Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Дојдовме од сите страни ние за тебе!
    Сигурни сме ќе победиме :muscle: :party:
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.043
    Допаѓања:
    81.404
    Пол:
    Женски
    Во денешно време, реално е да се биде песимист. Или пак, така ми изгледа зашто одамна немам сретнато вистински позитивна личност.
    Сè е мутаво, тмурно, некако ко веќе видено и онапред очекувано.
    Секој сака да биде „нешто“ и се обидува да се истакне на овој или на оној начин, се поминуваат сите бариери сè со цел да се биде различен, да се издвојува некој заради нешто од толпата...
    А не би сакала, ама едноставно чувствувам потреба да кажам, дека сите оние кои се сметаат за „различни“ или „посебни“, реално се сè освен она што мислат дека се.
    Не се единствени, никогаш не биле, а и нема да бидат.
    Исти се, се слеваат комплетно со грото „посебни“. И што е највистинито - патетични се.
    Ова е, ова е чудесен, чудесен свет...
     
    На sweet-star, cinderella5, Monna.Monna и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Antigonna

    Antigonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    257
    Сега сите навивачи за Македонија, а на лето сите америка купаќи :P
    Секако дека само се шалам,но жално е како некои навиваат само за да бидат „во тренд’’.
     
  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Импресивно.
    Во принцип мразам кога одам на фризер.
    Вчера причината беше сеното на мојата коса од кое 7 месеци не бев ослободена. Сега јес да се чувстувам како 5 кг послаба,ама не сакам кога ме фенираат. Косата ми стои најмногу 2 до 3 саати. После целата е сплескана и мрсна. А, ќе речиш на фризер си бил, те исфенирале, те дотерале.
    Секогаш истата приказна.
    Ете вчера место да ја прошетам фризурата пореално беше дека 3 дена не сум капена.
    Значи колку непогодени влакна имам тоа чудо.
    Од другата страна, вчера отидов на една пијачка.
    И само една.
    И не ме прелажа како минатиот пат,а кога се откажа од идејата за пијачка преминавме на харибо бомбони. Некогаш и подобар избор од алкохол. Во случаи кога се враќаш сабајле, па почнуваш да се однесуваш како гик за да им падне жал за тебе и да не ти ја споменат вечерта.
    Но, тоа не се случи.
    А, јас храбро одговорив на сите логични прашања за моите нелогични дејствија.
    Опрости мојој младости.
    Исто така денес сум расположена и за едно културно плукање по сметката од ЕВН.
    Барем стоплени да сме, па да ми се крени косава.
    Вака ем се наежив што од студ, ем од сметката за струја.
    Катастрофа сте дечки.
    Онака катастрофа, за да не вратите во камено доба.
    Очајот за скапата струја премина до таа граница што завчера кога се враќав, позади супермаркетот каде ги оставаат гајбите, масовно видов разграбување на дрвените гајби од познатите сограѓани.
    И што, крадат зарем?
    Некое поблаго злосторство од она на Раскољников, ама ако ги фатат сигурно ќе им биде судено злосторство. А, тие кутрите крадат принципи,а не гајби.
    Страшно, страшно.
    Мала одјава да видам што има на ракометот.
     
    На mims-89, tweety26, linguaragazza и 4 други им се допаѓа ова.
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Баш гледав пред некој ден, емисија од оние епизоди 20 години независност. И тоа мојата година, Дузи нашата. :D
    Започнала годината со 64 сантиметри снег, дотогаш невиден. Па така се поклопува приказната што секоја година ја слушам. Околу полноќ затропав на одаите од стомакот на мајка ми, више не се додржуваше таму право да ви кажам. :D Темници, мракови, божем ќе се растрчаш, некоја вежба ќе направиш ама пустото страшно е. И така ви викам, околу полноќ затропав јас, Ајдеееееее надвор сакам! Невидена магла имало тогаш, татко ми нон стоп кажува како лазел со колата, 40 минути траел патот до болница, му било страв во ендек да не падне.
    Абе па и тешко е вакво човече да го допратиш на овој свет. :D

    И ви сте ме изненадиле јако пријатно, хвала вам. :hai:
    Денес денот измиксиран, и плачки и смеи, веќе ни на свој роденден не можеш комплетно да се израдуваш, ноќта е долга, а долги се и други нешта. :rofl:

    Изволте од руската, а за торта ко воли - нек изволи.

