешка сељанка. (као они божем од Луи Витон купуваат)
    Ако немаш Фејсбук тапа си.
    Ако имаш 17 години и немаш макар по 7 коментари и 10 лајкови на секоја слика на фејсбук си греота.
    Ако не си бил ниеднаш у кафичиве на Ленинова ондак си бедна душа.
    Не си у тренд ако незнаеш бар една песна од Ван Бурен, Риана, новата на Цеца...
    Секоја втора фаца во Скопје е “вип и фејмоус“
    Секоја трета во Скопје е спонзоруша (пример: ја знаеш Елена, која бе? Ауу, онаа спонзорушана... и така за секоја трета)
    Кого и да го прашаш, ќе ти рече дека е стар Скопјанец, иако може е од село 30 км одалечено од Скопје
     
    На Monna.Monna, 1209, sm1zla и 2 други им се допаѓа ова.
  16. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Денешниот и утрешниот ден ми се најомилените денови во годината. Отсекогаш!
    Маската за вечер ми е подговтвена, и сите вас ве канам на нашата градска забава под маски :)
    Среќни празници, уживајте! :*
     
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    Си го зезнав семестаров ептен многу, ама добро, убаво пиша Nymeria пред некој ден, треба да има некој што ќе плаче пред листа на резултати,нели.
    Мислам... веќе си го испланирав летово за учење, ама ако и тоа, затоа што тогаш нема Нова Година, нема Божиќ, нема Бадник и маскирање за истиот, нема роденден, нема милион слави и одење по гости или доаѓање на истите... Има само многу слободно време, кое ќе биде наменето за учење, и тоа е тоа, така си се тешам.

    Туку, друго ми беше зборот...
    Среќни празници!
     
    На anabel-a, Scar.Tissue, pamelche и 4 други им се допаѓа ова.
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Бадник.Убав ден.
    Од сабајле дојдоа коледарчиња.Потоа дојде братучедка ми на коледе,си поседовме малку со неа и си направивме убав муабет.Сега мајка ми почна да го меси лепчето со паричка...
    И така.Јас си седам и си уживам...
    Да не должам многу.Имајте сите убав ден,и денес,ама и утре! :D
    Ве гушкам :hug:
     
    На pamelche и Sara123 им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.267
    Пол:
    Женски
    Денов не тргна најдобро. Станав со главоболка, со нервози натаму-наваму. Башка последниве денови нон-стоп сонувам како или сум трудна или веќе имам дете. Не знам што толку ми се увртело во глава. Знам дека физички сум спремна, ептен спремна, ама другото не е. Финансиите на прво место. Така што ќе остане само да си сонувам изгледа.
    Си спремаме ручек со мм, што веројатно ќе испадне вечера, лепче испеков уште вчера :wasntme: , филмчиња имаме, се е спремно за фина вечер. :)
     
    На anuskaNESTLE, Gordana10, moonlight-girl.55 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Се токмевме цела година да одиме денес на коледе и пак ништо. :lol:
    Ама јас сепак си отидов 2-3 куќи фатив. Воопшто не ми беше срам, адет е, празникот е за сите. :)

    Колачињата коледарски ги обожавам! Ама не сите, само нашите, домашните. Вистински колачиња, без квацес. :!: Цела година ги чекам.

    Лани кај мене се падна паричката, вечер ќе видиме каде ќе биде. Само да бидеме здрави и среќни сите...
     
    На sm1zla и pamelche им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.