Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    И ова не се дешава само у Скопје..Туку и у Радовиш..Море бетер е тука :x :!:
     
  2. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Празнично утро, се будам. Убаво ми е но чувствувам некаква празнина, дел од мене фали.
    Изнапишав реферат но го избришав, попусто повторно пишувам за тебе.
    Ми фалиш, премногу. Барем сега.

    А сега има да си ги испосимнувам сериите што ги немам догледано :)
    Чоколатцето до мене, нозете у вис и уживанција. А до тогаш убава музика, оу јеа!

    http://www.youtube.com/watch?v=S2Cti12XBw4
     
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Ја обожавам песнава на Антена што се врти нон стоп посебно во кола кога возам м мм м
    знае ли некој како се вика ? ја барав како christmas time ама не ја најдов
     
  4. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Се сеќавам на 13 септември, оваа година, кога дојдов за Скопје, да се вселам нели во домот. Си ја земав истата соба од лани и чекав цимерки. И мислев дека ќе биде исто толку досадна година како што беше и ланската.

    Колку само сум била погрешка, ау.

    Трета година сум, оваа ми е трета година да се врткам по студентски, али семестар како овој не сум имала. Којзнае дали и ќе имам.
    Сеуште сум под шок на тоа сознание, го дигестирав периодов заедно со сите торти и салати во домашна атмосфера. Го анализирав, се враќав наназад, се обидував да откријам каде почна се.

    Каде почнав да се враќам на старата јас, каде почнав повторно да сум рамнодушна, каде почна охриѓанецот да ми влегува во животот, каде други луѓе ми станаа приоритет, каде станав толку дрска, каде си ги отргнав ама баш скрос сите луѓе од мојот живот што не ми требаат, па веќе и да не се преправам, каде почнав да го заборавам Иван.

    И некако тргнав со пишувањето, ама ... Што знам што се деси и мислите ми отидоа.


    Нека ви е за многу години празникот на сите! :)
     
    На thelittle17, L-enna, Springy и 2 други им се допаѓа ова.
  5. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Синоке накај 10 ч. се вракам од Струмица (таму настапувавме) и си одам накај дома..И така одејки не ми се веруваше на тоа што го гледам.. :x :o Девојче од 12 години 15 цм штикли.. :o :tmi: останав со отворена уста не ми се веруваше..јас што имам 14 најногу имам обуено до 10 цм да речеме штикли оо тоа за НГ и само 1 саат ги носев ништо друго..аа оно 12 и 15 цм.. ств незнам..ја на 12 години кажи речи уште со ластикот бев надвор играв и 10 саат во кревет.. а сега.. незнам стварно шо ка кажам :x
     
    На ocila му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    ^А и ти арно малку на 14 години 10 сантима.
     
    На iloveyou29, Monna.Monna, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
  7. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Некако празничното расположение не е како порано.Нема никаква еуфорија.Низ градот ништо посебно.Се си е исто како секој ден. Порано се беше поинаку.Се радувавме на тие денови,со нетрпение ги чекавме..а сега од Нова Година ништо не забележав...многу глупо ми беше.Како обичен ден.Ете исто и десен цел цен се досадувам дома...Нема предпазнично расположение.
    Како и да е Среќен Божиќ и нека ни е на помош празникот :)
     
  8. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ни ти не си поарна, реално, 12 или 14 години се години кога си девојче, добро ете на 12 си дете, ама па штиклите ни за едната ни другата не се убав призор. Никако не ве сфаќам, ни тебе, ниту сите други кои си го кратите детството кое еден ден ќе го барате. Треба да си знаете дека штикли на вашата ситна, недоразвиена конструкција не одговара, како ни тесните прекратки припиени и деколтирани блузи и фустанчиња. Истото се случува кога 60 годишна жена ќе се стегне во хеланки и маица со Хана Монтана на пример. Ви ја сфаќам желбата за побрзо да пораснете, ама не ви ги сфаќам родтелите кои тоа ви го дозволуваат.
    Како и да е, носете што си љубите, ама погледнете се два пати во огледало и запрашајте се како се чуствувате.

    Нејсе, не честитав нова година, па еве да и искористам прилика, да ви посакам сите желби да ви се исполнат, да бидете среќни, насмеани и весели, да сакате и да ве сакаат, да имате сe, па што год за вас претставува се. Кон честиткава се придружуваат и честитките за среќен Божиќ и сл.

