Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Колку даваш во животот, толку ќе ти се врати, односно даде. :wasntme: Минатата недела подарив големо Милка ас а тенкју гифт на една другарка, си знаеме ние зошто, и оп, денеска мене мама ми купиле голема Милка. Нешто за испити ово оно, ми промумла... А таман решив дека ќе се пречистувам денеска со овошје и супи. Веќе и мене ми се смачи од јадење, значи од Божиќ немам осетено глад, ми се повраќа ако некој ми спомне да јадеме.

    Муабетов што ми беше. Ми носат Милка, океј, пробав една коцка од иштав, секако само со кафе бев појадена... и сетив дека имам ,,нешто,, во задниот дел ме боли. И така цел ден ме боли, одвај јадам. Мислам дека ми расте умник и цела вилица ми е укочена. Сега само седиме и се гледаме со Милкава, мислам дека од утре со цевче само супа ќе јадам. Угххгх... дали тоа ми иде паметот? :!:

    Надвор ладничко, јас со нови чизми, цупа-цапа... дојдов до еден заклучок дека животот е краток за да носиш само црни капутчиња и чизмичиња и чевличиња и ташни, и дека морам да си купувам повеќе работи во повеселки боички. :devil:

    Друг муабет е што планирам да правам озбилен муабет со мајка ми за одредени теми, немуабетени досега :D , и се мислам кога и како да ја седнам. Дали да избегам потоа во Скопје, да не сум и пред очи некое време, дали прво да се обратам кај Госпојнот дома, тој е повеќе полн со разбирање, а и искулиран е човекот, не се потресува, ќе ми рече ма се е океј, терај си... :D Да се разбереме, не сум трудна, ама убаво е да се информираат домашните околу некои работи.

    Си го разгледував гратчето кај што ќе арбајтен летово, малку се плашам од смени и работење и наизменично менување на смени... Па дали ќе се снајдам, како што со јазикот, дали ќе се вклопам во начинот на работа... јас сум многу пипава, не ме бива баш за брзо реагирање или брзо редење некои работи, брзи реакции. Ах, маки.

    И така, си најдов нова серија (Даунтон аби), дајте да изгледам епизода-две и да отвориме нова тема, да спамираме малко таму. Ајде филмоманки и серијоманки, симињајте прва епизода и да дискутираме, нешто многу ја фалат. ]:)
     
    На Moira, JuLleE, ludoto19 и 32 други им се допаѓа ова.
  2. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Се вратив! Немав некако инспирација за пишување низ форумот, само ве читав од време на време. Од каде да почнам... Тестовите завршија (конечно), сите оценки се напишани, повеќето и расипани, заминаа празниците. Си поминав лудо и незаборавно за првата вечер од оваа година. Си го одржав ветувањето, со позитивна мисла тргнав и си поминав најубаво на свет. Исто и за другите вечери. Некако оваа година не ја осетив доволно добро таа новогодишна и божиќна еуфорија, дали дека немаше снег незнам... Или едноставно се сменаа времињата. Некако одма ми помина распустот, ете ги летнаа толку денови, уште само една недела има :(
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК јас да не успеам во нешто....ццц....нема шанси :D :rofl: :rock: па кај го има тоа? :geek: :emo:
     
    На sweet-star и Johny им се допаѓа ова.
  4. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    oxxx.. :( само ке си воздивнам...
     
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Колку шо е убав овај распустот, толку и не е, значи умирам од досада |(
    Ми се оди на факултет, ама стварно ми се оди :!:
     
    На cinderella5, CoCoGiiiRL, happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Го знаете чуствотот кога сте погрешно сфатени? Кога не е се така како што изгледа? Кога некој пребрзо ке ве осуди без да ве ислуша?

    Агхх, даа, сосема непријатно чуство што ме прави нервозна, многу нервозна. Неможам да поднесам кога некој вика на мене, ме осудува, ме навредува, ме пцуе.. А зошто? Затоа што моите зборови биле протолкувани погрешно од некого и пренесени на моја драга личност како сосема некои други, преобразени, сменети, онакви какви што биле сфатени, погрешно сфатени. :fubar:

    Неможам да преќутам, едноставно неможам и наоѓам момент, во сето тоа дерење, да ја/го запрам, да ја/го замолчам и да и/му кажам што и како било. Некој верува, некој не. Но, не ми е грижа. Кога веќе еднаш сум и/му кажала што е всушност вистината, полесно ми е на душичкава, полесно ми е затоа што знам дека еден ден ќе се сети на моите зборови и ќе сфати дека сето тоа било вистина, а не правдање. Некогаш тоа се случува многу доцна, кога веќе се е завршено, заборавено, но сепак се случува. И секогаш после тоа следи извинување, барање прошка, но не секогаш е простено, извинето. А и така треба.. Да ме почитувал/а и да ми верувал/а доволно немало ни да поверува на тие зборови, ќе знаел/а дека не се точни, дека не се мои, дека се всушност сосема погрешно сфатени.
     
