Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    СДК дека неможам да дишам! Сум се најадила за цела година :rofl: :rofl: Ќе си пукнам!
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Паричката се падна кај мајка ми. Со среќа нека и е, здравје и среќа нека ја прати, бидејќи си заслужи жената после се што има доживеано.

    Туку јас денеска цел ден гледам филмови, и сега се спремам повторно да си легнам под ќебенце и да си направам еден божиќен маратон. Знам дека треба да почнам да учам, се ближи јануарска сесија, али не, има време и за учење и за се :P
    Имајте убава вечер :)
     
    На tweety26, cigarce, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  3. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Среќна Нова 2013 година на сите и за многу години да ни се празнициве!!! :)
    Оваа година да ни биде исполнета со многу здравје, љубов, среќа, веренички прстени, свадби, бебиња :clap: и само убави работи!
    Да слушаме и кажуваме само за убавини и секој ден да ни биде поубав и поубав! :l:
     
  4. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    welcome to the club 8)
     
    На Sara123 и N.Kety им се допаѓа ова.
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.472
    Допаѓања:
    91.846
    Пол:
    Женски
    Минатата година јас го замесив лепчето и мене ми се падна паричката. Сестра ми цела година ја јадеше мајка ми дека лани не го поделила како што треба (секоја го дели така), па оваа година поинаку да се делело.
    Мајка ми ја повреди раката, а малава се водеше по она лани дека јас сум го замесила, па ми се паднала паричката, оваа пак јас да го замесам ама нема да ми се падне паричката. :lol:
    Дур замесував мајка ми ми шепна да си замислам желба, а и побара да и ја кажам. :lol: Ќе се исполнела и да сум ја кажела и да не сум ја. Кој знае што помисли женава дека ќе замислам :lol:
    Домаќинки со малава спремивме се, а мајка ми гајлето ќе ни го берела :rofl: За среќа не се бунеше кој, што, како прави.
    И ... седнавме, нов начин на делење, паричето пак кај мене. :wasntme: Не месев бре за џабе.
    Почна малава да се буни дека минатата година делењето било поарно :lol: Па за Василица ќе ме бркале од дома, само за нив ќе си кршеле.
    Почнаа родниниве да се јавуваат, честитки, честитки и никој бре не ми посака диплома, здравје, среќа, него МАЖ бре. НеЌу да се мажам, неЌу.


    Нека ве прати среќа годинава сите што си добивте парички.

    П.С. Ќе ме биде? :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    • 1357504249207.jpg
      1357504249207.jpg
      Големина на фајлот:
      166,7 KB
      Прегледи:
      340
    На Monna.Monna, ludoto19, DeMelo и 30 други им се допаѓа ова.
  6. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Денес јас ја замесив питата со паричка, направив кифлички за утре и погача.. Бев многу вредна...

    Денес за прв пат посакав да не ми се падне мене паричката, лани ми се падна и ништо добро не ми донесе.. Сега се падна на брат ми... Ептен се израдував, затоа што сакам да му донесе многу среќа, здравје и успеси годинава... Само тоа посакувам....

    А на сите вас нека ви се честити празниците и Новата година... здравје, среќа и благодет на сите...

    Ве гушкам :hug:
     
    На tweety26, teddybear, Hopeful и 12 други им се допаѓа ова.
  7. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Сакам да кажам дека многу ми е убаво во овие зимски денови кога ке си седам покрај каминот облечена во пижами со мечина :D и си пијам топло чајче и си гледам некое филмче романтично :) ,па маченцето ке дојди ке се гали со мене, абе што да ви кажам!!љубов на сите страни.И баш денес ми се јави желба да заврне снег ,ете така сум разположена :rofl:.Па колку е убаво сега со празниците ,зимска атмосвера преубаво.Во мојов крај за Василица правиме мазник со паре палиме оган па секој носи за јадење за пиење убаво е.
     
  8. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.244
    Допаѓања:
    10.421
    Пол:
    Женски
    Се најадов како свинче.Сега баба ми е среќна.Не за друго, туку цела година ми збори, ништо не сум јадела како патавра сум станала. :lol:
    Патавра е иначе многу слаба особа.Не е пачавра.
    Да не дојде до забуна, јас сум далеку од слаба ама баба ти ако не ти каже дека си слаба, кој друг?
    Сакам да ја правам жената среќна, не е до мојот апетит. :angel:

    Годинава, паричката кај мајка ми се падна.И посакавме многу здравје, среќа, берикет, ова она...И ми вика, не ми треба тоа, се што ми треба е покрај мене.
    Хммм, мамо ма, од кога стана толку deep? :^) Дали ќе е до полното меше, ама на вакви празници сите стануваме малку лигави.
    Читам, читам, на пола од вас им се паднала паричката.Добро бе, шо луѓе ќе бевте, шо среќа имате?Јас не памтам од кога ми се нема паричката паднато.И без тоа си имам среќа. 8)
    Пу, пу, да чукнам во дрво, да не се подречам.

