Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Незнам каква моќ има ноќта,но секогаш ме доведува до ситуација да правам интроспекција на настаните...
    Навлегувам толку длабоко со мислите,и за момент си го правам животот совршен...
    Толку совршен,што враќањето во реалноста ме тера никогаш повеќе да не се замислувам,
    она што не сум,и онаму кај што не треба да бидам.

    Всушност на секој еден од нас му недостига нешто..тоа нешто може да биде се.
    Кога мислам на се,се мисли на личност која од не толку оправдани причини не е до тебе,
    а е најголемиот и најбитниот дел од мозаикот наречен живот !
    Барем ти си цврсто убеден во тоа,макар и да не е,ти пак тврдоглаво мислиш дека Е.
    Забораваш дека има уште 2 милијарди луѓе околу тебе,ама таа едната личност е тие 2 милијарди.
    Па тебе цел свет тие наполно празен,празен до болка.

    Колку би било само убаво кога сите би заспивале со оние заради кои не спиеме ...
    сте се запрашале ?!
     

    Прикачени фајлови:

    На SimplyElegant, Ingvild, tweety26 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Имате среќа што ми закочи лаптопот на неколку секунди, па лутината ми попушти, инаку немаше два пати да размислам пред да пишам!
    Значи, на нерви ми удираат, од такт ме вадат, неписмени, прости, своеглави суштества кои упорно си ја трескаат главата во ѕид, не гледајќи дека крв прска од сите страни!
    Ги има доста на форумот!

    Обично, секогаш скролам кога некоја/некој ми е мачен за читање, неинтересен и воедно прост и без креатвност за пишење, ама деновиве се почесто и почесто е тоа да тие таквите ми бодат во очи!

    Од тие таквите, а заедно и со нив, таа другата група на рекла - казала, кои обожаваат да дискутираат озборуваат и расправаат за приватниот живот на многу девојки на форумот, без притоа секако да се погледнат себеси колку се празни и патетични, ми се повраќа!
    Треба нешто сериозно да се превземе со форумот, овие две групи станаа многу присутни низ сите теми и заради нив многу, многу добри феминки не напуштија, да не ја спомнам Лилит како последна, никој не успеа да ја прежали!
    Значи срамота, срамота!
     
    На Sunchild, kate21, Trnche и 23 други им се допаѓа ова.
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Секој ден се прашувам дали има некој нормален што ги прави рекламите во влада, на секое ЕПП се прашувам дали му фали некоја даска на тој што ги одобрува тие глупости, но од денеска, не се прашувам веќе, се осигурав дека дефинитивно не се нормални.
    Сериозно, има некој што рационално размислува таму, позади тие врати?
    Рекламата против абортус, сериозно ли ја одобрил човек што има семејство, образуван, дипломиран граѓанин, жител на Македонија?
    Девојката му кажува на дечкото дека е трудна, овој малку се буни бидејќи реално НЕМААТ СО ШТО ДА ГО ИЗДРЖУВААТ!!!, но брзо се предомислува бидејќи, види бате, ќе личело на него. Ах колку прекрасна љубовна приказна, земете сите испукајте се вечерва без заштита, наполнете се добро за да се осигурате, бидејќи замислете колку ќе биде прекрасно да си имате едно сонце што ќе личи на дечко ви и ќе живее од воздух.
    Толку ли е голема стапката на абортуси тука што уште реклама фали? Зошто не обрнат внимание на пропагирање заштита при секс за да се избегнат две зла, и СПБ и абортус? Или зошто факинг не воведат сексуално образование па да немаат потреба од никакви реклами?

    Инаку, денеска како посебно револтирачки ден, ме револтираат луѓе што заборавиле од каде дошле. Луѓе што до вчера немаа вода во очи, се докопале до некој денар односно дечко со таков денар, и сега мислат дека се потомци од фараонска династија, без срам плукајќи по сето тоа што некогаш претставуваше нивен печат. Парите си доаѓаат, но и си одат многу лесно, посебно ако не се твои. Тие немаат моќ да те направат подобар човек бидејќи надворешноста нема допирна точка со внатрешноста, а златните јазици што сега се фалат утре лесно може да плукаат по тебе или уште полошо, да лижат нечии анатомски позадини.
     
