Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.029
    Допаѓања:
    123.897
    Сум станала како пророк,што и да сонувам вечерта-утредента испаѓа точно :^)
    Се чудам цел ден.......
    Имам некое чувство од сабајле дека ќе ми се случи нешто убаво :^) Упорно го потиснувам во себе,зошто не сакам да се разочарам....никако да се опуштам :whew:

    Отсекогаш сум сакала некоја мала викендица,со убав поглед кон шума,езеро или море,како би сакала да бидам сама,да уживам и за ништо да не се секирам......само за навечер ќе ми фуфка да спијам сама,тогаш може мажето да ми се придружи :lol:

    Нели е прекрасно :mm:

    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, Artemission, tweety26 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Денес ја добив првата оценка во индекс. 8) Седмица по математика. Можеби оценката не е којзнае колку голема, ама каква таква си ја сакам. :)

    Благодарна сум и за таа, па другите би требало да бидат повисоки. Но, најважно од се е тоа дека оценките не се се во животот. Исто како што и високиот просек не ти гарантира работа по дипломирањето.
     
    На ceca-1, Lux, Hopeful и 6 други им се допаѓа ова.
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.469
    Допаѓања:
    91.843
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум зборела дека не сакам да бидам со момак попаметен од мене, па и секогаш сум била со такви, понепаметни од мене. Како ли само очекував дека тој некој ќе знае како да се однесува со мене?
    Секогаш кога и кажував вака на другарка ми, ме убедуваше во спротивното, а јас како слеп за стап се држев до моето.
    Кога почнав да гуглам ради сегашниов сфатив дека не сум била во право. Што ќе научиш од не многу паметен момак? Ништо! Ќе ти кажува глупави вицови и смешки со другарите. Остануваш на исто ниво на кое што си бил пред него, а ако секојдневно си со него и неговото друштво можно е да оглупавиш.
    Добро де не биле моиве толку глупави ама сум немала потреба да гуглам со нив :lol:
    Пред некое време кажував колку сакам некој кој ќе биде спој од најважните мажи во мојот живот. Да ги има сите негативни и позитивни карактеристики што ми се допаѓаат од двајцата.
    Не верував дека постои некој таков. Постоел!
    Да го цртав немаше да биде таков, некоја линија сигурно ќе ја утнев. Да ги запишував на ливче сите карактеристики кои што сакам да ги има, пак нешто ќе утнев.
    Вчера дур јадевме посакав да гледаме филм заедно, некогаш. Стана, се насмевна и за миг се најдов во неговата прегратка пред монитор. Никогаш не сум изгледала филм од 2 и пол часа без да го влечам 3 дена или за 15 минути да ги прескокнам сите сцени и да го видам тоа што сакам да го видам.
    И ми го прави најубавото кафе, со точно шеќер колку што сакам кога пиеме онака, и со точно шеќер колку што треба кога јадеме чоколадо.
    И стрплив е за сите мои прашања и потпрашања, а јас сум стрплива дур го оформи целиот одговор иако сакам веднаш кога ќе поставам прашање без некој да размисли да ми одговори.
    И ги мразам неговите цигари ама толку проклето убаво изгледа со нив.
    И се спрема за пат, се напнуваме како неколку дена еден без друг, ко да нема мобилни.
    И се е толку брзо, прекрасно и нереално...
    И толку многу сум среќна...
     
    На RainDrop, teddybear, Sanniii и 41 други им се допаѓа ова.
  4. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Дали на повидок е една убава ноќ??? :wasntme:
     
    На antonina, Serafima, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 7b84PE5pw#!
    ..многу почнаа да ме интересираат овие работи.Пајдушка,чочек,бугарка,ужичко коло и други..
    Постојано има по некое вклучено на јутуб и постојано ги следам чекорите..како играат. :wasntme: :wasntme:
    Јас не знаев ни онаа рамното да го играм,три напред,две назад..
    А пред некој ден,замислете пуштив јутуб во 11 сабајле и полека ги вежбав чекорите на пајдушка..И морам да се пофалам..напредувам :) :$
    Интересни ми се,ме оставаат со подотворена уста ..како лесно играат,како убаво играат .. :x :clap:
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    сето тоа е ок и по малку шминка за во школо ама за во средно може ама на 13 години пудра, коректор :^)
    па што ке прави девојчево кога ке има 40-50 години :fubar:
    и баш на фемина читав вчера за тушот-чувајте го за вечерна шминка а не за во школо и тоа на 13 години :!:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    3.665
    Некогаш на форумов чувствувам мноогу повеќе љубов, грижа, топлина што никој со никого лично не се знае, а сепак сме спремни за помош, утеха, сочувствуваме со нечија болка, делиме среќа...
    Убаво рече еднаш Miss.Ricci дека ние тука сме едно големо семејство. :)