    ПС.Не се радувајте толку многу за паричката, една година кај нас паричката се падна во мачката и татко ми ја згази со колата.Несакајки. :!:
     
    На la-chicka, tweety26, odbojkarka и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Колку брзо си лета времето...
    Како сега да се зачленив на фемина, како сега да ги поминував летните ноќи седејќи на фемина, или на чет, разменувајќи совети со другите феминки, како сега да ми беше роденден и ми честитавте, си дојде и Зима, ја дочекавме и Нова Година, ја испративме Старата, надевајќи се на подобра и поуспешна година. Си дојде и Бадник, ете го и Божиќ...

    На сите што ви се падна паричката, нека ве следи среќа цела година.

    Паричката оваа година се падна кај најмалиот член од семејството.
    Се падна кај Глоси. ^_^ :party:
     
    На Shpagetta, tweety26, Mrs.Cuper и 2 други им се допаѓа ова.
  10. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Сакам да кажам мене ми се падна паричката. Мене ми се падна и минатата година, но не ми беше нешто многу среќна. 2012 некако и лошо заврши. Мене лично ми беше тешка година, една од оние кои едвај чекав да помине, една од оние кои не сакав да ги бројам. Што е - тука е.
    Годинава посакувам паричката навистина да ми донесе среќа! Посакувам сите да сме на број, живи и здрави. Посакувам конечно со сопругот да станеме вистинско семејство, посакувам свој дом и принова. Ми се чини дека цел живот за тоа сум мечтаела: свој дом и свое семејство - здраво и среќно семејство. Школување, кариера, патувања...сето тоа како да не ми било најголема желба, ништо од тоа не ја пополнува оваа празнина во душава.

    Господе, годинава те молам да се зголеми бројноста во нашите семејства, а не да се намалува. Да сме сите здрави и среќни. Дозволи ми да ја почувствувам таа најголема среќа во животот. Годинава сакам да имам свој дом, да станам и тетка и мајка, и наредниот Бадник јас ќе ја месам погачата со паричка!
     
  11. Stylesh

    Stylesh Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    СДК дека многу брзо ми поминува времето последниве денови... Некако како да ми лета времето, денот веднаш заминува, ноќта доаѓа... Иако сум сега брзо зачленета на форумов СДК дека имам многу забава и запознав многу корисници на форумов кои се добро расположени...
    Вечерва паричката се падна кај мене...
    Мислам дека распустов многу брзо ќе ми помине и како и на сите други корисници ви посакувам:
    СРЕЌЕН БАДНИК И СЕ НАЈДОБРО...:*
    и
    СРЕЌНА НОВА ГОДИНА (со мало доцнење)..:*
     
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Kaj нас нема паричка за бадник. Паричката ќе ја чуваме за Василица, нека биде кај оној што најмногу му треба :)
    Сепак, топлата атмосфера, ние петмина на маса, Мара пред рерна, Чуче пред врата со комад леб и остатоци од припремањето на пифтијата, милини! Си посакав желба, заради која заплакав :inlove:

    Нека ни донесе бериќет и овој Бадник!
     
    На Serafima, crazylady, MandyLane и 18 други им се допаѓа ова.
  13. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Кога бев помала, овој ден ми беше најубав празник.
    Ќе ме фатеше еуфорија, немаше да можам да спијам, ќе станев кога се разденуваше и ќе почнев да туфкам лево десно, да чекам другарчињата за да пееме коледарски песничиња.
    Ама, за жал, изгледа на овие новите генерации пеењето им изгледа глупаво, пф, бабски обичаи. Епа, ако е така седете си дома. Еј, само 2 групи дојдоа. И тоа вечерта некои циганчиња и сабајле комшичето со некои другарчиња. И толку. А кога бев јас мала, абе цело маало се збиравме, и милион коледарчиња среќававме по пат.

    Туку, паричката се падна во мене. Конечно. Поосле толку години. Викам јас 13 ми е најсреќен број, вие не верувате. Абе, не памнам кога ми се има паднато паричка. Всушност, ми се падна еднаш кога бев мала, ама како у сон се сеќавам.
    И пред да ја кршиме, викам сега или кај мама или кај бато. Секоја година кај нив се паѓа. Ако не е кај бато - кај мама е, и обратно. И си мислам, јас и тато какви малери сме? Абе, тато цел живот го крши лепчето, абе ниту еднаш не му се има паднато. Среќа.
    И оти лепчето беше поголемко од обично, бараме бараме и и реков на мама оти треба да ја мести паричката кај мене, па најмала сум. И после две секудни - оп, ете ја паричката.
    Жими се не беше намештаљка, никогаш немам цмиздрено за парички!
    Мама вика ’ај тебе да те измачиме годинава’.

