Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    8.726
    Судејќи по некои личности од секојдневието, мислам дека постојат родители кои се уште им ја местат паричката. Да ги спречат од соочување со суровиот свет оти нели, рано им е. Секако, што ако имаат начукано по 20 и кусур години.

    Да се разбереме, празниците се преубав период да сфатиш колку си сакан и колку луѓе имаш кои живот ти значат, ама не и да си размазуван и чуван во стаклено ѕвоно.
    Годинава сестра ми ќе е најсреќната, лани бев јас и посакував годинава да не сум. Им треба поттик и нејзе и на мајка ми за да направат по некој голем чекор кој им е зацртан во планот кој фатил прашина веќе.
    Паричката и кај него годинава, се радува толку искрено а и јас за него. Му треба, заслужува.

    Во меѓувреме ми фали големиот град и потајно секое утро посакувам да сум зад границиве, зошто дури и две седмици се премногу за да ја поднесам простотијата на мнозинството.
    И така. Ме чека филм и екстра гушкање до заспивање.
    Љубов е кога заедно си ги чешкате стомаците по празничните трпези :wasntme:
     
    На kravce, Moira, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  2. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    И ја да се приклучам на честитките...За многу години празнициве,да сте живи,здрави,срекни :)
    Да не бидам off topic,СДК дека немам станато цел ден од лаптоп,а ми се јаде ми се плаче....значи која мрза
    сум понекогаш стварно не ми се верува... :$
     
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Моментално ! ;(
    [​IMG]
     
    На Elennaa, Divinebutterfly, thinkerbell и 11 други им се допаѓа ова.
  4. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Ја почнав месечевата диета.
    Не гледам во месечината додека вечерам.

    :nod:
     
    На blond, AwesomeGirl, pamelche и 3 други им се допаѓа ова.
  5. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    686
    Сдк дека се прејадов,неможам да се мрднам,уште плус цел ден го поминав седејќи на лап-топов и даа
    [​IMG]
    пс ваква сум
    [​IMG]
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Сакам да си кажам на себеси - засрами се колку си мрзлива деновиве!!!!
     
  7. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Е не е нормално колку се јаде за празнициве.Колку ми беше убаво пред да почнат, си држев диета и си вежбав секој ден по 1 саат а сега немам ни желба а ни храброст да почнам од почеток, си наоѓам изговори.Уффф па и февруарска сесија, морам да внесувам повеќе благо за енергија и концентрација(така си се вадам) :lol:
     
    На simpaticnaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Ваљда темава е најсоодветна за честитки...
    Така да, на сите феминки им посакувам среќен Божиќ, најубаво да си поминат со кого и да слават..
     
    На Elennaa, kravce, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Пред се сакам да ви посакам на сите се најубаво,нека секој ден биде исполнет со хармонија,среќа,љубов.Деновиве ме немаше многу,но од оправдана причина-тој мојата љубов беше до мене крај мене цело време :inlove: .Денови исполнети само со убавина,го искористивме времето максимално.Ме бакна синоќа точно на полноќ,ми го честита роденденот и ми кажа дека ме сака.Очите ми се насолзија,ме направи најбескрајно најсреќна,никогаш не сум се почувствувала толку убаво и го добив најубавиот подарок од него.Утре патуваме кај него заедно,ќе си прајме од гости в гости :lol:,ќе продолжи оваа убавина која што мислев дека ќе заврши,но за среќа и на двајцата тоа ќе трае и трае.До наредна прилика ве оставам во најдобро расположение и на сите ви посакувам да ја доживеете оваа среќа која што ја доживувам јас деновиве.Ве поздравувам сите и Христос се Роди!!!
     
    На kravce, Monna.Monna, Mrs.Cuper и 17 други им се допаѓа ова.
  10. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Веќе долго време размислувам да напишам нешто во темава и само што започнав со пишување гледам звони телефонот.Не знаете колку се израдував кога го видов неговото име на екранот.Ми го направи денов поубав.Среќна сум...и го сакам.Премногу!!! Иако сите сметаат дека не треба да му простам.И можеби се во право.Но,само покрај него се чувствувам среќно.И ќе му простам.Ако биде нека биде,ако не здравје...ќе издржам и без него.
    :l: срцево ќе ми излезе од радост :lol:
     
    На simpaticnaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК...неизвесноста ќе ме убие, јас бројам 2 недели до твоето враќање но дали се неколку дена - или + ќе видиме. ... море како сака нека е, само ти мене да ми се вратиш жив и здрав другото не е важно, кај било толку месеци сега за неколку дена +/- ќе се издржи... :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, T.e.d.d.y, pamelche и 2 други им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.720
    Допаѓања:
    43.774
    Пол:
    Женски
    Знаете колку ми е криво.Mоментално сум...немам збор како би опишала како се осеќам.
    Никогаш, ама никогаш нема да му речам да излеземе, а притоа барем еднаш да не бидам одбиена.Kриво ми е, зошто јас никогаш не сум го одбила кога посакал нешто, никогаш и можеби звучи смешно ама ова е единствено нешто кое ми ја кочи врската, се нервирам, проклето многу.Не му барам да ме води на вечери и да троши пари на мене, знам дека нема многу, ама ни барам да плати, ни барам да одиме на некои кој знае какви места, само сакам одвреме-навреме едно мочано кафе, а и за тоа морам да се молам со денови.Aман веќе, преку к*р.

