Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Некогаш при очи треба да се направиме слепи, и при уши глуви за да не ги пратеме по ѓаволите девојките кои се пикаат кај шо не треба и кога не треба! Колку ли ги има бре? :puke:
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lolli

    Lolli Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    26
    Готово завршија празнициве и редно е да се ставам на режим малку :nod: Секој ден јадење во изобилство, не сакам ни да помислам да се качам на вага ;(
     
  3. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Ништо не боли повеќе од песна во чиј текст целосно ќе се пронајдеш.. Оф леле, немојте сега да ми пуштате кога учам за испит, немојте да ме докрајчите :|

    Убаво велат, ноќта е создадена да создава спомени и да враќа спомени. Штета што сум заглавена со второво |-)
     
    На thelittle17, Monna.Monna, Juicy03 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски

    Реално јас имам коректен однос со неколку, и ќе им бидам благодарна затоа, особено на Лилит можам нозете да и бакнам зошто била човек, еве и Пирамида и Моира и Серафима и Неверморе, и сум имала уште со многу контакт, збор не излетало од мене за нив, на фб може ги имам пола, ама едноставно не сум таква да би сакала да им чепкам и да ширам, а инаку да сум доживела разочарување, а кој не би доколку има 30 години, од нив научив што понатаму, ама пак не не можев да ги мразам, или да зборам и разкажувам приказни, нивни грешки, а ако се хранат со зборење со мене нека повелат, не можам да губам време од животов за да дознавам кој што како кажал, со Шилеа како да имавме конфликт и тоа се смири, а Притица што ја испиздарив без срам зошто ја знам лично, ме знае и си земав за право зошто ме погоди онаму кај што боли, кај дете, за тоа не можам да премолчувам.. ама еве верувај никогаш не сум прашала кој што збори, а вака од страна учам, и да превртувам очи зошто не знам дали се се запрашле зошто зборат и кај е причината, Сеси јас за тебе ќе имам добро мислење ако јас си го направам и изградам за тебе, и покрај ова јас се уште мислам дека си девојка со став, и не може мене некој да ми го смени тоа доколку си со други во кнфликт, мене тоа ми е небитно, како и да е, доколку сакате да бидете заштитени, заштитете се, не кажувајте на други дека сте на форум, имајте лимит на зближување и оформување така наречени големи, а мали пријателства, остајте си резерва простор каде не би биле изненадени дека ќе проструи инфо за вас.. јас не можам да кажам за некој лошо, и да имам помислено за некој ќе се обратам директно, како што го сторив досега.. како и да е форум е. Учиме..
     
    На DeMelo, antonina, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Amazing

    Amazing Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    33
    миииии падна паретоо :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Serafima, srcekrsacka и Hipica им се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Кога е суша - суша е!
    А после мене - потоп!
    :D :D :D

    Вечерва ни на арката на Ное и‘ нема спас :D
    http://www.youtube.com/watch?v=7-IS46ea3Fw
    По менеееееее........!!!!!!!! :music: :music: :music: :bow:
     
    На Serafima, srcekrsacka, Miss.Ricci и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Подобра(лоша) комбинација од испитни сесии и ПСМ сесии, нема!
    Кога си во добро(предобро) расположение, нема поголема радост (било тоа и во 3 наутро) дека го нашле тестот, и тоа сосе одговори! А тоа е толку добро чувство, што подобро не може да биде, ама полошо-може! Во тие утрински часови зјапаш во компјутерот, и сфаќаш дека нема шанси да го прочиташ ракописот, и ете.. ојдоа 2 часови. И после нели те фаќа еуфорија од лошо расположение, и одеднаш сите ти се криви. Додека бев во добро расположение, можев торта да си направам на тие утрински часови, но сега мрза ме фаќа и да се пресоблечам, така да, каква што сум, ќе си легнам, а утре што ќе биде-не знам! Можам само на арно да се надевам..
     