    На sweet-cherry, zarah, Ognenija и 37 други им се допаѓа ова.
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Седевме со баба ми и дедо ми, пиевме кафе, а во позадина одеше емисија за старо Скопје. Почнаа да се раскажуваат носталгични приказни, да покажуваат на екранот потсетувајќи се на старите улици, на куќите... Никогаш немаше да знам која е поентата на глупавиот летниковец(ако така се вика тоа белото кружно чудо со столбови на плоштад ), ако не ми кажеа дека порано таму ја закажувале секоја средба, кај Офицерскиот дом. И ете, не било глупаво, поентата била да се овековечи местото каде што некогаш почнувале сите љубовни приказни. Како што се менуваа сликите, така се присетуваа кој во која куќа живеел, како се шетало по корзото, каде била Католичката црква, кај биле најубавите тулумби....Собата се преполни со спомени што и мене ми стана тешко да им ги гледам старите лица како се грчат од толку слатко-кисели спомени.
    И велат, Скопје ја изгуби топлината. Имало време кога секој со секого се знаел, сите биле љубезно настроени со ведри лица и позитивна енергија. Скопје на Скопјани.
    Ги слушам и се прашувам дали е нормално еден град толку драстично да се смени за топлку краток период? Душата на градот, што ја прават токму тие стари градби, што те тераат да евоцираш спомени, ги нема.
    Дедо ми, од здравствени причини не излегол од дома повеќе години. Кога ќе му кажам дека треба да излезе, со страв и тага ме гледа и одбива. Мислам дека се плаши од тоа да не го препознае својот град. Од фактот што нема да може да ги смести на право место спомените, исто како да не постоеле. Се плаши од тоа што минатото како некој да го збришал, заедно со прашината од срушените обејкти, што биле симбол на скопскиот живот.

    Туку, друго сакав да кажам...
    Исто како што денес седев и ги гледав баба ми и дедо ми како евоцираат спомени, со толку носталгичност, без разлика дали убави или тажни, е баш така сакам да седам и јас во иднина. Со сопругот и внуците, да им зборувам колку убава била мојата младост и колку брзо никна новото Скопје.
    И колку сум среќна за се што било и поминало.
    Моја идила. Моја, можеби глупава, ама најголема желба.
     
    На Neytiri, Monna.Monna, Buttterfly и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Епа неможам веќе овие мајонез салати,солени ролати,кифлички,сувомеснато...ми се згади веќе :puke:
    Прват ми се случува стомакот или мозокот :?: незнам што од тие две -да ми посака чорба.
    Утре на мама ке и барам чорба да ми направи,било каква,неважно,доста ми беше од тие суви работи.

    Уф да си кажам уште нешто.Кога немам за учење ми се учи!Е сега кога имам јас книга не фаќам.
    Неможе ова вака,што се мора-мора се :!:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.900
    Допаѓања:
    11.448
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да си замине зимата, не ја можам ич, абе коскичките ми замрзнаа па :( :D . Него шала на страна стварно ми е мачна, тмурна, депресивна не за друго само јадам, а не се зафака за мене, барем да си имав некоја обврска т.е работичка :angel: . Какво време дојде ме плаши и на државна работа да си има да ти фуфка секој момент да не добиеш клоца :worried: . Денес на мајками пријателка се жали работи во администрација со 30 годишен стаж почнале да истеруваат :x , па затоа јас нејкам во администрација да работам, на приватно дека си сакам ќе си работам :rofl: .
    Од утре готово решив да се ставам во ред, да почнам со магистерката работа, да се растрчкам, нема фајде од кукање, како што е Господ никој не е , па не може се вака да биде нели, де бе па утешете ме :$ :D . Неможе постојано работа да се нема, мора да веруваме дека ќе успееме , МОРА ! :rock:
     
