Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Една фотографија, обична фотографија.. Но колкава моќ има истата.
    Какви чувства може да разбуди, таа што пред малку ја видов телото ми го растрепери, со првото видување.
    И повторно ме потсетува дека е тука, дека постои..
    Ја нема покрај мене, но дел од мојот живот е.

    За прв пат не чувствувам огорченост, болка, па ниту гадење кога помислувам на неа.. Само една празнина и рамнодушност.
    Се ближи тој ден и се прашувам: Ќе биде ли мојата среќа комплетна? Таа, како ли ќе се чувствува таа?
    Се прашувам и покрај тоа што сите одговори веќе ги знам. Зошто? Зошто упорно си ги поставувам истите прашања? Прашања чии одговори создаваат само болка.

    ...

    Повторно нешто ме гуши и не ми дозволува да продолжам да пишувам, сакам тој дел од мојот живот да остане скриен длабоко во мојата душа бидејќи боли, боли премногу силно што дури здивот ми го одзема.
    Се плашам дека ќе напишам многу, премногу..
    Секое сеќавање ме повредува, ме гуши, толку е свежо што кога ќе се сетам како повторно истото да го преживувам.
    А толку посакувам да можам сите чувства да ги преточам во зборови, со надеж дека ќе ја исчистам барем на кратко душата од сите сеќавања, но не можам.
    Таа препрека е прерано да ја надминам, всушност мислам дека за тоа секогаш ќе биде прерано..
     
    На Moira, Hopeful, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Сакам јавно тука пред сите да ги искарам сите Струмичанки :geek:

    Како тоа, вие дами, до сега не сте се пофалиле дека го имате најубавиот ролат, или торта да речеме, наречен Лексилиум?! :tmi:
    Боже мој, се топам, тонам и се давам во него, од Нова Година па наваму.
    Татко ми, до сега купи 2 Лексилиума, и еден Шпански ролат, тој е сличен многу на Лексилиумот, и воедно скоро исто вкусен!
    Па како се топи во уста, па какви филови има, чоколадни, бели, кремови, цврсто чоколадце обвиено на топ од ролатот, ле ле ле, само што изедив големо и дебело парчиште, а ми се присака уште малку ...
    Официјално, според мене Струмичани го имаат најдоброто благо што се продава :)

    Ди деј е денов денеска, ден кога се оди за Скопје.
    Како правило ми е да сум ненаспана, буквално секој пат во една година кога треба да се вратам во Скопје.
    Куферот преполн, а до него уште торба - две, полни со јадење и слични работи.
    Татко ми повторно вика како не сум како нормалните деца со едно куферче да сум си одела, е па не сум, едноставно се нешто ми треба, се нешто пикам во тој куфер што мислам дека ќе ми треба и на крај заборавам дека и го носам.
    А морам да признаам, кога си одам со кола за Ск, екстра искористувам простор и полнење на секоја празна торба во мојата соба :lol:
    Сите работички што со автобус обично немам простор да ги пренесам, им дојде редот еве денес.

    Тој нервозен како и секогаш кога ќе остане без многу пари.
    Јас не сум крива, незнам кога ќе сфати ако воопшти некогаш сфати.
    Неговите зборови се буквално не на место, реплики не допираат до мене воопшто, не е ништо како порано.
    Јас созреав на некој начин со него, не станав подобра, јас бев добра од секогаш, но самата љубов, и нашето заедничко живеење од мене направија да моите размислувања станат објективни и реални.
    Никогаш не верувам дека за љубов ќе се жртвувам вака, и не се жалам, го сакам премногу и знам кога тогаш се ќе ми се исплати, стрплива сум станала, појма немам од каде, само се молам за уште малку мир, пошто мојата избувливост по природа избива од време на време.

