Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Од неколку месеци веќе како да сум изгубила верба дека постои човечност, искреност и дека ќе можам да склопам многу нови пријателства со обзир на тоа што јас таквите лицемерни љубоморни и припрости луѓенца, не ги варам. Вчера не само дека се уверив, ми се плачеше дури!
    Се врати другар ми од домор во Мк, и го прашувам, како е друштвото што има ново дома..?
    Овој ми вели онака со муабет, ти знаеш ли дека деца од 13, 14 години конзумираат кокаин и метаамфетамин, марихуана пушат по улиците сред бел ден? Пострашно е од тука вели.
    Леле луѓе, како да не ти се плаче? Се знаеме сите, во мало место живееме...
    Како да се надевам јас дека ќе најдам дечко,маж што не шмркнал кокаин, како да се дружам со старото друштво со коешто пораснав кога знам што прават?
    Многу сум разочарана, многу!
    И криво ми е тоа што тие газолижачите, љубоморните и пакосниците најубаво си минат.Некој како мене или другар ми што си ја кажуваат вистината и што не знаат да бидат такви гнаси од луѓе, ќе страдаат.
    Ама ако, јас секогаш велам дека има некој кој сите не гледа па нека суди тој на кој и колку треба.
     
    На Angy.g, kravce, Ilusionist и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Читајќи те ми текна сакав да кажам нешто во врска со ова , т.е повеќе сакам да прашам не само тебе туку сите кој постираат вака една работа.
    Зашто на пример не ги постирате, не постирате листа кој се тие членки , нивниот ник пишете го , кажите таа и таа ми смета , глупи мислења пишува итн итн итн....
    Не само има одредени членки ми сметаат. Јас имам супер моќи да, ама неможам на гравче да гледам еј оваа еј онаа , не ги знам кој се , ако ми кажеш дека треба да прочитам какви глупости пишуваат ќе ти кажам машко сум , мене сите глупости ми се смешни и интересни (сите знаеме машките на какви глупости се смеат нели :D ) како и да е исто гледам и со Модни критки , "приметувам некој членки не се облекуваат како што треба , ова , она не треба " кој се тие , кој? , исто и со предлози и со сите останати проблеми.
    Некои членки, кажи кој се бре , нема од што да се плашиш или пиши ми ја листата мене у ЛП па ја ќе ја постирам тука или би отворил нова тема за такви проблеми ама Rainbow како орел чека црвот да искочи од дупката и да го собере :inlove: :inlove: .

    Или може да почекаме пак да отиде некаде во кафана Rainbow па пак ќе ја окупираме Модни критики и ќе дискутираме за овие проблеми. Ја пратам ќе ја нема за Стара нова година :emo: .

    И така тие сами нема се пронајдат освен ако не ги посочиш , хамшик или убаво ќе ги замолиш да не спамираат и така ќе имаме harmony and peace. Додуше и тие ќе се испонашаат демек која си ма ти така да и збориш , ама пак поентата е , или пишите кој се тие тинејџерки што го прават форумов фацебук или не пишувајте воопшто оти јас, а верувам и другите на гравче не гледаме.

    И така надвор незнаеш дали пролет или зима е , досадно чекајќи да се download новите појаќи игрици а за учење има време , за учење секогаш има време :devil:
     
    На EleMental, antonina, ceca-1 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    СДК Господе дај ми трпение ако ми дадеш сила ќе ги испотепам сите !!!!
    Тоа го можам јас само и секако Чак Норис :lol: :rofl:
    :devil: :devil: :devil:
     
    На ceca-1 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    286.723
    Некои работи се менуваат, некои не.

