Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mameha

    Mameha Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    490
    СДК дека на денешен ден пред точно една година станав дипломиран графички инжинер ооо само колку бев среќнааа шубо ќе беше да дипломиравме исто толку многу пати колку што и полагавме испити, еее колку многу среќни моменти ќе постојат :lol: :party: :dance:
     
    На MacaLove и aaaaa им се допаѓа ова.
  2. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    [​IMG]
    А зошто да не сум? ;)
     
    На Divinebutterfly, Elennaa, L-enna и 2 други им се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Ако некогаш го изневерам тоа ќе биде со некој Италијанец.
    И тој тоа го знае, и за истото не смее да се лути. :lol:

    Шала на страна мој најголем неостварен сон е Италија ... мојата љубов најголема и непрежалена.
    Жално е што не се оформи групата по италијански годинава.
    А јас знам дека еден ден ќе отидам, ќе стапнам сегде кај што сакам, сегде кај што сум замислила.
    Многу пати имам пишувано на оваа тема, ама после гледањето на under the tuscan sun срцето ми бие два три пати побрзо од вообичаено.

    Ќе фрлам паричка во фонтана ди треви и ќе замислам нова желба.
    Ќе чекорам низ улиците на Рим, Венеција, Тоскана, Верона .... секаде.

    Ќе носам кремаво накај бело меко фустанче со кафеав каиш под градите и кафеави удобни сандали на штикла.
    Ќе тропкам по улиците додека некој висок Италијанец не ми довикне чао бела.

    И ќе јадам од сите тестенини што ги имаат ... од се ќе пробам!! од се.
    Ќе се тарашкам по пазарите и со сите ќе правам муабет, ќе се смеам ќе застанувам на тезги, ќе ги поздравувам луѓето.
    На сите ќе им се смеам и по цел ден ќе ги хранам гулабите додека се радувам и се вртам и вртам од среќа.

    Ќе станам и ќе излезам на тераса, додека го впивам сонцето, дождот, ма секоја времеска погода и непогода што ќе ме снајде со мерак ќе ја чекам бре. Ќе пијам чај, топол или леден на тераса на која ќе ми седи некоја од омилените книги и розеви гербери.
    Розеви гербери за да ме потсетуваат на него. Или бели кали, исто за да ме потсетуваат на него.

    Ќе трчам боса низ полиња со секакви цвеќиња, и ќе чекорам со насмевка по улиците и додека врне дожд.

    А ако се биде според планот со мене ќе биде тој. Тој вистинскиот и ни огромната градина ќе ни трчаат деца ... еден куп деца, а јас ќе го имам најубавиот ресторан, и ќе бидам најфината деловна жена што некогаш газела по Италијанската земја ... и ќе бидам предобар готвач, ќе трчкам од маса до маса ќе се вртам ќе правам и едно и друго. ќе пробувам ќе измислувам ќе додавам и одземам .... ќе предизвикувам насмевки на лицето на луѓето.

    И еден ден, додека пијам прекрасно црвено вино и јадам од најубавата торта, ќе си речам ...
    ех мече, исполни се што сакаше во животот.

    И така, мече се разбуди од сонот.
    Како и да е, фала ви што ме оставате да сонувам ....

    А Италија, таа секогаш ќе ми остане во срцето ... сон кој ќе се стремам да го остварам, барем мал дел од него, ќе биде сосема доволно.

    Не верувам да постои човек на планетава што не ја сака Италија ...
    :inlove:
     
    На Someonespecial, firequeenn, sweet-cherry и 17 други им се допаѓа ова.
  4. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...никогаш не ми значел некој толку многу, колку што ми значи тој.Денес не успеав ни да се израдувам на сопствениот успех, затоа што него истовремено му се случуваше неговиот најголем неуспех.Додека го гледав како плаче, како липа, ми дојде и јас да почнам да плачам заедно со него.Но, знаев дека морам да се воздржам, морам да бидам доволно силна за двајцата... :emo:
     
    На Divinebutterfly и eli25 им се допаѓа ова.
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Јас да ви кажам блескам од среќа. Она девојче на кое му ја дупнав главата пред 21 година на една пруга, која ми стана најдобра другарка, со која делев се', со која си праќав писма по пошта, со која тажевме кога изгубивме другарка, онаа поради која секое лето трчав до нејзиниот град за да ги минам деновите со неа, онаа која ме собра кај нејзе кога ми се случи најтешкиот момент, што знае да ме насмее со блесави работи, денеска ме направи посреќна за 10000000 пати.. Тоа девојче ќе стане мама, ќе станам тетка по 3 пат, ама толку ми е моќно што сум првата што дознава.. Срцево ми е топло. Ќе си имаме бебуле..

    Ах те сакам среќо моја, остани покрај мене и јас покрај тебе како до сега. :hug:
     
    На smooch, FortuneTeller.xD, sesilija и 20 други им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    СДК, трпение - спасение.
    Се' ќе биде во ред ... некогаш.
     
    На Shana и Bright им се допаѓа ова.
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    На Beauchamp, crazylady и Juicy им се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Мене изгледа стомаков ми се зголемува од што само на него лежам кога сум пред компјутер :rofl: :rofl: :rofl:
    Мала шала де :D
     
    На julie77 и Doozy им се допаѓа ова.
  9. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461

    Цел ден пцујам само, не ми личи на годините. :@

    Ми се трча од нервоза.
     
