Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Ти приоѓа згоден тип, почнува убав интересен разговор, симпатичен ти е, ви трга муабетотот и одеднаш му звони телефонот со рингтон „ их леле што се не убих, леле што се не убих, испод оне крушкееее.. “ |(

    Дали ти тоа озбиЉно дечко :geek: И јас мислам дека требало да се убиеш со време, баш ти е соодветна мелодијата, како автобиографска :clap:

    Загушливоо, а мени се плаче. |-)
     
    На antonina, mims-89, crazylady и 18 други им се допаѓа ова.
  2. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    СДК, имав сообраќајка :( :(
    сеа баш ми одговара сликата од аватарчето :P
     
  3. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    дека денов ми беше и сеуште ми е мн интересен
     
  4. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Аман и пак болна... :puke: Кашлам едно по едно...и тоа многу лошо.Цела ноќ не сум спиела а не можам ниту да дишам. :( Амбулантата преполна со болни, лекови ми дадоа цело ќесе.Па и плус тоа во Петок дома си седам.Колку интересно требаше да биде а јас...дома седам болна :(
     
  5. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Ти посакувам добредојде, од се срце!
    Животот не е лесен...сите ние имаме свои ups and downs...
    Колку и да сме богати или сиромашни, секогаш ќе има некој што има повеќе или помалку од нас.
    Ама, најважно е да си борец! Никогаш не се откажувај од твоето место под сонцето!
    И секогаш имај чисто срце!
    И да, во право си, убаво е да се биде дел од Фемина :) Виртуелен свет, ама сепак имаш чувство на припадност
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    286.723
    Оној филинг кога мислиш дека се додека има јадење до тебе ќе гнетеш ќе јадеш.
    Првен го ставаш малку подалеку од тебе, демек да не ти е при очи, ама со рачето сеуште го дофаќаш и мелеш понатаму :devil:
    Е така и јас.
    Таман го видов се мрдна стана од постела, одма подадов сваштаријава од мојов мини бар тука. Ги зеде во раце тракатанците, и како слеп за стап почнав да ги полнам рацете, последна рунда де пред да однесе се :$ :tmi:

    Уште некој ден и роденден ми е. :emo:
    Најубавиот поклон на свет го добив унапред, ќе треба да чекам до летоска за да го искористам но нема везе.
    Може осетивте мојата оспеднатост со контрола, листи, планови :tmi:
    Така јас уште од мала си имав направено и една листа за концерти то визит.
    Барем еден од тие на листата беше мојот сон.

    Одам само со топ три за да не тупам многу :rofl:
    Прв на листата од машки изведувачи ми беше еден и единствен Роби, потоа Стинг,и во последниве години Ксавиер се избори за третото место и го замени Мајкал Џексон.
    ОД групите У2, Ролинг Стоунс, Бон Џови
    А од женине,чудна работа за никоја не сум изразила посебен интерес :D


    Е малиот мој ми го поклони нумбер оне :inlove:
    Нека ме држи само здравје до Јули, ќе си чекам јас мирно.
     
    На bittersweet, Hopeful, Ognenija и 17 други им се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски

    Ја после сообраќајка не би се логирала на фемина, за да напишам, еј дечки дечки имав сообраќајка пред 5 мин, топ ми е сега аватрот нели?
     
    На Annath, mims-89, Monna.Monna и 20 други им се допаѓа ова.
  8. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194
    Знаете оно демократија што е, он ти вели да идеш у 300 а ти одиш кај сакаш. Е зошто онаа бабетина беше решена да ме убеди дека постојат духови? Океј, ти веруваш ама јас не, енд оф стори. Јас го почитувам твојот став, ама почитувај го и ти мојот. А шо се запна по тоа духовите,уште да кажеше дека и Дедо Мраз постои. Повеќе ќе се радував за Дедо Мраз да ми збореше. Инаку, баклавата беше прекрасна, ај да не излезам преголемо мрчало, да ја пофалам барем за нешто :clap:
     
  9. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ана Каренина ни одблиску не е слична со Кира Најтли. Ана Каренина отсекогаш ја замислував како дама со истакнати облини однапред. Како само ја погрешиле главната глумица. Никакви емоции не може убаво да долови. Инаку воодушевена сум од инвентивноста да се направи ваква претстава за овој роман.

    Едноставно нели секоја од нас посакува да и се препушти барем еднаш на страста. На страста која не зашеметува и која ја помешуваме со љубовта. Колку може да е прекрасно доколку се исклучиме од сите социјални спреги кои не ни даваат да дишиме слободно?! Колку сме луѓе, вистинити луѓе кога се што правиме правиме со срце?!
    Отсекогаш сум тврдела дека не пијан, туку фатен човек (или благо надуван) е вистинскиот одраз на човекот кој сакам да постои во мојот свет од соништата. А никогаш не сум го имала досега. Желби наспроти реалност. Мојата љубов е силна само се прашувам дали и јас би попуштила во таква ситуација?! Дали???

