Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Денес сум многу среќна, а најголема причина за тоа е фактот што го положив и вториот колоквиум математика. :rock: Тоа значи дека ги исчистив сите предмети од првиот семестар преку колоквиуми. :dance: Остатокот од месец јануари можам само да уживам и да го искористам како што јас сакам за да можам од февруари да одговорам на сите обврски што ме очекуваат. :)
     
    На Doozy, Buttterfly, Libera и 4 други им се допаѓа ова.
  2. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    :emo:
     

    Прикачени фајлови:

    На tweety26 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  3. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    МЕСИ и тоа е тоа! :)
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Дупли џемисон.
    Нема да пиеме.
    Зошто?
    Е, зошто де?
    Наместо тоа, повторно нескафе, овој пат со цигара додека комшивките потајно позади завеса те посматраат.
    Битно е? Не, воопшто.
    Или кафево евентуално со натрен. Ни тоа, ни тоа.
    Wait a sec..
    Дојди да ми ги оттргнеш мислите и да се насочам кон некреативно трошење на моето време цел месец.
    Нема дупол џемисон нема... но, утре ќе има многу вино,многу јегер и многу,многу кампари џус.
     
  5. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    http://www.youtube.com/watch?v=e-fA-gBCkj0

    :dance: :dance: :dance:

    Ја батка ти кажувам сум се разиграла у велико.

    Сама дома, песнава ечи а јас шизам со дембелиов гз шо сум го напунила со кифлиња и салати.
    Трчкам низ дома местам кревети у ритам, подскокнувам, се облекувам абе се у ритам :D
    Само што станав а вака разиграна на убаво ќе е :rofl: Така и треба да тече денов.

    Доста беше одмор се враќам на шизење, а сега у ритам со јадењето. Да го зголемам уште малце дембелиов де, му се уарни вака улежан со денови :D
     
    На Foreveryoungiwannabe му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Многу мажи сакаат мистериозни девојки кои малку зборуваат. Ако сте една од нив, еве ги вашите предности:

    1. Вие сте како мозаик и тој никогаш нема да знае дали ја прави вистинската работа за да ве импресионира. Предизвик сте му!

    2. Вашата срамежливост може да ја помеша со студена ароганција, особено ако сте убава. Ова ќе исплаши неколкумина, но ќе заинтригира многу повеќе мажи.

    3. Мистериозни сте и непредвидливи затоа што вашите емоции не може да се прочитаат лесно. Тешко ќе им биде да ве задоволат.

    4. Срамежливи сте, слатки и женствени, а мажите полни со тестостерон сакаат вакви девојки.

    5. Срамежлива сте, малку контактирате со други мажи, па тој ќе чувствува сигурност со вас.
     
    На tweety26, srcekrsacka и Ann.94 им се допаѓа ова.
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк мене утре најмогу среќа ќе ми треба, интервју во Скопје, трчкање натаму наваму по ладново и трпение ќе ми треба изгледа многу.

    Денес и е роденден на најмилата ми мамичка, утрово се шишав и со сестра ми и купивме торта на мама да ја изненадиме и насмееме. :wasntme:
    Ќе бев среќна доколку можев да и купам нешто повеќе но за жал парите ги снемува со самото преминување на куќниот праг,никако не стасуваат џабе скусување од овде - од онде, тие се ги има па веднаш ги снемува.

    Подршка од блиските има ехеее, ептен, а од него пфф никаде го нема, исчезнува влегува во емотивен зимски сон ама ако, паметам јас.
    Пораснав,созреав :!: сфатив деќа премногу давам а минимално добивам, благодарна сум и на тоа но сфатив дека заслужувам повеќе. Заслужувам да се однесува спрема мене барем со малку повеќе внимание и почит а ладните чувства нека си ги чува за други личности кои му прават само лице а тој не е го воочува тоа. Затоа му викам ќе сфати тој што се пропушта но тогаш касно ќе е.

