Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Може се да се изгуби...материјално, нематеријално, човечко, блиско, важно, потребно...
    Притоа се јавуваат чувства на празнина, гнев, тага, безпомошност...
    Ама никогаш порано не сум помислувала дека човек може да се изгуби себе.
    А кога ќе се изгубиш себе, всушност си изгубил се одеднаш!
    Се бараш во бездна полна со агонија, безволност, очај и страв...ама долго време те нема.
    Ниту сам(а) се гледаш, ниту друг те гледа.
    Сигурно само јас го имам одговорот дали ќе го слушнам својот крик за помош и дали потрагата ќе ја завршам успешно.
    Сакам да заврши се...конечно да заврши се!
     
    На SimplyElegant, kravce, Moira и 17 други им се допаѓа ова.
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Kуферот е повторно спакуван.Престои недела која ќе биде посветена на максимално уживање и релаксирање,пред да се фрлам на учење.
    Се си мислам дека нешто ќе заборавам,и додека пишувам во главата ми се вртат некои работи кои очајно ми велат земи не и нас,ама ќе неможам да се однесам.Како и секогаш.
    Мал стан за многу луѓе.Таков живот ќе живеам оваа недела.Ама добри луѓе,искрени,мили.Луѓе со кои неможеш а да не си поминеш убаво.

    Како птица преселница сум станала.Одам,лутам и барам место каде што совршено ќе се вклопам.Местото е најдено,таму е каде што ќе одам.Едвај чекам.

    Ја чекам мајка ми да ми донесе јадење како што го чекаме викендот.Е толку очајно,бидејќи ќе умрам за јадење.Ах колку сум јас ненаситна.

    Додека јас ќе уживам таму,на сите вас ви посакувам среќна и исполнета недела.Со многу смеење,без грижи и без нервози.
    Ве гушкам.
     
    На kravce, Moira, Serafima и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Тоа е така затоа што да напишано на латиница е da, а тоа da автоматски се поправа во the, затоа што da е неправилно на англиски, многу гето звучи :D

    И јас прво кога го видов бев као the fu*k, кој пишува вака?! Ама потоа го увидов ова :)
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Коските ме болат како да имам 86 години. Колената и куковите ми крцкаат мислам ќе се расштрафат во секој момент, не дај боже да тргнам негде пешки, ќе си останам без колена. Ова ладново ме утепа, и сеа ќе дремам во врели купки (не дека ми е лошо, ама ајде и јас да се пожалам на нешто) и омг 3 земав да се подмачкам малку внатрешно :lol:
    Недела е закон ден бе, не сум на работа, сите по дома (добро не баш сјајно), утринско тегнење со топол напиток и пижамчиња, па прошетка да се искористи едниов зрак сонце и после пак, од кревет на фотелја, од книга на компјутер и вечерта е резервирана за посветување на самата себе, негување на храмот, депилации, маски, пилинзи и се по ред, за на крај се да се заокружи со оргазмична масажа на стапалата со топло масло :smirk: курсот по физиотерапија на мајка ми и мене ми донесе многу благодети, решив од наредна плата ќе ја частам - ќе и уплатам курс за антицелулитна масажа :lol:
    Недела освен што е ден за по дома истовремено е и пица деј. Мислам зашто да не се искористи тоа што во Тренд и Ања пиците се на пола цена, греота е да не се искористи, греота е уопште да им го јадеш гравчето дома.
    Мрзлива си недело, мрзлива... Остани таква!
     
    На Monna.Monna, Phyramide, kravce и 26 други им се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека работата не била таква каква што изгледала
    типчето не било за жалење, бил заљубен |( -знаев дека има нешто, моето шесто сетило ми го кажуваше тоа а и негова другарка го пиша тоа што значи дека е вистина ама јас не сум таа срекничка или несрекничка незнам-знам дека нема веке да цимолам за него, оти навистина не го заслужува тоа и се што има и нема-вклучувајки ја и љубовта може да си го напика од позади и да цркне :devil: :lol:
    што запнав за него не ми е јасно-не се свакам себе си :shake: -па фала богу постојат и други на светов.
    не е тоа дека мојот живот престана да функционира, па ај сега ке го вркаме во нормала-најнормално си продолжувам како и до сега така и од сега :! и баш пред малку размислував- што еден тип со кој се гледав работи веднаш до него е друга приказна :rofl: ама тие двајца не се познаваат мегу себе-како Господ ги мести работите, никој не може, па да се најдам јас ко божем случајно таму-а претходно да се договориме и еден :* незнам типчево како би изреагирало :lol: ме интересира неговата реакција :!: ова само идеја беше, онака :wasntme:
    една паметна жена не плаче со телефонот во рака туку прави нешто за тој да зазвони :!:
     
