Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    И пак не е кај мене .... паричката де .... од кога имав 4-5 години (сега имам 21 во јули 22) не се паднала кај мене ... тогаш ми ја местеа, нели сестра ми беше многу мала и не разбираше па ај на мене, дете мало, да се израдувам ...
    Сеедно, во некој погорен пост беше кажано дека паричката се паѓала кај оној кој го очекувало тшка година, па да му помогне ... Ајт сеа цела куќа значи ја чека тежок период, ама сите заедно ќе го пребродиме ;)
    Честит Бадник и ЧЕстит Божиќ на сите христијани! За многу години нека ни се празнициве! Здравје, среќа, бериќет, љубов, пари ... ма само убави работи да ве пратат сите цела година :*
     
  2. kolache.99

    kolache.99 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2012
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    И повторно не се падна во мене паричката.
    Како и да е Среќен Бадник на сите. :)
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кога и да дојдам дома после одреден период отсуство, веднаш почнувам со средување и распакување, додека на моите им ги раскажувам сите случки, згоди и незгоди.
    Кога вчера пристигнав и го отворив плакарот, видов дека таму ме чека голема завиткана кутија со шарена машна. А јас занесена и зазборена, одеднаш се сепнав и стоев збунето. Ја земав кутијата, ја отворив, а во неа стоеше прекрасен, голем, црвен чајник! Од оние што прават чуф, чууууффф!
    Се свртив кон сестра ми, а таа: Па што да му подариш на некој кој пие многу чај? Наместо во ѓезве или тенџере, сега чајот ќе го приготвуваш во убав чајник :)
    Почнав да скокам од радост, а денес успеав да си направам чај, иако мајка ми тотално ја окупира кујната.
    Патем, поздрав до четирите момци кои со кларинет и тарабука ни ја испеаа Коледе леде и Македонско девојче утринава! Оригинални бевте :)
     
    На Crixus, Monna.Monna, ozbilnazena и 21 други им се допаѓа ова.
  4. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    За малце и бадник ќе го преспиев,се прашувам да не имам некоја спиечка болест !?
    Се на се 12 часа...
    Ама толку мили и убави соништа,да посакаш да не се разбудиш уште доолго долго.
    Така е тоа кога тие се подобри од реалноста...

    И што дека станав,одма заебав ...изедов пола каравнче сарма,кој ти знаел дека била за вечер,за бадниковата вечер ?

    Последиците можете да замислите какви беа,мајка ми ене ја си го мери притисокот,тоа е исходот од мојата постапка,ајде де ќе има за сите... доволно е и по 5 сармички колку адетот да се избрка ..
    Ќе пишам после пак,кога ќе ми се падне паричката,имам некој јак предосечај дека кај мене ќе биде ;)

    пс:За бадник каде и да си дома да си :D
     
  5. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    4.781
    Ќе ме читате во темите за диети и фитнес од утре, понеделнички да ми тргне :|
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, Buttterfly, Elennaa и 8 други им се допаѓа ова.
  6. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Единствено нешто поради кое ја сакам зимата е поминување време со семејството.Вечери , забавување , гледање филмчиња..priceless...
    [​IMG]
     
    На Elennaa, The-Queen, Ema.Sk и 2 други им се допаѓа ова.
  7. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Паричката бидна, спортска утнав ....и сега на ред HOME ALONE да се осети божичниот спирит онака хумористично и топло.
     
  8. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Ова беше една убава, харомнична, весела семејна вечера.
    Ете баш затоа и ги сакам празниците.
    Паричката и оваа година не беше во моето парче леб, среќникот е татко ми. Нека ми го поживее Господ, нека му даде здравје, среќа и долг живот, зошто така и јас ќе сум среќна.

