Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    286.723
    Во населбава каде што живеам нема дуќани, се е штама.

    Па си зимам автобусот и одам до соседната населба каде има се и сешто и со ред си ги фаќам.
    Прво дм, па пластичарите, сваштариите, турските и на крај супермаркетот.

    Еве сеуште работам на проблемот, и се обидувам да го игнорирам црвот што ме лазе и ме тера да влезам во оние измеѓу првата и последната дестинација :worried:

    Во првите ќе се натоварам колку што треба и не треба, и едвај ќе се довлечам до супермаркетот.
    Е тука сама си ја правам бељата оти се залажувам дека работите што сум ги купила од преходните дуќанчиња само волуменски зафаќаат простор ама не се толку тешки.
    Ќе зедам од тие големите колички, пола ќе ја наполнам со веќе внесените ќеси и ќе почнам да пазарувам.
    И бидејќи со картица плаќам, а око мое се што ќе види му треба и има идеја што да зготви пунам ли пунам количката ко да ќе нема утре.
    Ќе се натоварам колку што не треба и едвај се довлекувам до постројката од автобус што е на неколку метра од супермаркетов.(затоа и рутата ми е така испланирана :D )
    Чат пат ќе видам уште некоја ко мене што се натоварила и едвај се движи, па и ќе си помуабетиме на постројка, познанства шта чеш, домаќинки препознавам јас одма.

    Ќе се пикнам во автобусот и симнам некако од автобусот...ами после :^) :rofl:

    ОД постројката од зграда кај мене 1 минута пешачење, али мене ко еден километар ми се гледа, капак на се и трети спрат без лифт.
    Тука користам џокер позови пријател, т.с малиот :rofl:
    Ќе ми ги одвлече ќесите и мир.

    Е сега вистинското прашање е зошто не иде он со мен.
    Јас НЕ сакам, ми се меша во домаќинлакот :devil:
    Што ќе ти е ова, оти она, мораш ли баш такво...ауу глава ќе ми пукне.
    Триста ќе ги каже, сто забелешки ќе ти најде.
    Овој филм сто пати е виден, и не да не ми иде памет, ама убаво ми е да пазарувам макар и да мкнам влечам торбите.
    Чуството дека сама сум си испазарувала, зготвила па и изела...незаменливо.
     
    На teddybear, Artemission, tweety26 и 23 други им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Шуд ај стеј ор шуд ај гоу
    Дали да ја коментирам рекламата за бизнисменот што ги изгубил сите пари на берза, ама се му било подобро кога сфатил дека не се толку битни, затоа што си има он семејство покрај себе, 7 деца. Не, јас стојам цврсто зад себеси и веќе кажаното дека семејството е најбитно...ама угх. Мислам дека ме разбирате за владинава реклама...нели :^)
    Енивеј, си миев садови па ми текна кога бев помала и кога го правев истото, си ги полнев чашите со сапуница да изгледа како шампањ, па тури, претури, растури...сега гледам побрзо да завршам :tmi: Мислата ми беше, бидејќи веќе ми отиде паметот на -кога бев мала-, па се сетив на едно дете во комшии што го имав што многу сакаше да гледа индиски филмови. Ама оноа озбилно ги обожаваше. Во тоа време мислам идеа такви филмови само на некои програми како едо или бтр. Како и да е, од она што се сеќавам бледо, филмовите беа во глобала како мјузикли, секогаш имаше преубави девојки и по некоја змија (и карактер и животно). Различни ствари од она што сега го има на тв. И...во момент сакав да бидам дел од индиски филм-мјузикл :tmi: Се среќаваат дечкото и девојката и пејат и танцуваат и тој ја освојува и таа му игра со другарките и се гледаат срамежливо и...ух, стварно бе :D Ај рефреш да си ставам на тоа уште еднаш -Ех да си беше животов мјузикл, најубав ќе си беше.
    Кога сме кај песните, запознав неодамна еден можен иден соработник. И бидејќи јас сум гугл срч адикт, одма го гуглав (добро де, млад беше :$ ). И видов дека дечкото бил пеач на свадби (ова у странствија, не кај нас) и имаше листа на песни што ги изведува и клипче од место на настанот. Пее љубовни амерички песни. Извини дечко, ама свадба без Зете мили зете или Ти донесов млада невеста...не бива. (се шегувам се разбира :angel: ) Сакав да му пуштам некое клипче, ама тогаш ќе сфатеше дека го манијачам по интернет :tmi:
    Добрата вест на денот е...од другата недела продолжуваат сериите :D какво просветлување нели. Ох мај мизрбл тв лајф. Или сакам да биде како филм или сакам да го поминам гледајќи филм. Или да создадам свој :^) (чувствувам дека овде негде веќе ги потрошив смајлињата)
    И да...најдов разгледница дома од Париз од едни пријатели (оуи, сил ву пле, мсју, патем дали Французите се стварно така лоши како што ги зборат?) и на разгледницата слика од триумфалната порта. Сакавме да се пошегуваме со брат ми и да испратиме една разгледница од нашата победничка порта со содржина -нашата е подобра или што имате вие што немаме ние :wasntme: -Знаеме де што немаме...Французи(се зезам повторно)
    Охх забегав малце м?
    http://www.youtube.com/watch?v=5LX59sL5RQo
     
