Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    бре.бре..
    да мислев цел ден никогаш немаше да ми текне за скриеното катче сум се радувала ко мало детенце на лижавче :lol:
    иначе јас да си кажам.
    незнам колку зимскиов распуст ми беше на добро :^)
    да,да знам тоа нова година славење,божиќ семејна атмосфера,празници,излежување,јадење..
    но некако ми се поремети се навикната сум на обврски а под тоа мислам рано станување,учење,тренинзи и секирации за школо.
    Некако распоредот ми се поремети јади лежи фемина јади лежи фемина се вака ми поминува денот.
    и,да здебелена сум! :devil:
    треба да се ослабе еднаш за секогаш.
    не е ова стандардното од утре на диета вежби бла.бла.




    како и да е ќе си кажам нешто за на крај
    дека никој не може да те заебе колку што можеш сам да се заебеш.
     
  2. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    Имам очајна желба да се случи оваа вечер нешто необично. :wasntme:
     
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Денов, навидум убав, сончев, со надеж дека ќе се искористи максимално, а сепак беше целосна спротивност. Се соочив, за прв пат после 3 и нешто години, со човекот што на мене и на моето семејство, на некој начин ни го уништи животот. Не можам со сигурност да кажам дека го уништил бидејќи мојот живот е далеку од уништен денеска, но ригорозно го промени кон лошо.
    И се што можев, што требаше да направам, е да простам, ништо друго. Што и можев да направам впрочем, ако ја држам лутината во себе само јас губам. Молчев цело време, не знаев што да кажам ниту како да реагирам, не можам туку така да заборавам а не сакам да се мачам со лоши спомени. Простувањето не е лесно, заборавањето не е лесно, а простување нема без заборавање, баталете вие исфрустрирани тинејџерки со мото прости но не заборавај. Единствено кога ќе заборавиш, кога еден ден ќе погледнеш кон еден таков човек со рамнодушност, без да те потсетува на било што, можеш да кажеш дека си простил.
    Во оваа ситуација, немам ни друг избор. Треба само да ја проголтам проклетата грутка што носи само тензии, да залепам лажна насмевка на лицево, додека бидам во можност вистински да простам, да преболам.
    Животот продолжува.
     
    На Moira, sweet-cherry, anabel-a и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Mekejla

    Mekejla Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    84
    Не сум сигурна што сакам од денов.Или од животов воопшто.
    Сакам животен прирачник.Ветувам нема да го запоставам како оние од мобилните.
     
    На Oxymoron, Miss.Ricci, marama и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Денеска цел ден се тепаме кој да седне на компјутер.
    Играме по правилото: Кој стане губи!
    Не дај Боже да ти се приоди во WC или да станеш вода да се напиеш. Нема да ги пипнеш тастатурата и глувчето се додека не се излаже другиот да стане. ]:)
    Јас бев поголемиот губитник: Ручек, десерт, кафе, садови... :wasntme:
    Тоа е, што да се прави? Мора некој.. .
    Станав најмалку 10 пати од компјутер и додека да ми дојде повторно редот, денот ете си помина. :worried:

    Голема фалбаџика сум, па ќе пукнам ако не се пофалам. :$
    Иако направив само еден обичен пудинг од ванила, го декорирав толку убаво што пред да отворам уста, јас веќе со очите го изедов.
    Нему исто така многу му се допадна, штом го виде лиги му потекоа.
    Нели сум генијалец за декорирање? :!: Нели? Нели? :$

    Диеталци, не отварајте!!!
    [​IMG]
    Јас десертот, а тој сега пуканките.
    Се подготвуваме за огромни порции пуканки и 2-3 комедии.. Не чека долга ноќ.
    Компјутерот време е да одмори малку од нас, а и ние од него. :hai:
     
    На cinderella5, Doozy, pamelche и 11 други им се допаѓа ова.
  6. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.500
    Допаѓања:
    23.096
    Пол:
    Женски
    Падна договор за Стара Нова Година :P Не дека толку ни е битен празникот, туку повеќе е причина плус да се собереме школските од средно после скоро една година. Знаете, ние не бевме од оние класови кои се најдобри во се, и уметност, и јазици, и натпревари по математика и физика. Не бевме ниту од оние омилените на професорите. Бевме просечен клас. Вистина е дека на крајот, дури во 4та година почнавме да се дружиме поинтензивно, но драго ми е кога и да видам некој од моите сокласници. Сега сите изградени личности, при крај со студиите, некои веќе почнаа и да работат. Се радувам на секој нивен успех, секое нивно патување. Сепак, добри луѓе излеговме :)
    И така, тоа сакав да ви го кажам.
     