    Моето чувство за тоа колку сум јас мала и незначајна во споредба со мојот огромен ранец остана и после дваесет и кусур години .
    Кога ќе ми текне кога бев учениче.
    Јас мало ситно, слабуњикаво...ти се чини ако ме дувнеш ќе летнам, ама со еден огромен ранец на грб лека полека се движам по тоа тесните улички.
    Стави ранецот на една страна од кантарот јас од друга, ти се чини исти сме ;(
    Маки невидени, уште оттогаш се нешто шинував, мускули тегнев, грб ми се искриви.
    Што толку книги ставав и јас не знам. Мало наивно изгледа сум мкнела се што треба и не треба.

    Е сега се опаметив :devil:

    Ранецот подеднакво голем, ама и јас машала голема

    Флаша сокче, термос кафе, кифла, банана, мандарини, чоколадо, тик так, сакази....ти се чини на кампинг ме праќаат или тука ќе преспивам (а има и аутомати за кафе, сок и грицки :devil: ) :rofl:
    А мотивацијата за сето тоа да го сомелам со експресна брзина ми е дека назад лесна ко пердув ќе бидам(ок, да изоставиме полниот стомак, ама барем ништо у ташна)
    А да не заборавм, носам едедн мал лап топ (на кој сум моментално обесена и пишувам ли пишувам ) и секако мојот нотес- Анд датс олл фокс од школски или факултетски прибор :D

    Сепак нешто се промени во новава година.
    Не трчав ниту по трамвајот, ниту по бусот, ниту по возот.
    Си стоев и си чекав, ама никој не дојде, барем не во предвидените термини :devil:

    Синоќа си легнав 22.00 :$
    Бев капната. И денес ништо подобар ден, од фак. директ на работа ....утре иста песна.

    Да не кукам, не е толку лошо.

    Пријатен ден на сите :hug:
     
    На mims-89, tweety26, teddybear и 15 други им се допаѓа ова.
  5. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Хаос е недоволен збор за да се опише нередот во мојата соба. Изгледа треба да ми се најави некој гостин и тогаш како и во сите такви случаи собава ќе биде тип топ за 10тина минути. :D
     
    На tweety26, Divinebutterfly, Libera и 2 други им се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... да истипкам нешто дури имам некоја мала инспирација да се изјаснам за нешто што се повеќе зема замав на нашево тло па сигурно и нашироко ... Човечкиот род. Тоа е наводно една група живи суштества со развиени сиви мозочни ќелии, со наводоно најразвиена свест, со умствено мисловни капацитети над сите други, со емотивна, логичка, социјална итн ... интелегенција, со развиени осети, инстинкти ... Значи човекот е најразвиеното наводно и цивилизирано суштество кое за жал полека но сигурно се враќа на почетокот на нивото на племенскиот период кога ништо од ова не било во развој. Вредностите кои тој самиот ги создал сега самиот ги уништува ... а создава себичност која огромен замав зема, лицемерие, неморал, саможивност, подмуклост, подлост, ... да не редам уште што не што спаѓа во се само во вистински вредности не. Дури успева и љубовта да ја уништи како највозвишено и највредно суштинско чувство за неговото опстојување. Се претвора во ладнокрвен убиец на себе и на се што го опкружува.

    Се надевам иако не сум оптимист ќе се свесне, ќе застане и ќе се замисли што претставува всушност тој ЧОВЕКОТ денес ... И дај Боже, мада не верувам дека и ќе превземе нешто за да се спаси од самиот себе дур е време.
     