    И ај, здравје, среќа да имам. И петки. Скромна сум, нели?
     
    На tweety26, Primavera, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Antigonna

    Antigonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    257
    Чудно е тоа,како се плашам дека ќе изгубам некого,кој никогаш и не сум го имала..
     
    На Elennaa, Springy, PeaceLoveBasketball и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Единствената вечер каде што луѓето се радуваат на една паричка :D
     
    На Lizzy.Grant, sadangel, CharmedGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  16. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    3.194
    Кај мене и оваа година не се падна.
    Се разочарав, веќе 10 години ми се нема паднато. :(
     
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Татко ми се врати, како беше тоа пред Божиќ, зад Божиќ кај и да си дома да си.

    Пред да одиме на аеродром да го пречекаме, го чекав брат ми во двор и му викам:
    Леле ама сме се собрале, село едно цело, чиниш човеков од печалба си доаѓа после 3 години а не како да го немало 3 недели, ни фали уште да го пречекаме со слатко и вода :lol:
    И брат ми излегува со послужавник, миленце на него, едно шишенце вода и тегла со слатко и така го пречекавме на аеродром :rofl:
    Кога не виде колку сме ненормални се згази од смеење, што да прави си знае и тој какви луди деца си има, ако имаме некој дефект од него ни е :lol:
    Иако не беше отсутен којзнае колку време, многу ни фалеше, си го сакаме многу, напред, назад само тој ни е и сакаме да е со нас уште долги години.

    После смеењето кога му кажав дека пак ќе биде дедо се расплаче, а свекрва ми кога и кажавме се наведна и на стомакот му вика:
    Please, please, please God let this one be a girl :lol:

    Коледарчиња тука немаме ;(
    Брат ми ги донесе децата рано, рано, поголемиот внук ми се чини не спие само да дојде да ми пее.
    Испеа песната, стана и моево нудистче и тоа нешто грака, им дадов пакетче и париче и брат ми бара и за него, демек не дошол толку рано за џабе, му залепив една $50 на чело :D
    Од тука отидовме на татко ми да му пееме сите заедно им даде пакетче и париче татко ми да децата, бараме и ние со братов дека мали магариња сме :rofl: не зафркна ни даде пакетче а париче не :D
    Ни даде после по едно стотче да не плачеме а на снашката две стотчиња зошто била воспитана и не барала како ние што сме барале :rofl:

    Паричето кај нас се падна кај мм, единствениот на масата што не е православен, ај нека му е среќна и бериќетна годината.
    Во другото лепче имаше париче за секое внуче :angel:

    Кај мене веќе е Божиќ така да може да ви го честитам празникот.
    За многу години да ни е денот,

    ХРИТОС СЕ РОДИ..........НАВИСТИНА СЕ РОДИ!!!!!!
     
    На cinderella5, Chica.Loca, Monna.Monna и 39 други им се допаѓа ова.
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ... да се радувавте вака за секој најден денар. :D
     
    На Glossy-girl, Buttterfly, Lizzy.Grant и 6 други им се допаѓа ова.
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Ве читам тука и оп, направив некои пресметки и заклучив дека мене уствари паричката ми се нема паднато уште од времето кога ми ја местеа :angel: А ја не би да се бунам ако наредната година еве пример, ми се падне една кредитна картичка, па да надохнадиме за сите овие години, нели? :D

    Амааааа, попрво јас некаде би паднала - како последица на мојата смотаност, би се утепала, него ли нешто да ми падне на мене. Т.е па да, може и да ми падне нешто, као на пример клавир некој од нечив прозор. :D

    [​IMG]

    ***

    80's сонгс плејлист - чекд.
    Ма каква компилација сум си направила да знаете, утре ме чека долга релација за пешачење.
    Има да се окозам, ама морам да почнам повторно од некаде...
    А нема ништо подобро од празни улици, гласна музика на слушалки и бистра глава.
    И добра мисла и добра волја. Овие две едно без друго не идат.

    Сега ќе одам да си легнам, да не ми се пријаде нешто пак :D.
     
    На Lizzy.Grant, DeMelo, JuLleE и 13 други им се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    на татко ми му се падна кај нас :)
    одамна му се нема паднато-и многу ми е мило за него :$
    и да ви кажам дека веке нема да бегам од состаноци :shake: -џабе не одев првите две недели, личноста од која бегав денес баш на него налетав и сега баш размислував-зошто всушност јас бегав :?: :rofl:
    луда глава :fubar:
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.