Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    АЈДЕ МАКЕДОНИЈО!
    РЕПРЕЗЕНТАЦИЈО!
    ЗАЕДНО ДО ПОБЕДАААА! :rock:
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Луѓе дали јас на форумов забележв мнооооогу безврска теми за хороскопи или така ми се чини?? :?:
    облекување според хороскоп,секс според хороскоп,исхрана според хороскопски знак.....Добро а да направевте тема одење во вц според хороскопскиот знак :fubar:
    Сваќам дека сакате да ги имитирате постарите членките кој ставиле понекоја таква тема, но немора и вие да отварате 101 :!: на нет. постојано ставаат вакви стати,а не секоја статија е доволно интересна за тема :punch: :shake: :shake:
    Сакав да кажам убав помин на сите што слават стара нова година вечерва,но ги видов темиве па... :$
    како и да е убав помин на сите што слават стара нова година вечерва! :* ве сакам ситее :* :*
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Ве читам деновиве, сите сте загрижени за детективите кои се појавиле на форумов, кои може да ви го откријат идентитетот, а дали некогаш сте се запрашале дека детективите всушност се меѓу оние ваши омилени феминки, на кои доброволно сте им го дале вашиот идентитет? :)

    Сите знаеме да бидеме претпазливи и да се чуваме од непријателите, ама најмногу можат да не повредат токму пријателите, затоа што пред нив не сме пазеле, сме биле оригинал, без да мислиме дека тие не биле.

    И нека ви се запали црвеното светло за аларм ако некој пред вас демек случајно спомнува име на некоја друга феминка, затоа што тоа би значело и дека пред истата феминка го спомнува вашето име. :)
    И непријателите не се секогаш со страшен лик, не делуваат злобно, туку навидум емпатично, навидум невино “испуштаат“ некој детаљ за вас пред други, а всушност кога после ги разгледувате работите со други очи гледате дека тоа било се` освен наивно.

    И сакам да им кажам и на машките членови дека е жално што целиот ваш цврст став и способност за проценка ги фрлате во вода поради краткотраен флерт, или дури и секс можеби, ама сепак тоа е ваше право, само да знаете дека не сте единствени и ексклузивни за таа личност :) .
    Добро ова важи и за женските, само нема вклучено лапање или секс :D .

    Не сте ексклузивни, ни на фб, ни приватно, исто како што вашите тајни не остануваат веќе тајни :) .

    Затоа пазете пред кого се отварате, затоа што детективите не се апстрактни непознати членови, туку баш обратно.
    Впрочем тие се како во книга од Шелдон :) .

    Тоа сакав да ви кажам, па вие сами проценете си од кого да се пазите.
    Големи сте.
    Барем така мислам.
     
    На Monna.Monna, SimplyElegant, kravce и 28 други им се допаѓа ова.
  4. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Се е добро штом заврши добро! :!: Мали турбуленции со лаптопот ама конечно заврши кошмарот 8) Сега ке си уживкам,ке ве читкам,ке си играм игрици.... сега можам да се вратам у нормала..(моја нормала)
     
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Вие луѓе имате премногу време за да се занимавате со детектиство, искрено мене и досадно ми стана да читам веќе, за ова рекла / кажала, јас си пристапив отворено со мојот иднетитет, зошто немам што да кријам, лажам, и ако имам нешто да кажам некому овде го кажувам како Ирена, едноставно не ме јаде сосвест, ама вие па кои преку ЛП си играте рекла/кажла нели ви е досадно? Или имате премногу дасаден живот па барате константни пикантерии, или пак се одмаздувате некому со тоа еј оваа вака и вака рече за тебе бла бла бла.. ми се имаа обратено некои во ЛП да ме предупредат, и јас бев јасна не ме интересираат вакви пораки, ве молам не ми праќајте и секоја чест не ми пратија, ама дај ве молам пораснете, животот и реалноста е надвор од овој форум, и соберете тоа ролетните(јазиците) и приберете прстите, позанимавајте со вас, и почнете да се однесувате како зрели, возрасни моми, а не како пресметливи женчиња.