    На Divinebutterfly, kravce, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    Сдк... ДОСТА Е! Надвор светот бил многу суров ..многу ...Јас излегов надвор и го научив светот , го запознав ...Беа тројца во мојот живот ....Он ...со кој бев долги години ....Он ..татко , љубовник брат , заштитник ...и Он ...добродушен , мил предзивик за нова романса ...Он..со кој бев долги години ...ја изгуби смислата за љубов ...Беше тука , ама отсутен ! Само лаги , кавги криење ...јас бев слепа ..при очи бев слепа ! Простував , се надевав живеев ...дека еден ден ќе се промени.ама за жал тоневме се подлабоко.Он ..мојот татко , љубовник .....ми беше нешто најубавото кое ми се случило во животот.Mоја тајна и скриена љубов ....невозможна.Колку и да ми се случуваше нешто страшно , неубаво ..он беше до мене ! Се прифаќав полесно со него ...Ме советуваше , ми беше поткрепа ....а после малку се оддалечи...не сватив зошто ?! ...На крајот се појави Он....со песни , со музика со насмевка ..со топол поглед со милост .....Тоа ми беше потребно ....не гледав ништо околу себе ко слепа потрчав по него незнаејќи дека ќе изгорам до темел...кога го освоив ...се врати Он....Мојот татко , мојот љубовник ....видов многу страст , многу љубов во него ....и Он...со кој бев толку години таа вечер ме гушкаше , ме милуваше ...ми купи голем сладолед ....Сега имав тројца покрај мене ....Но кратко траеше тоа..пократко и од бајката на Пепелашка ....Првиот со кој бев долги години дозна ...за овој третиот ....ме напушти без збор...Ја тресна вратата и зад себе остави седум долги години ....вториот ме тешеше , ме заштити во тешките денови ....но за само 2-3 дена дозна и Он ...нештото кое го криев од него....го излажав...И тој ми ја затвори вратата и ме остави ...Третиот , овој новиот ќе беше секогаш покрај мене ..ама ...мораше да го напуштам ! мислеше ...ќе ми помине и ќе се вратам ме бараше ....ме тешеше ...ама залудно му беше.Мене ми помина занесот , умре се кога ги изгубив оние двајца кои најмногу ги сакав !! За прв пат ...вкусив алкохол ..запалив цигара ...од познатата блонди станав црнокоса ....Само Него го сакав ....мојот татко , мојот љубовник мојот пријател ...се мое !!! но , тој беше лош со мене ...строг....ми забрануваше да го сакам ....да го гледам ....Се каев ...се каам и уште за сопствените грешки кои прескапо ги платив ....Првиот веќе е ....среќен со друга заедно уживаат.Мојот пријател , и љубовник ...сега е добар советник и психолог за една ороспија која постојано лаже ....Третиот исчезна ....
    Ги запознав и другарките со кои порано малку се дружев , сега им го видов вистинското лице ...лажливки , лицемерни ..користољубиви....Навредуваат , понижуваат ....само кога си им потребен вредиш.Ги запознав луѓето за кои си мислел ти се пријатели ....а всушност секој ден го оживуваат твојот грев , твоето минато и осудуваат.Сите ..сите ме клоцнаа .....Се прашувам ...каков е овој живот ?! Каква е оваа правда ?! до вчера извикани обележани ....сега се среќни ....Сакани , почитувани ...Јас не трганв по лош пат !!!! Јас напрваив страшна грешка поради која се каам , се испаравам ...учам ...ама никој не го свати тоа !!!
    знам многу работи ....и ќе ги искористам ...нема да молчам....повеќе НЕ !

    Станав лоша, арогантна , дрска .....Животот ме направи !! ....Веќе доста е..... :x
     
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    кога си Читав тема за тоа дали постои вистинска љубов и бас ми текна на мојата слуЧка...
    идам јас навака и во аутобус имасе едни двајца мажи жена сто би се рекло една двојка ;) има 50 и некој годинка,толку изгледа сложно и заедно сто ми дојде еден убав пример за љубов...
    тие си биле од основно сколо заедно па си се правеле свадба потоа си имале 3 деца и секогас си биле сложни а се..
    мажот ја поЧитувал жената и секогас се правеле заедно иато така и жената...
    цело време си седеа прегрнати во аутобус и се држеа за рака :inlove: :inlove: леле бе си викам браво за двајцата колку се убави вака...
    знаете сто кажа мажот??
    јас реЧе неја ја јасав и ја сакам и ке ја сакам,ако не се смеам со нејзе и ако не си бидеме еден за други тогас јас немам никаква приЧина за живот :o ама си се заЧудив :inlove: :inlove:
    стварно браво за двајцата а посебно за мажот.
     