    Ама ако.
    Мене годината како ми тргна ми се смее една другарка и ми вика
    "Со овие тројца,четворица додворувачи можеш да бираш и ич да не се замараш." а јас и викам
    " Ако нека има, само да се решам јас да ја менам љубовта." Само слабо ми иде сум се затапкала во едно место :!: али ми одговара вниманиево и од овие лучности не викам не :wasntme: :lol:
    Сум се смеела почесто, сум излегувала за викенди почесто се гледало дека сум се решила на промени така ми викаат тие околу мене, фала му на Бога штом се приметува значи сум почнала да ги остварувам плановите за годинава.


    Среќни празници мили феминчиња и пуштајте среќичка за интервјуто утре ќе ми треба ептен :!: .
     
    На Moira, kravce, marama и 14 други им се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    надвор ладно смрзнувачка а јас во фустанче со ролка отозгола добро и хеланки носев и чизми секако :!: -имав една обврска па морав да бидам облечена така-се чуствував ко ледено човече жими се а рацете ко да не ми беа дел од телово :worried:
    криво ми е што ми пропадна идејата за цртање нокти-се разочарав тотал :( дури до Капиштец отидов да прашам ама не цртаат-ок имав и други обврски таму па така да го рашетав цел како никогаш до сега :D а ме видоа и луге што не сакав да ме видат-колеги на З-толку ми беше срам да пропаднам во земја, ама што требаше да правам кога се распоредени секаде-да си облечев мантил и една бурка најпаметно :rofl: ама се видов и со една другарка што многу си ја сакам и секогаш кога одам натаму, ја посетувам :* за неа и другарка и :) а на вракање запалив свека за сите од најблиската фамилија, дај боже да и помогнат молитвите на тетка ми средната-денес оди во болница , минимум 2 недели ке лежи -а ми текна запалив и за него свека, да му служи здравјето и среката-иако јас глумам дека сум индиферентна, ладна како коцка лед пред него-кога сум во негова близина :l: во мозок ми чука, мислам дека ке ми излезе од градиве :worried: се плашам инфаркт да не ме стрефи :x
     
    На anabel-a и CIA им се допаѓа ова.
  9. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Конечно.
    Конечно излегоа резултатите за стипендии. И таму го најдов именцето на брат ми.
    Татко ми пак, процуте човекот, ау, цел ден само за тоа зборува.
    Абе, сите среќни, се радуват за брат ми, му се насмевна среќата и на него.

    Туку, празници се, се истрошија парите, јануарската плата на мама доцни, па, ај сепак, да не речете БиЈу е скржава, да ве почастам :P
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    п.с. Христос се роди, весели празници! :*
     
    На kravce, marama, teddybear и 8 други им се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    фала ти витомир за постов
    значи од сега само кутенката :D договорено 8)
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Не,тоа не е топка,тоа сум јас! И ве поздрвувам :D Ми се чини се тркалам место да одам :D Реков од Божиќ натаму нема толку јадење,чекав мајка ми уште ова јадење да го направи и да и го јадам. Сега обавезно на режим и диета. И под итно ми требаат нови фамерки :D Не само што се здебелив,туку и ми се искинаа.Не барав пошто со празнициве едно друго доста пари се потрошија,ама толку,не можам без пантолони да останам. Се надевам и вие убаво да сте поминале за празниците и сега да се дружиме за слабеење :D
    Имајте убав ден :*

    П.С. Појела сам све колачичеееее и постанав дебелаааа :D Е сега незнам,каснете од мене да видите дали сум слатка :D
     
    На Moira, kravce, anabel-a и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ми ги мачка очите, а не знае таа дека јас се знам!
    И не ме боли што ја сметам за најверна другарка, ме боли што таа мисли дека всушност е праведна и дека се што прави е на место.

    Од корист, и тоа го дочекав! Не дека јас којзнае колку и посветувам внимание сега, но отсекогаш го правеше истото. Кога нема време да се јави неколку дена, па веднаш кога ќе и притребам знае да ѕвони.
    Дали далечината ни пресуди со пријателството, или всушност се било една голема лага..не знам..