    Животот е убав девојки, и вие си го градите идентитетот и личноста, не ви го градат другите.. не биднувајте толку вознемирени, и да сте пишале за некој овде мислење макар било лошо, ако вие е искрено нема зошто да се плашите, ако некој сака да си ја прифати вистината нека ја прифати, е сега ако веќе свесно сте се логирале на форумов да останете анонимни до крај, сте требале да се потрудите да останете такви, и да не кажувате на овој/оној , сетстра, другарки што и да е, како дошле сите тие информации за вас подразмислете, значи вие сте оставиел простор за да дознае некој за вас.. вина прво во себе потоа во други..
     
    На thelittle17, JoxyTheFreak, SimplyElegant и 25 други им се допаѓа ова.
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    И во животот е истата песна. Sesilija многу убаво напишала. Најмногу и најчесто пазете се од оние кои ви се пријатели. Тие знаат и најболно да ви возвратат за вашата добрина. Тие кои со сите се фини. И оние кои знаат како со сите да комуницираат.
    Незнам дали сте го гледале To Rome with love! И дали го запазивте ликот на Моника. Тоа се тие луѓе кои божемски се разбираат за се, кои ненадејно и невино заведуваат, кои ненамерно издаваат тајни. :puke:

    Јас сум свесна дека некоја феминка ме познала. И сум свесна дека преку моите мислења можеби ќе сака да ми наштети. Но таа треба да е свесна дека животот ме има запознаено со таквите луѓе. И ама ич не ми е гајле за нив.
     
  7. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ми се смачи од се, навистина..
     
    На antonina, Springy и julie77 им се допаѓа ова.
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Па Љубам, не е проблем само тоа што некој ти го открива само идентитетот пред други (иако штом некој избрал да биде анонимен на форум, тоа и те како е рушење на приватност и повреда на споделена доверба) , туку плус фактот што изнесува интимни детали од твојот живот што си ги кажал во доверба, или пак те оцрнува и ти препишува дела што не се твои, за ти да делуваш лошо, а не тој.
    Тоа е проблемот.
    Ама сепак ти така размислуваш, само се надевам дека нема да те удри по глава некогаш, па да смениш мислење.
    Не се сите како тебе, со добра мисла- имај си го тоа во предвид.

    Редактирам, за да се надоврзам на тоа што си го редактирала и ти во твојот пост.

    Љубам, тоа е како некој тајна кога ти кажува или ја кажуваш некому. Очекувате взаемно да ги чувате вашите тајни. Би те повредило ли некоја твоја тајна да биде оддадена? Можеби некој не сака да се сокрие,а сепак е спомнуван со неговото вистинско име некаде без да биде прашан,нели е тоа показател на недоверлива личност? Дали кога ја спомнуваш фемина со некоја феминка на маса,шепкаш или гласно кажуваш? Секоја разоткриеност значи ранливост, некои личности тука зборуваат за своите емоции, некои пишуваат за нивната љубов која можеби не е среќна,зарем мислиш дека некој не би го злоупотребил тоа?

    Едноставно ако за тебе е прифатливо, не значи дека за сите е,впрочем како што гледаш мнозинството сака само да си избере пред кого ќе каже кој е,а тоа значи искажана доверба.

    Што тогаш тоа значи добар и доверлив човек според твојот речник? Од каде знаеш кого треба да веруваш,а на кого не, ако треба сите да знаат која си и што си? Да,можеби тоа е во ред во професионалниот дел,за да напредуваш, но не и во приватниот,зошто се она кое е поврзано со тебе те прави ранлива личност на секое поле.
     
