Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се посветиш на некоја работа безрезервно, со љубов, и посветеност резултатот си доаѓа сам по себе, не ми е жал што посветив толку многу години на учење и неколку години на фотографија, тоа и тоа ме однесоа во земји каде што не можев ни да замислам дека можам да стапнам, и да видам сосема различни светови и култури, и знам дека во иднина ќе се посветувам и трудам, безразлика колку ќе конузмира време.

    П.С многу ме израдува веста. Херојче!

    http://press24.mk/story/makedonija/se-r ... -od-struga
     
    На sweet-cherry, teddybear, Hopeful и 19 други им се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Или у превод: Лилит неможам да не те читам! :D

    Убаво си кажа девојчето, признајте си дека ја сакате.
    Ајде не е интересно веќе враќај се Лилит! (смајлисонатажениочиња)
     
    На machka1, Hopeful, NoellePage и 12 други им се допаѓа ова.
  3. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    И копиљите заслужуваат љубов.
     
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски

    ??
     
  5. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Денес мислев дека ќе биде само уште еден досаден ден.Но се предомислив веднаш штом падна договор за средба со другарките.
    Им ги дадов честитките и многу им се израдуваа,а поради тоа и јас си бев радосна. :)
    Кафенце,разговори,смеа...6 часа поминати заедно,и пак не ни беа доволни.Наредното кафе е веќе договорено за кај мене.
    А утре одам во Петровец...со неа пак се немам видено одамна.Цел ден таму ќе бидам,ништо чудно и да преспијам таму,сепак имаме многу за кажување. :lol:
    Разговорите со пријателите доаѓаат како терапија,веднаш се е подруго...станувам уште попозитивна. :)
    Сакам секој ден да ми е ваков. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На crazylady, kravce, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  6. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Ова е пишувано од сестра ми која сега е втора година средно,но не сака да отвори акаунт на фемина па затоа пишува од мојот :hai:
    Веќе со денови не ми излегува оваа мисла од глава,наместо да го минувам распустот безгрижно и да пуштам мозок на паша,јас не можам мирно да спијам :doh:
    Неколку дена пред крајот на 2012 една професорка ме обвини дека сум кажала нешто лошо за неа(а јас можам да тврдам дека тоа не е така),но не ми го кажа мене тоа лично туку преку некој друг. Тој ден бев во бунило,се почувствував многу лошо и сеуште се чувствувам така,ги преиспитувам своите постапки по двесте пати на ден,но сеуште не можам да се сетам на некоја случка или нешто што јас сум го кажала што би можело да ја навреди... :?:
    Мојата загриженост ја примети и татко ми,кој без мое знаење отиде во училиштето кај мојата класна и и плеснал се во лице и што треба и што не треба! Значи да се разбереме,јас не му кажав на татко ми да отиде во школо и да се буни за мене,НИКОГАШ тоа не го кажав! :|
    Е сега,проблемот е во тоа што едноставно знам дека професорката ќе ме влече за нос,а и нема веќе никогаш да имам 5ка кај нејзе и ќе ме пострамоти пред целиот клас,многу остар јазик има и ќе настрадам и тоа убаво. ;(
    И да и кажам дека не сум знаела за доаѓањето на татко ми,нема да ми верува!!
    Дајте ми некаков совет...што да правам?! Можам да и се спротивставам, но страв ми е за оценката (ама па и вака и така нема никад на имам 5) :x заглавена сум од сите страни
    Ви благодарам што го прочитавте ова,бидејќи стварно не знаев на кого друг да му се обратам за совет :sweat:
     
  7. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Не можи фемина значи без ваков коментар. Мора да се врати нешто.. види јас лилит во живо не ја знам, но мислам дека како што се представува на форумов не е. А ако е свака и част. И не, сегде се меша да не се почни некој конфликт... таа одма овде е да реши. Макар шо си мисли таја, така е. И сите феминки ја поддржват тоо лилит, браво,лилит за градоначалник yeee :dance: :party: Господ да чува и брани.
    И секако, не може човек да докажи дека е во право одма ке се најди некој ваков. :swear: Да не ја зборам поке, ушите и чадат оти :D ке ми се врати тука абе пуфка ке ме напрај... а то не е пожелно во ниеден случај...
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Ако навистина знаеш за 5ка и си сигурна во твоето знаење ќе си поднесеш приговор да одговараш пред комисија и ќе ти ја дадат заслужената оценка. А таа таканаренечна наставничка ако има малце памет во главата нема да се замара што зборат учениците за неа, затоа што и таа кога била ученик многу добро знае што и како им се врти на учениците низ глава за професорите, што мисли она дека сите ја сакаат и дека никој не ја пцуе у себе??? Малоумен кадар стана се во образованиево, се замара што и збореле учениците позади грб, ко у пубертет да е :x

    Сврци па ти од уста не ја извади, нејќеш да ја читаш,а само она ти е у глава :D Мислам ако ти пречи некој што го читаш, не те тера никој.
     