    И чисто онака, моето име Каренин не е според книгата Ана Каренина. Името ми е земено од кученцето Каренин кое се спомнува во Неподносливата леснотија на постоењето на Кундера. Ах што прави само една петочна вечернина.
     
    На Hopeful, Springy, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк сите имаме барем по една личност во животите наши, тоа е онаа личност што може да создаде убави чувства со само еден збор или немерлива тага со исчезнување.

    Имам, имам таква личност иако има други личности кои повеќе го заслужуваат тоа место, да бидат качени на педиестал на врвот на душата,мислите, оваа личност незаслужено си стои и фака прашина.
    Да се менуваа љубовите како што сакавме ние се` ќе беше полесно.
    Една солза и тага и да ја сменеш, да пронајдеш друга, нова да беше така лесно ќе си бевме сите среќни.

    Сакам да можеше тој да ги прочита сите овие мои тешки мисли кои ме гушат или барем да имав сила да ги копирам и да му ги пратам но и тоа не го заслужува.

    Џабе е мешањето во гужви и проби за други животни претстави кога оваа драма има премногу чинови, кревање спуштање завеси една по друга, јас на сред сцена со кратки монолози и неговите неколку сцени каде што вмешува прсти и замрсува конци.
    Драма,драма сите кроиме по една,две,три....безброј.
    Живот од актери кои не умеат да гледаат со отворени очи кон она искреното, и трчкаат по "славата","слава" која само одзема а ништо не дава.
    Ја одзема љубовта, онаа невина љубов со топли прегратки и искрени зборови и бакнежи, "слава" која ништо не дава, па дури и не ги исполнува сите услови да биде наречена под зборот "слава". Е тој, тој живее во таа замислена негова драма каде тој е во трка со минувачите,статистите кои за него претставуваат се` а со ширум отворени очи не може да забележи дека сите тие се само духови, не пријатели.А не ги здогледува празните седишта во публиката каде во средината седам јас и чекам, понекогаш трперливо понекогаш не, но чекам на миг каде што ќе можам да дадам заслужен аплауз.
    Миг кога и со целосно затворени очи ќе можам да видам дека прогледал со ширум отворените очи и ја здогледал искреноста во секој мој поглед,збор кажан и не кажан, во секоја моја воздишка и секое мое допирање на мојата дланка со неговата.



    Се е залудно кога пишаните зборови не стасуваат до вистинскиот читател, се е залудно кога искрената љубов не е впиена од оној на кој е посветена, залудно е и ова јас што го пишувам.

    И се прашувам зарем ваквите личности без разлика колку ни се битни дали воопшто заслужуваат внимание, па ми станува криво што и покрај ваквото однесување пак ни значат толку многу.
    Господ е еден, па се се случува со причина.
    Си верувам јас.
     
    На crazylady, julie77, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Lenni

    Lenni Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Не е страшно да имаш невидливи пријатели. Страшно е ко ќе се логираш да гледаш дали и они се Онлајн!
     
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.837
    Верувале или не, вечерва на ѓезме со другаркиве, ја запеав Стариот Џумбушлија со Мишко Крстевски :D :D :D

    Прво сомничаво ме погледна, ама кога фатив терца, и насмев, почнаа да ракоплескаат во кафанава, другаркиве да ме чкрапаат со мобилните, мала една бурлеска! Ама вредеше. Толку искрено смеење не паднало одамна. Узо и шопска, вино и уштипци, смеа и радости. Една женичка карши нас, подкимнува со главата, ми нуди роза и вика - Леле девојчее, душава ми ја згреа! Убавини!
    Цел пат накај дома ме зезаа. Флекницата од штиклата ја откачив од една шахта, во кола рокавме Фанки Џи и утнавме пат накај дома. Ги обожавам значи, кога сме во елемент, бетер сме од клише верзија на Секс и Градот, скроз!


    Си добив подарок - Паркер пенкало со тенок врв и перце, мастило, нотес со виолински клуч и палома марамици со ноти :inlove: Ме знаат како никој. Драго ми е што ги имам. На свадби ќе им пеам, ќе се брукам ако треба, ќе фрлам три бидермаери за нив, од толку што ми значат.
    Понекогаш, само ти треба да се сетиш кои се најважните луѓе во твојот живот и со нив да истераш една добра вечер и се’ да ти стане појасно. Кој си, каков си, колку си се променил, дали си се здебелил, ти се смениле брчките или погледот, надежите и роковите што животот ги задава.