    Факт, колку и да сакаш се да ти е цакум-пакум, секогаш се наоѓа некој или нешто што ќе ти го размрда цело тоа.
    Сега, денес, станав пак порано, организирав се, еве ме со саати учам, за да можам два дена кај него да одиме, да тој се види салам со неговите, и воедно да одам и јас, пошо им го украдив за Божиќ.
    И тој пак си зема за право да ми префрла мене и да ми истура нервози, па и да ми ги спомнува моите новите нокти(банално, банално знам не се смеете) демек сум се опуштала, незнам што, и цело тоа само зашо господинот е во тесно, и погодете што - не по моја вина :)

    Ма не ми е гајле, душо, те сакам многу, ама јас имам испити за две недели, тотално сум фокусирана на тоа, и моите пари што ми ги дадија за да јас си се почастам за Божиќ не треба воопшто да те интересираат, иако потрошив само едни глупави 600 денари за да ми си средам ноктите, пошо тоа е дел од мене, јас без средени нокти не можам, а си имам место да си ги дозволам еднаш месечно како што им е редот, па извини кој си ти тоа воопшто да го спомнуваш?
    Нит се твои парите, нит идам во Скопје со празен џеб, напротив до 25ти јас ќе го наполнам фрижидерот и нема ништо да речам за тоа, зашто јас научив да бидам смирена и да се фокусирам на битните работи, а овие твои небитни муабети воопшто не ме интересираат, исто како да не си ги кажал, и знам се вадиш од такт сега, ама ако не ти одговара, секога има излез нели? :)

    Конечно си ја најдив соврешената фарба за коса, не сум повеќе плавуша. После една недела подраснувањето и секојдневното се побрзо жолтнеење на косата ме полудуваа...сега сум светла бринета.
    И поздрав огромен до Даничап, исто така тебе, мене денес тато ме почасти со совршениот нотес, кој јас си го барав денови и денови во Скопје, и на крај ништо не купив, пошто го барав совршениот, а тато денес ми го дава и гледам, не ми се верува, убавини!
    Сега да си го пополнам па пак да се фрлам на средување на собава и допишување на есеите.

    Деновиве многу нема да ме има, се надевам ќе ви фалам бар малку.

    П.С Мене Јануар ми е преубав месец, само уште да не беше толку скап, совршен ќе беше :)
     
    На mims-89, kravce, Moira и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам.. ја живеам последната година со кец од напред :D
    Нека ми е среќен роденденот, и годината, и како за мене, така на сите им посакувам само радост и убавини во животот.

    Ве частам по едно парче со мојот омилен тип на торта - чоколадна 8) :D

    [​IMG]

    Имајте убава вечер! :)
     
    На kravce, Hopeful, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Досадно е бе.. Ај нека се одлучи времево еднаш дали дожд,снег или ветар..вака не иде :D . Туку треба да почнувам со проектна, ама ме мрзи.. да да, ем ми е досадно ем ништо не ми се прави :D. Ајде и овој ден така ке си помине пред пц, па од утре почнувам со учење :!: или можеби и утре ќе биде утре :D
     
  5. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Таа е дел од мојата животна приказна. А се прашувам зошто и дозволувам толку многу..
    Се познаваме повеќе од половина живот. Таа е мојот најголем ривал. Но, и покрај нашето ривалносто нашата `пријателска врска` може да опстане - ако се вложи труд од двете страни. Мразам што морам да се натпреварувам со неа. Не дека ја сакам како личност на која и верувам, не дека таа ми значи премногу туку таа има посебно место во моето срце. Нејзинот место никогаш нема да може да се замени. :^) Иако сум доживеала многу порази од неа, како и таа од мене, иако знам дека нашите цели се идентични - ние никогаш нема да можеме да бидеме толку блиски, колку што посакуваме. :!:
    Таа е главната причина поради која јас се трудам да го извлечам најдоброто што можам, од себе!
    Понекогаш се обидувам да не ја забележувам, дури и да ја презирам. Но, не.. :worried: Веројатно, нешто ме привлекува кај неа. Некоја невидлива сила за која и самата не сум свесна.