    Останете ми во добро здравје.
    Фала, чао, пријатно.
     
    На Monna.Monna, thelittle17, kravce и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Кај мене лепчето е речиси готово, а трпезата полека се спрема. Ќе јадеме порано, зошто за жал мајка ми е вечерва на работа :( Ех, имало и празници кога воопшто не сме биле заедно како семејство, кога морала да биде на работа за Нова Година, Божиќ и сл.

    Ама, годинава барем ќе јадеме заедно, иако порано. Лани јас го месев лепчето зошто таа беше на работа. Колку што е убав фактот дека има одлично платена, ценета и благородна работа, толку е и беден фактот што понекогаш истата е проклетство, особено кога не можеш да бидеш со семејството на ваков празничен ден. И во вакви денови сфаќам колку всушност парите ништо не значат во животот. Семејството е она што е најважно, и времето поминато со него.

    Никогаш не сум и` замерила, а никогаш и нема, зошто знам дека сето тоа го прави за нас. Со брат ми отсекогаш сме имале убав живот, убаво детство, сме добивале се` што сме сакале... Кога бев мала често и` се лутев што нема да биде дома за Нова Година, а таа ми се насмевнуваше и со солзи во очите излегуваше низ врата. Само Бог знае колку и` се кинело срцето што мора да не остави сами со татко ми, а згора на тоа па и јас и брат ми лути на неа.

    Сакав само да кажам колку сум и` благодарна за се` што направила за нас, за сите жртви што ги истрпила, за сите отсуства од дома кои тешко и` паѓале, а сепак гордо ги поднела. И покрај тоа, дома секогаш имало и има направен ручек, секогаш било и е чисто, садовите измиени, ние секогаш подмирени, најадени и напиени...

    Е ова значи да си жена, мајка и сопруга. Кога би била барем третина како неа кога јас ќе се најдам во истите тие улоги, би била пресреќна. Навистина.
     
    На ceca-1, kravce, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  10. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Денес празнично расположена, наспана , одморена....
    Се надевам годинава ќе ми се насмее среќата и ќе ми се падне паричката , зошто до сега никогаш и ми се нема паднато, АМА БАШ НИКОГАШ ;(
    Јас еуфорично се чуствувам за Бадник и Божиќ, за мене тоа е празник за еуфорија а не Нова Година.
    Како и да е сакам да го честитам празникот на сите оние кои го слават и да ви посакам здравје среќа и мир и уште мнгоу години да си го славиме. Среќен божиќ :inlove:
    И да ви се падне вечер паричката :D
     
  11. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Моментот коа мајка ви ке ве викне да и помогнете за правење на колачиња, и ваша единствена задача да си го излижете шлагот на крај :wasntme: :mm:

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Elennaa, Hopeful, Jagoda123 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Се прашувам дали постои некој што ја нема објавено на фб сликата со: And suddenly I felt nothing...? :yawn: :lol: Многу некреативно :|

    И нешто малку поврзано со муабетов над мене, јас не ве сфаќам кога ќе речете дека на 12-13 год.сте играле ластик, со барбики или со кал(!?) Стварно? :^) Како и да е, несоодветен начин на кажеш дека си бил уште дете тогаш. Невр мајнд, се уште не сум го испила кафето денес :)
     
    На LittleFairy, Lov3, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  13. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јао кога ќе ми текне ко помали со братучедките кои узбуџавања ни беа кога се спремавме да одиме на Коледе,па уште рано одсабајле цело маало да го поминеме,абе колку само сме собирале,торбите којзнае по колку ни тежеа па се враќавме дома да ги испразниме,и да се вратиме до кај што сме застанале...па ќе се сретневме со другите деца од маалото,па кај биле,па колку собрале,абе радости...а сега,децава ни минат по куќи,не ми е јасно,како бе може да не се радуваат на минење по куќи за Коледе,Прочка :x .
    Кога станав и викам на мама,дојдоа ли многу деца,јас само 2 групи слушнав..и ми вика па само тие и дојдоа...А сабајле ги слушам децава пеат,и баба им испаѓа и им пее:Коледе леде,паднало греде,утепало деде,деде се мачи,баба му се КАЧИ и се смее,на шо ги учи децата :rofl:

    Ај некоја мрсна песна од тие баба шо ме има научено
    Јанко петел јаваше,курот му се маваше,две жени го гледаа,за пички се фаќаа,од земја се траќаа...
    Матен Вардар дотече,сандак пички довлече,сите беа стрижени,само една не беше и таа се ебеше :lol:
    :rofl: :rofl:
     
    На Adi888, SimplyElegant, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Значи од 10 часот сум на нозе , и сеа дури седнувам :lol: се е подготвено за Бадниковата вечер :inlove: :inlove: :inlove:
     
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.148
    Пол:
    Женски
    Ај Кент Белив, поточно ЈуКент Белив на каков мал лаптопсумсега.. на кој не му е по кејф да став а спејсбари... :x
     
  16. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Коледица, меледица и по неа Василица, еднаш ни е во година, како цвеќе во градина. Коледе бабо коледе, дај ми едно костенче, едното за мене едното за другарчето.
    :)
    Еве ја нашата песничка која за жал денес ја слушнав само еднаш. Не идат повеќе децата, не знам зошто, ние пеевме до 14 години. :)
    Вчера цел град на улица, насекаде луѓе се топлеа на коледарскиот оган. Останавме до 2 часот надвор кај огнот, се смеевме, се гушкавме, јадевме, пеевме. Утре...Божиќ, за мене роденден на личност која не е повеќе меѓу живите, сепак го сакам Божиќ и никогаш не сум тажна. Ќе одиме со мајка ми рано во црква, ќе си чекам ред да си земам бадниково гранче, ќе гледаме некој филм со Исус, а вечерта на име ќе пиеме црно вино.
    И цел ден ќе си ја слушам за мене најубавата божиќна песничка.

    http://www.youtube.com/watch?v=2gB7phTH-EY

    Тивка јануарска ноќ на исток ѕвезда свети...За многу години! :l: :d:
     
    На la-chicka, teddybear, LittleFairy и 13 други им се допаѓа ова.
  17. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Сретнав на фејсбук,сретнав и тука..
    Луѓе,денес е Бадник,Исус се родил на Божиќ.
    Незнам што ви е со тоа Исус се роди-навистина се роди.Утре! Или вечер после 00:00.
    Дали стварно незнаете или пишувате само за да поминете од ред не ве разбирам.

    Тоа имав да кажам.
     
    На LittleFairy, thelittle17, BeYourself и 7 други им се допаѓа ова.
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Ќе напишам нешто по повод насловот: Маж си направи кошула од злато за да биде поголем фраер.

    Колкумина го осудија, а не ми е јасно зошто.
    Поради две причини...

    Прво, кошулата вредела околу 25 000 долари. Колку богати, славни личности купуваат накит, облека, гардероба од милион долари или од неколку илјади долари?
    Колку статии сме прочитале: Вереничкиот прстен од ххххх, кој вреди 250 000 долари. И сите честитаат со коментари. Никој не ја осудува цената.
    Ама овој човек кој направил кошула е ненормален.
    Зошто? Оти му се може, оти сака.
    И можеби човекот купил нешто скапо, ама истовремено можеби и донирал многу пари.

    Крај краева, негови се парите, ќе си прави со нив што си сака. Секој нека си гледа за себе.

    Второ, колкумина се запнале за неговиот изглед, бил грд, не сакале да го допрат.
    Зошто, тој сака да ве допре вас? Вие поубави сте? Колку години има овој човек? Па не е дечко. Каков да е? Вашите родители на тие години што ги имаат прелични се?
    Се чудам како некоја напишала: циго си е циго. Прво човеков не е циган, ако има темен тен. Второ, циганите не се луѓе? Ти ако си Македонка (или нешто друго) човек си, поарна си? Со такви коментари не верувам.

    Ете така...се чудам како за исти работи различно се коментира. На кој како ќе му се фати.
     
    На Ognenija, ceca-1 и sunfemina им се допаѓа ова.
  19. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    У мене е ,у мене е ^_^

    Паричката :!:
     
    На Elennaa, owl-ribbon, The-Queen и 3 други им се допаѓа ова.
  20. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    И повторно паричката не се падна кај мене. Оваа година нема лутиш. Хауевр.. битно е сите да сме си здрави, живи, со многу среќа..останатото само ќе си дојде. :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.