Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Сите ги слушаме предупредувањата, но во исто време и ги игнорираме. Ја предизвикуваме среќата. Ѓи фрламе коцките. Знаеме дека играме со оган. Тоа е природата на човекот. Кога ќе ни кажат да не правиме нешто, обично ќе пробаме, а зошто? Тоа самите си го знаеме најдобро. Можеби зошто длабоко во себе си ја бараме бељата? Кога мислиме дека сме ги сфатиле работите, универзумот си поигрува со нас. Ја наоѓааме среќата на неочекуваните места и го наоѓаме патот назад до работите кои ни се навистина важни. Универзумот си игра со нас, но на крај секогаш завршуваме онаму кај што припаѓаме... ;)
     
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ако има некој на кој што му е подосадно на распустов од мене нека се јави. :yawn:
    Абре пукнав, црвјосав дома, цел божји ден дома навечер некој саат ако излезам.
    Една мрза што ме има фатено абе ќе си умрам од неа.
    Едвај го чекам 21, мислам дека ќе пољубам врата кога ќе отидам во школо. :D :D
     
  3. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    sweat2, Anouk, Salome, Snow-Queen, Divinebutterfly, Wild-GirL, anastasijaki, girl-mini, Hopeful, DramaQueen1, Viola.H, Salvnjaann, Monroe ви благодарам за убавите роденденски честитки :) . Сите имате по едно парче торта од мене :P.
     

    Прикачени фајлови:

    На Wild-GirL, Hopeful, Snow-Queen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    3.665
    :!: Секогаш е добро да си имате другарче што се разбира од компјутери :lol:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Ме испусти распустот. :wasntme:
    Незнам која дата сме, незнам кој ден сме, не сум видела ден, дење спијам ноќе сум будна.
    Јадам колку што можам и неможам, од дома излегувам само ако морам и ако ме натера некој со сила. |( Навистина не е нормално ова, морам да си ги променам навиките. :tmi:
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера имав можност да поразговарам со луге од внатрешноста-додека чекав и од некои детали навистина бев зачудена-како може еден градоначалник да дозволи во градот да има најголема дискотека на балканот, забава за младите а да нема обучен кадар како и апарати за здравјето на граганите на ЕМГ пример-погодувате станува збор за Струмица, или барем поблиску до нив во Штип-кога ми кажа човекот колку километри треба да поминат за да дојдат до тука-верувале или не 320 км :!:
    ова не го велам како партиски определена личност туку како човек пред се
     
  7. AlalVera

    AlalVera Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    52
    СДКД not giving a fuck е најбитната лекција која човек може да ја научи во животот. Најбитната. После тоа на второ место е интерпункција и правопис и на трето е паркирање во рикверц. Све друго е гола вода.
     
    На Decapitated.Hanna, Bubbi, Sunchild и 5 други им се допаѓа ова.
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Кога мачката ја нема, глувците оро играат :D
    Еве ти сиренце, касни си, почасти се [​IMG]
     
    На Annath, machka1, WeHeartIt и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Значи не сум единствена, а се загрижив дека сум ги утнала адресите :tmi:
    Преку океан ајде де, ама во Скопје, во 2 блиски општини, а патуваат веќе 14 дена?
    После којзнае колкав период решив да се потсетам на некогашното честитање преку пошта и ете ти :devil:
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.687
    Допаѓања:
    22.812
    Пол:
    Женски
    Да не забораиме и телефони, ајфони, шо ќе се најде за кршење...
     
  11. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    СДК На новава година најмногу и се радував заради тоа што мислев да се запишам во библиотека и да почнам веќе да читам книги.И така,завчера бев,се зачленив и си ја земав првата книга.Па сега малку просветлување :)
     
    На Hopeful, 1209 и karenin им се допаѓа ова.
  12. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Ми се ојт нашколо :wasntme: Ми здосади да седам дома, да јадам и да се дебелеам |(
     
  13. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Да не си женско на овој свет брееееее :devil:
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Не знам што точно и лично го инспирирало Џон Ленон за Имеџн ама сакам да му кажам
    [​IMG]
    Ама често сонувачите од страв се задржуваат само на соништата. Сонувај на големо, а всушност креирај многу малку. Грешка нормално. Ако ние, што го посакуваме овој имагинарен Ленонов свет, реално и поработевме на тоа, можеби сега ќе бевме на подобро место, не?
    Прочитав дека е во мода сега да се разоткриваат феминки и да се манијачат и да се оговараат во приватниот живот. Сериозно? Толку малку работи ви се случуваат во вашиот па ги моткате прстите како низ коса во туѓите животи? Ако може да кажам, а може...очајно. И жално.
    Тоа што денес всушност ми се прави е, ми се дреме со другарка ми. Сакам да седиме со кафенце и да ја слушам до бескрај за се што и се случува. Денес сакам да ја слушам токму неа. И да се надевам дека ја заморуваат глупости ситни, а не оние големите што знам дека ги има. Како во средно, кога толку смотани работи ни го окупираа времето. Ама смотаните проблеми се затрупуваат под годините.

    И да ви дадам една идеја. Ако некогаш навистина ви е преку глава од се и сакате потполно да се одморите, одете на риболов. Искрено, ова е совршена работа за релаксација. А мене ми се ловат риби, под едно ребро на оваа Македонија, во сенките покрај Беличка Река. Зашто само таа од спомените, сеуште стои на мапата. Сакам, сакам, сакам.
     