    [​IMG]
     
    На Moira, MandyLane, Monna.Monna и 18 други им се допаѓа ова.
  6. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    СДК, толку многу работи:

    Овие попустите по продавниците ми создаваат грижа на совест. Значи, нема ден да излезам а да не се вратам со полни кеси :lol: :lol: Си викам и еднаш да го облечам се исплати за парите, ама сепак морам да скратам со ваквото импулсивно купување.

    Иако, празниците пополека заминуваат, сепак убаво е кога се поминуваат во кругот на семејството, кога секој на секого му покажува колку му значи неговото присуство. Почетокот на годината ја одбележаа веридби. Некој одлучил да започн нов живот делејќи ја својата среќа и тага со својата сродна душа. Честитки за таквите. И оваа нова година е иста како претходната, навидум почнува нешто ново а сепак, недостасуваат толку нешта, за тоа новото да биде комплетно.

    Како и да е, уживајте во празниците кои доаѓаат, студентите да имаат пријатен распуст, а сите феминки убава вечер каде и да одат.
     
  7. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    СДК нема подобра терапија за подобрување на расположението од тоа кога ке ќе ја поминеш вечерта и ниќта со твоите најдобри другарки. :)
    Одамна не сме разговарале толку и не сме биле заедно толку време, ама се нема време, имаме и ние обврски (велам сега дека се нема време, а што ке биде во иднина? :x )
    Битно СЕ превртивме! :lol: Зборувавме за последните момчиња што им се пуштаат, за бившите, за бившата на бившите, за сегашните на бившите, за проблемите, за тоа што не мачи, се советувавме, се присеќавме на некои убави моменти, си планиравме што ке правиме трите заедно во иднина и уште еден куп работи. :)
    Останавме до којзнае колку и уште не ни беше доволно. :)
    Во 4:00h тргнав за дома и незнаете колку ми беше страв додека се враќав дома, пешки одев бидеќи е блиску и глупаво е да порачувам такси. :?:
    Како и да е, преубаво си поминавме петочно во домашна атмосвера со срцките и ми помогнаа да ми биде подобро овој зимски грд и никаков период. :l: :*
     
  8. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    И како да верувам после сите лаги? Е, приватност биле де. О да! Епа ајде ќе си веруваме слепо, ќе си се лажеме гледајќи се во очи, па ако видиме (случајно) нешто-ќе си премолчиме. Сериозно? Па како да ја негирам болката, на која основа да градам доверба? Ех, доверба бе! Постоеше оддамна, ја убивте и неа. А чекај, зарем постои човек што после лага нема грижа на совест? Непознат поим or something? Грижа на совест, пф! Божем му треба на некој. И во право си, зошто би се чувствувал лошо поради тоа што си нашол излез од ситуацијата? Лажи си бе, нели целта ги оправдува средствата? Е, проблемот е што немаш цел, не?

    Карма ис а бич? Ќе чекам, ама не седам со скрстени раце и не поткревам раменици. Ќе си играме додека не се умориме. Има време, играта е наша.


    http://www.youtube.com/watch?v=2wqlAfeC-Jc
     
    На anabel-a и L-enna им се допаѓа ова.
  9. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Одвреме навреме ме фаќа некое тапа расположение и мини депресија. Се знае лекот за тоа: музика, кафе/чај, филмче или разговор. Само се прашувам, дали овие „лекови“ прават да го заборавиш тоа чувство и да ти ја разбистрат главата, па да се свестиш дека непотребно се оптоваруваш или само се маска да се почувствуваш подобро се додека повторно не излезе на површина старото чувство.
     