    На srcekrsacka и pamelche им се допаѓа ова.
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.532
    Допаѓања:
    17.258
    Не отварај споилер т.е. не читај. :!:
    Отиде и мајка ми на работа, ја за спиење немам абер. Батеријава на лап-топот ми е при крај, кај и да е сега ќе ми каже уште колку минутки имам. Во близина на креветов немам штек. Среќа што го исклучив тракторот (компјутеро) нема да продолжам на него да седам. Така да, уште еден саат ми останува да се вртам у кревет, со надеж дека побрзо ќе заспијам. Денес стнанав точно пред 12 саата у 15 за 6. Штракам овде без врска, чекам да ми светне за батерија лаптопот. Играв до сега крејзи такси, да му докажам на брат ми само дека на лаптопот правам повеќе поени, оти не ми верува дека спејсот на ком. ме дупе. Многу ми се јаде, ама не се симнувам доле, не јадам пред спање па шо сака нека биде.Ти реков да не отвараш овде, замарам знам ама барем вака не мислам на јадење. Ако отидам на фејсбук по почетна ќе видам само палачинки, пици и такви ствари. Тоа објавуваат моите френдчиња. Ако отворам тука СП само торти, сладоледи ќе видам. Тоа е, ми измрзнаа прстите. Еве ми светна за батерија. Ти реков да не отвараш и да не читаш.
    Добра ноќ :hai:
     
    На kikkki, anichka94 и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  9. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Се почесто ја читам онаа изрека што беше тоа што го мислиш-постануваш... А јас се почесто размислувам негативно.. И навистина, негативно се однесувам.. Ама ме боли бре луѓе, не ми е добро... И мене веќе душава не ми збира нервози.. Премногу ги притискав нервите за овие 20 години што ги имам. А тек допрва што треба уште повеќе нервози да ме следат? Како јас ќе издржам кога и до сега сум издржала повеќе од што треба во годините кога требаше само да се смешкам и да не се замарам со ништо?

    Чувствувам немам ни нерви ни трпение.

    Прво, сум станала плачка. И тоа плачка што буквално ги влажни очите во секоја можна ситуација, макар и каде што има нај минимални шанси да се расплачеш.
    Да бев таква отсекогаш, немаше воопшто да се чудам. Но што му се случи на мојот глупав нервен систем, каде е мојата издржливост? Зарем треба сега секогаш да ги држам очите широко отворени за да не и дозволам на ниту една солза да се створи а камо ли да потече? Па и уште ако си успее во своето да погледнам нагоре да земам воздух, потоа да погледнам во земјата и да ги тријам очите божем ги бришам остатоците од размачканата шминка која речиси и не се забележува? Секогаш стандард...И се прашувам, зошто воопшто погледнувам прво нагоре? Денес, денес го направив истото.
    И велам, кревам раце, се откажувам! Ама до кога? Не успевам ни ветеното кон себе да го исполнам.

    А што боли најмногу од се? Свесна сум за сево ова! Барем да не знаев што правам и каде грешам...
     
    На thelittle17, DeMelo, Juicy03 и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Колку работи сакам да кажам..колку сакам само за момент светот да го замолчам ох колку посакувам!!!! Интересно,да.Во 5 00 легната во 6 30 станата,истоштена,обесхабрена,безнадежна.Добро можеби до некаде го посакувам овој крај,но верувај дека навистина се изморив борејки се...повторно ке кажам предобра личност си но ете,ниту тоа не успеа да ме направиш срекна...Толку многу чувства,толку многу зборови но нажалост немоќна да ги искажам,ах јас...Неможејќи да заспијам го грабнав лап топот,ставив слушалки бидејки знаев дека музиката беше во мене и сакаше да ме подружи... Да,ја сакам музиката но незнам дали и тебе?Изгубив многу надеж...многу!!!Не,повеке не сум срекна! Знаеш...во еден момент ги затвораш очите,пееш,дозволуваш ветрот да те води во непознат правец..Сепак остануваш свесен и копнееш по одговорот.Но?!Одговор нема!Велат треба да го побараш во срцето но што ако јас незнам што има во моето срце? http://www.youtube.com/watch?v=FQrUgGs_NIA епа ова е моментално...Сепак е најдобро да ги затворам очите и да оставам таа да ме води.Но чекај!Што кога ке ги отворам?Тогаш што ке се случи?Дали после долгото отварање на моите очи ке го имам одговорот ама она вистинскиот? Нах...немислам така..Многу пати ке почнам да пишувам.Тогаш па оставам стилото да ме води..Ме води,ме води,ме води...И?!Самото се одведе во оган! Не чудете се,не обвинувајте!Секој си има живот,епа ова е мојот моментално!!!!! Господе дади ми знак!А нему храброст! Добро!ке стиснам испрати како што знам многу пати да изнапишам и пак да избришам!
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.692
    Допаѓања:
    22.938
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе размислувам за нашиот брак и зборувам за него, толку повеќе сфаќам колку си го сакам мм. Секогаш кога ќе помислам и ќе почнам да ги барам неговите добри особини, ги наоѓам многуте причини зошто го засакав и што ме натера да му речам „да“ на понудата за брак.

