Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Значи некои работи ми стануваат неподносливи и несфатливи
    Можам да сфатам некој кој менува често партнери/ки
    Можам да сфатам некој кој се задржува долго време кај еден/една
    Можам да сфатам некој кој не сака сериозна врска во младоста
    Можам да сфатам некој кој е крајно сериозен со врските уште од најмлади години
    Можам да сфатам луѓе кои се возрасни а немале љубовно искуство
    Можам да сфатам и луѓе кои навлегле прерано во љубовта
    Но НЕ неможам да сфатам луѓе кои се траскаат од земја по некој, се бламираат по социјалните мрежи со патетични мисли, 24/7 кукаат за тоа колку се разочарани и повредени, во здрав разум ги прават будали и упорно се и сешто трпат во име на љубовта. НЕ не ги можам! :emo:
    Сум била и заљубена и разочарана и повредена, но не сум била напорна и не сум реагирала ко да ми пропаднал светот и сум се однесувала како се да е супер...
    Мислам... Немора да се глуми безчувствителност но барем да се има некоја граница... :fubar:
     
    На Trendafilka, Umbrella22, Serafima и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Родителите се единствените луѓе кои на своите деца им посакуваат искрено и од срце да бидат далеку поуспешни од самите нив.
    Мојот татко до сега ни пружил безброј шанси, се со цел да направи од мене и сестра ми ЛУЃЕ!
    Без финансиска и морална поддршка од родителите, патот до успехот е многу тежок, речиси и невозможен.
    Имам еден огромен животен неуспех зад себе. Кривецот сум јас, но и моите родители.
    Се запишав на ветеринарен факултет и пропаднав. Тонев, барав излез но секојпат наидував на отпор од моите родители на кои животна желба им беше да станам ветеринар, да ми отворат ветеринарна ординација и со тоа да ми го средат животот.
    Горев од желба да успеам, ветерината беше мојот сон.
    Сон кој беше претворен во кошмар само поради еден професор.
    Покрај сиот мој труд, деноноќното учење, јас цели 3 години не можев да положам еден испит.
    Секоја сесија тој пушташе 2-3 студенти, мене ме немаше на списоците и секогаш паѓав во се поголем очај од оној претходно.
    Љубовта кон ветерината се претвори во омраза, сакав да се откажам, но моите секогаш велеа НЕ, НЕ МОЖЕ!
    Студирав 5 години, последната година го положив испитот, конечно ми дојде редот и мене.
    Дали бев среќна?
    Земајки во предвид дека положив со 8-ка бев лута и гневна.
    Се прашував како е можно три години да не знам за 6-ка, а сега одеднаш заслужувам 8-ка? Како?
    Си ги земав документите и едвај чекав да излезам од местото кое ме гушеше и не ми даваше да дишам.
    Се запишав на друг факултет, факултет кој со времето го засакав.
    Факултет кој сега-засега ми оди одлично. Не наидов на ниту една посериозна препрека, моето знаење се оценува реално. Задоволна сум и среќна. Како за изборот на факултетот, така и за идната моја професија.
    Се финансирам сама, возрасна сум и не сакам да паднам на грбот на татко ми.
    Мајка ми се откажа од вложувањето во мојата иднина, татко ми НИКОГАШ!
    Тој вложи премногу во мене, тој ми веруваше..
    Се плашев дека ќе го изневерам, дека ќе го разочарам. Затоа и се плашев да се откажам, тоа беше најголемата моја грешка. Впорочем и најголемата негова грешка што не ми дозволи да направам друг избор, гледајќи дека овој е погрешен.
    На крајот ниту го разочарав, ниту го изневерив.
    Денеска тој се радува на секој мој успех, на секоја оценка во индексот..
    Ќе му докажам дека вредел секој вложен денар, дека вредела секоја надеж, вредел секој негов труд од мене да направи човек.
    Тој има само една желба, од мене да направи успешна жена, а таа желба со сите сили кои ги поседувам ќе му ја исполнам.
    Едвај чекам да го направам најсреќниот татко на светот, бидејќи тој тоа го заслужува.
    На крајот од ова извлеков една убава родителска поука:
    Ако не постои желба и интерес за напредок во одредена област, постојат уште илјадници други.
    Битна е желбата за учење.
    Секој заслужува втора шанса.
     
    На thelittle17, Monna.Monna, SimplyElegant и 36 други им се допаѓа ова.
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.532
    Допаѓања:
    17.258
    Зошто се плашам од зборот не?
    Зошто се плашам да се соочам со реалноста?
    Зошто на сите им викам дека треба да бидат оптимисти, а јас сум најголемиот песимист?