  7. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Ги читав постовите на Лилит во кои зборуваше дека зимото е најлошо време да започнеш врска и си се тешев си викав, е па тако је јебаго!
    Па си викав, ма каааков дечко сега имам многу за учење јас немам време да се замарам безпотребно.
    Па си викав, пак ќе се погоди некоја неверна свиња што ќе сака да ме има само како трофеј и си викав и си викав и на крајта си свикав ептен!
    Море за такво нешто се наоѓа време бре! Мижи Мујо тулумби врнат, ха!
    Сакам некој да, некој со кој ќе се топлиме ќе се туткаме под ќебе гледајќи некое филмче, некој со кој ќе се бакнуваме, милуваме, тепаме! ]:)
    Па 21 година сум, во цутот на младоста а јас водам љубов само со 5те материи по кои ќе имам испити за некој ден!
    Ај желбата ја има, материјалот го нема јбг.
    Сакам слатки пораки, скришни искрадувања од дома, не дека не ми дозволуваат ама послатко е така, ма сакам се! Дури и нервозите ги сакам. Барем нема да се чувствувам како сега, како фрикинг смрдлива празна конзерва од сардини.
    Сакам да се мажам и 3 деца да имам бе ееј, нејќам да сум стара мома, ај обџект! Шмрц...
     
    На tweety26, CIA и Christina.A им се допаѓа ова.
  8. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Конечно..Се како порано!!! Татко ми си дојде од Дк, заедно живееме сите, моиве не се караат, ако се разведени сепак пак живејат заедно ради мене и брат ми :) и зборот ми беше пак е како порано кога ни доаѓаа на тато и на мама другарите и другарките и ке почнат муабети и некој од страна да гледа ке си помисли некој именден е хаха :)
     
  9. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Имам на ум да си купам нови шноли. Еве има години како ја растам косата и никако да не ми ја добие должината која ја посакувам...
    Имам родители кои ми се идоли, тие се моите херои. Само ми фали нов зачеток. Собирам енергија за еден голем чекор нанапред. Се надевам тој чекор ќе биде оваа 2013 година.
    Сакам да гледам сончеви зраци пред мене и зад мене. Сакам луѓе кои се смеат со искрено и топло срце.

    Музика, мрдање со колковите, мирис на спокој!
     
    На Divinebutterfly и Libera им се допаѓа ова.
  10. inna89

    inna89 Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    9


    Во иста ситуација се наоѓам и јас :(
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Вечерва гледав Sex and the City :) Изгледа дека секој ден ги даваат, поточно секоја вечер/ноќ околу 23 часот на Фокс Лајф...

    Го анализираа концептот на Soulmate. Сродна душа. И се заебаваа, нормално... Па се прашуваа дали има или нема Сродна Душа, дали постои навистина некој/а кој/а е нашата сродна душа или не? Дали ќе ја/го најдеме или не? Дали можеби сето тоа е една измислица, една бајка, една само-залажувачка, само-утешувачка, само-охрабрувачка и само-верувачка теорија, која нема ама баш никаква врска со реалноста? Има уште еден концепт во психологијата и социлогијата кој се вика Self-fulfilling prophecy :P Се преведува како Само-исполнувачки пророштва (предвидувања) :) Она во што веруваш, тоа и ќе ти се исполни... Ако веруваш во концептот на Сродна Душа, тогаш, и ќе ја најдеш или барем цел живот ќе ја бараш или чекаш, и на крајот, кога нема да ја најдеш и дочекаш, ќе сфатиш дека си се заебал/а, и нормално, наместо себеси да се преиспиташ и твојата душа, логично ....хм... концептот ќе го прогласиш за погрешен и непостоечки :D Секако, нема да си помислиме дека немаме Сродна Душа, а веруваме или сме верувале цело време во самата бајка, во концептот и во неговата предодреденост и судбински детерминизам!!!

    Има и друго прашање: Дали имаме една или повеќе Сродни Души :D Сите Души се еднакви, упс... сродни, ама некои се поеднакви и посродни (на нашата душа) од другите! Или можеби концептот е многу строг, фатален и ригиден, па ни вели - Само една и единствена Сродна Душа има(ш) на овој свет! Про-Најди ја или ќе бидеш несреќен/несреќна без неа/него! Па, ако имаш г'з, повели и верувај и барај, да те видам!