    Навистина. :l:
     
    На ceca-1, Angy.g, tweety26 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Зошто јануари е секогаш најдолгиот месец во годината ,денов ми е како вечност ...... :yawn:

    ...влезена сум у SMF фазон ,мрзливо пијам пиво и не правам ништо ,док кучкава ги клецка сите можни мечиња у близина
    денеска сум расположена за дружба само со лаптопот и мојов верен пес . :smoke:
    ЧАО-снО !
    http://www.youtube.com/watch?v=33q-7WWjjOw
    Жицу чу да цвикам бре мајке ви га набијем покварене .


    е да имам и јас вакви денови :rain:
     
  9. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Сакав да бидам за Стара нова година во некој ресторан, конкретно сакавме да одиме во ова Мечкуевска куќа Пуже во Св.Николе што е, ама вчера се јавивме ни рекоа дека се’ било резервирано уште пред две недели. :o
    Многу го фалат местото, амбиентот, храната, услугата, се’ било прекрасно. Баш ми се одеше... Се изнервирав.....
    Ајде во некоја друга прилика. :)
     
  10. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Луѓе, животот не е црно-бел! Ниту пак плав и жолт како што вика Каљопа. Животот е цел спектар на бои и сетила: мирис на дожд и чист воздух, скокот на срцето, треперење од ветрот, топлина од кафето испиено со најблиските, светлина на новиот ден. Борба и искористување на потенцијалот до максимум. Наоѓање сили за утре. Не ми е намерата да повраќате виножита од мојов пост или да продавам животни филозофии спакувани во розева хартија, и онака само вие одлучувате од кој агол ќе ги гледате работите. Како што одлучувате и дали ќе споделите тага и среќа со некого, дали ќе му дозволите да има удел во вашиот живот. Да ви биде светилка кога ќе се изгуби трага, да биде рамо за плачење, да биде причина за да се тргнете од проклетата мртва точка! .

    Па нели ако не успее План А има уште 30 букви?
     
    На la-chicka, MandyLane, Angy.g и 15 други им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    дури сега мајка ми свати дека мора потхитно да оди на кардиолог-откако и се слошило на работа, и мислела дека и дошол крајот-ова по незнам кој пат се случува а таа не свака сериозно, си игра игри-епа сега нема веке трте-мрте и тоа јас ке и закажам-ако не сака да оди , жими еден живот за рака ке ја однесам :!: и ни објасни што и како да правиме со финансиите кога неа ке ја нема, а мене тоа страв во коски ми влева, да си побегнам во своја кожа ми доага :doh:
    неможам да замислам мајка ми да ја нема, навикната сум со неа ;( многу често се караме и за најмали ситници ама сепак мајка ми е-ако треба ке се клонирам само таа нека живее подолго :hug: ;(
     
    На Angy.g, Hopeful и Katerinceee им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.078
    Допаѓања:
    179.102
    Пол:
    Женски
    Убаво е чувството кога ќе најдеш нешто, шо си го изгубила пред некое време и си се помирила со тој факт. Пред малку, сосем случајно..мојата љубопитност ме донесе токму до тоа...за сите останати безвредно а за мене... толку значајно...очигледно мајка ми го нашла на подот и го ставила таму каде шо го најдов и забораила да ми спомне за тоа.. сепак се израдував. Можеби ќе ви звучи смешно и глупаво, можеби некоја од вас ќе се руга за истото ама... не ми е битно...ќе ви кажам за шо се работи.. Станува збор за малечко срценце излакирано во црвена боја а напраено од најлонче од пакло цигари (претпоставувам пушачите тука, знаат за шо зборам :) ) со секое ново отворено пакло цигари си го ставав меѓу најлончето и хартијата од паклото. Знаев дека негде ми паднало, но ни на крај памет не помислив дека може да паднало дома. :) Можеби некоја ќе си помисли зошто не сум напраила ново... не напраив ново, зошто зад тоа стои приказна, која емотивно ме врзува за истото, и која можеби и ќе ја споделам во некоја друга прилика.. :)
    Колку само една мала ситница може да му даде скроз различен крај на денот :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Само кај нас го има тоа, ако слушаш рок - клошар си, ако слушаш транс - се дрогираш ,ако слушаш метал - сатанист си , ако слушаш фолк си прост и селак. Што сакам тоа ќе слушам бе алооо!!!
     