    Убаво ќе си ја поминев стара-нова година ако прашав дома и ќе добиев дозвола.
    Ама не, сум си зацртала ја дека нема да ме пуштат и не ни прашав.
    Убава ’покана’ добивме за стара-нова, знам дека ако отидев ќе си поминев убаво, ама само ако можев да се соочам со реалноста.
    Глупача!
     
    На Serafima, Miss.Ricci и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  4. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Друг како Него не се раѓа втор пат, тоа си го потврдувам со секој нов ден.

    Толку е сталожен, мирен, јасен, чист сам со себе... Знае што сака и не застанува додека не го оствари тоа.

    Колку само му се восхитувам што е толку решителен и амбициозен! Што не се откажува ни кога ќе згусне, ни кога е тешко, ни кога се чини невозможно... Молчи и верува. Верува во себе. Нешто што јас порано го правев, но со текот на времето заборавив како се прави.

    И признавам дека да не беше тој, многу работи кои ги направив и завршија успешно никогаш немаше да ги направам. Ја сакам таа негова решителност, верба и цврст став. Сакам кога ќе имам нешто да кажам, да не се стегам, туку да лупнам силно со раката на маса пред сите и гласно да се искажам!

    Тој веќе работи на остварување на својот животен сон и одлично му оди. Во тој сон сум и јас, и имам голем удел во неговата посветеност на остварување на истиот, но... Кој е мојот животен сон? Нели е време и јас да поработам на мојот? Зошто ми недостига храброст, решителност? Зошто се плашам да не тргне нешто наопаку?

    Тој ја предизвикува иднината и бестрашно и` гледа во очи. Се молам и јас да научам да го правам тоа, а тој трпеливо ме подучува. Малку по малку.

    Можеби ќе успеам, можеби не.

    Само знам дека тоа што имам до себе таков човек е благослов.
     
    На 1209, Chica.Loca, Trendafilka и 6 други им се допаѓа ова.
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Верувам и вие некогаш сте се нашле во ситуација, личност што благо речено прв пат ја гледате во живот - да е подготвена да стори многу за вас и да ви помогне колку што може, а личност што ја знаете прилично долго и ви е блиска - да се ,,тргне настрана'' и да ве изигнорира без око ич да и трепне.

    Се прашувам зошто така?
    Упорно пробувам да најдам некој логичен заклучок, ама исходот не ми е баш задоволителен.
    Среќна сум што животот не запира тука, ќе имам можност и јас некогаш да употребам игнорантност, ама нееееее, знам дека постојано викам вака - кога ќе треба јас да направам услуга ќе испаднам повторно глупава и ќе направам се што можам за да помогнам.

    Со премногу наивност пристапувам, со премногу...

    И што ми текна на јапонско јаболко баш сега, дури не најдам и не пробам нема да останам мирна. |(
    Да беше некоја трудна до сега ќе пометнеше. :D
    Која стрвност ја имам, аууу :devil:


    http://www.youtube.com/watch?v=YP9_OjV1BNk

    А, како Анасон, Ариш и Афион.
    :angel:
    Билкаркава ми е тајмлес лик, доволно ми е да ми текне само на неа и денот да ми се направи.
    :D
     
    На ljubam, imelda, sweet-cherry и 28 други им се допаѓа ова.
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    На почетокот ко се зачленив овде постојано ја игнорирав Сдк, незнам ни јас самата зошто, самиот наслов ме отгнуваше, ја отварав само да чкртнам нешто и тоа беше тоа, лутав низ другите теми.
    Подоцна почнав да читам, видов дека всушност овде се искажуваат вистинките мисли, чувства, моменти...
    Сега Сдк ми е една од омилените теми, се враќам на постот кај што сум застанала и продолжувам да читам се по ред, секој со својата приказна, со својата мисла, своите чувства, многу научив од вас, научив да бидам трпелива, да бидам среќна и за најситните нешта, да ја споделувам среќата и тагата со друг, да не се затворам во себе, са бидам храбра, да се борам за она што го сакам :).

    Иако веќе поминаа Новогодишните и Божиќните празници со мало задоцнување си го добив и јас своето пакетче :) Парфем, пижами, лак за нокти, чоколадо и 500 ден.
    Најубавото пакетче некогаш добиено :D Вујко ми повторно ме изненади, личноста која е заслужна што сум тука, личност која ме заштитуваше и бодреше во се, личност која не дозволи да се предадам така лесно.
     