    Нормално, на оние без Душа им е најлесно. Нема што они да се замараат со сродни и несродни души, со бајки, и останати глупости...Они се прагматични, да не речам, модерни. Ако немаш душа, немаш ни сродна... Секој со секого или секој против секого! Тоа би бил некаков си бездушен концепт на љубовта, ѓаволски концепт на Анти-Душа или Не-Душа!?

    А можеби концептот на Душата и Сродна Душа, воопшто и да нема врска со љубовта, или барем не со љубовта, ваква, како што ја знаеме, практикуваме и замислуваме... Некои врски помеѓу некои мажи и жени, дечковци и девојки, мене повеќе ми личат на Сродни Лажговци или Сродни Бездушници, отколку на сродни души, ама јеби га... Зарем нема конфликт помеѓу вистината дека сме едни и единствени, уникатни, секој приказна сам за себе, а ваму ме/не' тераат да барам:e: Сродна Душа! Немојте само да ми речете дека секоја врска бара Компромис, оти концептот се вика Сродна Душа, а не Компромисна Душа или Прилагодлива Душа, или Те-трпам-додека-можам Душа,...

    Во неможност да ја промениме реалноста, секогаш го имаме изборот да ги промениме мислите и перцепцијата на реалноста :P Така помалку боли и по-подносливо е :P И онака (по)веќе во овие модерни електронски, глобализациски, дигитални времиња, нема реалност и вистина, туку само различни верувања, перцепции, интерпретации, идеологии, религии, филозофии и бајки ... Повели, влези во онлине-самопослугата на идеологии и бајки, избери си една и верувај во што сакаш. Ако после некое време не ти чини, или ако (премногу) (те) боли, измисли си твоја-своја (нова) теорија, прогласи си ја за вистинска и спаси се! Веднаш ќе ти биде поубаво! А можеби и на другите ќе им ја продадеш. И не заборавај да кажеш нешто филозофски глупо и утешително во стилот дека ''Taка требало да биде''. Нормално, Ти не си несреќен/несреќна, туку само малку осамен/а и малку повеќе неразбран/а од околината :P

    Никогаш ништо не требало така да биде, како што било! Едноставно само било, а вреднувањето тешко дека ќе успееме да го направиме. Нема стандардна општо-прифатена вредносна вистина и реалност, туку само субјективно доживување и индивидуализирање на животот!

    Ако веруваш во Сродна Душа и не ја најдеш до 35-40 година, батали го концептот! Кажи дека е у мода да си сингл и дека никој не ти треба. Ако пак ја најдеш Сродната Душа, пиши на Фејсбук, колку многу се сакате и си одговарате! Нека пукнат душманите :lol: Ако после 3-4 месеци или години раскинете, ставете си статус: (Повторно) Сингл - барам (нова) сродна душа!
     
    На mims-89, Ognenija, kate21 и 23 други им се допаѓа ова.
  12. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    3.194
    Значи, не знам дали е до мене само или во последно време, ми иде попрво да ја затворам темава, т.е воопшто да не ја отварам, оти само некои безвезални работи читам.
    Пардон, не читам, туку листам.
    А видам пост со еден ред, знам дека е некоја мисла од Фб, која се пренесува насекаде, па и до Фемина стигнала. Веднаш скролам. А видам некоја мудрост пак на слика ставена, одма скролам. Зошто не се обидете малце да бидете покреативни и вие нешто да напишете?
    Нема топли постови, нема постови кои едвај чекам да ги дочитам. Едноставно, немаааа!
    Или пак многу малку се, од некои форумџики кои стално ги читам и да ви кажам, ептен ми е задоволство кога ќе видам нешто од нив!
    Ми се чини ко форумов да е нападнат од тинејџерки кои ова го гледаат ко втор ФБ. :^)
    Не знам, ама ми фалат содржајни мислења!

    Може кај мене само проработува ПМСот и сум грешка за ова, али ете, така е во темава во последно време. Може јас не пишувам многу, првенствено оти не сум со нетот споена секогаш, али ја читам темава и сакам да продолжам да читам овде!