    Таа знае дека мора да се натпреварува со мене, а не сака да биде поразена.
    Ние сме толку слични во многу работи. Знам што мисли кога ме гледа, знам што сака да каже кога молчи, знам што чувствува кога се обидува да стави маска. Таа знае дека ние можевме да останеме најдобри пријателки засекогаш. Но, не знам дали повеќе го сакам чувството кога ќе ја победам или чувството кога знам дека таа е мојот мотив.
    Можеби ние сме лути на нашите преголеми амбиции. Можеби тоа е главната причина поради која што не дозволуваме да се чувствува нашата поврзаност.
    :e:
     
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    По по по значи осет да се немало |(
    Критики без врска,иронија,срам никаков,придавање на сила и его,само инает,непочитување и расправање и тоа не само на форумов,воопшто луѓево...
    Како што кажа и Ели,дури и малите така ги учат :tmi: Господе,зошто постоиме? Не сакам да се учам на таков живот и никогаш нема да постанам дел од таа толпа.Го мразам општеството значи.Барем се надевам да ги научам моите деца културни да бидат,колку толку да не станат исти ко денешните.Знам,опкружувањето и денешните технологии ќе го направат своето,ама ќе се борам против нив. Можеби нема да се ко во минатиот век,ама несакам па да се целосно како во овој.
    И освен до интелегентност,се друго е до култура и воспитување.Некои воопшто и ги немаат.
    Им се восхитувам на тие што станале родители и им обрнуваат внимание на своите деца и ги учат на убави работи,само тоа можи да помогни.
    Барем да го користеа интернетот за паметни работи.
    Како после да напишиш нешто за себе или општо за нешто кога одма ќе те искритикуваат или па озборуваат? Затоа се поретко ќе стане и тоа. Посекако веќе ништо не се почитува.
    Ете од ова што го гледам деновиве,ми дојде сето ова да го напишам.Жално што тоа ми даде инспирација за пишување,ама неможев да не напишам.Човек за се да изгуби волја.
    Можеби кога ќе им се смачи на сите да ги прават тие работи,ќе ми се врати волјата за пишување.
     
    На Hopeful, bittersweet, tweety26 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Си бев наслава вкомшии кај братучедми, се изнајадов торти и си дојдов набрзина :D :D
    Ама ептен убави беа.... мммм.. Уште сакам :D
     
  8. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Фала кис4е супер си и ти.
    Како тебе мили4каааа.
    И јас тебе многу те сакам!
    Не, ти си поубава, да не претеруваме.
    Ауууу, |( епа није могуче, мене срам ме фаќа за нив кога читам по тоа Шитбукот.

    Туку, не сакав тоа да кажам, моментална иснпирација ми дојде пошто пишам со една друшка по Фб и баш ми забодеа очи ваквите глупости.
    Некако, како повеќе минува времето, толку полесно ми е. Им простувам на сите што ме раниле, што ми нанесле зло или ме предале.
    Секое лошо искуство е добро школо.
    Колку повеќе простуваш, толку повеќе растеш духовно и толку полесно се осеќаш.
    Лошо јас не можам никому да посакам, секој нека си ги постигне врвовите и нека си биде свој херој, само не застанувајте на патот на другите. ;)
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... мизерно ужасен ден, во кој лошите мисли почнаа да ми се навраќаат како хроничен бронхит, како вечно присутна кашлица.
    Ќе ми биде убаво некој период, а потоа почнувам да тонам, и ме фаќа и нервоза и бес, и бескрајна тага.
    Еднаш прочитав дека тагата е сируп кој ни е пропишан во мали дози секојдневно до крајот на животот.
    Не не` излажале.

    Ми смрзна и телото, а и душата ми замрзна од сета неправда... веќе немам молби и зборови, со какви глупости се соочувам, ама ситуацијата ме тера да си ги голтам како лошо зготвени кнедли.

    Доброто е што ми се згади од храна, ја консумирав во толку големи количини изминативе денови, што самата помисла на јадење ме тера на блуење.

    Ме тераат на бљувотини и злобни претпоставени и потрчковци и лажговци.
    Студот ме мава и накај депресија, преживеав сив ден со ништо убаво во себе.
    Па и за одење и на враќање од работното место ми се погоди стара крнтија од автобус, кој застана на секој можен семафор и трескаше и квичеше како да ни е последно возење на планетава...

    Морам под итно да си ги полечам мислите или ќе си се мрднам пред 30-тата.
     
    На mims-89, kravce, Micheleljubov и 22 други им се допаѓа ова.
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Кога ли јас ќе оздравам? Веќе не ја можам настинкава која трае 2 недели, не го можам студов, не го можам градов, ништо не можам!

    Саде сивила, бледила наоколу. Толку многу се случува, а во исто време и ништо. Најсветлата точка во денешниот ден ми беше топлата пилешка чорба која ја сркнав кога дојдов од работа, целата измрзната, размрсулавена и со крвави очи. Барем таа ме стопли денес.