    На Monna.Monna, Trendafilka, teddybear и 15 други им се допаѓа ова.
  7. kegi22

    kegi22 Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    бидејки нема тема сакам да прашам ке пишувам тука. Сакам да прашам дали некој знае каде има некоја жена или маж што гледа било да е на карти или на друго нешто ама да е или велес, штип, кочани ве молам побрзо итно ми е и бројче ако може
     
  8. simplyheaven

    simplyheaven Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    7
    Многу сум станала мрзлива. :doh:
    Тоолку мн обврски,а јас ништо не правам.
    Ама неможе повеке вака.Тоа не сум јас.
    Од утре почнувам со работа за што побргу да си ги тргнам обврските од глава. :)
    Само како поминува времево сваќам дека мн брзо лета.Додека тебе ти текне дека треба нешто да направиш отишол денот.
    Го мразам школото и учењето,ама сакам успеси и победи затоа се борам за поголеми оцени,иако не е лесно. :)
    Како и да е,ви посакувам успешна работна недела. ;) :hai:
     
  9. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Среќна сум шо сум во оваа фамилија. Се сакаме,се подржуваме,се смееме,први другари ми се. Важна е фамилијата,ние да се гледаме,да се подржуваме,да бидеме заедно посилни,се друго е интерес. Кога си помал е лесно и не ја мислиш многу многу-симпатии,оценки,излегување,дечковци,облека-тоа им е главната окупација на повеќето,како растеш и созреваш така и пријателите се изретчуваат, има успеси/неуспеси па од тоа и се раѓа завист,љубомора...додека фамилијата е она за кое треба да се бориш,нештото кое нема интерес. Да создадам таква фамилија,како шо моите создадоа,ќе се сметам за најуспешна.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    СДК дека љубовта направи чудо од мене најверојатно е така затоа што го имам покрај мене човекот што го сакам повеке и од самата себе...Не мислам на ништо друго освен на него, освен на нас...Во мене се разбуди потребата да научам се за него, секој ден поднаучувам да правам по некое јадење, да научам нешто ново бидејки сакам да биде секогаш задоволен и среќен
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sasha-Fierce

    Sasha-Fierce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    СДК дека се приклучив на форумот денес, а знаете колку време му се спремам ? Секој ден отварам,читам и се смеам,се радувам што сум член...:clap: за мене
     
    На sweet-cherry, crazylady, EleMental и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    СДК дека ја обожавам мајка ми, едноставно ја обожавам.Таа за мене е херој, пример како тоа треба една жена а и една мајка да изгледа, и благодарам за многуте работи што ме научила и што уште има да ме учи(не се сомневам во тоа).И посакувам многу среќа, здравје и уште многу години да си го слави овој ден, мамо СРЕЌЕН РОДЕНДЕН :* :*
    [​IMG]
     
    На SimonLimon, kravce, EleMental и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Среќна Стара Нова Година И ВИ ПОСАКУВАМ СЕ НАЈУБАВО НА СИТЕ
     
    На Serafima, srcekrsacka, Miss.Ricci и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Beatriche19

    Beatriche19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    89
    Ја раскинав 15 месечната врска со дечкоми.
     
  15. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Ноќва беше мн интересна .............
     
  16. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Врските се за 2ца ама некои ку*ви незнаат да бројат очигледно..Незнам што цел имаат во животот...
     
    На potterholic, Miss.Ricci, Mermaid90 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Е стваро незнаев дека секој ден народот станува се по глупав и по заостанат во времето и просторот.Не,незнаев до толку ама претерано е!-Се прават памети демек тие се знаат и се најучените а во реалноста they are so stupid.
     
    На Beyonce87 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Очигледно секогаш откако ти се случи нешто убаво и си среќен со денови - мора да се случи нешто лошо и да се сруши кулата од карти...
    Само тоа го научив во животот. Никогаш не можам целосно да уживам во среќата, секогаш се плашам од тоа што следува. Во моментот кога ќе се опуштам и кога ќе уживам целосно - мора, ама значи мора да се случи нешто лошо. И животот мора секој пат да ми го докажува тоа.
     
    На thelittle17, Beyonce87, Miss.Ricci и 2 други им се допаѓа ова.
  19. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк е во вакви среќни мигови јас се чувствуам празно и осамено покрај толку многу луѓе.
    Ги сакам празниците и собирањето на повеќе личности на едно место но празнината си ја чувствувам само јас. Јас си знам што ми недостасува и не се надополнува со водка,вино,храна и музика.
    :|



    Една прегратка би ми значела многу, повеќе од илјада зборови .
    :|
     
    На crazylady, kravce, 2036 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски

    Да,најсериозно мора некои навики да ги промениш.Пример да не користиш Ќ и Ѓ каде што не треба...


    Не,Катеринче,најсериозно,ова најдобронамерно ти го кажувам :)
     
    На thelittle17, linguaragazza, sweet-star и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.