    На Jagoda123, 1209, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  7. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    ВАКА :!: ПРЕД ДА ВЛЕГУВАТЕ ВО ВЦ ШТО НЕ Е ВАШЕ НАУЧЕТЕ СЕ ДА ТРОПНЕТЕ НА ВРАТА КОГА ГЛЕДАТЕ ДЕКА Е ЗАТВОРЕНА :@ АМАН, СО ТАКВИ ПРОСТИ И НЕВОСПИТАНИ ШТО УПАЃААТ ПО ВЕЦИЊА ДА НЕ ТИ ТЕКНЕ УШТЕ ЕДНАШ ДА ВРШИШ НУЖДА НАДВОР ОД ДОМА :swear:
    коза една глупава задоволна си што ми ги виде гаќите? :swear: ако не виде и нешто повеќе :@ :@ :@ :@
    глупо се чувствувам и што го пишувам ова ама ајде со такви дели го просторот после |(
    Изгледа јас будала сум што тропам секогаш и полека отварам за секој случај |(
     
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    48.652
    Пол:
    Женски
    Нешто што до срж ме дирна во моментов

    "Kasno je, sjećanja, uzalud se javljate, beskorisne su vaše nemoćne utjehe i podsjećanja na ono što je moglo da bude, jer što nije bilo, nije ni moglo da bude. A uvijek izgleda lijepo ono što se nije ostvarilo. Vi ste varka koja rađa nezadovoljstvo, varka koju ne mogu i ne želim da otjeram, jer me razoružava i tihom tugom brani od patnje."

    - Meša Selimović
     
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.350
    И пепси молам. - Може кока кола?
    А може јас да ти платам со монополи пари?
    |(
     
    На Moira, AIT и anabel-a им се допаѓа ова.
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    * Не ме сфати на што конкретно целам, иако мојата идеја ти се чини моментално глупа, ќе ти го докажам спротивното. Ќе го постигнам тоа што сега изгледа глупо, но позади себе крие многу длабоки емоции и длабока приказна, а чувството дека ќе помогне на многу луѓе ќе биде неописливо, а другите работи што ќе дојдат после тоа ќе ги издржам храбро и човечки.
    Толку од мене за вечерва во темава. :hai:
    П.С не се однесува на никој член од форумов така да нема никој што може да се пронајде, специјално за личност од мојот приватен живот е напишано, не дека форумов не е дел од мојот приватен живот, но од виртуелна страна.
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.404
    Допаѓања:
    126.842
    Утре конечно слободен ден,планирам цел ден да си го поминам дома по пижами,шубо :rofl:
     
  12. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Иако недела сеуште не е помината,кога би избрала име за овој викенд,би го нарекла среќа!
    Многу среќа луѓе,ја имам и за извоз.

    Кога кажувам дека нешто ќе се случи,верувајте ми,се случува.Во мојот претходен пост си кажав дека осеќам а веќе во овој ќе си кажам дека се случи.И беше убаво,беше совршено.
    Иако сум смрзната како пиленце,со многу чаеви околу мене,со изгубен глас,не се жалам ама воопшто.
    Пред некој час ми беше потребен малку воздух,си се облеков и отидов да пешачам.Сама.На раат.

    Сум приметила.Кога ми се коцките наредени незнам да напишам подолг пост.Па таков е и овој краток.
    Чоколадо,и некој добар филм.Мојот избор за оваа саботна вечер.
     