    На Chica.Loca, Serafima и CoCoGiiiRL им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК за да се дебатира за нешто, треба да се има познавање од истото.Не велам дека не е можно да нема деманти, ама барем логика? Не само натрупување факти и незнам што веќе, не само копија од некоја книга и сл., да се кажува напамет.Па ајде ако е за тоа, за се нешто да се рецитира.И се нервирам кога некој нешто осознал и истото го споделува со други луѓе, има трети кои како да чекаат да се појави некој и веднаш да почнат со напади.А наводно истите тврдат не е така, а претходно никаде ги нема.Зошто тоа што некој осознал, го гледаат тој некој како чудак? Не ми е јасно.Наместо да извлечат некоја поука, па макар и да не било вистина она што го осознал, одма разоткривање на злосторот кој тој наводно го направил.Што фајде ако се разоткрие? Битно е што човек ќе научи, па макар и од нешто безначајно.Лесно е секому да биде детектив, ама и за тоа треба талент :!: :D Не секој може...Па и уште се фатиле за Александар, Аце та Аце, остајте го човекот од одамна умрел! Направил што направил, што сега нашиве ќе направат, знаат за Аце да зборат, ама да бидат иновативни, никако.Уште ќе тврдат нешта кои ги нема, мислам исто ко јас да речам дека Обама е кинез, како тоа? Само се на теории се докажуваат, ама никако на пракса.И после празна ќе била државава, па ќе биде, нормално, незнам што очекуваат.Па и уште ко ќе почнат да зборуваат, уште човек да се вмеша и со еден збор да ги замолчи :D после мене потоп :D Ама како тоа сите сакаат да се докажуваат, зборејки за нешто што било, поминало, во ред е да се дадат докази, да се продискутира, ама цела вечност да им помине во само дискусија, не разбирам.Што е трагикомично, не им текнува како пропаднала македонската империја, инаку за се друго знаат.Чист пример е нашава политика за ова што го кажав претходно.Уште тоа ни фали сега, па во иднина Трпе да се докажува зошто пример сега не снемало онака наеднаш.Мака ми е веќе по милионити пат да зборам за ова, мака, ама некогаш па ко ќе се судрам пак со вакви работи, па морам да прокоментирам.Мож пак ќе помисли некој, па ако ми е мака, што воопшто се трудам да размислувам за ова, па ете така, ради релаксација.Незнам ни што воопшто се надкажуваат, докажуваат, кога и онака се знае дека е е политичка игра, ништо друго.Ако почнат сите да терат правда, ништо не прават.Има кој да се замара со тоа.
    Ах што е животов, колку само луѓето се соживуваат со сета злоба, очи си вадат едни со други, незнаејки дека тоа воопшто не им се исплати, само битно е да се распне некого, ама тие што тој некој го распнуваат, сметаат дека имаат „ право“ тоа да го направат, а суштински не се во право.За да осудат некого, прво треба да се достојни за истото.Иначе џабе е.
    Незнам како може некому да му биде крво за нешто што ни самиот не заслужил.Ако некој смета дека е подобар од другиот, нека се истакне, не само за се нешто да се биде негативно настроен према тој некој.А не, за се нешто да се критикувало.Па и уште пред некој се фини, зад нив гроб копаат.Се што прават за другите, си прават на себе си, толку е тоа поврзано, што дури е невидливо.Но кога веќе се решиле за нешто, барем нека си го доиграат орото, а не на сред оро се откажуваат.Не е само да се даде став за нешто, треба да си стојат на своето.Тоа како да има некој тапија за факултет, а истата не ја ни оправдал.Ама битно има тапија, која патем мож и прашина ќе фаќа, којзнае каде сместена.И после нема да сака човек се нешто да слуша, па нормално.
     
    На SimplyElegant, Someonespecial, Jagoda123 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ааааааа готово се посрав,имам глувче во собатааа...сеа ме виде и се скри,којзнае кај отиде,само ако ми дојде на кревет додека спијам :sweat:

    п.с: ама уплашено ме погледна...
     
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ја прифативте поканата, сега ќе мора вештачки да се смешкате и да останете нема за листата на негови маани која од миг на миг станува се подолга во вашиот ум. Ве нервира како се смее, начинот на кој го пие кафето, како ја држи цигарата, лошите шеги, претенциозните разговори, проѕирните прашања со кои ве тестира и самиот факт што воопшто ве тестира.
     
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека беше време да се приберам дома! :wasntme:
     
  11. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Секогаш на овој ден се чувствувам тажно. Врска немам зашто.
    Не сум ентузијаст воопшто.
    Почнува како и секој ден, завршува како и секој ден.

    Нема промена ни кај мене, ни луѓето околу мене. Само на бројките.
    А што се бројките? Ништо.
     
    На julie77 и Ilusionist им се допаѓа ова.
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Колку малечките работи, го прават човекот радосен!
    Тивко, нечујно, еден сончев зрак си направил пат и си пронашол место во собава. Просто, како некој да го нацртал со моливче. А тој си одмора на една книга.
    И како да не се радуваш?! Кога таа книгичка сум ја заборавила, а е многу убава. Една од моите најубави. А тој зрак, се измачил, се пробил низ облаците и пристигнал на гости, само за да ме потсети на таа нејзина убавина.