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Кој кажал дека мачките се парат само во февруари, и те како згрешил! Веќе 2 недели немам спиено како човек, зошто долу во дворот на комшијата на приземје секоја ноќ (т.е. утро) се парат едни мачки и плачат со оној добро познат, иритирачки плач |(
    Многу сакам животни, стварно многу, ама мачкиве се страшно досадни и напорни. Таман сум потонала во сон, ете ти ги со она МАУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУ... Тоа „уууууу“ оди во недоглед ми се чини |(
    Лани беше истата приказна, само тогаш беше април, не јануари. Така да февруари ама баш ништо не значи во светот на мачките :rofl:

    Туку, не знам што со себе денес. Се чувствувам толку мрзливо, не ми се станува од креветов. Сум го тупнала лаптопов во скут и дремам како зацементирана. Пак почнува да ме фаќа тоа лудилото за купување на нет, го листам И-беј и си турам работи во кошничка. Уште да имав да си турам и пари на картичката, се` ќе беше полесно.
    Едно време дури и поштарот престана да ми ги носи нарачките, оти многу работи сум имала, не можел секој ден да се качува дури на 5-ти спрат :D Додуша, не е смешно, зошто еден часовник кој со месеци го манијачев и на крај пуштив срце и го порачав, никогаш не ми стигна :^) Се прашувам дали поштарот имал некаква врска со тоа, или :^) Затоа сега два пати ќе размислам пред пак да нарачам нешто, оти кај нас никогаш не е сигурно дали ќе ти стигне. Нико није сигуран :D
    Море, кој и да е крадецот, ќе ме носи на душа ]:) Којзнае мојот несуден часовник на чија рака завршил :tmi:

    Денов е крив што е ваков, затоа сум и јас ваква лева денес. Не могу си помочи, и сеа ми текна дека требаше на почетоков на постов да напишам дека слободно може да ме скролнете, ама зошто сум огромна мрза денес, нема тоа да го направам :rofl:
     
    На kravce и Juicy03 им се допаѓа ова.
  7. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Боже какви луѓе постојат на овој свет..ц.ц.цц.. Значи поголемо лицемерие не сум видела. Од една страна личност која многу лесно избувнува и бара причини за кавги, лаже, со еден збор кажано расипан човек, а од друга страна ќе те трпи ќе те трпи и накрај ќе ти ја лепне в лице. Само јас сум глупава :devil: што знам со кој си имам работа, а пак се бутам оти нема со кој...ауфф.. :@ :@ :@ :@
     
    На Beyonce87 и sunfemina им се допаѓа ова.
  8. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    Многу кифли мислат дека се кроасан yxyxyxyxyyxyyyyy :rofl:
     
  9. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Mi skisna od ova fizikava, ama MNOGU!

    I bas mi e gajle sto ke bidi utre,ima vecer da slavam duri mozam!Ete taka, za inaet na fizikata!
     
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк мене средувањето на собата бришењето прашина, подредувањето ме смирува.

    Си ја пуштам Beyonce си земам крпичка в рака мести,преместувај,бриши, денсај во меѓувреме и минало временцето а и собичката чиста и убаво мириса. А :!: уште послатко ми е кафенцето кога ќе седнам вака во чиста собичка да си го пијам.

    Ме критикуваат домашниве собата на библиотека ми заличувала саат време ми требало само книгите да ги избришам средам,наместам а јас па со мерак си ги гледам и чувам :) ми внесуваат топлина,шаренило во собата ем поради кориците ем поради тоа што им ја знам содржината, ликовите од нив ми даваат некоја душа на собава.
    И сакам да си прикачам некои фотографии од убави мигови затоа деновиве ќе мора да си смислам некоја идеичка каде и како да ги сместам а да не бидат врамени во досадни рамкички.