    Мене ми подарил животот прекрасна несовршена сестра и плус уште три, со кои крвно не сум врзана, ама ги сметам за моите страни на светот. Кој се врти во ритам на љубов и лојалност.
    Мирно можам да спијам, ко бекрија и џумбушлија! :emo: :* 8) :lol:
     
    На Moira, LilBaby, Monna.Monna и 22 други им се допаѓа ова.
  13. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    Сакам да се пофалам дека имам нова куче :inlove:
    Шарпланинче...многу го засакав. :*
    На вас феминки ви посакувам добра ноќ и слатки сништа |-)

    [​IMG]
     
    На mims-89, tweety26, Cataleya и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    СДК (ма ова е повеќе како фалење, ама ај) кога одев накај city mall не платив карта, а и за враќање не платив, се прошверцував де...и не ме фати контрола....си спасив 70ден. :D :dance: :dance:
     
    На anichka94 и pamelche им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.266
    Пол:
    Женски
    Моментот кога пишувате пост и во вашата глава звучи се толку добро склопено, ама кога ќе го прочитате се куп глупости. :rofl:
    Него, сакав да кажам дека јануари ме изненадува. Пријатно на среќа. Некако почнаа да мрдаат работите, малку по малку. Полека ама сигурно, најдобриот начин. :)
    И среќна сум во својот круг на пријатели, знаеме да се подбереме добро, ама дури и тогаш сме си тука едни за други.
    Се искарав пред некое време со една другарка(искарав, ама детски звучи), поточно она ги прекина сите контакти со мене, не е важна причината, нејзино си е, ама и тогаш и реков, ако некогаш, не е битно кога и по колку време, ти затребам, или сум ти потребна за било што, тука сум, секогаш можеш да ми свртиш и да ме побараш. Знам во каква ситуација е, знам зошто го направи тоа, иако не го одобрувам, ама ет, така и се наредиле коцките и таков избор направила.
    За мене долгогодишно пријателство не се прекинува туку така, тоа е нешто што си го ценам и почитувам.
     
    На antonina, crazylady, tweety26 и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Тешко е кога треба да донесеш конечна одлука,а можеш цел живот да се каеш за истата...
     
    На tweety26, cigarce, anichka94 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Конечно ја видов мојата стара пријателка денес. Одаамна баш се немаме видено. Имењачка ми е 8) . Ххаха. Од што немам толку идено кај неа па и братот и го заборавив. Колку биднал убааав :inlove: . И ја по обичај одма адд на фб хаха. Ама како и да е помал е од мене.. Ништо од бизнисот. Иначе ова времево што е досадноо дожд врне пфф.. Сакам снег бе. Порано мразев снег ама сега обожавам да гледам низ прозорецот белинаа.. чиста белина. Додека сум малку на распуст да паднеше а после кој ќе се лизга до школо и назад :$ . Изгубив кондиција некако незнам како ќе одам до школо. Денес искачам од дома и ја гледам другарка ми што живее веднаш до мене и она излезе ии да ја стигнам додека да поминам улица отиде таа и не беше многу далеку од мене. Јас оди оди најбрзо што можам никако да ја стигнам се подалеку и подалеку беше. Се испотив целата и се чувствував како да сум прасе :$ . Сум пуштила малку стомаче по обичај хаха. Ај од утре ќе почнам да вежбам. Се од утре :P
     
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Стравот, стравот е крив за се....
     
    На ceca-1, Ana.brojka, crazylady и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Sveki,vino,pizza..........i Toj :*
     
  20. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Тошо е дома :) ^_^

    Го најдив кај комшија во втор ред качен на дрво, огромно, темно... Не го видов но по мјаукањето го познав.
    Почна баш по малку да врне тогаш, стементо беше, и последна обиколка ми беше тоа.
    Кога му го слушнав мјаукањето доволно беше, бев спремна дури да земам и да се пентарам по дрвото да собере и он храброст да се симне.
    Греота 4 мачори доле го чекаа, мислиш на судење е, нов во маало нели и ајде сега сите на него.
    После пола час мјаукање мое и негово, собра сили и се симна.
    Си го гушнав и си го најадив како прасе, водичка си се напи, се смири, и си се оптега пред печка.
    Дома одма јавив, сите сме мирни, дечко ми најмногу мислам, ќе полудеше ако го носеше на совест, ама знае дека уште еднаш таква глупост да го пушти да шета низ двор, нема да се повтори.
    Уфффф, прекрасна вечер после ужасно проклет ден.

    А јас до 7 ќе учам, таман ќе си дојде мечокот па да се згужваме како ѓевречиња и да потонеме во сон.
     
    На Moira, LilBaby, Monna.Monna и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.