    Денес, тивка музика, топло чоколадо и неа во рацете. Ќе патуваме во нејзините убавини :f: .

    И да, ништо не се случува по случајност на околностите, туку со причина :) .
     
    На Moira, Miss.Ricci, Divinebutterfly и 26 други им се допаѓа ова.
  13. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...утрово ми почна со голема насмевка :D :D

    [​IMG]
     
    На martinuska, Serafima, anuskaNESTLE и 16 други им се допаѓа ова.
  14. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Вчерашниот ден целосно исполнет,ама баш целосно.
    Одкако ги завршив сите обврски се собравме ние 5 на куп после долго време.Имаше што да си кажеме,секоја со своите приказни.Многу убаво си поминав,се релаксирав после сите обврски.
    Не дека немам уште ама денот ми го прават секој ден се поубав.
    Без него,а секојдневно со другарки.Многу убаво ми дојде оваа ситуација...
    Здивнав од сите распрашувања,досадувања,кавги,љубомора...
    Денес сум станата рано,си бев во црква,си запалив свеќи,си кршев леб за здравје...
    Сега седнувам првото кафе да го пијам,до после веројатно ќе се најави некоја другарка за друго кафе да пијам. :lol:
     
    На Umbrella22, teddybear, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.717
    Пол:
    Женски
    Колку би сакала кога одредени луѓе би ги гледале другите,и би се обидувале да најдат нешто убаво во нив.
    Па Боже мој,секој од нас има нешто убаво во себе и на себе.И секогаш ми е разочарувачки и тажно кога некој се посматра само да би се нашло нешто грдо.Јас едноставно сакам да ја видам и нивната друга страна,нивните мисли,па не сме сами на светов ,и можеме ваљда малку повеќе да сакаме отколку да мразиме.
    Колку може еден лош несмислен цинички коментар за твоја слика да ти го расипе денот ,пих! :worried:
     
    На Moira, Serafima, Divinebutterfly и 21 други им се допаѓа ова.
  16. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    :rock:
     

    Прикачени фајлови:

  17. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    http://www.youtube.com/watch?v=yLIKlL_7cnE

    Ти му викаш ајде кај мајка ми на јадење. А тој нее, секој втор ден сме таму. Ама тој незнае дека мајка ми ми прави можеби не најубави јадења, ами да најсакани јадења.

    Посакувам една моја другарка да се вработи. Посакувам бизнисот на дечкото на истата другарка да тргне по нагорната линија.

    А сега ќе го молам мојот брадосан да одиме до Водно.
     
    На Serafima и Libera им се допаѓа ова.
  18. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Добро, од кога стана мода во реченица наместо „да“ да се пишува "the"? :@
    Mислам, која ви е целта? Си играте со фонетиката? Ма немој да ме ј***ш бре!

    п.с. На вакви реченици налетав на фб коментарите на некои страни. Овде сега за сега немам прочитано. Тепам :!:
     
    На Serafima, Miss.Ricci, Divinebutterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Сакам да ви кажам...

    [​IMG]
    :)

    Сите сме, вакви или онакви. Луѓе. Човеци. :)
     
    На EleMental, Lov3 и Libera им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.720
    Допаѓања:
    43.774
    Пол:
    Женски
    Денес отспав, како зафршив со семестаров цело време си викам ќе се наспијам и никако да станам покасно од 9 и 30.Ранобудник човек.
    Него не ми беше тоа муабетот, уствари ни не знам што ми беше.Расположена сум за некои емотивни песнички, си пуштив, си слушам...незнам деновиве некако тој екстремно ми недостига, не дека е далеку, не дека не го видов ама она чувство како да не ми е доволно никако гушкање и вдишување на неговиот мирис.
    И ми недостигаат цимеркиве, кога сум таму секој викенд трчам дома, сега кога сум дома ми недостига секојдневието со нив две, ми недостига готвењето на едната и смиреноста на другата...а ги видов и нив вчера, се собравме со школските, одбран круг луѓе.
    А вечер мезе, лепче со паричка и пиење и женско друштво.Се надевам дека ќе го видам оти кога е со другарките за Стара Нова година се прават мулиња од пиење, а баш сакав да го облечам црното мало фустанче и секси долен веш за него :angel: А и жени, мажот до кој се чувствувате како најпосакувана жена на цел свет, без разлика дали сте скоцкани или во памучна гаќа и развлечена пижама, е висинскиот, не испуштајте го.
    И така луѓе, неповрзан муабет од мене, ама недела баш ми е ден за таков муабет.
    Убав помин на оне кои слават по нешто, веселете се, маскирајте се ако го правите тоа, најадете се и напијте се и славете го животот.
    Пријатно!

    A да
    http://www.youtube.com/watch?v=1nP3XB7hrFo
    Мелем за душа.
     
    На Umbrella22, bittersweet, tweety26 и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.