    Можеби и немало воопшто никакво другарство..
    Јас, јас сеуште од неа кријам една тајна, тајна која ќе ја повреди до коски, затоа и не ја кажувам. Како да и кажам, кога толку се жртвуваше? Во неколку наврати сум започнала, ама зборовите не излегуваат никако..ми застануваат во грло.. Можеби баш затоа што не треба да бидат изговорени... И самата ми вели, Ричи како да имаш нешто да ми кажеш, те познавам нешто криеш.. Јас со одолговлекување на зборовите и сосема очигледно само и одговарав Јас?? Неее, што имам јас да кријам...

    И како минува времево ми се чини тие зборови нема да излезат од моја уста..
    Не сакам да носам грижа на совест, а и вака товарот е тежок...
    Нека, ако и е убаво вака нема зошто јас да и ја окончам среќата..

    Нека ми биде среќна, сепак ја сакам!
     
    На Ognenija, Hipster, anuskaNESTLE и 3 други им се допаѓа ова.
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    ах само колку ми е потребен мир |-) малце онака да се опустам и да не се нервирам од неЧиви глупости :wasntme:
     
    На Angy.g и tweety26 им се допаѓа ова.
  14. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Airplane ticket ---> booked ✓

    Имам грутка во градиве и нешто ме стега .. Како иде времето, така се повеќе и повеќе...
    :(
     
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.080
    Допаѓања:
    179.150
    Пол:
    Женски
    Оооопа.. денеска јетрава сејс хај !! Ве поздрави сите :D
    Во мојата маратонско алкохолна измината седмица, ја преценив. Сеа ќе си ги сносам последиците. Кај и да е и желудников ќе пропее... хеликобактер пилори -во.. ќе се активира, за тоа барем од старт знаев, затоа и ретко си го дозволував алкохолот... ама оваа година бев решена така ми тргне годината.. и нели.. не само шо ми тргна, него и си продужи така.. :D ма не, не се каам воопшто, ако на нешто ме научи 2012та е дека буквално ништо не е вечно и дека некои шанси ти се даваат само еднашка, затоа мудро треба да се искористат... и не, не мислам дека алкохолот е некаква си шанса...само се надоврзав на муабетот.

    Некогаш се чудам самата на себе, како после се шо ми се изнадеси лани, од самиот почеток на годината па се до самиот крај.. (последниот голем стрес ми беше буквално на 31ви)... после една таква крајно стресна и трагична година... јас останав позитивна (иако имав и доста моменти на песимизам..валда нормално е), не сум сигурна дали од толку стресови еден ден ќе биде кобно по мене.. или треба да бидам горда на себе шо се тоа го прифатив и продужив даље... не знам..времето ќе покаже.

    Жалам само за една работа...шо го изгубив херојот на мојот живот и шо натака во животот морам наубавите работи да ги планирам без него... а тоа многу ме боли. Ги затворам очите и сеуште можам да го почувствувам, ги слушам неговите чекори, слушам како се смее... често..без никој да знае, ја земам онаа негова омилена блуза (лани пред нова година, јас му ја купив, најнова воедно му беше) ја облекувам само за да го почувствувам неговиот мирис.... а потоа долго ја стискам до срцето... Го имав во секој план, знаев како ќе реагира на сите убави ствари..новости...тешко ми е шо ми беше најдобар советник, шо дури и за најбанални ствари барав негово мислење, консултација.. а сеа остана да се прашувам шо тој би ми кажал во одредени ситуации, принудена одлуките да си ги носам сосем сама.... луѓето ќе ме потапшаат по рамо и ќе речат биди ти силна за мајка ти и брат ти.. и јас..морам нели..немам друг избор.... само стварно се надевам на поубави денови...