    Целата оваа празнична атмосфера ми враќа безброј спомени од детството.
    Сите се присетивме на денот кога дознавме дека Дедо Мраз не постои.
    Мојата приказна беше најтажна. :|

    Се сеќавам, како да беше вчера.
    Моите ми кажаа дека сум голема и треба да знам дека Дедо Мраз не постои, дека тоа е еден измислен лик кој ги прави среќни малите деца, а јас сум веќе голема.
    Си подголтнав, се разочарав ама не покажав, па нели голема сум веќе, срамота е да плачам?!
    Помина тоа, таман малку подзаборавив, кога истиот ден на ТВ му прават интервју на еден чичко.
    Гледам, моите внимателно ја следат емисијата, си реков ај и јас да гледам.
    Подобро да не гледав.. :worried:
    :o ШОК! МИЛЕ-ПАНИКА бил исто така измислен лик. :tmi:
    Многу ми се насобра и не можев да се воздржам, па си се изнаплакав.
    И двајцата мислев дека се ликови кои постојат, реални, вистински..
    Јас сум била во заблуда... :x

    И како да го заборавам тој ден? :wasntme:

    Искрено, убаво ќе размислам дали да ги излажам моите деца дека Дедо Мраз постои?
    Или ако веќе одлучам да ги излажам, кога и како да им ја кажам вистината а да не ја прифатат така трагично?
    Па сигурно не им е лесно и на родителите, нели?.. :?:
     
    На teddybear, Buttterfly, kravce и 16 други им се допаѓа ова.
  9. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    17.259
    Паричката во Господ, мене тоа ми е знак на многу кавги оваа година :^) Дај Боже да не е така, ај, ќе видиме.
    Мама ми рече какво ти било првото скршено оревче, таква ќе ти била годината. Мене на пола ми се скрши и од свете страни јатката беше во форма на срце, ми кажа дека дечко ќе сум си фанала :^)
     
  10. Angy.g

    Angy.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    30
    Пред се,Честит Бадник и Честит Божиќ.Уште многу години да ги славиме !
    Сакав да прашам..дали може некој да ми каже божиќен филм-по можност комедија..или љубовен :rofl:
     
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    хм ете и после толку радување за кај мене дома пак си заминав во кујката на мажотми :( многу му фали мојот дом а најмногу мама и тато :( би поминала усте многу време со нив али ете кога ке се мажис и мажена си...
    затоа додека сте во својот дома и кај своите родители сакајтеги и поЧитувајтеги,еден ден ке заминете од кај нив изнајте дека се од таму бас се ке ви фали :( :(
     
  12. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Најпрвин нека ни е честит празников и да си го славиме уште многу многу години. Второ многу среќа на тие што му се падна паичката, да бидат секогаш среќни, насмеани и расположени, а на нас што не ни се падна повеќе среќа наредната година.
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК,т.е. Ви посакувам стихови обвиени со снегулки и добрина, најубави желби за добра ноќ, во оваа ноќ што се капе во убавина! Ви посакувам пријатна Бадникова вечер!
    ●▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬ஜ۩۞۩ஜ▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬●
    †(¯`˙•٠•●♥ ♥ Среќен Бадник и бадникова вечер! ♥●•٠•˙’¯)†
    ●▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬ஜ۩۞۩ஜ▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬●
     
    На Elennaa, kate21, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Со среќа нека ви е на сите што ви се падна паричката ,нека ви биде среќна и бериќетна годинава само убави работи нека ве следат на секој чекор .
    мене прв пат ми се падна паричката и многу се израдував си замислив желба скромна ама за мене многу вредна .
    Го слушам Балашевич ,пиуцкам винце и станувам многу емотивна ...ги гледам моиве мајка ми ,татко ми ,сестра ми,Индра и сваќам дека они се смислата за моето постоење ,без нив се е залудно ,несакам ни да помислам дека еден ден ке треба се разделам од нив, болна е самата помисла... не треба да мислам на вакви работи на ваков убав ден ама ете ми се провртеа низ глава и вакви мисли ...

    ахх Џорџе Џорџе ти си PURE MDM за мене ... уз тебе виното е најслатко а вечерта поубава .

    Имајте убава бадникова вечер ,сакајте се безрезервно зошто животот е премногу краток :hug: Ве гушкам најтопло и најискрено :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=EAmKMihHn40
     
    На tweety26, kravce, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  15. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Посакувам до половината на оваа година да потонам во длабок сон, а во меѓувреме сите коцки да се наместат на свое место.
    Потоа да продолжам да живеам според моите желби, потреби и планови.
     