    Извинете за моето мрчење, леќа ноќ. :|
     
    На mims-89, kate21, feferona и 25 други им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Значи се чудам на оние кои го доживуваат Боки 13 ко бренд, јас го доживувам ко очај, за кој сакам да знам сега само некој нов виц, го прочитав писмото кој го посветил до Грујо оти му се пушело на детето и бубрезите му настинале, па моментот кога ќе почне да става повеќе гардероба на него, одколку да шета ко принцеза, може нема да му мрзнат бубрежињата кои и онака му се повеќе слојно обвиени..
     
    На mims-89, Mishela, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 8 други им се допаѓа ова.
  14. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Сега ти го гледам мислењево, ама тој не бил пијан. :( Така барем кажаа. Работата била што тој немал возачка, а газдата го натерал да тури бензин. И поради тоа се случи, а не поради пијанство. Сепак, многу жално. Трагедија. Но, тоа е тоа.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.266
    Пол:
    Женски
    Се согласуваме дека темава се наполни со секакви работи што би требало да бидат во насмевка, во статуси од фејсбук, во слики, во смешни слики... Ама за жал не се почитуваат нашите молби и совети да се постира во соодветната тема. Затоа ќе се стегнеме уште толку и ќе префрламе се што треба да биде префрлено, а се што не треба да биде во темава ќе биде избришано.
    Се што сакате да си кажете со свои зборови е добредојдено во темава, ама статуси, и се погоре наведено не е и ќе биде отстрането.
    Затоа постирајте си каде што треба, да не биде после каде ми отишол статусот.
     
    На Annath, Gordana10, moonlight-girl.55 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Интересно е, како во нешто си сигурен и знаеш едноставно некое чувство те пецка дека ќе биде така како што мислиш. Стравот не тера да губиме многу работи, да паѓаме се повеќе и повеќе. Но, кога всушност ќе престанеш да се плашиш, од било што, тогаш навистина ќе се постигне духовниот баланс кој сите го посакуваме..
     
    На Peppermint, EleMental, julie77 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Прв утрински пост во новава година :wasntme:
    Утрава ладни и бесчувствителни за моево тешко прилагодување на раното будење :tmi: И ќе можев да си дремам во кола бар уште некоја минута до работа, ама не ми дава душа, го ловам изгрејсонцето. Па црвени облаци, па највисоките врвови, па полека спуштање по планината, па ете го цело портокалово и колку ќе беше преубаво да го набљудував од некоја плажичка...ама битно го има и нас не има да го доживееме.
    Празнициве, како празници...тркалање од кревет на трпеза и обратно. Чувствувам потреба да го истрчам цело Скопје и да надокнадам за енергијата која така мрзливо ми отиде бескорисно. Овие моиве, еден ден ќе постат после цела недела ако има свинско ќе јадат :tmi: а мене душа ми сака марула салата или краставички во кисело млеко. Патем вкусот на пивото, откако долго време не сте пиеле, е незаменлив. Ми идеше да станам и да изиграм некој афрички танц околу шишето, од радоста што ја открив :D Кога сме кај алкохолот, можеби би било добро и утрава работни да ги започнувам со чашка ракија. Никогаш не сум ја сакала, ама ем ќе ме згрее ем ќе ме раздрма. Бар дури повторно се навикнам на будењето во темница. :^)
    Им благодарам на оние што сакаа да ни ги уништат празниците, што се откажаа на 31ви. Бар ги испративме со старата година. Чудни желби, соништа, потреби. И во центарот на нив, парите. Барем фантазиите се бесплатни.
    http://www.youtube.com/watch?v=QT8cNf0e6SM

    Коментариве на јутјуб под секоја песна ме убиваат бавно и долго. Толку...гнев и грди зборови во едно суштество да се најде :x
     
    На Peppermint, Doozy, Hopeful и 16 други им се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.716
    Пол:
    Женски