    Затоа што е толку мило, добро, постојано и грижливо суштество кое една жена може само да посака и да сонува. Затоа што е еден од ретките преживеани диносауруси кои се' уште мислат и постапуваат во согласност со една мн добра мисла на кравче: да бидеш современ не значи да ја преминеш границата на аморал (парафразирано).

    Како и заради неговите убави талкачки очи, со поглед на мало детенце и неговите силни раце кои кога ќе ме прегрнат се чувствувам како сите зла да немаат никаков пристап до мене, кои се силното и нежното сплотени во човек со кој сакам да го поминам остатокот од мојот живот.

    Ме усреќува! И го сакам со цело срце! И проклета да бидам ако некогаш дозволам да го испоганам тоа што го имаме и ми дава сила со насмевка да се будам секое утро! Сепак, некако сум сигурна дека нема да дозволам такво нешто.
     
    На DeMelo, Monna.Monna, marama и 35 други им се допаѓа ова.
  12. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК мразам кога ќе се успијам |(
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    952
    Пол:
    Женски
    Мразам зима, ми студи цело време :( :(
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    ***

    Сите сакаме да бидеме убави. Секој барем еднаш во животот го посакал тоа, да личи на некој кој му е врв во совршенството на убавината. Посебно ние жените понекогаш знаеме и да претераме со тоа. Шминка, облека, аксесоар по најнов тренд... се’ за таа надворешна убавина.
    Едно сме заборавиле. Насмевката.
    Никое лице не е грдо, никоја облека не може да го замени, никој накит ја нема таа убавина, за да го засени тој сјај.
    Заборавивме да се насмевнуваме.
    Да се насмевнуваме кога ни е најтешко, со неа да го скротиме гневот на оние кои не повредуваат, да се украсуваме со неа.
    Можеме да го паметиме човек по неговата злоба и смуртено лице, но колку е подобар споменот на оној со широка и од срце насмевка. Го имаме непроценливото богатство. Ни преостанува само да се урасиме со него :) .

    ***

    Од овој ден решив сите да ги опсипам со насмевки. Го почувствуав тоа сношти, за прв пат искрено и од длабочината на срцето. Кога со една насмевка се реши се’. И колку да провоцираше, на крај не постоеше проблем, не постоеше победник, не постоеше поразен. Остана само насмевката на двете лица :) .

    Во оваа година ви посакувам само насмевки. Зашто кога се насмеете и колку да е некој гневен на вас, насмевката е победник над се’ :sun: .

    [​IMG]
     
    На DeMelo, Monna.Monna, marama и 19 други им се допаѓа ова.
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Збор провинцијалка, како можете воопшто да го искористите и да го имате во вашиот речник?! Доколку го правите тоа, имате несигурност во себе, и снаоѓањето во општеството и меѓусебното ривалство.. Не секој е роден во главен град, ама сериозно ви кажувам кога го користите размислете, мене црева ми се првертуваат кога го читам за да понижите некој.

    Денес правам листа, што треба да завршам годинава, нема да биде долга, имам неколку клучни работи, ако ги завршам нив животов ќе ми биде малку подсреден. И знаете која ми е омилена болка во стомакот (инаку прашањево го прочитав лани чинам негде, и ете сум го меморилала)?! Онаа кога Мила или моине блесави знаат да ме изнасмејат до толку многу, што стомаков ме здоболува толку многу. И да мило ми е што тука во Лунд имам две три мили личности, дојдени од цел свет..си се пазиме вака или онака.. иста судба..
     
    На DeMelo, Monna.Monna, Juicy03 и 31 други им се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Многу ми е мила лошата фаца на професорката кога треба да ми стави потпис , онака се гледа дека несака , дека нема да спие вечер ама пак мора да го даде потписот и оцената.
    Аххх убавини ......