  10. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски

    Што велиш да го истрчаме цело Скопје заедно? :wasntme: ;)
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    СДК страшно многу ми недостига брат ми, патот е долг, моето срце е со него, мојот ум во него, добро да стаса ;( :inlove:

    Ќе денувам ноќва, а месецов ќе ми се стори век!
    Ќе лечам душа со Мјуз, VH1 заслужуваат :clap:
     
    На L-enna, enca.69 и Magnolija им се допаѓа ова.
  12. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Сакам да кажам поздрав до Ashling ... ти ги читав мислењата ме изнасмеа девојко :)
     
  13. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Сакам да кажам дека се наближува денот кога ке бидам во прегратките на моето срценце :*
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ова ќе Е мрчаторски пост :!: . Убавото во виртуелното мрчење е што секогаш ќе најдеш барем едно ,,другарче,, кое е ,,расположено,, да те сфати и кимне барем со главчето во знак на одобрување бихајнд аватарчето. Ете, толку почна да ми игра твист по нерви фактот што Хаус атитјуд во Македонија имаат веќе и хаус мајсторите. Ама, не се ни тие криви што се живи баш овде. Како и било кој од нас впрочем. Бидејќи ако загребеш, со ентузијазам како да триеш метално денарче врз новогодишна грепка, навистина длабоко под слоевите изнасилен цинизам, преухранета зајадливост, латентна затапеност и горделивост над плафон - тоа е само одбранбен механизам, да не‘ не папа ткивото на сркмстенсис на кои со дигнато средно прсте од едно раче и шипаче на другото им велам - скру ју со скрудрајвер!

    Дури не ми се верува дека странците мислат дека сме толку добродушен и гостољубив и срдечен народ, бидејќи најголем дел од времето НЕ сме, туку сме малодушни, полу асоцијални и наполно или нацело егоистични до срж. Да се разбереме ако пристапиш правилно и искрено и допреш до срцето на Македончето, ќе ти биде другар до гроба и од уста ќе ти го даде последното суво парче леб, па макар бил и како катран обоен со име Бо, ако си се докажал и покажал. Ама, на нашите срца фаќа некоја закоравеност, погледот ни станува метален и недоверлив, емоциите сегментирани и неизживеани целосно...

    Денес ми е еден од оние конфузни денови, нема врска ПМС - најчесто користеното алиби, толку убаво почна денот и во еден миг ми дојдоа проклетиве стихови во глава (почнав да размислувам низ стихови на песни ете нов некој тренд ми е тоа), не, нема да речам - не предизвикани од ништо - јас верувам секогаш во причинско - последични врски - дури и тогаш кога не успевам да ги објаснам со друго освен со фактот што Марфи е педериште од оние никаквите и шугавите, не од фенси хомичите од високата класа. Ех, да стиховите -

    If it makes you happy
    It can't be that bad
    If it makes you happy
    Then why the hell are you so sad

    Е, зш де?!
     
    На julie77, MandyLane, Ashling и 13 други им се допаѓа ова.
  15. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    СДК дека не можи...ама стварно не можи да се стави крај на лицемерието! :puke:
    Не постои граница да ја спречи неговата бесконечност. :x
     
  16. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.052
    Пол:
    Женски
    Изгубена сум тотално, во простор, во време... Да ми кажел некој дека јас ќе бидам ваква во пм ќе сум го отерала... Да можев да си излезам од кожава ќе го направев тоа, ич око немаше да ми трепне. Не се сакам периодов, не знам што е со мене, целата сум негативна, не сакам ни да запознавам нови луѓе, имам некој атаква страшна аверзија кон луѓето... Не знам, период ли е што ли е, ама се надевам дека ќе помине. Не сум јас ова бре. И дечко ми ми вика, не беше ти ваква. А да го слушнете тоа не е на арно. не е знам, ама... ама. :worried:
     
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.213
    Допаѓања:
    139.819
    Се сеќавам на времето кога традицијата ја сфаќав како непотребно оптеретување, обичаите ми беа неразбирливи, а канењето на свадба први братучеди на родителите сосема непотребно.

    Моментот слава ни најмалку не го разбирав, а кога доаѓаше на ред семејната слава (во семејството на сопругот, јас сум израсната како атеистка) самата помисла на одење и гледање со роднини ми доаѓаше мачна.

    Тоа не беше одамна, пред најмногу 2-3 години.

    Денес уживав во славата, а едвај чекам да дојде следната, за два дена. И колку што порано не сакав да помислам на славење слава или именден, толку сега сакам што побрзо да ја обновам традицијата и да ја наполнам куќата луѓе кои и немам прилика да ги видам често.
    Затоа се славите, да се видиш со блиски луѓе со кои не стигнуваш да се видиш. А свадбите и погребите се за да не се заборавиш со роднините - во спротивно не би се познавале.

    Од динамиката на животот или можеби практични ставови дека важни се само најблиските, и со нив треба да се негуваат контактите, ги забораваме оние малку подалечните. И пропуштаме да ги запознаеме луѓето кои ни се блиску, само треба да направиме чекор да дојдеме до нив.

    Од сегашен аспект гледано, жал ми е за многу такви врски, особено роднински. Порасната сум во семејство каде важи дека пријателите се вистинското богатство, а роднините само некоја крвна врска која не можеме да ја замениме. Пријателите се вистинско богатство, ама би сакала малку повеќе време да поминував со роднините. Ама кога ти си тој кој ги разлабавил врските, малку тешко оди повторното спојување. Што не значи дека е невозможно.
     
    На MSkorpionka и zhap4e им се допаѓа ова.
  19. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Од што не знам што да пишам и спојлерот го прееб*в.
    Бтв гуд најт на сите и сонувакајте комарци (свежи) и сите соништа нека ви се исполнат. ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.