Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Како и секоја година паричката е кај мене, не ми е интересно веќе :angel: И таман кога ќе помислам дека се е совршено, сите околу мене се насмеани и среќни, една мисла ме пецка, ме боде во душата и ја поматува цела слика. Еден лик што незнам како е и што е, како живее без мене и дали е среќен исто како мене. И гледам најразлични желби му посакуваат, а една ме боде толку силно што снемувам воздух. И пак истите ноќни мори, и пак се будам испотена и со тахикардија, а утрото ме боли желудникот од вознемиреност. Тоа чувство незнам што е, нема име и неможе да се опише, среќа не е затоа што ја имам, љубов не е затоа што и тоа го имам и не ми фали ... Како и да е, јас веќе се откажав, а нешто упорно ме следи. Само мир побарав, само тоа!
     
    На kravce, teddybear, Trendafilka и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Четврта година по ред ми се паѓа паричката, изгледа ми ја местат :D

    Шала настрана, нека е бериќетна Новава. Со ужасниот почеток, ова е една светла точка на патот. Нема да зборувам повеќе денес, среќни празници со една наша преубава:

    http://www.youtube.com/watch?v=F4_SIcTEcxc

    Уста занемена...
     
    На kravce, tweety26, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  3. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Уште 2 и пол месеци до доаѓањето на мојот прв внук на свет!
    Едвај чекам да те допрам малечко :angel:
     
    На Jagoda123 и L-enna им се допаѓа ова.
  4. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Сакам едно вакво детуле да имам ,не барам многууу ...

    :angel:
     

    Прикачени фајлови:

    • princess.jpg
      princess.jpg
      Големина на фајлот:
      48,8 KB
      Прегледи:
      347
    На kravce, Lepaaa, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.717
    Пол:
    Женски
    Божик,празник за семејството за најблиските.Деновиве полна ми е куќата со луѓе.Ако нека има гужва ,убава е таа куќа со пријатели и роднини.Секојдневно спремање и за чудо се што направив ми успеа.Никогаш досега не сум направила поубави ситни колачи и торта,а да не зборувам за кифличките и погачата и печеното месо...и.... :D Да не се фалам премногу...Што би рекла мајка ми ,надарена е од Господ храната овие денови...

    А на овој убав празник сакам да верувам дека после дождот доаѓа сонце.Поминувајки со мислите низ некои лоши искуства,сакам да ги турнам од мене,да помине време,и еден ден да се сеќавам на нив со тага,а да сум горда на себе таква како што сум,и на тоа што го имам денес.

    А на вас ви посакувам се најдобро..и на вашите најблиски..Не дозволувајте да ја изгубите вербата и надежта,нека вашиот дух остане жив...зашто само таков во вашиот живот може да внесе убави работи.
    Христос се роди. :angel:
     
    На kravce, teddybear, Angy.g и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ех колку го сакам Божиќ! Ма не ми се ни споредува со Нова Година. Преубав празник ми е, а особено го сакам Божиќното утро и секоја година станувам порано на овој ден за да си поминам повеќе време со моите :angel:

    Му благодарам на Бога за здравјето кое не` следеше минатата година и нека не` следи и оваа :) Благодарна сум за се` што имам, добив дури и повеќе од што посакував. Добив работа конечно, добив нов автомобил :$ од моите, добив 7 мали кученца :angel: , а она за што сум најмногу среќна е дека конечно добив насмевка на лицево после долгиот тмурен и депресивен период. Добив причина да станувам наутро :)

    2012 ми беше една од најлошите години во животот, а воедно и најдобра. Ми отиде од крајност в крајност. Ако, нека. Барем постои некаков баланс, не чини да е цело време лошо, ниту пак се` да е добро. Тогаш секако нешто ќе се изјалови, пу пу скраја да е :D

    Сепак, тажна сум што тука завршува овој празничен дух. После ваков убав ден, од утре Јово на ново :doh: Пак работа, дома, работа, дома. Истата рутина. Нека, среќна сум што во сето тоа сивило има пар розови работи кои ми мамат насмевка, заради кои дарам искрена љубов од срцево и заради кои живеам.