    На Moschino, kravce, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  9. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Добро што се дешава со новиве трендови на занимања од типот: старлети, менаџери ( читај лепачи на плакати низ градот) , па секој трет шминкер- ќе те нашлапа шаблонски да ти земе парите само...

    Па да, нормално старлета.. сигурно нема да речат денес во нашата емисија гостува нашата позната ку*ва Наковална |(

    Мене сепак најинтересен ми е Драган Вучич- занимање: ловец на турски актери :tmi:


    ХАОС.
     
    На Hopeful, antonina, Sanniii и 3 други им се допаѓа ова.
  10. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Колку само може да ти биде полесно после еден разговор со мајка ти ..
    Колку и да кријам дека мие добро,таа секогаш знае да ми ја разоткрие маската.
    Не сакам да ја нервирам и да ја гушам со моите проблеми и животни несовршености.

    Отсекогаш го следев незиниот совет, прво кажи ми мене пред да и кажиш на некоја другарка !
    И излезе дека е во право.
    Па секоја мајка го сака најдоброто за својата ќерка ..
     
    На tweety26, Hopeful, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Доаѓа баба ми кај нас дома откако била во продавница и по малку исплашена, по малку несигурна ме погледнува и вели: Леле бабичка, видов една стара жена пред малку, шета низ паркот сама си зборува, а бе за двајца зборува се кара со себе...Годините и го зеле умот...
    Ќе се грижиш ли за мене кога ќе станам таква еден ден, ам?

    Јас јадев, и мртов ладен ја погледнувам и велам Не грижи се, бабичке, кога ќе станеш таква ќе направам да изгледа како несреќен случај...

    И таа насмевка од уво до уво и вели Ај на баба убавиот внук тој, колку си го сакам, ме гушка со сета сила...

    Не ме разбра кутрата, ама ете барем беше среќна во моментот.

    Муабетот е од пред десетина години.

    Некои читаат црн хумор, јас од време на време и го правам. 8)
     
    На teddybear, Mishela, Trnche и 7 други им се допаѓа ова.
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    и плус на целава приказна, пеењето во кола на враќање од гости :)
     
    На Hopeful и karenin им се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.834
    Поглупо чувство амин.
    Настинка недолечена, фервекс, затнат нос, пак апови и безвезно чувство во нос. Недостиг, наелектризирана коса, лошо претчувство и книги, многу книги за да си го олабавам умот.
    Може Амели ќе го гледам по стоти пат за да ми се смири срцево. Патетика, ама лична.
    Не знам што планира универзумов да ми каже, ама се кладам дека ова е зошто горам на клада како вештерка во некој од минатите животи. Чудесно е како мазохистички сакаме да презираме нешто за само да се чувствуваме самите подобро. Тоа е таа несовршеност на простото човечко битие.
    И за да не филозофирам напразно, само сакам да му порачам на светот - знам дека сакаш да гаѓаш со камења, со парчиња леб и мафини, но барем еден ден направи ме невидлива, сама, во штама, да се исплашам од себе!

    Читам Ајнштајнови сништа од Ален Лајтман и има една неповторлива мисла која сум ја подвлекла со зелен маркер уште во 2010, а гласи вака - Најголемата трагедија на овој свет е всушност фактот дека сите сме Сами.

    Да, секој се раѓа сам, така и умира.
    Разликата е во тоа дали меѓу тие две точки ќе држиш некого за рака.
    Јас, одбрав кого, само да видиме дали ќе ни остане топло.
    Не ми замерувајте, полна месечина е, ми влијае јарецот во неа, пијам планински чај и посакувам и јас да бев на планина. Да стигнам до ѕвездите без да се претворам во прашина.
    Заборавив всушност, што сакав да кажам.
    Сакам да се чувам подобро, а некако изгледа не умеам доволно. Ми збоктиса. Ми фали неговиот допир, кој така далечно и топло звучи истовремено.

    Јебига, функционирам во двојка, и овој индивидуализам, колку што ме прави своја, толку и нецелосна.
    Не мора да разберете, бидете само случајни минувачи кои дознале нешто повеќе.
    Лесно е да се суди, тешко е да се живее.
    Но, убаво е истовремено. Макар со палома марамици набутани во ноздрите и волнени чорапи.