    На Micheleljubov, Nymeria, JuLleE и 19 други им се допаѓа ова.
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Аман бре луѓе, Аман веќе доста со тој еден ист совет, доста со тоа Ти најдобро знаеш, како ти вели срцето така прави
    Зарем моето срце незнае што сака, зарем моето срце не посакува само еден ама ете реалноста е друга, сурова, него неможам да го имам и готово, со тоа морам да се помирам, барам совет од вас да ми го кажете полесниот начин да го направам тоа, не барам од вас да ми отежнувате :|

    Свесна сум дека за нас е касно, дека нема назад, дека се што се скрши неможе да се залепи, али ете не успевам да се изборам со овие чувства, неможам, посилни се од мене!
    Ме гушат, ме уриваат, ме мачат, не ми дозволуваат да спијам, се ме потсетува на него, на нас.

    Ете така ако сакате да ми олесните не го спомнувајте, не ме прашувајте како е? каде е? зошто ни јас незнам...
     
  4. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Баш е убаво да си на распуст.Навистина,спиеш до кога сакаш,легнуваш кога сакаш.Се одмораш,што е најважно,и од учење и од стресот што се создал во времето на испрашувања и тестови. :D
    Јас незнам кој ден е најискрено,ниту обрнувам внимание на тоа,затоа што не ни сакам бидејќи времето лета.Кога ќе видиш,за десет дена повторно во школо.Јас не дека не сакам да одам в школо,далеку од тоа,ама и распустот го сакам!А другарка ми,умирала за школото. |(
    Но и распустот си има лоши страни.Цел ден сум дома и цело време само нешто јадам,повеќе од мерак да каснам од пакетчињата на брат ми. :D Кога сум во школо,немам време да јадам. Што е најлошо, ниту спортувам,ниту вежбам периодов.Ама ветувам,од утре почнувам да вежбам. :!:

    Инаку,ми фали Лилит. :( Нејзиното отсуство се приметува и се надевам дека можеби ќе ни се врати. :)
     
    На Caliopea и VayaConDios им се допаѓа ова.
  5. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Сакам да не е потребно целосно да се изолирам од луѓе кога доаѓа испитна сесија.
    Сакам кога мајка ми и сестра ми се во иста соба да не се однесуваат како туѓинци.
    Сакам таа да не мрзне на работа и секој ден да ја слушам реченицата - Ова не се издржува.
    Да и помине барем еден ден без болка во главата, коските, а да не е толку навикната на неа.
    Да најде сестра ми работа или да го заврши факултетот за да нема нервози во домов.
    Да се вработам и јас, да можам да ги издржувам и да ги спречам да се запоставуваат себеси за да имаме ние две.
    Да не штедат за мојата иднина и да разберат дека животот е даден за уживање, а не за преживување, за да децата ги имаат сите можни удобности.
    Да можам да ги гледам мачките како ги уништуваат лампионите и да се радувам на нивната игра, а не да се разгневам.
    Да не бидам толку рамнодушна, макар и да се искарам, со цел да знам дека сеуште ми е грижа за некого и нешто.