    Христос се роди, драги мои :angel: Нека ни е среќен празникот и само среќа нека нека ни го осветлува патот :)
     
    На kravce, Angy.g, Trendafilka и 7 други им се допаѓа ова.
  7. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Божиќ,не Божиќ,ја средив бирото.Фрлив 3 кеси полни ѓубре :o
    Друг е филингот сеа :emo:
     
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Ако не јас, мило ми е што барем мојата мачка има совршен живот. :hai:
     
    На SimplyElegant, Yowannty и Nymeria им се допаѓа ова.
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    и така...
    дојде тетка ми на татко ми братучедка ама ко сестра ја сака-од мала си ја викам тето, ама не ми е тетка по крв а во мегу време се јави братучедка на мајка ми за да и каже дека на заеднички братучед жена му мене вујна ми се пага починала од инфаркт :x и тоа вчера на Бадник :!: денес не има а утре можеби и не :worried: кога и викам на мајка ми да оди на преглед за срцето, таа инает ми тера :fubar:

    а сосема случајно спомнав име што често моите постови се поврзани со него а живее во истото маало со тетка ми, леле кога ми се нафрлија сите :o и мајка ми, и татко ми и тетка ми со информации за таа личност се изненадив испадна дека моите го знаат него и јас како помала сум била во нивната кука-баба му е или била незнам шивачка ама не се секавам :shake: и дознав дури и на кој начин е вработен и кој ми го подмачкува животот него-вујче од Германија за да тој изигрува фраер низ градов
    и уште тетка ми кога ми рече дека не работи таму каде што работи и дека не вози таков автомобил :@
    многу долго време не бев отишла во тоа маало ама типчево го знам веке 2 години и знам како одат тие работи преку партиска линија
    колку е светов мал...
     
  10. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Како ни се погоди денов ,сонценце срамежливо ама битно ѕирка, љубопитно доволно да ни ги згрее замрзнативе души ...
    За Индра радости ја пуштив надвор си игравме со топче се истрча асално ,и уште беснее никако да се измори .... кутрата месец дена беше во карантин и сега секое пуштање надвор и е оргазам :D

    Совршен божиќен ден ,станав уште во 9 сакав целиот ден да го искористам максимално со позитива :sun:
     
  11. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Христос се роди! За многу години празникот. :)
    Прекрасен е денот , преееекрасен.
    Фамилијарна прошетка, одење во црква , ручек со најблиските , прекрасно поминато попладне.
    А сега на мене останува да седам да уживам во остатокот од денот со по некое божиќно филмче , музика, во семејна атмносфера. :)
    А вечер ме очекува дружење со најдобрите другарки на име. :)
    Имајте убав ден :*
    Утре сигурно ке се знај дали сум тетка ... :D :inlove:
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Среќен божиќ на сите мои мили феминки :*
    Е може како Божиќ очекував нешто повеќе, ама бидна што бидна.А и како тоа многу сум очекувала кога само сакав да осетам дека е празник, голем празник, се радувам јас на вакви работи ама не бидна работава. Ќе сме оделе на гости ќе дојделе гости, мижи митро толумби паѓаат, да да сигурно. И овој ден го поминав онака досадно горе в соба затворена си гледав телевизија и самичка си го прославив празников...
    Јеби га наредната година може поубаво ќе биде, само да не ми се волку мрзливи старциве, постаро изгледаат од тоа што се. Абре на тебе по цели слободни денови само да ти се лежи по дома и да мрштиш тоа неможам да го разберам, ми го уништија празников, али ајт не е прв пат. Камо да беа позабавни и да живеев во некое место каде што човек има кај да прошета ида види нешто макар сам, а и вака не би ми било здодевно само старциве да беа по интересни али ајде јбг такви ми се паднале. Нема тука што да се прави освен остатокот од денот да го поминам лежејќи во сите можни позиции во собава. И да една порака до нив: Не е се во парите, децата на светов ги усреќуваат многу други работи во кои парите не се на едно од првите места! Ама што да се прави кога си мислат дека сме биле некои размазени деца замо затоа што можеле се да ни овозможат ( добро де не и авион и сл.) гадно се излажале!!! :)
    Среќни Божиќни празници на сите :)
    П.С. Семеен ручек? Абе ајде... :puke:
     
    На eli25 и pamelche им се допаѓа ова.
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Христос се роди!
    Е, многу ме радуваат овие денови. Сите сме тука.
    Само радости. Сите се расположени.
    Пита со паричка ќе правиме за Василица.
    Всушност, и јас не паметам кога последен пат ми се паднала паричката.
    Ќе и биде и тоа, ако не сега, за 5-6наесет години, ќе биде.
    Вие останете позитивни, весели и среќни.
    :f:
    http://www.youtube.com/watch?v=BhIt-eahR4M
     
    На kravce, bittersweet, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Жал ми е што некогашните честитки се заменети со пораки било на Фејсбук, било од овие бесплатниве пораки и глупости.
    Па кој би се мачел да пушти честитка по пошта кога имаат 1000 бесплатни пораки...

    Јас на баба ми, секоја година и праќаВ. Велам праќаВ бидејќи годинава сосем сум изумила :worried: И јас понесена од ова лудило наречено современост!