    Ве гушкам, силно, ми треба. :*
     
    На Hopeful, julie77, senza.parole и 6 други им се допаѓа ова.
  14. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Машките кои што за сите девојки велат дека се курви им посакувам многу ќерки! :D
     
  15. Angy.g

    Angy.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    30
    Саакам да кажам дека чувствувам некаква празнина во душава..шо не знам ни како да ја објаснам..како да ми фалит нешто..а незнам шо е то..незнам шо ми се случвит :|
     
  16. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Јипман :hai: :)

    Не можам да ти ги набројам листа, оти многу се, и не ни ги памтам искрено, ама у очи ќе ти забоди коментар нивни и ти се иди да :punch: ...

    И морам да ја спомнам
    Старбакс
    значи таа самата кажа дека некоја девојка ја открила и почнала за неа да збори дури и на сестра и, и слични муабети, и самата таа рече нема да пишам не заради неа лично, заради другите да не им ја загрози нивната приватност.
    Мислам која е поентата што таа девојка се испонашала така, ај ја открив и готово, сега ќе и читам постови, ќе ја пратам, ќе ја анализирам, па за да можам после да имам материјал да ја оговарам со кој стигнам, дури и на сестра и да и прави муабети?
    И верувам дека не е само таа, многу се, мислам дека ме сфаќаш.

    А......да не заборавиме, пред некој ден кога пиша една дотична, фала богу не и памтам ник, како демек открила уште некоја од форум, па сега други и биле на ред :|
    Значи тие личности, се се почести за жал.
    И мислам дека секоја една од нив, мора некако да се ограничи ако не бан,(ама никој ништо не превзема во врска со тоа, како тоа може некој слободно да се изразува на сред форум на најчитаната тема, сега другите се следни за отркивање) ама за жал они си продолжуваат и дел од членовите на фемина ќе си одат, шо е нај нормално, кој сака да му се диши зад врат, бар тука, на ова место, каде сите ние се опуштаме, и буквално пишеме онлајн дневници...

    Јас сфаќам дека тие таквите ги има секаде, нормално, ќе ги ставиш на игнор, ќе ги скролаш, ама ден за ден, се уништува и се повеќе се влијае на целокупниот форум.
    Сите ние имаме лоши денови, и некогаш страшно многу форумот може да ти помогне да си олесниш, дали ќе си напишиш и ќе извадиш се од петни жили, нервози и стресови, или па со читање на позитивни постови од омилените ликови, а или па после лоши денови идиш на форум, и ќе најдиш некоја дотична која ќе ти ја прелие чашата, и толку малку треба да се откажиш, пошто најмалку што ќе ти треба е нервоза и непотребно душкање и тука, каде бар треба да е за некој степен поопуштено и да не се замараме за кој што и како...
    Не за џабе е форум ова.

    Мене форумот ми е битен, и сакам да останам, бев многу рамнодушна во врска со се и овие личности, ама со тек на време се почесто почнав да пишам и читам на СДК, и видов со какви членови делам простор.

    И сакам да споделам дека конечно полесно дишам, и јас - и моите дома.
    Конено, после долги, уморни и неизвесни месеци, дојде очекуваното...
    Приказната доби прав, свеж и лесен автопат.
    Европа...пази се, ќе бидиш возена и возена :)
     
    На Annath, sweet-cherry, Trendafilka и 29 други им се допаѓа ова.
  17. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Конечно :tmi: ...одмор.
    Банско ме чека утре и цел викеееенд. Да си поминам најубаво :wasntme: .

    Чаоо :hug:
     
    На Hopeful, Jagoda123, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  18. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Значи да не се ова американциве ке немам ништо за гледање..Конечно им заврши одморот и ми почнаа сериите :clap: Ете,сите се радуваме на различни работи,али ја колку се радувам на серииве страшна работа...за греота :x
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    17.253
    Македончето нема пари за леб, а по спотови крше маси, плазма телевизори, лаптопи, чаши, кине завеси, лупа врата од кола..
    Интересантно.
     
    На Greg.House, Elena-97 и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  20. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    60 програми на телевизија и на ниедна од нив нема што да се гледа. На нашиве програми само турски и индиски серии фрчат,а пак на другиве преостанативе или некои песни од 80-тите или пак некои документарни емисии што воопшто не ме интересираат. |( Џабе и кабловска телевизија и дигитална и се. Па таман ќе се погоди некоја програма со интересни содржини веднаш ја кодираат и треба да доплаќаш. Е да бееее сега одма,што се за нас 100 денари + на сметка хах. :fubar: Измислете барем и сметка за воздухот што го дишеме,лудаци. :envy:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.