    А топлата купка што ја планирам за подоцна или ќе ме достопли, или уште толку ќе ме испоразболи. Не можам веќе, не можам, цела зима сум болна, настинкиве се редат една по друга, а кашлицава - баш како онаа Трендафилка што ја опишала - вечно присутна :puke: Ми се смачи од се`. Празнициве ваква ги истерав, никаква, а настрана тоа што и моиве ги испоразболев по дома.

    Сакам само ден-два да одморам, да не одам на работа и да си ја одлежам настинкава како човек, како што и треба. Како да оздравам вака, постојано во движење од утро до вечер, без јадење, со 932578 тони работа над глава? И после не 6, 16 кг ќе ослабнам. Веќе ни на човек не личам, а не знам како да се оправам. :worried:

    Морам да почнам да водам сметка за себеси, оти се` дури водам за други, себеси се запоставувам. Ова веќе е алармантно :x
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Често се анализирам себеси и доаѓам до голема контрадикторност.
    За работи, за кои знам доста остро да се осудам, од други гледни точки фактички сум жртва. А нема нешто полошо од тоа да не знаеш што е добро што не, што си заслужил - што не, што е исправно што не.

    Јас бев, велам беВ бидејќи веќе не сум, тврдоглава и многу самоуверена девојка. Верував многу во себе, терав по свое по секоја цена. И да ви кажам, многу успевав, многу постигнував. Се што ќе замислев остварував, се стремев секогаш кон повеќе.

    Сега, кога ќе слушнам некој дека направил нешто, се чудам како успеал, се чудам на таа возраст дали е возможно, а себеси се сметам за неспособна..
    Овие години луѓето околу мене ме уништија, ми ја срамнија самодовербата, некои од нив со изговор дека всушност сакале да ми ја зајакнат преку критики, некои од ќеф. Ме потценуваа, долго време. А јас не направив ништо за да докажам дека не е така. Уште полошо, потклекнував и навистина се сметав дека сум никој и ништо. Смешно е можеби, глупаво е можеби, но ќе ви признаам, доста луѓе околу мене ме срамнија со земјата преку зборови. А кој е тој што си ја зајакнал самодовербата со постојано дофрлање од страна дека нема да биде ништо од него, дека е пропаст? Хм, знам, баш тогаш треба да си најсилен и да го докажеш спротивното. Ама искрено, јас не се ни трудев да докажам...

    Си ја направив најголемата грешка, докажав дека се во право. Докажав дека навистина не вредам во нивни очи, со самото тоа што дозволив да ме уништат... Нема никогаш да заборавам, никогаш кој ме доведе до овој степен.
    Ма да кога гледаш од страна, јас си сум крива, затоа што по не знам кој пат ќе пофторам
    јас потклекнав!

    Нај топол совет, секогаш верувајте во себе! Секогаш! Не дозволувајте туѓи зборови да ве срамнат со земјата, како што тоа ми се случи мене. Ужасно е чувството, еве ви кажувам отворено и искрено!
     
    На anuskaNESTLE, kravce, Peppermint и 27 други им се допаѓа ова.
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Дедо Мраз со мало закаснување ми донесе прекрасно пакетче. Не можам со зборови да ви доловам колкава е среќата кога после повеќе од 8 месеци конечно ќе добиете повторно. Цела ноќ не ја спиев од болки и цел ден се виткам со шишиња топла вода по кревети, и се чувствувам како водопад ама и покрај се искрено онака од душа се смеам.

    Многу ми е мило на душата затоа што ми доаѓа паметот на место. Редовно ги пијам апчињата, почнав така секој ден да подучувам да средам некое испитче, колку толку одржувам намален режим на исхрана свесна дека патот е долг и тежок ама сакам да го изодам до крај без откажување... него го пуштив целосно, доволно беше меѓусебно мачење. Тешко ми е, и никогаш не посакував да дојде крај, заедничка беше одлуката, ама колку и да ме боли не плачам. Солза не пуштив 12 дена затоа што во душата знам дека одлуката беше правилна.