    Какво размислувања Johny :bow: ,[​IMG]!!!
    Туку друго сакав да кажам.Овие јануарски денови после празниците ми се најтешки.Нели парите во чорапата се драстично смалени,а деновите долги и неподносливо тешки.Како за беља ми истече и членарината во библиотеката,не можам ни да се закопам во кебенце и да отпловам во друг свет.Ми останува нели освем правењето ручек и секојдневното чистење,да се ѕверам во саатот и телевизорот,да го рефреширам мобилниот,прашувајќи се каков му беше звукот на ѕвонењето,да се уневорзирам ,ма од досада и сопствениот нос би го изела.
    Вчера ќерка ми колку ме помести од такт.Има една другарка и нејзината мајка се бави со шверц.Е сега не ја осудувам секој има право да си го вади парчето леб,онака како што може,ама е многу напорна за продажба на текстилот кој го носи.Вчера и тупнала на ќерка ми маица убедувајки ја дека е оригинална
    Д&Г,лимитирана серија,за некоја цена да ти се заврти во главата.Е сега дури ми траеше слепилото од разнобојните шљокици,ми се чини дури и станав разрока,ја убедив дека во моментов не и е најпотребна маица со кратки ракави,денес ќе мора да и ја вратам и да ја откажам продажбата.Е сега тоа што таа многу се лути кога ќе направам такво нешто,има да претрпам дожд од негодувања и превртување на очи.Ама се даваат ли 1200 денари за маица во ова време од годината ??

    И така , ми останува и да си ги листам страниците за фит и здрава исхрана,зашто кога ќе поминам покрај огледалото не можам да ги одлепам очите од моите појаси за спасување. :( Ех,кога си бев млада си немав вакви проблеми.А сега посакувам само да дремам пред телевизорот да грицкам нешто ,и да се ѕверам во турските серии се додека не се истопат боите !
    И така ,и Бог ме створи мене,и ме постави пред тв.

    Осеќам денов ќе го поминам кикотејки се...туку да си ја викнам комшивката на кафе да ги претресеме дневните настани...
     
    На Peppermint, Ognenija, Johny и 7 други им се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.031
    Допаѓања:
    123.898
    Уште денес на одмор,од утре на работа |( Барем сум се отспала за сите пари :D Ај што отсабајле спиев до 10,11 па и попладне од 17-19,не ќе е на арно :shake: Јас сум си научена да го фатам раното утро,така денот ми е поубав,ама и вака не било лошо за промена :P

    Мило ми е што завршија празниците.Повеќе не ги доживувам како порано.Дури и не ги сакам.Никој не сме весели на нив. Тешко ми е на душата кога ќе седнеме на маса.Плус ,сега во друга куќа,едвај чекав да станам од маса :tmi: Не го сакам Бадник и Божиќ и Нова година без татко ми.Секогаш прв ми честиташе тој,не се откажуваше цела вечер дур не не добие на 1јануари.Бадник ми е најтежок од сите.До лани,кога седевме трите,секоја ги задржуваше солзите со наведната глава кон маса,никако не се погледнуваме :doh: И јас сум како мало дете,ама не сакам никој друг да ми дели паричка,да ја дели масата со мене на Бадник,да ме благословува,никој освен него.Затоа станав ладна кон овие некогаш најпрекрасни празници за мене.Не знам дали претерувам,ама верувајте така се чувствувам,и уште полошо.........
    И да,паричката се падна во мене.Толку бев ладна,што откако ја видов,цели 5 минути молчев додека сите ја бараа кај е.......Страшно.....но,вистинито.

    И да,за коледарчињата.Ај што се во помал број,па и бираат што ќе им дадеш.Не ми давај јаболки,дај ми уште еден портокал! Не ми давај бонбони дај ми ореви! Не ми давај 5ден дај ми 10.
    Ко на сила се,нема веќе ни радост ни ништо.
    Па и кога ќе видам дека родителите ги чекаат со кола,и ги носат низ цел град......Не ми личи на немаштија,пошто сите беа со нови фустани,фризури,богати трпези и слично.Не знам на што се должи,ама времето се смени без да го осетам.

    И да се пофалам(може сум единствена) што симнала 3кг за празниците и тоа со многу руска и кифлички :wasntme:
     
    На Peppermint, Ognenija, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    како бе на некои луге кога не ни мислиш на нив тие се појавуваат во твојот живот , со кое право :!:
    вчера едниот денес другиот :swear:
    и двајцата заслужуваат да бидат скролани без пардон :!: , а јас си продолжувам напред 8) :rock:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.