    Доволно ќе е да можам да се потсетам како да бидам радосна, убавите мисли пак да ми го окупираат умот, срцето да ми се полни кога ќе помогнам.

    Сакам да се радувам, но не знам како...
     
    На Ana.Jones, green.eyes, sweet-cherry и 47 други им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.043
    Допаѓања:
    81.398
    Пол:
    Женски
    Епа, моето детство официјално завршува од денеска, заедно со ова. :doh:
    http://www.youtube.com/watch?v=pEKA6rmVfW8
    Всушност, ОВА одамна заврши, ама немав муда да го гледам.
    Е, што ти прави вишокот слободно време. :wasntme:
    И така, не дека не ми се допадна - далеку од тоа, ама ми падна жал, зашто пораснав со екипава и морам да го кажам најсрцепарателното нешто - ко да ми се откина мааааааало делче од некаде и имам глупаво чувство дека на нешто му дошло крајот.
    А, јас мразам краеви. :tmi:
     
    На sweet-cherry, teddybear, 1209 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.804
    Допаѓања:
    100.668
    Пол:
    Женски
    Тешка е оваа ера.Родена сум во време без интернет,а денес сум принудена да го користам,да поминам четвртина од денов пред мониторот.Тука се огласите за работа,фб...скајп....Во компјутеров живеат ми се чини мали луѓе,и можеш да прочиташ милион можности како да се снајдеш во животот,и уште толку непотребни информации кои ти го отежнуваат животот,до граница на болка.

    Вистина е дека нема назад во времето на касетите и плочите,во времето на други морални вредности,а кои не се однесуваат на пари.Можеби премногу сум old school ,ама сето тоа ме боли.Воспитувана сум поинаку ,да бидеш чесен и искрен,а јас во овој свет сум заглавена.Не се снаоѓам добро во мојава животна средина.Во присуство на други луѓе ,ми се запечатува устата ,едноставно отапувам.Сита сум од луѓе кои се незадоволни од себе ,од своите животи,прават сплетки,интриги,оговараат,а најлошо од се буквално копаат гробови.Сита сум од завидни,злобни и суетни души.

    А нели доброто однесување,ти наметнува,искулирај овде,попушти таму...и тогаш нешто пука во мене и ми доаѓа да оставам се што знам и познавам,и да побегнам далеку.Таму кај што вистински се смее и живее,каде се почитува и сака од срце.Ако знаете такво место ве молам за адреса!

    Поентата на овој глупав пост е да се проба да се најде парчето автентично јас во морето на новопечени вредности.Тоа е поентата.
     
    На antonina, teddybear, Hopeful и 24 други им се допаѓа ова.
  8. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    ...сеуште барам машко,кое кога ќе ме баци ќе имам крокодили у стомакот и ќе ми се тресат колената (ми кажаа дека девојките така се чувствале)....
     
    На bittersweet, Sanniii, AwesomeGirl и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    1.999
    А што ме зезна мене едно кутро старче денееес...

    Стигнувам на автобуска и гледам едно дотерано, стокмено, ама премрзнато старче.. Ептен ме фати жал, не слушаше убаво и ептен нејасно говореше..
    Ама ај некако ми објасни дека долго време чека на станицата, автобуси нема, а и ниту едно такси не поминало и ме замоли да му викнам такси. Вика јас ќе платам, ти само викни веќе не можам да мрзнам а и плус каснам. И му викам да се јавувам сигурно, немој да дојде автобус и да се качите .. Не, не ќе си го чекаме таксито, не се качуваме ни во автобус ни во други таксиња ми вика. Ајде му викам, не е проблем таман по пола ќе платиме, и јас каснев за на зубна.