    На Jagoda123, Sexybaby86, marama и 4 други им се допаѓа ова.
  13. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    121
    СДК дека некои луѓе се многу влезени во филм поточно си замислуваат дека се влезени во филм :rofl: :rofl: :D :P :rofl:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    Сите во филм само јас во реклама. :lol:
    Извини морав... :D :$
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    и така помина и овој ден :)
    се разбудив подоцна од вообичаено, релакс по дома, појадок-се најнормално и кога одеднаш тетка ми и тетин ми доагаат на ручек и почна брзање, трчање околу дома-да се фатиш за коса и да почнеш да вриштиш :D мама готвење, спремање јас чистење, бришење со :music: на групата Фанки ЏИ се беше полесно-добро е , ми остана малку време да здивнам, да се одморам и малку да повежбам-а девојкиве од медитација ке гледале филм па ме викнаа да гледаме заедно, а мене планот денес ми беше да си отидам на пробен час за ориентални танци-ама со гости дома, нема смисол и останав со нив
    беше весело, сите насмеани па и филмот Тесна Кожа беше забава плус
    и имавме пита со паричка денес затоа што утре Недела тетка ми не можеле да дојдат-му се падна пак на татко ми :)
    едно нешто што ме растажи беше тоа што една личност што почна од неодамна да ми значи се наога во тешка депресија и кутричок тоне како Титаник-незнам каде ке му е крајот :x а животот му е среден од сите страни ама ете гревчево нема мир во душата, и мене многу ми е жал за него :worried:
    ех , да сум добра вила па да го допрам со стапчето и да ми тргне на момчево, да си најде мир и спокој во срцето и во душата...
    сега свакам што е медитација и духовност и колку помага таа-да не беа тие две работи, незнам што ке беше со мене до сега :x
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Ова со листа на непријатели е употребен малку пресилен збор. Во најголем број случаеви и не се баш непријатели во прашање.

    Тоа се дебилштини и антипатични карактери. Онлајн дадилка е бе.

    Не го знам лекот за детективите онлајн, ама во врска со општиот квалитет на постовите, тема спомната од Јипман и АнушкаНЕСТЛЕ неодамна ако не се лажам, тоа е веројатно нешто што го мора да го прифатиме. Нема админски филтер против тоа.

    На Џастин Пипер генерацијата им тутнаа компјутери во раце и нормално ќе никнат и тука.

    Јас знам дека се додека има нешто вредно за читање, се додека чувствувам дека има што да се види и научи од вас женчиња, не си одам. А остатокот ќе го трупам во црна листа.
     
    На Jagoda123, mims-89, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
  17. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Aбе шоубав живот си имам... Да не знаеш од кој вид ланата да голтнеш.
    2 недели ми касни, чукам глава шо ќе да е.
    со мајками неможам да разговарам,едноставно го немаме пронајдено тој заеднички јазик.
    љубовта за која мислев дека е обострана, НЕ Е..
    и така..
    абе убајни :)

     

    Прикачени фајлови:

  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Некако, среќна сум и убаво ми е, ама во некое скриено делче од душата ми е тешко. Колку и да прибираш работи, не можеш туку така да собереш четири години поточно 6-7 години. Нешто тргнав претходниот пат, ама некои работи немам срце да ги тргнам па колку и да се правам силна... море немам срце ниту од место да ги поместам. Една непотребна кутија отиде, и уште една спакував ама таа втората е со ситници и тука во соба седи. Нејсе, тоа е што е. И кога ќе видиш пак половина полици со негови работи ми се. И коа ќе видиш и кај него е така, ако не џитнал се пред мене :D
    Прееска се видовме. Секундарно се стаписав, и во таа секудна додека тој се мислеше дали да застане или не(уф колку го познавам) како мантра си повторував- мече само смирено, искулирано, опуштено, мече немој да дозволиш да ти се протресе гласот одма да те познае... и не дозволив. Презадоволна сум од таа средба, ок признавам, не и од мојата коса раштракана на 458 страни, ама од кај да знам дека во рок од една минута одејќи од кај мене до комшии ќе го сретнам? Плус и во полошо издание ме видел. Арно не излегов и по пижами што за мене не би било чудно :D