    Одам да го напнам желудников и со кафе... клин со клин се вади викаат.. ќе ризикувам :)
     
    На Moira и kravce им се допаѓа ова.
  16. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Спијам, спијам и никако да се наспијам..
    Јадам, јадам и никако да се најадам..
    По цели денови или спијам или јадам, трето нема.
    Стомакотат во топка за пилатес ми се претвори. :worried:
    Љубениов ми вика:
    Полесно ми е да те прерипам, отколку да те заобиколам. :x
    Уф.. Не е во право, не.. :|
     
    На sweet-star, kravce, Divinebutterfly и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    јас сега станата од спиење и некој ми звони на тел фиксен, братми креват и му рекле дај ми ја *** и он паметниот да си застанит на тел. да си се зафркават..Кој ја барат?Зошто ти је ...... :devil:
    (а таја била една моја другарка со која тој е скаран од порано, и му исклучила)
    Абрее аман ич памет да се немало, пак култура Јок. :swear:
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.692
    Допаѓања:
    22.938
    Пол:
    Женски
    Сега дури видов дека Лилит решила да се повлече од форумот. Не беше некоја од оние кои пишуваа многу често и/или кои пишуваа за да добијат внимание, па подоцна го забележав нејзиното отсуство, но сега го прочитав нејзиниот последен пост.

    Некои нејзини постови ме воодушевуваа, други можеби малку ме нервираа (некогаш затоа што остро се судираа со моите погледи на работите, а некогаш затоа што беше сурово во право дури и кога не сакав да си признаам). Си имаше посебен начин на изразување кој кај некои предизвикуваше восхит, кај други нервоза, но таа даде на овој форум некоја нијанса која не би можеле да ја дадат повеќето и одразуваа личност покрај која не можеш да поминеш без да ја забележиш и без да стекнеш одреден впечаток иако тоа не и' беше намерата.

    Факт е дека некои ја навредија користејќи навистина ниски удари и болни зборови што повеќе зборува за нив отколку за Лилит, а таа само бескомпромисно си држеше до својот став и ги поттикнуваше и другите да го направат истото.

    Не сум човек кој сака да ласка, затоа и избегнувам многу директни пофалби, баш за да го избегнам тој впечаток. Само искрено и' посакувам овие празници да и' донесат многу здравје, среќа и успеси и да и' дадам до знаење дека имала свој удел во тоа некое си мое “превоспитување“ за време на мојов двегодишен престој на форумов кој ме измени и научи на некои работи. Не само мене, туку сите.

    Поздрав.
     
    На Neytiri, Trnche, Annath и 13 други им се допаѓа ова.
  19. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Добро, зошто луѓето не се разбираат од збор? Ме праша, му кажав. - Не, не се бендисувам на сликата не ја ставај на Фејсбук. И ја стави. |(
    А добро тогаш зошто ме прашуваш кога веќе си решила да ја ставиш? Или работата беше да се увериш дека не се бендисвам па да ме изнервираш. :fubar: Па после ме означува на сликата за јас на крај да ја тргнам ознаката, па после ти вели зошто ја тргна ознаката? Што ти фали? Баш си убава..
    Ако веќе толку си се бендисала на сликата сечи си ја и стави ја, не овде мене да ме нервираш да ми се правиш дека многу ме сакаш па од љубов си ја ставила, си сакала да имаш слика со мене кога знам дека тоа го направи од инает. :swear:
    Ахх бе гнаси жении. :x
     
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.717
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Среќата кон која тежиме се менува низ нашиот живот!

    За некого среќата е да си најде дечко каков во моментот ви одговара,ако не одговара ќе го замениш со друг.Кај нас мажените е поинаку.Кога не ми одговара повеќе,значи дека ќе морам да барам компромис,да замижам на едното око,да се објаснувам , да попуштам и да преговарам со денови.И дека нема да попуштам ако во тој момент ми налети маж кој во тој момент ќе ми се причини совршен.

    И би била среќна ако и тој се договори со мене и направи компромис.И на децата и на неговата мајка ...би можела да кажам ко ве......ама тоа не е патот по кој јас сум наумила да одам за да бидам среќна.Затоа што во животов постои и некој друг освем мене!
     
    На stetoskop, Moira, imelda и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.