    На Angy.g и malecka91 им се допаѓа ова.
  9. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Good morning girls
    Денес имам потреба да направам нешто што обично не го правам
    Имајте awesome ден и бидете прекрасни како секогаш :inlove:
     
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.080
    Допаѓања:
    179.149
    Пол:
    Женски
    Која иронија значи... си читам хороскоп за денес, каде меѓу другото пишува и "..од друга страна, рак е и вашиот сектор на здравјето и фитнесот. Ќе имате огромна желба да се погрижите за изгледот на вашето тело и да си го подобрите здравјето." ..а јас со пилешко прсте во рака |( лајк а босс 8)
    шала на страна, си вежбам ја...само сеа сум на пауза дека ми е ладно :angel: од пролет пак на фитнес :D
     
    На tweety26, Agrona, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Заглавена во мало место. Ме гуши, едноставно.
    Уствари не ме гуши местото, туку луѓето во него.
    Можеби не се виновни луѓето...можеби не е виновно ни местото кое е помало за разлика од другите градови и секој со секој се знае, и секој со секој се озборува, се покажува со прст (кон човек што не е ни крив ни должен).

    Неможам да ја разберам таа потреба на луѓето да го повредат другиот. Неможам да го разберам тоа лицемерство, лица премачкани со милион бои.
    Како да ги препознаеш тие вистинските?
    Сигурно постојат, и ќе ги пронајдам..барем многу се надевам.
    Неможеа да ја гледаат мојата среќа која после толку време ме допре...и тие ја уништија.
    Таа моја насмевка предизвикуваше чудно чувство кај нив, и се потрудија да ја снема.
    Но, зошто тогаш сеуште многу ги сакам. Ете, многу ги сакам луѓето.
    Таа малограѓанштина нема да влијае врз мене. Ниту врз моите мислења и чувства.
    Неможам да се однесувам како тие. Ги сакм и ќе ги сакам покрај се...моментите со нив неможат да се избришат.
    А што се однесува до нив, како сакаат. Како си чувствуваат така нека постапуваат...нема никому да се лутам и држам горчина. Можеби и грешам, ах...незнам :x
     
    На tweety26, anichka94, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  12. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Размислувам долго за се што се случува околу мене , и сватив дека кави ти се мислите таков ке ти биде и животот.Нема потреба да се нервирам со небитни луѓе околу мене ,еден игнор и чао пријатно.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Бев у библиотека си земав книга :emo: .. Епа сеа ке видиме дали ке почнам да читам или можеби ко другите ке си стои во кјошето :D
     
  14. jagotka.99

    jagotka.99 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    24
    Епа ова ми е прв пост бо СДК.Имам 13 години и сум од Скопје.Веќе долго време ве читам,но не се зачленував затоа што бев помала и незнаев како е зошто сепак ова е форум. :P Вчера решив да се зачленам и гледам дека добро сум направила.Мислам дека многу добро ќе се дружиме. :*

    Не сум некој тип што сака да оди многу на гости.Не дека не сум дружељубива,баш напротив,но едноставно не ми одговара да одам кај секој дома и да седам по 2-3 саата.Мислам добро повеќе може да се каже дека нејќам да одам со мајка ми и татко ми на гости кај нивни пријатели затоа што нивните деца се или преголеми или премали и јас цела вечер си седам и им викам на моите ајде коа ќе си одиме,коа ќе си одиме ? |( Искрено не ни сакам многу да ми доаѓаат многу гости дома,мислам на оние кој не ги познавам многу добро.А,когастанува збор за другаркии ехееее кој нејќе да му дојдат ? :lol: Е,денеска му е баш роденден на едно од децата на пријатели на мајка ми и татко ми,како што се немирни тие изгледа ќе биде весел роденден.Добро ајде барем ќе си каснам торта. :D :P
     
    На anichka94, sweet-star, Agrona и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.249
    Допаѓања:
    140.538
    Мала доза алкохол на пауза е права ствар... уште да знам како да продолжам да работам сега :D
    Житарки, јогурт, и Џек. Тоа е тоа...