    Сабајле ја фатив баба ми под рака, и ајде во тинекс, па во кам, па на пазар, па јакна да си купела, па блуза да си купела, па спанаќ за утре за ручек да сме си купеле, па во месара по мевце... па се врти па пробува, па јас како ќе сум и кажела така ќе праела, што ќе сум и рекла дека и е убаво ќе купела, па во тоа месарата на дечкото му вика еј дете оваа ми е внука(демек ако немаш девојка повели :rofl: )... ја изнашетав за сите пари и ме почасти една блуза по нејзин мерак, а за назад веќе викам бабо ај со такси ќе се враќаме зошто веќе ќе ми припаднеше едвај стоеше. Од дома не е излезена со години затоа што има пореметување на центарот за рамнотежа, и претежно ние им пазариме. Ама реков дека ќе ја однесам па што сака нека биде и ја однесов сегде кај што изрази желба. Кој знае колку и беше мачно, ама толку и светеа очите немате поим, па под рака ме фатила и оди низ пазар горда како паун, како кој знае каде да ја однесов, па за да купи нешто ќе ме праша и ќе и речам не бабо тоа не е убаво и ќе ми рече добро добро ајде одиме понатаму и пак под рака ќе ме фати и на секоја тезга кај што ќе застанеше чекај не ставај во кесата внука ми да ги види, или ааа оваа ми е внука денес ме шета...леле колку беше среќна па кога дојдовме дома до кај што стигна се испофали. Онака многу ми беше мило на душата, правев ручек во кујна и ја слушам надвор раскажува на некоја комшивка, ааа внука ми цел ден ме шеташе, ваму бев, таму бев, си купив ова, си купив она, на пазар бев, месо си купив, цел ден за рака ме шеташе внуката. Ми идеше да заплачам ако ми верувате. На кој стигна тоа го повтори.
    Ја сакам премногу, ја сакам неописливо многу. Жими се, најдобра баба е на цел свет. :inlove:

    И така, убава сабота... :f:

    Постов каша попара, ама и емоциите ми се такви, битно секое зборче е од душа и ќе разберете :!:

    Гуд наХт :hug:
     
    На Libera, Moira, Miss.Ricci и 39 други им се допаѓа ова.
  19. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Eден од најубавите денови во овој зимски распуст , а исто така еден од најисполнетите , ми беше овој.....Ни јас не знам од каде излезе денеска да се оди на ,,екскурзија'' еден ден де , со некои од моите госип грлс ( :lol: ) и други дечиња , поголеми и помали , и тоа во Крушево бе 8) .Бевме на ски центар и се санкавме , ама не се санкавме колку што паѓавме :lol: , потоа ја посетивме спомен куќата на Тоше (и навистина бев воодушевена ,само уште да ме исплашеше таа восочната фигура од Тоше , па многу наеднаш влегов во просторијата , затоа :( ) Али ако нема везе и онака многу убаво си поминав , и кога се вратив бев на гости кај едно многуу слатко бебенце и сега ќе почнам да манијачам :bandit:
     
  20. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Јас , мајками и сестрами. Трио фантастико. :lol:
    Вечерва ние сами дома и шо да прајме.. :^) список за свадбата. 8)
    А прво да не заборавам и вчерашната вечер кога правевме кифлички за кога ке дојдат сватовите а тоа ке биде наскоро па малку по малку да намалиме работата ,бидејки кога ке биде тоа ке нема време за се оддеднаш. ;)
    Да се вратам на списокот. :D Зедовме цееел огромен тевтер го поделивме на три колони.Првата роднини на таткоми ,втората роднини на мајками и последната заеднички пријатели на сите фамилијарно.
    Си направивме и нескафе , си зедоја тие двете смоки си грицкат уживаме , во позадина музиче ,смеење ...милина за душата. Инаку се соберија 170 луѓе. :!:
    Се враќа таткоми од работа ние веќе свршивме работата и списокот на маса.Гледа и кога почна да ни се смеј.,,Вие не сте нормални '' :rofl: :$ Кога фатија да се смеат и овие двете , јас од толку смеење се насолзив во очите, стомакот ме фати :lol: .

    Поминав многу интересна саботна вечер, иако во домашна атмносвера супер се забавував.
    Добра ноќ |-)
     
    На tweety26 и pamelche им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.