Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК сама на себе си станав патетична ... Неможам да си се смислам |(
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.253
    Изгледа на сите ни е таков периодот! :D
    Среќа сеуште не сум престанала да сакам луѓе,ама почнувам многу да ќутам!
    Зимска депресија не мава! :D
     
    На crazylady, ozbilnazena, Trendafilka и 7 други им се допаѓа ова.
  3. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Којзнае колку денес се родиле, а колку умреле. Колку се среќни, а колку тажни..
    Јас само знам дека животот е само игра, дека ништо не е совршено и дека ме маваат јаки депресии.
    Тивка сум. И убаво ми е. Сакам само да си лежам и да мижам и да не мислам на ништо. Ме мачат оценките, по малце и љубовта. Оценки ќе поправам, али нема да му признаам дека го свиѓам. Едноставно неможам :x
     
  4. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Да ми кажеше некој дека вчера ќе се соочам со една моја болна, да ја наречам, точка од пред 3-4 години, немаше да му поверувам. Токму тоа се случи.

    Имав една другарка, многу бевме блиски, но, ете, ме извиси во последен момент во еден покомплициран и потежок период ни кој поминувавме двете.
    Во 5 до 12 ми кажа дека таа си го нашла чарето за неа, па јас останав ни угоре-ни удолу. Никаде бев. Во првите моменти кога дознав, по смс, не знаев како да реагирам, онемев, се блокирав, се разочарав потполно. Не можев да поверувам дека токму таа ќе ме зафркне во последен миг, никогаш не верував дека е способна за тоа. Душава ме болеше кога ќе ми текнеше дека таа што ја сметав за многу блиска и за која што 1000 пати му се заблагодарував на Бога што направи и јас да имам најдобра другарка, баш таа ме зае*а. Ама, како и да е, јас се снајдов, истуркав 4 години, се помирив, лутината ми помина, ја сфатив каква е, го надминав сето тоа.

    Последниве неколку дена се само таа ми се вртеше низ глава. Дали ќе се потсетев на неа или на нешто со неа,особено со предновогодишниов период, или ќе видев нејзини блиски луѓе, важно се беше поврзано со неа. Сто пати ми се вртеше филмот „што ако се сретнеме и да дојде да мора да разговараме, што би павела, што би и рекла, како би реагирала“, не знаев, си објаснував, си размислував, но не се надевав дека тоа ќе биде набрзо.
    Вчера читав и една статија на „Кафе Пауза“, за некои 26 совети нешто беше, и имаше еден совет „ Луѓето заслужуваат втора шанса, но не и трета“, баш се привратив да го прочитам и пак, прво што ми падна на памет беше таа. Пак размислување и пак истото.

    Одам јас на автобуска да си одам за дома, чекам на перон и ја случајно се вртам и ја гледам неа.Се здрвив, не ми се веруваше.
    Дојде, станав, се поздравивме, се гушнавме. Јас се насмевнав, само од себе ми дојде.
    Заедно седевме и в автобус. Цело време разговаравме, за се и сешто, како некогаш, се смеевме, се потсетивме на се, си разменивме дури и броеви,
    а и уште го памтеше мојот.
    Јас се однесував нормално, не бев ни лоша ни ладна, туку нормална, се смеев, но сепак имаше нешто што ме држеше на дистанца од неа. Не ја чувствував блиска повеќе, туку како некој стар познаник што долго не сме се виделе нити пак уште долго ќе се видиме, на моменти ми недостигаше нашето време, но сепак сега се беше поинаку, го немаше другарството меѓу нас - барем јас не го чувствував, еве веќе 4 години не го чувствувам. Одоколу ја допревме болната тема, не директно, секоја си кажавме како го поминавме тоа време, но не дојдовме до главното. Немаше ни потреба, сигурна сум дека знае, уште тогаш сфати, но беше доцна.
    Едно заклучив.
    Јас бев таа што остана сама тогаш, но се снајдов и кога дојде „главното“ време јас пак имав некој со мене, не бев сама.
    Од друга страна, таа не беше сама на почетокот, имаше луѓе околу неа, затоа и мене ме откачи - за да не е „сама“
    (макар што и јас сум човек и немаше да ја оставам сама)
    . Но, во „главното“ време, таа немаше никој. Тие луѓето си го гледаа ќефот нивни, мене ме немаше за да има некој со неа, а таа беше сама.
    Значи вистина било она во што верувам отсекогаш - „животот е тркало, се се враќа“. Кога-тогаш, но се враќа. Уште една причина да продолжам да верувам во ова.

    *долг пост, се извинувам, ама сакав да си олеснам :) .
     
    На Bright и Offspring им се допаѓа ова.
  5. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Многу ми е криво што некогаш оставам толку погрешен впечаток.
    И тоа не несвесно.
    Не знам, можда пошо ми е страв да се откријам сама себе си, па помалце до мене допира тоа што го знаат а не е вистина отколку тоа што стварно е така. Има само една личност, која што мислам дека тоа не го заслужуваше. Се би дала за да го нема за мене тоа мислење кое што сега го има. А има право, знам дека има, пошто јас ( како и секогаш ) испаднав нефер во приказната, ама стварно не знам кај ми бил паметот.

    И сеа ми е страв.
    Страв ми е истото и сeга да не се случи и тоа касно да го сфатам.
    И не само тоа, страв ми е било што касно да сфатам.
    Think outside the box, ќе да ми е главно мото деновиве.
    Се дур сите опции не ги разгледаш, нема да знаеш какви опции ти се нудат. И затоа тоа и гледам да го напраам. Да не биде после доцна.
    Ама коа ќе видиш, се е проста математика.

