Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Слободно замарајте се со мојот живот , мислите ме интересира ? Гајле ми е .
    Убаво ми текна на време да деактивирам ФБ , мислите дека сте направиле битна работа со тоа што ми го хакнавте стариот мсн . Топикот кој што е ставен ве отсликува вас како личности а не мене . Продолжете и пишувајте со кого сакате, нема ни со прст да мрднам за да го спречам тоа , нека ме исмејуваат сите што ги знам и што не ги знам - ако со тоа вашата бедна душичка ќе биде среќна и задоволна само за момент, епа нека ви биде !
     
  2. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Сакам да кажам дека ако мнозинството на форумов сака да бидат активирани повеќето од темите,не треба да бидат дрски и безобразни кон некои членови и треба да научат да почитуваат туѓо мислење,во спротивно форумов како и многу други ќе се подели на позиција,опозиција и неутрални,а се кладам дека тие неутрални имаат што да кажат но ќутат од страв да не бидат осудувани. Јасно ми е дека некои некогаш доаѓаат тука да тепаат време,да лечат комплекси и остало,но се надевам тоа нема да се одрази на останатите членови,си има тема за тоа. Не се сите исти,размислете,тоа не ви дава право да плукате на се што ја нема истата етикета ко вашата.
     
    На crazylady и julie77 им се допаѓа ова.
  3. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк ми плешемо лала цели дан и ноч :dance: :dance: :dance:

    Ноженцата не си ги осекам....али битно си мирисам убаво на него :rofl: :rofl:

    Ќе бегам бегалка јас ај ај :$ :rofl: :rofl:

    Утре ќе си се чудам што сум зборувала.

    Прв пат ми се случува при запознавање да не ми веруваат дека тоа е моето вистинско име па дури морав и лична карта да давам :lol: :lol:

    Слатка вечер...
    Да ги има повеќе ...да не можат на прстиња да се избројат
    Еххх црно Тиквешко ....
    Ноќеска нек ме разбие
    Црно Тиквешко, црно Тиквешко

    На полноќ се палат запалки
    На полноќ се љубат сказалки

    http://www.youtube.com/watch?v=5hs3aRqxo70
     
    На crazylady и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  4. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.757
    Колку е интересно да си буден во ниедно време и да немаш што да правиш.... NOT!
    Господе помогни ми...
    Ужасно досадно е...

    Ама најбитно е што ги имав добри поени на сите 5 колоквиуми....
    Ме бива 8) Што да речам :lol:
    Шала на страна,не очекував... ама ето :)

    Yay me!! :D
     
  5. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Добро утро! :sun:
    Станата сум од пред час-два и му се радувам на сонцево ... за промена. Само, нека потрае вака сончево, да нема снег барем викендов. Јадам чоколатце и си одмарам со Мјуз ... моментално со Мап оф д проблематик ... уживанција. :mm:

    Инаку, дојдов за да ви кажам дека нема да ве читкам до понеделник. Денес заминувам, сабота сум на долго чеканата свадба на моја прва братучеда. Спремања, ствари, радости, играње, забавување ... се` на едно место.
    Ќе си уживам во градот .. а и ќе одам да јадам во Мерилин ... конечно!
    Ахххх Кавадарци бре ... милина од град си. :inlove:

    Се читаме во друга прилика.
    Останете ми среќни и весели, имајте убави денови. :*
     
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Oооо добро утро :sun: Конечно и јас да пишам сабајлечки пост,не можам да повервам! :D
    Пак обврски и чуда денес...барем добро ми дојде сабајлешниот туш :mm: Располозена сум за обврски само незнам батериите до кај ќе ми издржат :lol: А се очекува денот да и да учам.Мора,мора,иначе шо ќе им кажам? Вие ќе ми издадете оправдање :lol: Епа тоа е кога поинтересна ми е Фемина :D

    Се надевам да имате убав ден исполнет со убави мали нешта,иако можи пак ќе е магливо и тмурно,бидете вие весели и радосни. Be a little sunshines that will make the world brigther :sun:
    И ајде да се расониме ајде сеа мрдајте горе долу горе долу,сега со другото око :lol: клик-лајк,клик-лајк :D
    Ајде,еве и за сите по едно вакво утринско кафе кое и јас одма ќе си го набавам! Love ya!!! :*
    [​IMG]
     
    На tinkerbelll, k.i.m, angel92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Дали сум јас единстцвена што не може да се приклучи на фб што е работата :worried: :worried: :worried:
     
  8. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    Имам сила да полетам :tmi:

    Ми мириса на среќа. Ќе ставам од "lucky" парфемот на своја кожа и после тоа туш јок. Не се бањам.