    На ljubam и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Абе Сеси јас одамна прекинав да живеам за другите и кој што збори за мене, не ме тангира, знам колку сум си вредна, знам до кај треба да одам со пишување на форум, и колку да кажам, а сите се со здрав разум и мисла зачленети на форумов, јас еве знам дека се плукате многу меѓу себе, и ти имаш плукано и тоа си многу остри зборови по постови , и многу други, и знам кој има пишано за мене, ама ете не придадов значење никакво, на никому, не се бре вредни, тебе ти се имам обратено за да ти кажам дека те сфатив за Рејнбоу многу добро оној пат кога кажуваше за бришење, ама луѓе дај ве молам, можете да молчите и да не кажувате јас на овој форум, и јас се соменвам дека ваши најдобри пријателки ве издале, може да биле познанички кои на ваков или онаков начин сте се зближиле, па сте се одалечиле и ред други работи, ама ајде да не го правиме форумов ко што викаат калакурница, изборот е наш или ќе пишуваш или не, а нормално во конфликт дека никој за никого нема да каже убави работи, затоа мислам дека треба да се смириме сите, и да пазите убаво во иднина до кај ќе одиш со искреноста и личните пикантерии.

    Доверлив човек за мене не може да стане некој што го знам еден месец или две /три година, можам да се доверам некому на кој со години сме граделе нешто.. а тако/звани брзи пријатлеи ги има сегде, а на секое наше разочарување ако ги испукуваме така фрустрациите, мене ми е жал кога си пишувате меѓу себе тешки зборови, јас од тебе имам прочиатно многу тешки дури болни зборови, ама сум молчела тоа си е меѓу вас, ама јас за тебе имам свое мислење и јас знам како ќе те гледам, не може бре мене некој да ми наметне мислење за 5 минути пријатлество, или три /5/10 реченици во ЛП.
     
    На antonina и ane.bella им се допаѓа ова.
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.532
    Допаѓања:
    17.258
    Тие радо би да е*ат ефтини дрољи од провинција и во кафана да викнат патриотска песна. Тогаш се најголеми факмани. Да научат како се пуца и да станат воено способни за некои црни дани, јок бе брате… Нив друг ќе ги брани. Некои будали кои ја сватиле машката обврска.

    http://www.biserko.mk/mamo-mori-mamo-ne ... vo-vojska/
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Maybe it's not my weekend, but it's gonna be my year... :sun:
     
    На kravce, crazylady, Miss.Ricci и 11 други им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Како и да е се е совест, кој како е ја користи личен избор..имајте убава вечер, јас одам у бољи живот! А и да аплицирав за Лисабон истражување.. епа посакајте ми среќа..
     
    На honorthyself, kravce, Serafima и 10 други им се допаѓа ова.
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Никој никому не се обидува да му наметне мислење, само сакам да кажам каде да ги бараат детективите тие што сакаат да знаат кој им го открива идентитетот :) .
    А за другото ти сама си кажа што значат за тебе и колку ти се битни оние што си ги запознала од форумот, така што немам потреба да коментирам за тоа, затоа што не сме се запознале :)

    Друго веќе што и да се пише оди во офтопик, како што е твојата мисла за Реинбоу.

    Поздрав и секое добро, се надевам дека никогаш нема да бидеш повредена, па да мораш и ти да ги испукуваш вака фрустрациите, како што самата се изрази.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Сдк никогаш немало повеќе негативна енергија на форумов од сега. Се запрепастив од тоа што се случува овде, не беше така до пред година време кога јас бев секојдневно активна.

    Многу Мајки Терези се насобрале, да ти е страв да си кажеш мислењето. Камо да бевте и во реалниот живот така добри, фини, воспитани и праведни.

    Хаос е ова, не знам зошто така :|
     
    На thelittle17, SimplyElegant, Trendafilka и 11 други им се допаѓа ова.
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Да ви се надоврзам на муабетот, пријателите никој не ти ги зима ама една капка отров расипува цела супа а не обратно :) . Ако некој се амбицира и има доволно материјал секогаш може да ти наштети макар и со оговарања и непроверени рекла казала муабети, посебно ако не си се ни трудел да бидеш анонимен :).