    На Annath, Serafima, tweety26 и 23 други им се допаѓа ова.
  15. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Сите имаме некој кој веќе го немаме.. И сите имаме во главата некои потајни мисли во врска со шанси што ме ги пропуштиле, одлуки што сме ги донеле а сега ги сметаме за погрешни. Што би било кога во минатото за некоја работа би одлучиле поинаку, одлично измачување за пред спиење кое не не остава мирно да одмориме туку вечно не копка.
    Понекогаш шансите доаѓаат, а ние не сме спремни. Понекогаш сме многу спремни, но немаме шанса да го добиеме тоа што го сакаме. Колку само една одлука може да ни го промени целокупниот тек на животот, тоа чудно едно е.
    Научив дека одлагањето на некои работи за понатаму, само прави да ја изгубиш се повеќе контролата над себе си и да дозволиш животните обврски да те контролираат. За жал тоа резултира да се откажеш од некои работи само поради тоа што не си спремен за нив во моментот, иако со сиот жар ги посакуваш.

    Можеби најдов тоа што ми треба, но себе си се изгубив..

    И да, солзите се најболни кога се пролеваат над гробот на оние што не сме им кажале се што сме сакале да им кажеме... И за оние на кои не сме им покажале колку ни значат кога требало, а сега повеќе немаме шанса тоа да го сториме . Но можеби најмногу за тоа што на самите себе сме си го сториле, свесно или несвесно. Самите се повредуваме со некои непромислени одлуки па после чекаме, некој друг да биде внимателен да не не повреди..

    Кажете им на оние што ги сакате колку ви значат, можеби нема да имате следна прилика.. Не дозволувајте да изубите некој што ви е потребен, само заради тоа што сте изгубиле контрола над сопствените одлуки. ОД ГЛААТА СИ ПАТИМЕ |-)
     
    На tweety26, Doozy, kate21 и 21 други им се допаѓа ова.
  16. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Од пакетчето Краш,си изедов едно животинско царство чоколатце,ми се падна слика со кравче на неа,се порадував и одма ми текна на наша кравче :emo:

    Туку,сабајле кај баба ми гледав Здраво Македонијо и имаше интересна тема-Дали во денешно време полесно е да се изгуби или најде вистински пријател? Дефинитивно да се изгуби.Денес се е од корист,завист и за пари.Ретко кој наоѓа вистински пријател, а свака им част на оние кои се секогаш тука да пружат поддршка и да те утешат.Еве,жив пример сум јас.Другаркиве мои,на распуст нит им текнува да се јават,да видат како сум,шо праам нит им текнува да дојдат случајно.Се е од корист,со ретки исклучоци.За жал.

    И СДК дека во мене,силно,најсилно посакувам да живеам во седумдесеттите.Да растам како дете,нормално,да не се кривам како желе на штикли на 13 години,да ја слушам таа музика,да се дружам со тие,сега многу изменети луѓе.Телефон и лаптоп да бидат поимите кои никој не ги разбира ниту знае.Да постои вистинско пријателство,а да не биде ретко како денес.Ах,таа пуста фантазија... :|
     
    На Shpagetta, Hopeful и kravce им се допаѓа ова.
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    лелееееее :( ама сум се разболела :o мајко мила :o нос цеди,оЧи плаЧат.тело нема сила,главата боли,и плус тоа и тмпаратумпара :devil: аи аи аиииии
     
  18. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Незнам како го замислувате тоа да се банираат детектививе на форумов.
    Форумот не може да ја заштити нашата приватност... на кој начин тоа би го направиле админите?
    Дотичната/те што пишуваат и ги обелоденуваат своите истраги, па и некако, но верувам дека тука има дежурни душебрижници кои мањачат и мудро молчат.
    За нив форумов е врв во животот. Ко млади мајмунки се радуваат дека некого откриле...бреј.

    Не ве сваќам бре луѓе. Пораснете!

    И кога веќе сум тука СДК дека не е само да кажете , туку и тоа што СДК-те некој (барем некој) да може да го разбере. Темава не е ШТО НА УМ ТО ДРУМ туку СДК.
     
    На Doozy, tessi, Hopeful и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Вчера имав долг ден, премногу стресни утрински обврски, негова поддршка која не ја ценев доволно па поради тоа и се испокаравме.
    Сурова и себична сум понекогаш.
    Имав спиено помалку од два часа, премногу обврски околу домот и слободно време ниту една секунда.
    Заспав преморена и се разбудив пред половина час.
    Денеска конечно ќе одморам, се е средено, како дома- така и со останатите обврски надвор од домот.
    Сварив кафе, утринското ми е најубаво. Сега планирам да разгледам низ темиве, што сте пишувале, што сум пропуштила, а потоа ќе зготвам ручек.
    Денеска ќе одморам од стресот и од сите нервози кои ги доживеав вчера.
    Денеска, ќе лежам, ќе џаболебарам, ќе уживам..
    Денеска ќе наполнам када со жешка вода, во неа ќе ставам морска сол и купка.
    Ќе запалам свеќи и ќе пуштам тивка, смирувачка музика.
    Максимално ќе се релаксирам, оти токму тоа ми е најпотребно во моментов.
    Убав ден!
     
    На tweety26, Doozy, danichap и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Destroy

    Destroy Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    3
    Добро,што направив вчера,со што го заслужив тоа понижување ?
    Дали реков нешто погрешно ? Дали постапив погрешно ?
    Дали заслужив од твоја уста да чујам дека не сум човек... ;(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.