    Така "happy forever"
     
  9. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Конечно снег. :angel:

    [​IMG]
     
    На Rozich и starbucks им се допаѓа ова.
  10. MileyCyrus1Fan

    MileyCyrus1Fan Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    130
    :!:
     

    Прикачени фајлови:

    • fe.jpg
      fe.jpg
      Големина на фајлот:
      18,8 KB
      Прегледи:
      126
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Каде бе снег има?
    Ви завидувам. Сакам и јас. :(
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Скопје. :rofl:
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сани си играш со нашите чувства и емоции, тоа не е фер :rofl: Џабе скокнав од кревет, ни с од снег не ми се виде :rofl:
     
    На x.Daisy.x, crazylady, Cynthia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    И јас погледнав низ прозор да видам случајно да не е завеало и тука, ама нема. Па, ајде веќе нека завее, да обелее се’, редно е.
     
    На Cynthia и teddybear им се допаѓа ова.
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Што е убав филингот кога ќе станеш после 9 часа сон, покриена со 3 кебиња, топличко ти е, а воедно знаеш дека е само четврток и за два дена ќе имаш слично дежаву. Ммммм па плус и видик со снегче јеах :mm:
    А тие што спиеја сеа ќе гледаат само дожд, јбг не ги фатија тие 10 снежни минути :D

    Плус среќен празник македонци, посебно охриѓани, да ги славиме човекот кој ни го напишал писмото кое денес го користиме и човекот кој го создал првиот универзитет на овие простори.
    Повеќето млади денес знаат само дека е празник и слободен ден, ден да се наспијат и одморам. Да не бидеме неуки и да не ги знаеме нашите празници, зашто празнуваме големи луѓе, луѓе за почит!
     
    На Hopeful, Bright, marama и 12 други им се допаѓа ова.
  16. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    е да бе? ;( па сакам и јассс снеггг....е тоа сакам да кажам
     
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    25.323
    Пол:
    Женски
    Излегувам за дождов и врело благо кафе.
    [​IMG]
    Силни болки во стомак, ама ги игнорирам. Ме чека долг ден.
     
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Хаха :D почнувам да ги бележам деновите кога ке се вратам во Мкд 8) таа прекрасна земја ми недостига .Ми недостига и утринското кафе,и крофните,и кафичот Гала :D Заљубена сум бре во Македонија.Ми недостигаат пријателите и нокното седење на пц :P Само едно нешто не ми се допага.Тоа е снегот.Не сакам бре,не сакам снег зошто ми буди стари спомени :wasntme:
    Ама највеке ке ми недостигаат комшиите и нивното утрешно гракање :D
    И за крај ке кажам дека Италија е земјата на чудата.Газдата на татко ми изгреба на сречка 50.000 евра :o .Кога некој си има срека си има,нема шала овде.

    п.с:Koлку е убаво кога не се замараш за никој повеке :)
     
    На crazylady, anneyy и Gordana10 им се допаѓа ова.
  19. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    повеќе го чекаат снегот за да напишат статус за него, отколку што стварно го сакаат.
     
    На x.Daisy.x, GarpovaV и Pelikuna им се допаѓа ова.
  20. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Сакам да кажам дека имам прекрасно семејство.
    Комплетно, топло семејство со сите свои убавини и недостатоци. Семејство во кое владее хармонија и љубов. Каде мојот збор секогаш се почитувал без разлика што сум најмалото :lol: Секогаш заеднички ги разгледуваме проблемите, секогаш сме си подршка еден на друг и љубовта несебично си ја споделуваме.
    Јас потекнувам од доста просечно семејство, кај мене ниту еден од родителите нема завршено факултет и никогаш не сме имале премногу пари, според некои можеби имаме и премалце, но јас лично никогаш не сум почувствувала недостиг од материјални средства.