    Прееска ме одби за кафе, ајде подголтнав,сега му се јавувам да одиме на свирка и само добив едно огромно не, немаше ни размислување ни ништо.Криво ми е што моите другарки секогаш се зафатени со нивните, а јас поради него многу често седам дома, кога пример како денес проклето многу ми се излегува и оди на свирка, а и да не е со него, немам со кого, нема.

    Ни му се излегува од дома ни ништо, како пензионер.Ако раскинеме некогаш, 99% сум сигурна дека поради ова ќе биде, иако не е големо нешто, верувајте толку некогаш сум плачела, сум се нервирала и ништо, пак исто.И аман веќе и сега ми се плаче.

    И ми го расипа доброто расположение од празников.И утре кога ќе треба да се видиме ќе рече да идам кај него и аман веќе и од тоа гледање филм кај него, беше рутина која ја сакав сега веќе и тоа почнувам да го мразам од што ме нервира.И дома сум веќе 2 недели, ако верувате 3 пати не излегов.
    Сите ќе ги молам, тој се тегави, другарките потегавици и од него.Со нив пак да бидам искрена не ми се ни излегува.Неможам ни да ги сварам муабетите кои ги прават, толку површни и плитки, криво ми е пак зошто колку и да сакам да го задржам пријателството, не иде, не бива, не трга.Отворам уста не ми излегуваат зборови, ги барам некаде, си прелистувам меморија што разговаравме порано и се ми е некако страно и...и како да сум од друга планета.Немам личност што ќе седам со неа и со ќеф ќе направам ред, два муабет, сакам муабет за нешто повеќе од трач и проблеми кои некој НЕсакаат да ги решат, а упорно бараат решение, не сакам да слушам некој што само како коњ гледа напред, не сакам и точка.И криво ми е за многу други работи и ако почнам да пишувам каде ли ќе ми заврши постов.

    П.С.Знам дека кога тогаш ќе го прочиташ постов и те молам чукни си во глава!
     
    На Ognenija, kravce, Moira и 29 други им се допаѓа ова.
  13. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Е вечерва и покрај болката во бубрегот, би излегна малце надвор. Би дивеела на ладново. Ќе се облечев глупаво како и секогаш, ќе отидев на некое рандом место.

    Ама немам доволно желба. :D
    Правам обиди да потстанам, бар да се избањам. Ама неможам .

    Штета. А баш бев расположена за љубов. Онака, баш.
    Румени, се румени, образите , од љубовта мора да се пазиме.. И нема зашто... Ако ја... ќе ..

    Досадно ми е.
     
    На kravce, ines.h и pamelche им се допаѓа ова.
  14. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Денес бев на место на кое несакав да одам...поради тоа што мислев дека ќе ми донесе само спомени и моменти на кои несакам да се сеќавам. Затоа што не ми прават да се чувствувам добро, туку спротивното.
    Но, толку позитивно се изненадив што воопшто ниту еден спомен не ме допре. Баш го гледав сето тоа како мое минато, на кое воопшто не се ни сеќавам... 8)

    Не снајде несреќа. Толку се борев. Прв пат ставив се` на ризик. За среќа излезе добро. :whew:
    Уште еднаш животот ми покажа како треба да се борам. Дека ништо нема да се случи самото по себе ако не си ги засукаш ракавите и да ја превземеш работата во своја рака. Само така ќе постигнам нешто!

    Друго...седев на маса, и најубавиот празник го поминував со личности чии лица несакам да ги видам.
    Толку пати не повредија, толку болка...кон мене, кон мајка ми, кон татко ми а и сестра ми. Тоа се луѓе без душа, со кои мора да се гледаш, со кои мора да ручаш на иста маса...со кои мора да се бакнеш во образ за да си честиташ нешто...понатаму,останав без зборови... :x
     
  15. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    3.194
    Досадно ми е. :|
    Толку ми е досадно, што мислам оти ќе почнам да учам, навистина.
    Значи, многу, многу, многу, многуууу ми е досадно.

    Ме нервираат сите. Знам, денес треба сите да сме сложни, да се сакаме, ова она, али ме нервираат.
    Ме нервира ладново, оти ни надвор не ми се излегува, оти треба милион алишта да ставам на себе.
    Ме нервира се и сешто.