    И викам јас такси, само што склопив... ете застанува еден таксист, и вика има место само за еден.. И си тргна старчето да си влезе во колата, јас со подзината уста стојам.. Му викам ама ќе дојде кола, само што се јавив, нели ќе чекате, наместо 20 денари за автобус сега јас треба 200 сама да давам.. Тоа си влезе внатре и ме изигнорира.. Лелеее ми доаѓаше да го грабнам тој бастунот негов, па да видиме со кого ќе се мајтапи така :rofl: Среќа таксистот испадна фер, се изнасмеа прво па после рече ајде јас ќе го откажам во централа, уште не е тргнато :D

    Стари луѓе бе, бетер и од мали деца.. Јас ги сожалувам, а тие на што се биле спремни.. :D

    И така си измрзнав јас поштено уште еден саат на станица.. Ама барем се видов со мојот омилен наставник по математика .. Го немам видено добри девет години.
    Се сеќавам на првиот ден во новото училиште и со новите сооученици како да беше вчера.
    Јас исплашена, во последна клупа, во моето омилено портокалово палтенце .. И прв час математика. Доаѓа наставникот и вика имаме нова ученичка во класот, ајде сега таа ќе излезе на табла да ви реши една задача да видите колку знае математика :D И излегувам јас, ќе пропаднам во дно земја од срам, испишувам цела табла со решението на задачата и шлагот на тортата - ја кратам добиената дропка, а тие тоа уште немаа учено :D Уф, која фаца бев тогаш хаха ! Лелее па колку убаво ја досреди задачата, па и кратење дропки знаела :D

    Тој од моето име, кое е многу често и само во класот бевме 6 со истото име, имаше направено една многу интересна, руска верзија .. И така нагалено ме викаше .. Кога денес така ми се обрати, ги загризав усните за да не заплчам.. Солзи ми навреа во очи,спомените почнаа да извираат од никаде, се ми се врати кристално јасно, веднаш се најдов таму..Се потсетив која и колку успешна бев, колку самодоверба имав и како само грабав нови успеси.

    Многу тешко ми беше да се соочам со тоа, и да сфатам дека јас некако, несакајќи, несвесно се изгубив по патот ..

    СДК 2 : Мишела, потполно те разбирам.. :( Јас на премиерата на последниот дел, се расплакав и станав да си одам на крајот. Не сакав да видам како ќе заврши (знаев како завршува, од книгите), ама не сакав да седам до крај, да ставам крај на најубавите 10 години од мојот живот, да ставам крај на моето детство :(
    Btw и мене шестиот дел ми е омилен, и секогаш плачам кога ги препрочитувам страниците каде Дамблдор умира :(
     
    На antonina, Libera, Noemi и 15 други им се допаѓа ова.
  10. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Се навлеков на суви смокви. Можам по цел ден само нив да ги јадам :rofl:
    Уствари не можам, туку ГИ ЈАДАМ БРЕЕЕЕ! :D Ко навиена :D
    Еј, може да ми бидне нешто лошо од нив? :wasntme:
     
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Се почесто гледам мајки, дотерани, шпицнати како си разговараат на телефон а позади нив се тегне нивното кутро детенце со ташна и еден куп ќеси во рацете. Или си се чекира на фејсбук или којзнае што прави, а детето недај Боже кола ќе го собере, ич не и дреме. И се почесто ми се врти во главата, Не секој заслужуваа...не е битно.
    Само, ако не ти е дојдено до гледање деца, не ги прави. Ете толку е едноставно!
     
    На sweet-cherry, Hopeful, anabel-a и 19 други им се допаѓа ова.
  12. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Идам ја у маркет денес да купам маргарин, луѓе пред мене и позади мене чекаат со кошници а само ја со овој еден производ и ваѓам пет стотка да сум спремна дури ми дојде ред.

    Една госпожа три реда подоле ме прашуе со гласно викање, девојче колку кошта маргаринот шо го држиш у раце.. ај не знаев колку кошта, имам доволно пари, нема да се мањак, а и го купувам за у слатки мајка ми нема да ми пререче каков и да е, а и се наоѓа колку од овдека до Прилеп госпоѓава и шо да и кажам сеа.. уста не ми се отвара, ама ај велам..брука не брука да и кажам барем дека не знам.
    И велам неее знааам и се вртам и чекам да ми дојде побрзо ред...
    Ја слушам поново се дере и го поставува истото прашање!!! Не сакам да се свртам си велам у себе шо ѓавол и е на женава, поблиску е до полица со маргарини отколку до мене!!!