    Еве дури и ексклузивна тајна ќе ви кажам дека после испитите ќе излезам со друг после многу години. Вчера кажав да. Ништо нема да правам за почеток ама за мене е преголем чекор и што воопшто ќе излезам.

    Многу се надевам дека оваа година ќе ја свртам целосно во моја полза. Нека биде 13ка мој број. Додуша, 13ка е мој број- на факултет па сега заради таа некоја чудна поврзаност на мојот индекс со универзумот, сончевите зраци, месечината, ѕвездите и слично има растур да направам годинава :D

    Решив и дека чим го завршам факултетот(надежно за две години од прилика), си одам од тука. И ова синоќа го решив. Не знам дали хормоните ме фркнаа во глава или нешто друго е работата ама многу одлуки донесов вчера :D Си стискам палци сите да ми се исполнат. :angel:

    Приметувам дека луѓево се склони во другите луѓе прво лошото да го гледаат... ама не се сите луѓе лоши, ако подобро погледнеме околу нас ќе видиме како некој крши кифла и ја дели со некој посиромашен, како дава парички на питач, како донира чевли или капут, ќе заприметите дека некоја баба во автобус ќе стане за да седнете затоа што сте биле млади ќе ви требале нозете, ќе забележите дека некоја непозната девојка ќе ви каже дека чизмите и косата ви се многу убави... и ќе видите дека светот и не е толку лош, и дека не сите ве гледаат со тие строги очи со кои вие(барем јас) си се гледате во огледало...

    Ах Јануари, лани ич не те сакав ама сега многу убаво почна па ти го отварам срцето, само немој некоја кривина пак да фатиш :D

    Ве поздравувам и се надевам убаво си ги поминавте празниците.
    :hug:

    Еве ви и една песна, уште одамна ми е заглавена во глава од некоја епизода на HIMYM(а деновиве е 24 саати на рипит :lol: ), и да не бев залепена за креветов свиткана како кифла ќе станев ќе скокав и ќе денсав низ соба :D

    http://www.youtube.com/watch?v=tM0sTNtWDiI
     
    На green.eyes, anuskaNESTLE, kravce и 34 други им се допаѓа ова.
  13. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Епа девојки се вратив, конечно дома :)

    Прво сакам да ви ги Честитам Новогодишните и Божиќните празници, бидете среќни, живи и здрави, се што посакувате нека ви се исполни :)

    Годинава не ми почна баш како што сакав, не бев со личноста со која што сакав да бидам, и ноќта ја поминав мислејќи на него, песните кои вртеа ме потсетуваа, ме враќаа назад, но морав некако да се соземам, и да продолжам да се смеам :)

    Бев на зимување, на прекрасниот Пелистер поминав добри 7 дена, нови луѓе, забави, дружења, нови пријателства, личности со кои се поврзав, со некои помалку, со некои повеќе.
     
    На kravce, Hopeful, tweety26 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ima edni svetla,popreku mojata ulica, najvisoko postaveni od site drugi, a od mojot prozorec se ramnat koga ke go spustam pogledot na samiot kraj. Ete, tie svetla se galaksija na moeto dremenje pred da pocnam da sonuvam, i iako ne sakam da si priznaam sebesi...

    ...znam, treba da bidam mnogu pohrbara, pocvrsta, posilna.
     
    На kravce, Angy.g, L-enna и 2 други им се допаѓа ова.
  15. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Го гледам сега имеников на мобилниов, и пола од контактиве појма немам кои се. Излегоа некои имиња, а никого не познавам со тоа име, па запишувано:
    Име
    Име.
    Име2
    Име.П
    Име.Вип
    И од кај да знам кој број го користи сега :?:
    А кога запишувам, си викам: Ај овојпат ќе го запишам бројов со точка, да знам дека е тој. Или со двојка. Или со првата буква од презимето. Или со операторот. И секогаш заборавам.
    Или често се случува да ми речат: Избриши го стариот, овој ќе ги користам сега. А јас не го бришам, не знам зошто, валда заборавам.
    Ништо сега, нека си стојат. Не знам кој ми треба, а кој не ми треба. :lol:

    Јасно е веќе дека сите се прејадовме за празнициве, кај сум јадела толку да одам да прикаснам уште малце, да не се расипе тоа што останало :!:
     
    На kravce, tweety26, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... се радувам што наближува време за спиење. Поубаво ми е кога очите ми се затворени, тонам во сон ... него кога мора да ги отворам очите а и умот.
     