    Добредојде му посакувам на ПМСот. :*
    Ќе се дружиме неколку дена, гледам јас.
     
    На pamelche и julie77 им се допаѓа ова.
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Паричката вчера се падна кај дечко ми и го прашав дали мисли оваа година да се женува. 2012 Се правдеше дека високочна била, ама му реков 2013 нема каде да бега. Рече чекал прво некој од другарите да се одлучи, не сакал да биде прв и да се учат од неговата свадба. ЈБГ Ќе си почекам уште бајаги време. Ама ако, никаде не планирам да одам. А и него не го пуштам. :wasntme: :inlove:
     
    На Monna.Monna, Lepaaa, LilBaby и 3 други им се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... ама немам што инспиративно да кажам, мислам имам мисли, имам емоции, имам толку зборови внатре во мене ама некако тешко да излезат да ги прочита, чуе некој ... Ни барам некој да ме сослуша, да ме разбере, нит има некој кој би го сторил тоа. Се затворам се повеќе, ко школка ... Годинава тргна вака, имам чувство дека добар период ќе биде исто ... ни се надевам, ни очекувам. Затоа ни празнициве веќе не ги чувствувам како треба, ни пак ми се омилени ... Кај се изгубив, не знам?!?

    Се извинувам за негативниот пост ... моето моментално постоење е тоа. :doh: Сепак нешто напишав ... :^)

    Имајте убави празнични денови, уште поубав јануари.
     
    На CaperucitaRoja, kravce, lunicka и 7 други им се допаѓа ова.
  18. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    таа: Ајде да и најдеме такво добро парче како твојот дечко?
    јас: добро ќе се обидам.
    таа: Така некој богаташ!!!
    јас: :| :x јас, ах јас па мислев сакате убав како мојот. И да знаете не е до толку богат. Средна класа е како мене исто.

    Муабет со мајка на една познаничка. :fubar:

    Брејјјј, тоа што некој си допуштил да оди до Прага за 150евра не значи дека сме богаташи. Ало ало. Луѓе јас не купувам во месецот по илјада парчиња облека, јас си штедам дека Патувањето ме прави среќна. Луѓе, јас си штедев од парите од дипломската, од стипендијата и бев во Шпанија на одмор. Јас работев цела година на солидно работно место кадешто земав солидна плата. И колку што дечко ми дава пари за патување толку и јас. ОК тој нешто повеќе, ама никогаш не ми плаќа ништо целосно. Тој е џентлмен кој сака лезетски да седнеме во ресторан и да почасти.

    Верувам дека повеќето од нас може да одвојат 150 евра да се прошетаат. И девојки, не сите сакаат да се пренатрупуваат со облека... не сите им земаат пари на своите дома (кои немаат за леб) за да се дотерани постојано.
    Сите не прават среќни различни нешта.

    Еднаш една ми кажа дека Ми се можело, па сум го правела сето ова. Па и ајде да е така, само што, јас со ова на никој не правам лошо за разлика од неа, која ја цитирам - нејзе и се можело да шмека се што е машко и и се можело да прави машките да трчаат по неа. Што се држи земјата. Преубави девојки постојат.
     
    На kravce, Hopeful, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  19. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Многу сум носталгична вечерва.
    Ми недостигаат дури и работи што никогаш не сум ги имала.
    Ми недостигаат пријатели..Вистински пријатели.Во овој празен,монотон,досаден ден.Или да речам,живот.
    Ама да не претерам.
    Јас не велам дека нема со кој да ја исполнувам сета празнина, ама пусти километри ,не делат.
    Неможам вака.
    Сакам да има некој покрај мене во секое време,и невреме.
    Патетично е вам да ви се жалам,но навистина нема каде.
    И дневникот ми е испишен,стар,уморен од мојот живот,ракопис и солзи.
    .........
     
    На kravce, DeMelo и julie77 им се допаѓа ова.
  20. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Значи кој е тој што ги прави рапсоредите за колоквиуми, не ми е јасно.

    Како може да се стави колоквиумска недела во сред празници. Кај се видело на Божиќ да се полага |(
    Зарем не можат да ја стават пред новогодишните празници, да си завршиш со обврски како човек, и потоа да се начукаш и празниците да ги дочекаш опуштено, знаејќи дека немаш никакви обврски.
    Како може да уживаш кога знаеш дека кога се ќе заврши, ќе имаш еден тон за учење и обврски.
    И на Бадник, наместо да помагаш и уживаш во семејната атомсфера, ти треба да учиш.. И на Божиќ кога имаш полна куќа гости треба да се криеш и учиш, зошто утредента се полага. И не е само за овие празници, истото го прават и за Велгиден. Абе срам да им е ! Секоја чест на државните на кои колоквиумската им беше пред Нова година ... :fubar:
     
    На AnaKarenina и Doozy им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.