    На враќање со кола пред мене имаше едно девојче од автошкола со тргни застани и остало и ми текна јас кога првпат возев па имаше еден точак на 100 метри од мене кој сакаше да помине и јас кочам ко да сум возел 200 на саат па ќе го удрам :lol: :lol: никогаш не сум бил толку популарен на улица со 20-30 свирки и 80-120 пцовки од страна на совесните возачи :lol: ....

    И да денес за првпат научив да дувам балонче со мастика , и во кола пробував и ми пукна и ми се залепи на уста , во тој момент помина убава девојка и ми се изнасмеа ....


    Enough talk , lets go and study
    Wait , wait ......

    WHY STUDY TODAY , WHEN WE CAN STUDY TOMOROW

    PWAHAHAHAHHAHAHAHAHAHAHAHHAA

    :devil: :devil: :devil: :devil: :devil: :devil: :devil:
     
    На I.love.your.lips, thelittle17, ceca-1 и 15 други им се допаѓа ова.
  17. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    И така денес, едно снежно претпладне ме направи да се чувствувам омалаксано. Значи, снегот ми е една од најнеомилените ствари на светот. А еве викат ќе врнело цела недела. :devil:
    Тоа ќе се издржи, но ова факултетоВ не знам. :x :worried:

    Туку, СДК

    Оваа година донесов некои нови правила во врска со одредени луѓе. Односно некои луѓе немаат повеќе никакво значење кај мене. ;)
    Оваа година повеќе не ми е целта да ја најдам љубовта на мојот живот. Не сум таа очајната јас.
    Оваа година некако ми е сеедно за се. :)
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    уште рано изутринава не ми беше баш нај нај а имав една важна обврска да завршам и како по обичај почнаа рацете да ми се тресат, срцето да ми чука-ах таа проклета акциозност :@ и пред да излезам од дома се напив еден Дијазепам од 2 мг да ме смири малку-ама не само што ме смири туку и ме заспа :lol: и покрај се гледав да функционирам нормално-заборавив да напишам едно важно нешто, ама напишав некои невообичаени интереси што би можеле да привлечат внимание и да ме исконтактираат :wasntme: дај боже да е така и еве сум јас ко мачорот Том типкам на тастатурава со полузатворени очи ама време е да се освестам оти денот ке помине а јас нема ни да почуствувам :lol:
     
  19. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Ме мачи многу инфроматиката, практичен дел |( Се видело бе инфроматика на економски. |(
    За шо к... ќе ми е бе, за шо? Не можам некој работи да сфатам |( ама стварно не можам.
    Досадно ми е не можам да го вежбам, не ми е интересно воопшто, ич :| , одвај чекам утре да помини па шо сака нека биди, немам живци поќе, стварно немам :worried:

    Одам да се потрудам уште малку.
    Шо вика мајка ми, мачките се мачат, луѓето се трудат :rofl:

    Убав ден :hug: ,вие искористете го максимално, јас не можам |(
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.386
    Допаѓања:
    286.758
    Штотуку заклучив дека бројот на кремите за раце ми е подеднакво голем колку бројот на ташните, а бројот на лабелата ми е подеднакво голем колку бројот на јакните :devil:

    И за беља пак на наткасната во спална врти сучи ни лабело ни крема.
    ОД готово вересија, буричкам по прегради и џепови за да најдам по едно.
    Затоа си се организирав и си купив уште по едно парче кои ќе ми стојат само во спална, кога се досадувам сама пред лап топот да си се шлапам.

    Туку до дм отвориле и една продавница за обувки |(
    Барем во населбата кога си пазарував бев шопинг фри од алишта и обувки, сега ме ставаат во искушение. :devil:
    А не се лоши, онака прошечен бренд и просечен квалитет, достапен за сечиј џеб.
    Плус беше изналепено со салето...ама ич не влегов, си се знам па се поштедувам.

    А јас уствари наместо да се акам по населбава и да мислам што ќе готвам денеска, требаше да бидам на факултет :tmi:
    Забушант голем станав.
    Ама кога го видов тоа снегот, плус дува студи знам дека ќе има огромни каснења на јавниот превоз и си се вратив во постела. Имав и право, едвај низ населбава се провозев.
    Ај ќе зедам ќе попеглам малку, барем малку корисна да се чуствувам.
     
    На DeMelo, marama, anabel-a и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.