Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Уште една вечер помината во ретроспектива на настаните што се случиле во текот на денот,а најмногу на оние поврзани со НЕГО.
    И по 100-ти пат истото измачување...што би било ако се случи ова или она,повторно оној исти страв...што ако се повтори тоа од минатото?!
    Џабе си се мачам,знам.Џабе срцето цела вечер ме стега,тахикардија ненормална,главоболка...А зошто?
    Мислела јас или не,сум се измачувала и цела вечер не сум спиела или не пак ќе де случи она што мора да се случи.
    Ама кој да разбере?!
     
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172

    Да, се согласувам дека најголема вина носат изневерувачите. Но не се согласувам дека можеме да си играме и да заведуваме секого. Да, целосно право имаме да бидеме со кого сакаме и нималку не зборувам дека треба нашиот партнер да го поседуваме. Само кажувам дека имам многу ниско мислење за девојките кои знаат дека некој е во врска и со умисла прават се за да ја расипат истата врска. Мое мислење. Може на пример почесно да го освојат таквиот дечко.
    Еве пример, ако знаат дека врската не му е сјајна може да почекаат да си раскине дечкото и фино лепо нека се зададат во акција.


    Многу сакам да сум моментално на Антарктикот. Сега видов дека таму е - 25. Сакам да ја осетам вистински зимава. Ајде да падне снег па.
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Денешниов ден за мене беше обичен ден, ништо ново не се случи.
    Го прележав денот, а можев поинаку да го искорисам.

    Вечерва осаменоста ми прави друштво.
    Пред неполн час дознав дека дечкото кој што ми го местеа летово, фатил женска.
    А него го планирав за озбилно. Ма можам јас што сакам да планирам ама што кога не дејствувам, сум заземала некој индиферентен однос и чекам, демек некој од небо ќе ми падне.
    Во меѓувреме си сонував и си седев со скрестени раце. Не дејствував воопшто за да го добијам и реализирам замисленото.
    Дури сега се свестам полека.
    Па нема некој на мене да чека шест месеци, ако ми е сега.
    А зошто тогаш го одбив? Тој и не ми понуди ништо. Но јас не ни дозволив поубаво да се запознаеме, иако немав лошо мислење за него и сосема ми беше на место, а згора на тоа и му се допаѓав. Трабаше да дадам шанса тогаш, барем муабет да направевме можеби ќе најдевме заеднички јазик и работата ќе тргнеше на добро.
    Но, тоа за тоа остана, не покренавме никаква иницијатива ни јас ни тој.

    А сега оваа сознание да си признаам не ми падна како да ми е сеендо, туку баш ме погоди.

    [​IMG]
     
  4. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Кога крајот на денот ке го завршиш со кафе муабет со две мили пријателки,... :)Убав ден..
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    286.723
    ОД умор и сон не ме фаќа, па мешам прсти у муабетов :$

    Убаво звучи напишаново :?:

    Меѓутоа ај да се запрашаме колку од нас би играле толку чесно и поштено до крај, т.с во случајов од почеток.
    Делов задавање во акција за мене не е да му рипнеш во кревет само.

    Пружање на ''пријателската рака'' зарем не е иста ствар?
    Знаеш дека има проблеми во врската некој кон кого споделуваш повеќе од само пријателски чуства, и секако поштено играеш не стапуваш во иницијатива за споделување на некаква физичка интимност кога он има тешкотии во моменталната врска.
    Но, доколку си присутен во неговиот живот макар и за муабет или кафе за мене е само тешење дека си поштен и не си се умешал во крајот на таа врска.

    Само се изговори дека си бил за него таму кога му требало пријател, муабет, рамо за плачење...без задни намери
    Акцијата почнува уште тука.
    А оние кои мирно на страна чекаат недели, месеци додека типот има проблеми и стави крај на таа врска па не одржуваат никаков контакт со него :^) т.с има ли такви.

    Кога некоја врска е при крај или во криза, луѓето кога гледаат шанса и ја користат.

    Не зборувам за афера и паралелна врска со двете личности, едноставно за природна замена на едниот партнер со другиот.
    Во вакви случаи ретко кој е толку чист и поштен.
    Уште од првиот момомент е само самозалажување за некакво платонско пријателство, и под таа закрила се одржува истото, уствари едвај се чека да се скара со женска му/дечкото и да се искористат 5 те минути.
     
    На kravce, Annath, Moira и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Не не бил ... Дозволено е да се вози до 0.5 промили алкохол во крвта,а тој имал 0.85 |( Неморал да се јачи и низ центар да вози со 150. |(
     
  7. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Абе едно јајце да не можело да се спржи еј.
    |(
    Шо жена ќе бидам. Нели се жалев оти ми се долги ноктите. Неможам ни да куцам.
    А тука ме боцкаат на фемина, не оди да не им вратам. :D
    За фемина и нокти да скршам не жалам.