    На smiley-94, blaa, sweet-star и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Латино музиче,сама во соба,некоја чашка мартини и си уживам.Е баш ги сакам ваквите денови. :lol:
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    СДК дека ги мразам малограѓанските муабети! Те мразам и тебе. Обично не мразам, само помалку сакам, ама тебе те мразам.Проста си.Те озборуваат сите, те гледам во 3 и пол со тој вработениот, со сивиот мерцедес,поминуваш,глава на страна. Те гледам во 5 саат сабајле пред зграда те оставаат, бушава, знам што си правела. Те мразам силно, неможеш против нас.Посилна сум.
     

    Прикачени фајлови:

    На owl-ribbon и AwesomeGirl им се допаѓа ова.
  16. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Ми фали Lilit заедно со нејзините долгии постови!
     
    На owl-ribbon, AlanisM, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    СКД мноооогу си ја сакам фризерката бре. :rofl: :rofl:
    Штотуку се вратив од фризер и од косава ми направи чудо прекрасна ми е! :inlove: :inlove:
     
    На tweety26 и Anouk им се допаѓа ова.
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Јас се надевам дека во иднина нашите факултети ќе дозволат студентите на самиот испит да си понесат вода, и некое чоколатце како и скоро секој универзитет во Европа, за четири часа испит, мене ми е несфатливо она чување ко да сме најопасната закана на светот, а е испит акде секако мораш да си ја одржиш концентрацијата, ако споредам со Шведска можам да кажам дека имам многу помал стрес, многу подобра комуникација со професорите отколку во МКД, каде се тресев на испити, и самиот чин испитот не го прават толку заканувачи, туку опуштено со убава атмосфера и дозвола да си земеш со себе сендвич, вода и благо кои стојат на клупата пред тебе. не ти висат асистентите над глава, со застрашувачки поглед, и порака јас сум над тебе.. Изгледа и јас треба на Грујо да му напишам едно отворено писмо!
     
    На ceca-1, antonina, JuLleE и 25 други им се допаѓа ова.
  19. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Каков примитивизам човече,не ми се верува.Ние сме ти народ створен за озборување,правење филмови кои немаат допирна точка со реалноста. Абе да неможеш да излезеш со некој како нормален човек. Сигурно ќе видиш некој што познаваш и кој одма ќе почне да ти смислува бајки.Што ви е бре гајле со кој сум на кафе? Што е толку битно за вашите мали животчиња да знаете вакви информации? Ќе се збогатите, ќе научите нешто важно? Јас на пример имам слушнато за другарка ти Трајанка дека била со Митре,ама не размислувам колку години се разлика,каде се запознале и слично.НЕ ми е гајле,душо радознала!
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    На никој луѓе не му е гајле дали ви е добро,дали ви е лошо,дали сте паднале во канџите на болкта или уживате во победата,освен на вашето семејство.
    Никој искрено нема да се израдува на вашата победа како нив,и никој нема да го боли колку што ве боли вас кога ви те тешко,освен тие.
    Маски,лицемерие,омраза..Тоа постои кај луѓето.
    Зошто некому да му биде убаво кога мене не ми е,или обратно.Така се размислува денес.Со чест на исклучоците.Спомнав исклучоци бидејќи ги има,можеби се малку,можеби се бројат на прсти ама вистинско богатство е да се имаат покрај себе.
    Немојте да угодувате никому ако знаете дека тоа не го правите од што сакате туку од што морате.Немојте.
    Никој нема да ви каже фала.
    Не дека нешто лично ми се случило па морав да го пишам ова,ама ете така ми дојде.

    А денов ладен.Кафиња со пријателки и тоа е.Се лечам со апчиња и сирупи,бидејќи неможам да функционирам.Ама не се предавам бре,не лежам во кревет и не кукам.Баш ми е гајле.
    Отидов да си вечерам.
     
    На crazylady, tweety26, Springy и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.