    Милина е кафенцето повелете :) :coffee:
     
    На angelina1, SimplyElegant, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.717
    Пол:
    Женски
    Случајност е псевдоним со кој Бог се користи,кога не сака да се потпише.
    Реченицава како ладен туш ме освести :clap:
     
    На antonina, kravce, Serafima и 8 други им се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.472
    Допаѓања:
    91.846
    Пол:
    Женски
    Ме разбуди мирисот на домашно лепче, гласот на Алачки и мајка ми која и вели на тетка ми - Ај пушти ја Алачки, ти текнува мама го правеше ручеков пред 100 години :lol: Дур станавме со сестра ми, со едната рака мајка ми збори на мобилен, а со другата ни спрема појадок. - Ајде бе пилчиња, па досадно ми е, ајде која ќе вари кафе?
    Во меѓувреме Алачки почнува нов рецепт, а мајка ми - Не е вака рецептов, јас го правев на времето, пред 30 години :rofl:
    Сестра ми се мие и чисти лице со лосион, а мајка ми чисти шпорет. Не знам далу сум кажала ама секој ден го чисти после секое готвење.
    Малава и покажува памукчето - Мамо ма, види сега се миев, а памучкево ... И оваа и враќа - Ја гледаш виледава? И јас прееска го чистев шпоретот па пак има :rofl: :rofl: :rofl:
    Како да не им сварам едно кафе, а?

    Тој ми спремал нешто. Ме разгалува многу. Ме напиња по малку за факултетов, ми држи предавања и ми смислува мали награди за се што ќе научам. Не сум дете, ме нервира ама па од друга страна ми годи. Никој до сега не ме мотивирал вака.

    Имајте убава неделна вечер, јас се спремам за убаво кафе, љубовно :wasntme:
     
    На Monna.Monna, NoellePage, kravce и 31 други им се допаѓа ова.
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... не, не сакам да си имам работа со луѓе кои се толку индиферентни кон реалноста, што не читаат воопшто весници, не гледаат никакви вести, а интернетот го користат исклучиво за проверка на најновата чанта во колекцијата на Кардашијанс.
    Тој заштитен бабл во кој упорно сакате да се пикнете и да хибернирате уште поупорно, не е на арно.
    Не е здраво да поседуваш толкава доза на незнаење, комбинирано со незаинтересираност и неинформираност.
    Како да се изразам, не е одраз на лежерност и кул однесување, туку е огледало на вашата персона, која е гнила, штура, безлична; слично на она - не сакам да читам книги, мразам поезија оти е глупава, не гледам филмови зашто ми се досадни и предолги, ме нервира класичната музика, ма ме нервира секаква музика...
    Па добро - за што се интересираш? Што те движи во животот, каков интерес, какво хоби, каква пасија?
    Па подобро речи ми - уживам да решавам задачи по математика, ме опушта и ми го тренира мозокот, и ќе го имаш моето почитување, отколку да ми продаваш демагогии за чил и опуштено, зашто живееш по мотото - к*р ми е, двор ми е.

    Луѓе без никаква уметничка жичка во себе ми се потполно изгубени. Дури мислам дека има и директно влијание врз аурата кој секој си ја влече со себе, ми има барем мене. Човек кој не знае да се изрази - преку збор, песна, гримаса, слика, какво било изработено парче уметност, нема душа.
    А за рекла-казала трач муабети секој е способен.
    Прашањето е - можеш ли поинаку?
    Можеш ли повеќе?

    ***
    Донесов одлука да променам минорни нешта кои имам надеж дека ќе ме однесат до промени од големи размери.
    Секогаш е така, ситницата го чини делото.
    Се чувствувам удобно и среќно со сопствените одлуки.
    Тоа е моментот кога знаеш дека си свој.
    И во мир со себеси.
    И по којзнае којпат клише-мантрата ми се потврдува, дека ако не се сакаш самиот себеси прво, како очекуваш да те сакаат другите?
     
    На Mermaid, Shelea, Monna.Monna и 25 други им се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Имам нетипично убав јануари кој постојано ме држи во убаво расположение :)
    Опкружена сум само со прекрасни луѓе, а насмевката не ја симнувам од лицето. Како да имам некоја аура од позитивна енергија која не дозволува никакви негативни мисли да допрат до мене.
    Гледам што помалку време да му посветувам на виртуелниов свет, бидејќи одеднаш сите станаа иронични и саркастични, дури и кога нема потреба од тоа. А мене навистина премногу убави работи ми се случуваат овој период, па таквите мисли научив да ги игнорирам.
    И навистина не можам да разберам зошто многумина зимскиов распуст го поминуваат во досада. Да го имав јас целото тоа слободно време, ќе го заборавев компјутерот и ќе ја искористев максимално секоја минута!