    На crazylady, tweety26, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам.. .
    Т.е. повеќе е сакам да прашам.. Дали девојчињата коишто имаат 16-17 години и го ставаат статусов
    Знаат англиски?
    :^)
     
    На Mishela, karenin и Serafima им се допаѓа ова.
  11. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
  12. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Денов ми беше тапа, ама откако една глупача ми кажа дека ќе ме тепала, толку силно се исплашив што дури и офлајн сум стаена за нејзе. Не бре, цел ден се смеам, дури и сoлзи ми течат од смеење. :D
    Ако ви ја кажам причината, ќе се валкате на земјата од смеење. Не неможам. :rofl:
     
  13. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Секогаш постоеле и ќе постојат трнливи патеки во животот. Некогаш знаеме вешто да ги избегнеме, но некогаш неминовно е потребно низ нив да се помине. Макотрпен е тој пат, преполн со болка. Тешки се тие мигови. Можеби сум многу емотивна, не знам. Но, навистина понекогаш знае силно да заболи туѓата тага, дури и повеќе од сопствената. Некои ќе речат, добро е. Не си тврдо срце, но реалноста е навистина друга. Не е во прашање болката која ја чувствуваш, туку помислата што не знаеш како да помогнеш. Жален е фактот што и колку да се трудиш понекогаш, гледаш како нешто пред очи се руши. Настојуваш на секој начин да помогнеш, ама туѓата слободна волја понекогаш е толку слепа, што и она што е очигледно, таа не го гледа.
    Навистина си патиме од тврдоглавоста. Но, од онаа посебната, која истовремено е помешена со гордоста.
    Комбинација :tmi: ...
     
    На Moira, kate21, tweety26 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Колку пати сум рекла морам да се уозбилам, морам да почнам повише да учам ( како на времето)
    ама џабе! Нејке бе нејке не ми дозволува оваа другава во мене..

    Јас идам да се фатам за книга, она абе ајде искачај иди на кафе једном се живи .. и ете не можам никако да фатам да учам :lol:
    мрза сум станала мрзааа голема! ништо ен можам да завршам ко што треба..
    а и овој мојов не е ништо подобро. Сме се научиле си легнуваме во 5 спиеме до поручек до 4..
    Тешко нас со овој памет :(
     
    На cinderella5, tweety26, Christina.A и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... сензационално откритие: Гуска бр.1 и Гуска бр. 2 ич не ме сакале!
    :^)
    Зарем?
    Што е уште поважно, дали знаат колку јас нив не ги сакам?
    И дали воопшто се свесни дека никој не ги сака?

    Абре денот ми се прави од вакви изјави. ^_^
    Мислам, не за друго, инстантно ми светнува некое мало приватно сонце кое ме грее, бидејќи интуицијата за жени ми е скоро непогрешлива.
    Такви улизици, лице-пице ги фаќам на радар и знам дека ги мразам - со легитимна причина.
    А кога дознавам дека чувството е взаемно, тогаш и грижа на совест си немам.
    :D

    Понуда за излегување ваму, понуда онаму, и решение да се остане дома.
    Што да кажам, ми треба me alone time, и не се чувствувам удобно ако не си ја исполнам квотата сама со себе. :D
    Некогаш ми е до друштво, а некогаш ми е преку глава од истото, си го сакам мојот мир, лаковите за нокти, фарбање коса проследено со пискави звуци на Ријана, моите книгички, убави филмчиња на репертоар.

    Расположението ми е ко песна на Рејдиохед - меланхолично среќно, но толку добро, што боли всушност колку ти е удобен изборот кој свесно го правиш и спроведуваш.
     
    На JuLleE, anabel-a, ines.h и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Прекинав контакт со личност која ја познавам цел мој живот. Не знам како се случи, едноставно се одалечивме и повеќе немавме што да си кажеме. Како е можно - не знам навистина. Не беше плански и намерно, ама ете, бидна и ќе признаам дека убаво ми е без неа во животов. Некако, како минуваше времето, се` повеќе сфаќав дека не ми одговара дружбата со неа. Или беше нервозна, незадоволна од животот, од работата, ги мразеше сите околу себе, или беше толку еуфорична, среќна, гласна и насмеана, што дури и страв ме фаќаше гледајќи ја. Бог нека ми прости, ама... нели е тоа одлика на биполарна личност? :wasntme:

    Како и да е, сега сме на различни страни и подобро е вака. Никогаш не се скаравме или си пререковме за нешто, но при секој мој помал или поголем успех чувствував завист од нејзина страна. Го игнорирав тоа чувство и се тешев дека си замислувам, дека не е можно ТАА да ми завидува. Сепак, интуицијата ретко кога греши, и на крај увидов дека е така :| Ниту и` кажав нешто, ниту пак таа мене, и така тивко секоја си тргна по својот пат. Можеби згрешив што премолчев, но сметав дека така е подобро отколку да се скараме, а и не сме деца па да си вртиме глава кога ќе се сретнеме на улица. Можеби и свесно, но и некако незабележливо се оттргнав од неа, а таа не направи ниту најмал напор да ме врати во нејзиниот живот, да ме задржи и да го спаси нашето другарство. И покрај се`, да ме побараше, ќе простев и ќе преминев преку се`, зошто ја сакав и ја сакам.