    Сфатив, кога ја прегрнав баба ми која седеше покрај огнот сама, го ложеше без никој покрај себе. Погледнав накај огледалото, на местото каде што отсекогаш стоела моја честитка со нај убави желби за бабичка, тоа исто место оваа година беше празно... Душата ме заболе..таа сама, се радува на секој наш повик, на секоја честитка како дете... Сега на тоа место немаше ништо...
    Заборавивме колку овие ситници значат..Сега сме "модерни", користиме технологија...
    Од леле...
     
    На Ognenija, kravce, teddybear и 19 други им се допаѓа ова.
  15. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Прв недомашн Божиќ. Убаво групиче на луѓе се собравме, делумно во ист состав прославивме и Нова Година, и католички и наш Божиќ. Ми зафалија коледарчиња/Циганчиња, па си пеевме по скајпови и чуда. И кога ќе те прашаат странци ај преведи ја песната. Е ајде де... :lol:

    Низ возови и во магливи утра си го резимирам животов. Си ги открив слабостите и сега откривам како да ги ојачам. Замислена новогодишна листа полека се ткае и се јавуваат прашања на кои одговорот ми е далечен. Времето минало и брзо и бавно. Доволно бавно за да не приметиме дека не одминува и доволно брзо за молскавично да не потресе кога ќе сфатиме колку поминало.

    За сега, прошетки и поклони. Во понекоја малечка клетка чувствувам како ми се враќа инспирација за пишување и прибирам шкртанки за понекој конкурс. За мој личен мерак. Го сонувам Скопје завиткано во магла, со лушпи од портокали пред влезови. Ах.
     
    На kravce, Buttterfly, tweety26 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. ripkata

    ripkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    68
    Велат кај и да си за Божик дома да си. Вистина е , цел ден сум дома сомоите. Убаво си поминувам ама вечерва ќе излезам на една чашка ( а можеби и две ) црвено вино . Другарките под рака и ciao tutti :*
    Имајте убава празнична вечер било да сте дома или на друго место !!
     
    На srcekrsacka и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Коментари на фб: Стојанка - Бебе мое најубаво
    И оваа другава што е на сликата - Дубачеееее мое
    :tmi:


    Немогу више,немогу..
     

    Прикачени фајлови:

    На anneyy и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Овие 4 дена ве читав повремено преку мобилниот. Ми беа цели 4 дена на гости внуците за празникот и како што претпоставувате неможев да дојдам на ред од нив. :wasntme: Сега веќе може поактивна да бидам овде полека полека, ќе се вклопам, не берете гајле. :wasntme:
     
    На danichap, anichka94 и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  19. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Пуштил татко ми изворна, македонска музика и вели расположен бил за греана ракија.
    Сте пиеле греана ракија?
    Јас не, се плашам да не се изгорам. :tmi:
    Обавезно си пијам по една чашка на ручек, ама не греана. Што си е сигурно-сигурно си е!
    Неколку пати чашката ја имам доближено до уста и во последен момент се откажувам.

    Туку..
    Остаре баба ми, а јас со секоја ваква помисла се растажувам.
    За Бадник традиционално кај нејзе одиме на вечера, оваа година за прв пат не месела погача.
    Ја купила и се правдаше дека не може веќе да постигне се сама.
    Бледа е и видно изнемоштена..
    Нашата помош околу домаќинството и подготовката на семејни празнични вечери и ручеци ја одбива секогаш.
    Не сакала да не заморува, цел живот ќе сме го правеле тоа, сега треба да одмараме.
    Ниту инсистирање не помага, не сака никој да и се плетка во кујната.
    Многу тврдоглава жена е...
    Кој знае што подготвила денеска за вечера, јас цел ден немам ништо во уста ставено за да можам да ја изедам пола празнична трпеза. :tmi:

    И да..
    После вечерата се враќам кај него.
    Ми кажа дека му недостасувам и дека секоја вечер заспива со мирисот кој сум го оставила на перницата.
    Ех.. и мене тој ми недостасува.
    До мојот роденден ќе останам кај него, а потоа ќе се вратам дома, нема смисла на тој ден да не се видам со најблиските.

    Иии..
    Се предомислив, толку сум гладна што сепак би можела цела празнична трпеза да ја изедам сама! :x

    За крај..
    ЧЕСТИТ БОЖИЌ, ХРИСТОС СЕ РОДИ!
     
    На kravce, Serafima, bittersweet и 15 други им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.267
    Пол:
    Женски
    ^Греана ракија е стварта, да си пивнеш ич да не му се плашиш, како грее, ја осеќаш од грло надоле како распалува. :rofl:
    Семеен ден денес, ручече со родителите, кафенце со другарките и вечер со љубениот.(љубениот бе, кој го кажува тоа? :^) )
    Убави и топли денови. :)
     
    На Divinebutterfly, tweety26, anichka94 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.