    |( И почнуе да се дере уште посилно, ЈА У ВРЕМЕ НА ТИТО СУМ ТИ ЧЕКАЛА РЕД ЗА ЗЕЈТИН ПЕДЕСЕЕЕТ МИНУТИ И НИКОЈ НИТУ ЗА НОГА НЕ МЕ СТАПНАЛ А ОВИЕ МЛАДИВЕ ДЕНЕС НИ ЦЕНА НА МАРГАРИН НЕ САКААТ ДА ТИ КАЖАТ ПА ШТО ИМ НАПРАИ БРАНКО КАО ГИ СЈЕБА ПРВО ИМ ГИ ЗАТВОРИ СИТЕ ФАБРИКИ У ЗЕМЈАВА ПОТОА ГИ ИСПРАТИ КАНАЛИ ДА КОПААТ ЗА БЕЗПАРИ МАМЕ ИМ Е*А НИКАД НЕМА ДА СЕ ОПОРАВИМЕ ОД БРАНКО СВЕ ОД ДЕТЕ ДО СТАРЕЦ НЕПОВРАТНО УНАКАЖА САМО У ЗАТВОР ДА ГО ВИДАМ ДА МОЖАМ МИРНО ДА ИДАМ ОД ОВОЈ СВЕТ...


    А нелитреба да го плука Груевски ако е и она комунист зашто и Бранко комунист? Не им ја разбирам математикава ни на едните ни на другите. Ај, нека и е

    Абе тета, ме копка грижа на совест од една страна, гревота си, не моеш два чекори да напраиш да отидеш да видиш цена туку се дереш ко откачена три километри понатака, уште се прашувам како видела дека маргарин држам у рака, може и ме следела шо знаеш, какви теми отвори за оговарање на сред ред за чекање у маркет капа и симнувам. Како ми доаѓаше еден порив да и го треснам маргаринот у фаца... ме обрука на невидено, којзнае дали е уопште на нога станата утрото или на раце...
     

    Прикачени фајлови:

    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Забавата почнува , ги потпишав сите од именик те сакам и одам на вечера со дечко ми :angel:
     
    На Annie.mk1, kravce, CIA и 3 други им се допаѓа ова.
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Одвреме навреме ми текнува на моите 90-ти. Заедно со родителите и сестра ми одевме до маркети и знам купувавме пакети лименки кока кола или спрајт. И секогаш купувавме и пакети со Марс чоколатца. Не се радував толку на соковите колку што на моментите поминати заедно додека пазарувавме. Ми фалат тие насмевки, ми фали таа љубов. Не ми се верува само колку ни беше убаво. Ми фалат тие нешта кои тогаш ни беа станати семејни ритуали. Еднаш неделно заедно, сами ние!
    Или па кога ќе ми текне на првите мои патики - salomon. Тогаш имав 14 години и тоа беа радости живи, за првпат ми купија патики од 4.000. Ги носев со години, а верувајте дека уште се како нови.
    А најубави семејни спомени ми се тие од летата поминати во Охрид и посетите на селото на татко ми. Кога ќе ми текне како пред (сегашната) плажа Немо, таму кај големите дрвја ќе си седнавме, ќе се најдевме пиперки, биено сирење, патлиџанчиња, мммм. Сељачиња ќе си речете. Но тоа беше др. време, повеќето го практикуваа тоа.
    Па пливањата со татко ми и сестра ми во длабокото. Па вечерите кога се шетавме во центарот, до Чинарот и назад, па Силви Бенд како пееа :wasntme: . Па посетите по охридските манастири. Па првиот пат кога го видов татко ми пијан. Колку беше смешен, колку се смеевме тој ден. Во Охрид се запознав со мистериозните и преволшебни Светилки. Тоа беше љубов на прв поглед. Се сеќавам бевме во една вила кај Лагадин. Таму ги видов за првпат.
    Да не почнам па со спомените од село. Цел реферати имам за пишување.
    И да, уште ова, првиот пат кога ги видов моите како се бакнуваат беше во Маврово. Е тоа ме разнежнува највеќе од се. Нивната љубов тогашна и сегашна. Тогаш беа по малце луди, а сега зрели. Ги обожавам и двајцата. Мора да го знаат тоа.
     