    На ceca-1, Libera и esperanca им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.043
    Допаѓања:
    81.406
    Пол:
    Женски
    Jас секогаш велам, нека паричката му се падне на оној кој највеќе му треба.
    I guess, годинава мене ми била потребна. И ќе бидам искрена и ќе кажам дека навистина ми треба. :) Па и редно беше еднаш во овие речиси 20 години да ми се потрефи. :$
    Нека е среќна годинава, бериќетна и сè по ред.
    Секое добро феминки и тук-таму по некој фемин.
    Ве гушка Мишела.
    :hug: :hug: :hug:

    П.С. Изгледа тринаесетките ми се, хм, како да кажам - фетиш ? :tmi: :D Не, ама искрено, ми носат позитивности, ко за некое чудо. :)
     
    На crazylady, Monna.Monna, tweety26 и 19 други им се допаѓа ова.
  17. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Дај боже на сите вака да вие :*
     

    Прикачени фајлови:

    • badnik.jpg
      badnik.jpg
      Големина на фајлот:
      40,5 KB
      Прегледи:
      293
    На la-chicka, tweety26, ceca-1 и 10 други им се допаѓа ова.
  18. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Знам дека е клише ова со паричкава, ама душата не ми даде да се пофалам на фејсбук, за тука не можам да издржам веќе, разберете ме!
    Прв пат во животот се падна во мене! ^_^ :lol:
    И тоа каква иронија - баш прв пат во животот (откако знам за мене) сега воопшто не ја посакував. :)
    Туку оставете паричката, мама и тато многу пријатно ме изненадија со подарок под елката, милка од 250 гр. и парфем - Naomi Campbell Cat deluxe at night !!! (Прекрасно мириса!)
    Го знаеете она знакчето од скајп *poolparty*, човече што скока со гума за пливање околу половината?
    Е така се чувствувам.
    Не поради тоа што добив и не толку скромен поклон, туку поради тоа што им текнало да ни подарат нешто мене и брат ми.
    По мојата критика дека не ни купуваат ништо покрај она што е неизбежно, навистина ми е мило што прв пат во животот сфатиле сериозно некоја моја забелешка и сакаат да се поправат. :!: :)

    Среќни празници феминки! :f:
    Јас полагам колоквиуми од вторник натаму. :|
     
    На tweety26, Buttterfly, cigarce и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Паричката кај баба ми. ^_^ Баш ми е мило што падна кај некој кој многу искрено и' се израдува, и го избаци паричето. :D Душичка бе, ми дојде ептен мило, не се сеќавала кога последен пат и' се паднала, мисли дека никогаш и' се нема паднато во живот. Ви текнува кога викав дека секогаш е во втор план, во позадина, во заднина и си ќути... Гледате ли како се редат работите кога треба да бидат! Ептен ама ептен ми е мило што нејзе и се падна.

    Нека ни ја поживее Господ, ќе и треба годинава... две операции се спрема да прави, ќе навлезе во деветтата деценија и надежно ќе ја убедиме да си стави вилици. :D Вика дека е со една нога во гроб, ама само си прави филмови, не се дава таа уште многу години. :D

    И ни даде со сестра ми по една стотка од парите (ние сите даваме по стотка дома, кој ќе го најде паричето ги зима парите :D ), од дома нешто и збрмчија да ни ги даде нас парите, ама јас спукав! :fubar: Има да и купам нешто, блуза, џемпер, јас лично ќе ја однесам да си одбере. Заслужи жената. :)

    Ајмо сите под ќебе со филм! :geek:
     
    На Ognenija, Sanniii, Monna.Monna и 34 други им се допаѓа ова.
  20. TralalaScorpio

    TralalaScorpio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    51
    Сакам да кажам дека се прејадов!
    се осекам ко синото глувче од том и џери кога се најаде од кокошката (ако ви текнува на сцената) :rofl:
     
    На N.Kety му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.