    Во последно време сите некако како да брзаат, коваат заговор со времето, а тоа упорно од нив бега.
     
  6. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Мозокот ми е на пасење... не знам ни што пасе.
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Денес и‘ реков на баба ми, онака тажно и огорчено - станав мизантроп.
    А баба - ако бабино, убаво е тоа.

    Душичка, мислеше некој сертификат е тоа.
    :|
     
    На Buttterfly, bittersweet, Chocoholic и 14 други им се допаѓа ова.
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    И ја мрчам за периодов...

    Стварно досадна стана годинава...
    Ми треба нешто ново, па макар и нова година да е!
     
    На Chocoholic и Doozy им се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    И мене ми е мозочево на пасење, неможам да го приберам :D :wasntme:

    СДК чудно е како некои нешта во животот кои си имаат одреден тек,нагло се променуваат :| не дека човек влијае на нив на некој начин, но тоа само по себе се случува, а со цел да ја покажат својата вистинска слика, во начинот на кои тие се претставуваат или поточно кажано да се разоткријат.А со тоа човек дознава дека не е воопшто во тек со настаните, а поготово кога се работи за личности :tmi: ах и пак не заради мене, туку засегната сум, како посредник сум :D па уште кога ќе видам како тоа се претставува |( ми доаѓа да ги разоткријам и да ги вратам во реалноста :fubar: оф до кога??? :worried: Море кога -тогаш, трпение -спасение ]:) ]:)
     
    На MacaLove и Hopeful им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Ах бе генијалци едни, тоа е пост-ПМС, кога сите сме смирени и мирни, си крчкаме тивко и незабележително, ни растат веѓи и влакна побавно па не се нервираме и некоја пасивност не фаќа....

    http://www.youtube.com/watch?v=JKO5bYN_Wlk

    И со Новата што иде, генијално ќе ни биде ?!
    Генијалци, среќно да ни биде.

    Аха, да. :D

    п.с. Може ли некој да ме спакува во екстра ларџ кутија и да ме прати на Антартикот, на пример ?? :wasntme: Сакам да си поседам сама некое време, некаде. :D
     
    На Oxymoron, ines.h, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Мразам патетики, а моментално сум најпатетичната личност на планетава, ма и пошироко, кога ќе подразмислам поубаво.
    Еве, официјално ви се придружувам таму во пред-пост-итакамунатаму-ПМС клан, ај кажувајте чаре, не туку мрчете. :D
    Плачам ко ненормална - немам поим зошто (знам, ама работава е несакамдапризнаамзаштосумпатетична).
    И се туфкам дали да пишам една порака, или да продолжам да си липам.
    Ма ќе си приплачам уште малце, убаво ми е ми излегоа сите непотребни течности, ахм.
    Се мразам, затоа што во секој гледам потенцијален пријател, а свесна сум дека не смеам да верувам никому, барем не во условите во кои си го живееме животецов.
    Би си шљакнала две-три васпитно-образовни, ама немам муда.
    Пиши пропало!
     
    На Chocoholic, crazylady, julie77 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Пак тој истиот немир...Ќе ме убие! :x
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.253
    Мене не ме ставајте у пмс,зошто не сум!!! :D
    Што е потажно...
    Јас мислам дека треба да си отвориме една тема за жалење!
     
    На kate21 и Beauchamp им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.758
    Пол:
    Женски

    Жалопојка би бил совршен наслов.

    Им здосадив на сите околу мене, а најмногу на себе :worried:
     
    На Chocoholic и Beauchamp им се допаѓа ова.
  15. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Се откажав од битката со универзумот. Долго време ми докажуваше едно, а јас упорна одев по моето.
    Официјално се откажувам, и изјавувам дека не можам против универзумот. Очигледно не може и не може да биде како што мислев дека треба, па еве нека не биде. Happy?
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Просто неверојатно е како човек толку лесно се навикнува на некои работи. А уште по просто неверојатно е колку тешко се одвикнува..
    Ма, навика..да..дури и навиката тешко паѓа..
     
    На Peperutka90 и martinuska им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.298
    Е многу ми е убаво кога ме чешкаат :emo:

    уште од мало си имав мерак. Прва жртва ми беше баба
    бог да ја прости
    .
    За греови жената :( , раце и пагаа, ко некоја пијавица бев. Да ја прескокам средината кога немав жртва, и дури размислував да потплатувам некој од домашните за ова мало задоволство :$ и тогаш се појави човекот на мојот живот.
    Паметен, убав, работлив...ај да не си го фалам, муабетот ми беше он сака да ме допира, јас сакам да ме допираат т.с чешкаат :inlove:
    прекрасен ден, прекрасна вечер....лека нок на сите :*
     
  18. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Господи дај ми сила за да кликнам лог аут од Фејсбук и одјави се од Фемина.

    Ете тоа сакам,ништо друго :) .
     
  19. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    Стварно ми е чудно до кој степен некои личности се отидени у ку*ац.
    Ајдеее мајкеееееее,луѓе шта се то догаџа бре?
    Дали ова отсекогаш било вака или па јас со растењево влегувам у потполно нов зае*бан свет?!
    Ееееееееххх...
    Самоутепанство!
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.253
    Сто посто го наштелуваа мернион инструмент да покажува умерена загаденост за да не какаат веќе луѓево...не сите мијат заби наутро!
    Ах да...у ова шити расположение...ми зборуваат за...сајбер секс. Now we're talking...
    Главобољ и кохезија на чувства бре!
    Ол д сингл лејдис! О о о о о о о
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.