    На Hopeful, anabel-a, sunfemina и 4 други им се допаѓа ова.
  15. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    многу било убаво чуството кога ке станиш мајка
    исто толку е напорно
    мајка ми некогаш кога ке се изнервираше од мене или сестра ми велеше, првата половина од животот ти ја уништуваат родителите, а втората децата е сега дали оваа теорија е востинита или не ке ви кажам за едно 20 години, оти сега за сега не верувам дека е така, а вие не ме чекајте мене со резултати туку работете на случајот навистина е убаво да си мајка.

    голем поздрав до сите феминки што ми бевте подршка во најтешкиот и најубавиот момент од мојот живот, ве гушкаме јас и моето мало синче :*
     
    На Hopeful, 1209, AIT и 14 други им се допаѓа ова.
  16. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    lilit не напушти и многу ми фалат нејзините долги постови ;( ...девојкава пишуваше предобро ...иако неколкупати сме се карале на чет ради глупости али редовно ја читав :| ..форумов порано ми беше место каде што се опуштав али во последно вреем ја губи вредноста... :( ...вејќе речи кажи сите добри челнови си отидоа(да не се разбереме погрешно има сеуште добри феминки за читање и дружење)... :)
     
    На Elichka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Пративме честитки за Нова Година, ама каква пошта имаме најверојатно ќе пристигнат за Велигден. Поминаа девет дена и уште не се пристигнати. Па досега прекуокенска пратка ќе стигнеше, а не новогодишни честитки на 150 km оддалеченост.
    И после интернетот ни бил крив. :fubar:
     
    На kravce и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    23.078
    Пол:
    Женски
    Измешани чувства и мисли деновиве кај мене. Целата сум збркана, а само што почна годината. Ами натаму како ќе е? Сакам да знам што сакам, без да се двоумам, веднаш да си кажам. Ама не. Јас мора по милион пати да се предомислувам, па пак да размислувам, и на крај целата да се збркам од толку мислење. Се навраќам по сто пати на едни исти случки, исти зборови, ама секогаш различно си ги интерпретирам.
    Уф, тешко ми е. :sweat:
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Ние пративме пред не цел месец за преку океан и од таму се пратени за наваму, нит трага нит ништо. Што се случува со праткиве не знам??!
     
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк.... Toj кој знае каде,кој знае со кого ниту трага ниту глас.
    АКО !

    Јас знам дека сум сама а го носам него во мисли,срце,а знам и дека сум со еден куп обврски и немање време.

    Минуваат деновите се трчка натаму наваму, се бројат минути до настани, се мери трема се борам со нетрпение и на крајот на денот пак исти мисли, пак Тие мисли што,како,каде,со кого.

    Обврските ги покриваат мислите но крајот на денот ги соголува до гола кожа, ги става пред затворените очи ги бутка пред сонот, тие мисли онака ми се протнуваат помеѓу соновите,уморот,топлата постела,навиениот аларм и утрото.

    Нема бегање од она што силно се закоравило во срцето и мислите.
    И со затворени очи тоа е таму, гребе,штипи,лути,ме освестува, ме буди.

    Вчерашниот ден помина одлично, Скопјето ваше ладно и мрачно но со учтиви лица кои се смешкаат по автобуси, момчето од книжарата со слатката насмевка што љубезно ме услужи и помогнаа во најголемата збрка и не ми наплати ќе го паметам и ќе сум му благодарна, ќе го паметам. Ви викам го сакам Скопје оти има некоја душа во него.
    Обврските таму поминаа одлично сега ќе си чекам резултати и стискам палци да се позитивни.

    Си размислувам ако отидам, ќе му текнува на мене :?: , ќе ѕирка на skype, ќе контактираме или и тогаш се ќе биде како сега ? ќе го почувствува ли моето отсуство :| :?: :|
    Охх еве ги мисливе идат итаат по мене, си ги носам вака во малово џебче од пижамава.
    Тежат, тежат, ужасно тежат .

    Има Господ гледа и дава се` што е наше и што заслужуваме, кога тогаш !
    Јас од надеж живеам не од воздух.
    Така се чувствствувам.
     
    На Hopeful, kravce, AnaKarenina и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.