    Тоа е и една од причините што се откажав од пишување на форумов, да се доведам во ситуација утре некој да ми копа по приватен или професионален живот и да проверува што сум пишувал немам намера да доживеам, некои изгледа немаат ништо попаметно освен некому да наштетат :).

    Во еден шпански филм главниот глумец рече: „Оговарањето е национален зпорт на Шпанците“ ама и на Македонците е (од двата пола) за жал а штетата и намерата не е секогаш така банална :).
     
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Дечко имаш боље да го немаш ^_^
     
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    ма немој :!: тогас било друго време а сега друго!..
    да не се други луге а не време??!!!...цццц
     
  18. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Имам камен на душава ама од оние од кои за да се ослободиш треба да утепаш некого по глава. И лесно е да се ослободиш, многу лесно, само треба добро да центрираш, ама тешко е кога пленот не се појавува туку се крие таму некаде. И го губиш трпението, не можеш да го најдеш а каменот e сеуште тука, ти тежи, те нервира.
    Но, како што водата го рони брегот, така и каменот го ронат други камчиња што се борат да го завземат неговото место. Додека пленот излезе на светлина и е погоден за тепање, веќе си сфатил дека не ни имаш потреба да го утепаш.
    Тоа е тоа познатото дека трпението е спасение а времето лечи се. Дали овој сеуште заслужува да биде погоден со камен? Да. Дали ќе го погодиш? Не, бидејќи сега тој камен е далеку помал од некој друг на пример.
    Затоа јас верувам во моментално дејствување :lol:. А и помал камен подобро лета.
    Некој не се ни обидува да го фрли, само го надградува, и се што прави е прегрнување на непријателот. Тешка ситуација е кога непријател е оној некој кој многу го сакаш и е близок до тебе. Неговиот камен го ронат спомени, убави спомени. А љубовта е толку глупава работа што те тера да простиш и најголема грешка и да замижиш и пред најголемите глупости, да се преправаш дека карпата што не те остава да дишиш не постои.
     
    На kravce, Serafima, Tenkai и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    3.666
    :l: МАКЕДОНИЈА :l:

    Уште една победа.
    Нека ни се множат само.
    И дај ај веќе престанете да мрчите, вака одиграа, така одиграа... Еее, ништо да не се цени!
    Шо народ ќе бевме :x

    А и веќе кога сте толку по анализите, да ви пратам крв и мокрача, може ?! М?! :^)
     
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.032
    Допаѓања:
    123.899
    Кажав веќе дека мразам гости(НЕНАЈАВЕНИ) ама најавени да :D
    Сакам да поминам пола ден,да спремам па да ме пофалат,па да ми бараат рецепт,па да ме прашаат во што е тајната состојка :P Сакам да декорирам,да направам relax атмосфера,со миризлива свеќа,музиче и слично.....ама ете денес дознав дека не вреди за секој,иако јас сум таква сакам за сите да спремам.
    Покрај тоа што му е прва братучедка на маж ми,и ги викнавме за частење на магистерската негова,не донесоа ни едно кафе,не пак поклон,а денеска бевме да не почастат за стан што си купија,јас нормално опремена со чаши за црвено вино,вино и бајадера :^) не,не не ми доаѓа памет |( Најјакото е што не почастија смоки стоби флипс,кафе и чаша вода!
    Е ај сега!
    Не ми е до јадење и пиење,фала богу,можам да си приуштам до толку,ама едноставно не ми се јасни таквите луѓе,колку е само мизерно тоа :puke:
    И незнам дали нареден пат јас ќе ги пречекам со смоки,верувам не,пошто јас сум си јас и нема да се спуштам на такво ниво.Само отсега малку селекција на гостите не ќе да е лошо |(
     
    На EleMental, Monna.Monna, sweet-cherry и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.