    Да се живи, здрави и опуштени!
     
    На bittersweet, tweety26, anichka94 и 11 други им се допаѓа ова.
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    ..Дека ми помина главата. :rofl:
    Што се може да направи 30 минутен телефонски разговор со другарка :D :inlove:
     
    На tweety26 и jagotka.99 им се допаѓа ова.
  17. DramaQueen1

    DramaQueen1 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    156
    СДК дека сум настината,неможам да зборам,малаксана сум,кашлам,ми тече носот,ми солзат очите. :doh: :puke:
     
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
  19. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Да можев да бирам би избрала среќа наместо тага, здравје наместо болест, радост наместо мака, светлина наместо мрак, човек наместо нечовек, спокој наместо неспокој, нормален живот наместо ненормален, љубов наместо омраза, но што можам јас да изберам кога никој не ми дава избор. Ми се рони душата секој ден ронка по ронка, заради немилосрдието на надворешниот свет, извираат солзите како топла река која неможе да ја стопли душата, искрени зборови кои неможат да ја утешат душа. Да имаше од некаде барем искрено подадена и топла рака да ја дофатам и да се извлечам од ова блато во кое тонам, од ова мочуриште на човечките сплетки, погледи на завист и злоба. Постојат ли искрени луѓе кое несебично постојат за некој друг, кои несебично делат се што имаат со човекот до себе ?
    Не, не верувам не во оваа игра на интриги на разбрануваното општество каде секој брза некаде незадржувајќи го погледот на тебе, итаат кон материјалната среќа зошто таа ги исполнува, се останато е безживотно и не прилекува желба за да се освои и добие за себе.
    Да можев да бидам птица и да полетам во височините на небесниот свет, да се препуштам на воздушните струи и безгрижно да танцувам и славам за светлото сонце што свети, за синото небо што не оживува, за бели облаци што го красат синото небесно небо, а после да можам спокојно да се одморам од иронијата на овој живот.
    Сакам да кажам не оставајте животот да ве превтаса, бидете секогаш чекор напред зошто згазената среќа еднаш некога поново нема да биде како првиот пат :)
     
    На Serafima, Monna.Monna, Angy.g и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ужасно кашлам,мислам дека ќе останам без грло во скоро време.
    Искрено се воздржувам да не ме слушне мајка ми,ама кога неможам кашлам и ја слушаш од другата соба "Ете така ти е,избањај се излези,косата уште морка,цигарите во рака,кашлај сега".
    Де бре мамче,не е до толку работата.

    Доста ми е од сите оние луѓе кои мудруваат.Доста ми е од нивните реченици кои се обидуваат да ги навезат како бисери за да освојат некого.Доста ми е од она навидум милно смеење кога сите до еден ги знам какви се.Ја барем не лижам газ на никого.
    Си знаат сите каква сум и нема што да се понашам како срценце,кога уствари не сум.Лошотија невидена сум еј.Понекогаш дури и криво ми е,и пробувам да се променам ама неможам бре луѓе бре.
    Кога некој не го сакам до мене не го сакам и крај.Е како да правам лице кога незнам.Ете ме учеле секогаш да бидам искрена со луѓето,и искрена сум.Дури понекогаш пазам до која граница за да не повредам некого.
    Ех кога некој би внимавал да не ме повреди мене...
    Се гад до гад бре..Се прашувам дали и порано било вака.
    Отидов да пијам кафе,и тоа сама.
    Некогаш знам и сама да си бидам најдобро друштво,отколку да изигравам подвижна кукла на некој друг,и да седам со некого само за да нему му биде убаво.
    Туу,колку сум била лоша :D
     
    На mims-89, tweety26, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.