    Да почнам со татко ми. Кога бил млад, немал услови да се запише на факултет и да студира. Сепак, колку олку го послужила среќата, па се запишал на курс за полицајци и после завршувањето на курсот бил примен. Ете, животот така му ги подредил коцките, но за мене тој е светски човек [​IMG] Сестран човек, со висока интелигенција и доста голем интелект, и покрај тоа што не поседува факултетска диплома. Тој е човек што секогаш се надоградува, чита, се интересира...Јас си го нарекувам подвижна енциклопедија [​IMG] Знае да води разговор на ниво на интелектуалец и многупати се докажал и како подобар од некои со дипломи. Многу отворен, комуникативен и позитивен. Има пријатели од секаков вид, ниско интелигентни, работници, интелектуалци, работници, директори...Со секого знае да направи муабет. Овие првиве му се восхитуваат, тој им е првиот контакт од кого бараат помош за некои „интелектуални“ прашања, а вториве го сметаат на себе рамен. Тој никогаш не ги проценува луѓето според тоа колку грама мозок имаат во главата. Не се дружи само со користољубиви, себични луѓе, злобни, упикливи и г*золижачи...Само ваквите ги избегнува, а сите добро знаеме дека за некој да биде таков не влијае неговото ниво на интелигенција.

    Секогаш му бев милениче, во многу нешта се согласуваме, многу карактерни особини ни се преклопуваат. Секогаш веруваше во нас, секогаш зборуваше колку е задоволен од животот, што е среќен што има деца како нас, и задоволство му беше да каже дека не воспитал учејќи не да ги цениме правилните вредности. Татко ми е човек што никогаш не ми забранил да се дружам со некој, заради тоа што лошо ќе ми влијаат, тој секогаш верува дека сум доволно паметна, а и кога сум грешела, ми ставил до знаење дека само јас и никој друг не е виновен за грешката.
    Друга работа е тоа што никогаш не сум поминала ниедно лето без летен одмор. Никогаш не сме биле на некои луксузни места, но секое лето ми било овозможено да се шлапкам во вода и да јадам сладоледи во бескрај. Крани и Тиквешкото езеро ни беа најчестите дестинации. И си поминував најпрекрасно. Одмор исполнет со многу лудории и љубов [​IMG] . Татко ми знаеше дека јас и брат ми сме страшни обожаватели на вода и сонце, па неретко знаеше и да не однесе барем на еден ден на Црна Река или Тиквешкото езеро за да уживаме. Тој ги знае вистинските вредности, знае дека за добро лето не ти е потребен хотел со 5 ѕвезди. Во зима не носеше на Кожув и Љубаш да се санкаме и скијаме[​IMG]
    И секогаш собираше што е можно повеќе деца, наши другарчиња кои ретко кога го имале тоа задоволство од родителите, па затоа и татко ми на сите им беше и сеуште е омилениот чичко :D
    Туку, и цела тема да ми биде отстапена не би нашла доволно зборови да го опишам :inlove:

    На мајка ми, од друга страна, интелектот никогаш не и бил јака страна. Не пројавила желба да студира, ниту пак можела да студира дури и да ја имала желбата, пак и таа заради финансиски причини. Мајка ми си била просечна девојка за тоа време, сонувала за добар маж и дечиња со него. Богами, подобар маж не можела ни да најде. Сите нејзини пријателки и се восхитуваат на татко ми, колку е добар, срце човек, толерантен и полн со љубов и разбирање за сите. Но, си се заслужуваат. Како што кажав, нема мајка ми некој интелект, ниту пак некој богат речник, но е најдобрата мајка што некој може да ја има. Полна со љубов, секогаш пожртвувана за нас, секогаш ние на прво место. Никогаш не не оставила незадоволени. Се стискала и не купила 5 години ниту една маица, за нас да ни овозможи континуирано менување на облека, на храна, на мали задоволства...Од неа никогаш не сум добила некој совет кој не е на место. Како што кажав, не е личност која знае да употреби пет стилски фигури во една реченица, но со едноставни зборови секогаш знае да ја долови суштината и да ми укаже на грешките и како правилно да постапам.
    Иако потекнува од доста конзервативно семејство, за неа можам да кажам дека е жена со доста широки сфаќања, разбира дека јас и брат ми живееме во подруго окружување, и често пати дури ме охрабрувала за некои работи кои во нејзиното време биле сметани за грешни, но кои според неа, се сосема природни.
    Таа е преголем емотивец, често пати знае да се расплаче за глупости, да се натажи, но во такви моменти секогаш и кажувам дека таа е прекрасна мајка, дека подобри родители не сме можеле да имаме, дека сум најблагодарна на свет и дека и два животи не би ми биле доволни за да им се одолжам. И таква целата растажена, ќе ме погледне со влажните очи кои сега зрачат од среќа, кои кажуваат повеќе од сите зборови на светот. А потоа, низ солзи и веќе доза на насмевка од радост, ќе ми ги каже зборовите кои јас веќе сум ги видела во нејзините очи - дека не сум им должна ништо, ама баш ништо,се е од љубов, и доволна и е само нашата потврда дека сме свесни колку жртвувала за нас.

    Но јас сепак си зацртав, дека понатаму во животот, кога ќе чекорам самостално и здравје боже доколку сум подобро обезбедена финансиски ќе им приуштам еден мал милион задоволства кои не успеале да ги вкусат во животот. Не оти морам, ами оти сакам.

    На крај, брат ми. Моето најмило братче. Мојот БАТО. Толку прекрасно суштество. Подобар не можеше да биде. Многу затворен, не искажува никакви чувства, ама никако, ама дела направил и тоа многу. Многу смирен, толерантен, неизбувлив, храбар...Многу позитивен исто така. Карактеристика која сите ја поседуваме во големи количини, со исклучок на мајка ми која некогаш знае да биде голем песимист.
    А неговот лице? Ангелско :angel: Најмилните очи на светот. Толку мил поглед во животот не сум видела, мајке ми.
    Со БАТО секогаш се почитуваме. И двајцата имаме амбиции, иако искрено, доста различни. Но се додека во нас постои желбата за напредок и подобар живот, ништо друго не е битно.
    Како помала често пати знаев да потрошам пари што веќе ми биле дадени за нешто и секогаш во пресрет ми излегуваше тој - мојот БАТО. Ми даваше пари, секогаш пропратени со совет и строгост дека не е добро што сум го направила тоа :) Кога дозна дека пушам цигари ме караше, но не ме кажа на моите.
    Кога се соочувавме со најголемата финансиска криза дома, брат ми работеше и студираше во исто време. Бидејќи мајка ми и татко ми не му дозволуваа сам да си ја плаќа партиципацијата, му остануваа доста пари за него. Но тој неретко знаеше да отиде во Вип и Т-мобиле и да ги плати сметките на сите. Без никој да му рече. Се разбира, моите не го сакаа тоа, а мајка му дури и плачеше што сме дошле до тоа ниво брат ми да ни ги плаќа сметките. Но тој тоа го правеше од љубов, почит и разбирање.
    Се сеќавам еднаш ми се јави да не кажувам дома дека ни пуштиле рата од стипендијата, затоа што тој им кажал на мама и тато помала сума од реалната што треба да ја плати на факултет, па со ратата си доплати.
    Абе душа од човек, само така би го опишала. Прекрасен бре, прекрасен :inlove:

    И сеуште не можам да поверувам дека сега минува низ ова. И сите сме заедно, се подржуваме, се сакаме и се надеваме на најдоброто. Сега сме посилни од секогаш, заедно минуваме низ гом*ата што ни ги приреди животот и туркаме кон светлината. И стварно е греота едно вакво семејство да се растури :(
    Заедно се молиме, се надеваме дека Господ е со нас и дека нема да го дозволи тоа... :angel:


    Знам дека постов е предолг, знам дека многумина ќе ме скролнат, некои ќе превртуваат очи, но јас имав потреба да си се искажам...
     
    На m.i.g, MacenceEna, Zlatusko и 22 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.