    Денови ли се денови.
    Големи маки.
    Ја почнав со песнава, со песнава и ќе завршам.
    Досадно е луѓе.
    Незнам како да си помогнам.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    3.666
    СДК дека ужасно ми е потребно некој силно да ме гушне, да ја ставам главата на гради и да си се изнаплачам... ;(
     
    На Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lenni

    Lenni Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Среќна 2014! Не е печатна грешка, знам што ќе се деси y 2013 и нема ништо среќно y неа.)) Се шалам))) Полна сyм со оптимизам за 2013 и вам ви го посакyвам истото, да бидете оптимисти. Среќна Нова 2013 и Среќни Божиќни ПразниЦи, Xристос Се Роди - Навистина Се Роди!
    Ви посакyвам добро здравје, зашто без него останатите желби се незамисливи. Многy љyбов, првин во вас и за вас, после и за дрyгите. Многy пари, за да си го олесните животот и да си овозможите нови искyства кои можат да се платат. Ви посакyвам xраброст да го земете животот во свои раЦе, ако не сте го направиле тоа, да го тргнете плаштот на жртва што ве прави мета за мобинг y школо или на работа, ако сте го сториле тоа ви честитам и ви посакyвам таа ваша самопочит да биде ваша моќ, внатрешен Центар од кој ќе потекнyва вашиот yспеx. И како последно, но не и најмалкy важно, ви посакyвам xраброст да бидете она што сте, да ги тргнете маските, особено пред вашиот партнер, зашто нели, врвот на интимниот чин не е симнyвањето на облеката... Тyкy симнyвањето на маската. Да сме живи и здрави сите!
     
    На kravce и Moira им се допаѓа ова.
  10. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    сдк џабе се надевав на снег ништо ни денес не падна веќе ни во временска прногноза не верувам
     
  11. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Ме нервираат некултурни луѓе :!:
    Си дремам утрово во пошта и тоа чекам ред само за да земам 2 уплатници, влези еден ќе се наведне целиот над мене и - “Јас само да прашам ова во ред ли ми е пополнето ?“ Влези друг - “Јас само да земам уплатница.“ Трет - “Јас само да го пратам ова писмово не сум за многу“ . |( А јас си дремам во редот само за 2 уплатници, само за 2 денари. И си реков до мене е, не се тие криви. Па откако ми дојде редот ги зедов уплатниците, се повлеков, ги пополнив и оп ајде пак во редот чекај си, и повторно истата приказна..... |(
    Не бев расположена да се расправам, инаку :devil:

    И страшно се револтирам од неправда.
    Мислам секој има лоши денови, ама веќе кога работиш со луѓе, не можеш цело време да си намќор или нервозен.
    Влегува една бабичка едвај оди, и таа нормално си чека во редот, подава некои документи и оваа од шалтерот и вика на цел глас, како демек грешка документи донела, па дури на крај и’ се изнасмеа затоа што не слушала и не се разбирала што треба да донесе. Мислам женава имаше над 80 години греота е, тоа ти е работа МА, за тоа земаш плата, ако треба 100 пати ќе повториш и ќе објасниш..... :x
     
    На kravce, danichap, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  12. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.568
    Пол:
    Женски
    21! :^:

    Без разлика на тоа што сум среде колоквиумска и периодов ми е пеколен, и нема да имам никаква прослава, си се радувам на роденденов ко мало детенце.

    Ју-ху! :dance:
     
    На EleMental, sweet-cherry, thinkerbell и 40 други им се допаѓа ова.
  13. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Толку е ладно што и Шабан Шаулич уште малце ќе си ја врати периката на глава.. бррррррррррррррррр |-)
     
  14. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    Како што во белешките на Лајла пишува дека со црвено вино, чоколадо од малина и мирисот на класична колонска вода и прегорена цигара секогаш љубовта оди напред, продолжува, ќе се присеќа на љубовта, јас неможам да поверувам како некои слават 50годишнина заедно. Завидувам! Сакам!
     

    Прикачени фајлови:

    На tweety26 и CIA им се допаѓа ова.
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.017
    Допаѓања:
    16.135
    СДК..ЛАЈВ СТИЛЛ ГОУЗ ОН :)
     
  16. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.244
    Допаѓања:
    10.421
    Пол:
    Женски
    Знаете што?
    Не сум јас таа што треба да суди, ама секој си го носи својот крст на чело.Ама џаст фор д рекорд, јас секогаш сум имала шанса да вратам на злото, директно или индиректно.
    Наречете ме злопамтило, било како, сепак не сум jас таа што е кучка.Кармата е. :geek:
    Because what goes around comes back around.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Некако расположението ме фати после полноќ, хаха. Е сега нема спиење за комшиите.
    Музика пуштам и уживам...за прв пат после толку месеци со газирано сокче во рака (бидејќи не смеам да пијам)
    Но, денес сите правила ги прекршив, решив да уживам. Барем неколку часа...опуштено до 100тка

    И ќе ве поздравам во една чил песничка...верувам дека многумина од вас ја знаат
    Итс абаут мај Инглиш мен..хи ис соу фар фром ме ;(

    http://www.youtube.com/watch?feature=en ... PPAyk&NR=1
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Ш`убо комшијава слави име, се собрале багра се веселат, фини песници си идат, ја се веселам со нив од кај мене дома =) ...како оркестар да ми труби над спална! И фино ми е, сакам луѓе кога се веселат па макар и јас не спиела =)

    И дури и заборавам на главниот проблем кој ми направи дигресија деновиве...ужасна дигресија. Проблемот кој моментално не е дома и појма немам каде е :doh:
    Ма нека крши глава....

    ...си доонесооов млаадаа невестааааааааа!
     
    На kravce, Moira, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    ова забов не престанува да ме боли.... никако да заспијам! како може да ми се случи ова кога толку многу си ги пазам и сакам забите?? :envy: :envy:
     
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.528
    Допаѓања:
    17.255
    Насмевката не значи среќа!
     
    На Micheleljubov и CIA им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.