    За крај една убава порака
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, kravce, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Многу ме иритираат тврдења од типот "Изгледот е небитен, карактер се бара." или "Никогаш не вели никогаш.", а знаете зошто, зашто сите сме ние површни ѓубриња. Се палиме по нашминкани излози, поминуваме саати предгогледало за да постигнеме некоја наша совршена убавина која некој трет ни ја наметнал, трпиме болка затоа што некој решил дека не сака влакна, гладуваме затоа што светот сака да не види слаби, цупкаме во едно место, страдамеод самите себе само за да им угодиме на другите.
    Моето тело ги носи моите избори, а како јас се чуствувам во истото е небитно сѐ додека светот ми вели "Леле колку си убава.", а тој свет ние го креираме. Сами поставуваме лимити, а само храбрите остануваат достојни на нив, зошто тие лимити ни се сопствени казни. Скапо плаќаме за сите грешки, дури и несвесно патиме само за пред светот да бидеме совршени.

    А реално не сме и никогаш нема да бидеме, природата е сурова и секогаш ни остава грешки, маани, вишци и недостатоци. Можеби и така е подобро, а можеби и не ѐ, којзнае...
    Животот е превише краток за да го поминеш посветен на мали работи и превише долг ако не знаеш што сакаш. Човековото битие е спој на парадоксите, на спротивностите и глупавоста, она малку што настрана останува не прави луѓе, какви луѓе, добри или лоши тоа сепак сами одлучуваме.
    Но она што сите не боли е дека никој не е совршен, уствари колку не боли толку и не теши, полесно е да се помириш дека не постои совршенство отколку цел живот да го поминеш трагајќи по истото, за на крај да си починеш не шишан, не депилиран, не шминкан, збрчкан и без заби.

    Огледалото е убав предмет ако се огледуваш со вистинските очи, ако за момент ја батлиш маската која ја носиш пред светот, самиот себе се погледнеш длабоко во очи и да се запрашаш дали си среќен, дали очите доволно ти сјајат, дали го сакаш своето тело или само го почитуваш зошто природата и гените така ти го скроиле и колку и да се трудиш никогаш нема целосно да го смениш.

    Денот има само 24 саати од кои 17 веќе поминаа, а јас немам веќе време ни батерија овде да ви објснувам бесни глисти зошто никој од вас нема да дојде да ми ја ибрише прашината, смени постелнина и усиса. Се морам јас. И Петко наравно.

    Останете ми поздравени.
    Аривидерчи и адиос.
     
    На antonina, Chica.Loca, Monna.Monna и 27 други им се допаѓа ова.
  16. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    СДК сум знаела убаво да играм фудабал дури и се изненадив од себеси :D
    Денес игравме јас и брат ми со братучедиве пред двор, но помали се однас.. ние демек ко појаки од едната страна јас од едната братми игравме :D и секако ние победивме Јеесс :lol:
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.043
    Допаѓања:
    81.406
    Пол:
    Женски
    Работава - понекогаш седам и си мислам, а понекогаш само седам. :|
    Не, сериозна сум.
    Се прашував нешто, ама не си најдов соодветен одговор и си се утешив оти понекогаш навистина важи она дека „некои прашања не заслужуваат одговор“.
    И веднаш почнав да се прашувам - зошто сме толку мутави, паразитски готовани и зошто не ги делкаме нештата до крај !? :^)

    Еднаш, во очи ми падна една навидум проста прашална реченичка, која богами (на прв поглед) претставува реторичко прашање во однос на муабетот погоре:
    „Има ли крај на почетокот ?“
    Има. О, има и те како!
    Еве, доказ е и моето неколкуминутно мозгање, со пропратното откажување без многу-многу размислување, па и без ангажирање за решавање на дадениот, да го наречеме - проблем.

    Многу брзо се откажуваме. Од било што. Од сè.
    А тоа е, знаете, прилично лошо. Ма многу лошо.
    Можеби со текот на времето нервите попуштиле или пак се изгубила борбеноста, а можеби ... можеби сме и премрзеливи. За сè.
    Не за џабе рече Марјан битолчанецот дека проблемот ни е тоа дека „од глата си патиме“ ...

    Имајте убав остаток од, хм :?: денов. :hai:
    http://www.youtube.com/watch?v=L5pHM-o2_Dk
     
    На kravce, Miss.Ricci, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    дури сега свакам дека некои работи што ние мислиме дека треба да се случат не се случуваат и убаво што е така-Господ сака да не заштити ама некогаш незнаеме да го цениме тоа :!:
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Господ да чува и Борко да брани
     
    На stefigirl и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    1 ЕВРО ПО КВАДРАТ! :clap: :clap: :clap:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.