    На mims-89, kravce, MSkorpionka и 13 други им се допаѓа ова.
  17. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Упатувам апел до македонските телевизии да пуштаат повеќе емисии и квизови.Мислам навистина,порано колку добри емисии и квизови имаше почнувајќи од Кој сака да биде милионер,потоа Тркало на среќата,па Моите ноти...Вујко ми на времето ми даваше големи тефтери да си пишувам во нив.А јас ги употребував или како дневник со оценки(со се имиња,презимиња,графи,предмети-вистински дневник :lol: ) или па пишував прашања за квизови,како што е Моите ноти.И имам така прашања за цела емисија да снимам,значи некоја песна започната и ти да ја довршиш,имаш на располаѓање три одговора,под А,Б или Ц.На пример,песната од Владо Јаневски-Некогаш и негде.И рефренот иде:Некогаш и негде ќе те...
    А)сретнам
    Б)вметнам
    Ц)гледам
    :D :D :D Што да правам,како мала сум сакала да бидам водителка :D :D
    Исто имав прашања и од други емисии,како што беше таа со коцката и гледачот си бира прашање од кое поле сака-математика,историја,филм,спорт...Мислам дека беше со Александар Блажевски.
    И така,телевизииве да пуштаат повеќе квизови а и емисии со селебрити фаци
     
    На Hopeful, Oxymoron и anichka94 им се допаѓа ова.
  18. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Зарем има нешто што треба да се каже?
    Абе расипани луѓе, расипани...адекватен збор!

    Епа некој може ќе рече што е ова мрчење тука за луѓето и дека нема потреба од такви силни зборови.
    Но, денес тоа што го слушнав, што го доживеав...немам зборови.
    Последен пат ме понижија и повредија, се колнам!

    Абе јас сум луда што заради нив повторно плачев. Што заради нив пијев антидепресиви и доживував шокови! Абе будала... :fubar:
     
    На Jagoda123 и karenin им се допаѓа ова.
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Се чудам навистина. Знаете сите велат дека не ги чепкаат зафатените дечковци ама несомнено испаѓа обратно. Познавам неколку девојки кои го направиле тоа а од околината се декларирани како добри и невини. Пример - една моја братучетка си најде туѓ дечко, си го улови, се вдоми во неговиот стан и за година дена правеа свадба. Јас се до пред некој месец си мислев дека имала среќа, си се нашле и се заљубиле. Кога сосема случајно, сестра ми ми кажа дека сегашниот маж на братучетка ми кога се запознале имал долга врска. Ауф, ете ја денешната вистинска љубов. Чистата љубов!
    И после некоја ќе ми зборувала како можела некоја друга да чека да и се врати љубениот од печалба. Како сигурно тие се изневерувале за сето тоа време. Како тоа е одвратно. Како после сето тоа ќе им продолжела врската?! Епа срцки од девојки, тоа е илјада пати по ОК него ли да и го преземете дечкото на некоја. Се е подобро од тоа да расипеш љубовна врска. Бидејќи љубовта е света. Љубовта е највозвишеното нешто. Би требало да е Најубавото чувство. И преку тоа како се однесуваме кон нашата љубов и кон љубовта која ја гледаме околу нас, е преку тоа согледуваме какви луѓе сме самите ние - а и другите исто согледуваат какви луѓе сме ние.

    П.С. денеска решив да раскрстам со мојата себичност. решив да ставам крај на чекањето другите да ме прават среќна. денеска јас направив некој среќен и се почувствував убаво за него. и вака-така и јас сум донекаде среќна.
     
    На Hopeful и crazylady им се допаѓа ова.
  20. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ќе ме банираат од темава со репликиве, ама морам :D

    Каренин, вистинската љубов не може да се расипе, не може да се превземе. Среќно на тие што си превзеле нечиј дечко бидејќи утре и на нив ќе им дојде редот истиот тој да ги замени. Не е проблемот во тие што превземаат, никој не поседува никого и секој може и има право да биде со секого, зафатен или не, проблемот и вината е единствено во тие што изневеруваат.
     
    На mims-89, kravce, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.