    Сега контактот ни се сведува на пораки и електронска комуникација еднаш во два месеци, а живееме на 5 минути една од друга.

    Тоа е. Понекогаш иако сме се дружеле со некого цел живот, на крајот сфаќаме дека таа личност воопшто не ни одговара. Дури и се запрашав: Што толку сме имале заедничко што не` држело сиве овие години? Не знам, немам одговор на тоа прашање...
     
    На Moira, Miss.Ricci, EleMental и 14 други им се допаѓа ова.
  17. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Некои девојки се шминкаат два саати за да бидат убави .. Некои само ќе ти се насмеат :)
    Бидете често насмеани people.

    Ем ќе изгледате поубаво,ем некој подобро ќе се чуствува благодарение на вашата подарена насмевка ;)
    Никогаш човек не е доволно комплетен,без таа искривена линија,која како што викаат исправа многу работи...
    Патем убав помин вечерва на сите каде и да сте
    и не заборавајте некому подарете насмевка :*
     

    Прикачени фајлови:

    • rename.jpg
      rename.jpg
      Големина на фајлот:
      21,1 KB
      Прегледи:
      409
    На Miss.Ricci, Serafima, tweety26 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Нема поголем малер од мене. Значи нема. Ма Тошо малерот ми е до колена бре. Кој е он у споредба со мене :@ Се јас уништувам, се упропастувам.

    Ја имам једну несречу, уништим све што дотакнем...! Баш така.

    http://www.youtube.com/watch?v=YhkXoWvp1CU
     
  19. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.920
    Незнам за тебе ама од мене нема поголем малер дефинитивно. Се разочарав и од живот и од факултет и од се. Значи неможам да сватам да се трудам толку за на крај да паднам дефинитивно се разочарав :( ;( :@
     
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    286.723
    На шопинг одам у принцип сама.

    Со друг кога одам е најчесто поради неговото инсистирање нешто да си купи и ме фаќа на фактор сапрајс (иако јас ќе завршам со повеќе кеси) или онака муабетиме и не сме со некоја намера нешто посебно да купиме па сме влегле колку да не ни студи по улица.
    Кога постои намера и солидно салдо си одам сама и не сакам некој да ме малтретира :tmi: .

    Јас влевам правам една рунда и може да се случи за минута да излезам.
    Истотака земам за проба парчиња кои знам дека ми одговараат на вкус, тело и се финансиски достапни.

    Не натовари се со 10 парчиња во гардеробер и пробувај еден саат.
    После еми ова скапо е, она нема на што да ми одговара, другоно провокативно...ќе испадне со празни раце и евентуално по еден саат пак ќе влезе, пак ќе го проба :devil:
    Напорни ми се жими се :tmi:
    Бавност, неорганизираност и двоумење со саати не трпам.
    Ама денеска бев со една другарка и за чудо ич мака не видов :^) .

    Влевавме во дуќаните и секој на своја страна :rofl:
    По едно 5,10, минути ќе се најдевме или евентуално ќе си зазвониме на кој спрат сме и да не нема во наредниот.

    Убавини.
    И за чудо и муабетот ни одеше многу убаво.
    Бла бла бла, оп дуќан. Секој си фаќа ќошето каде има знаци на салето од тоа што му е потребно, и после икс минути се гледаме и одма почнуваме таму каде што сме настанале.

    И то, немав ништо паметно или посебно да кажам.
    Убав ден со драга стара пријателка која не ја гледам често, но ете во последниве месеци се почесто иде ме посетува и ми е многу мило за тоа.
    Малиот ме изненади, сакаше да ги пробам работите што сум го купила, па ај се профрцкав малку низ домаа.

    Сега си се пикнав под ќебе, си пијам чајче и ќе пуштам некое филмче.
    :hug:
     
    На Moira, sweet-cherry, Sexybaby86 и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.