Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... ме фати изгледа мајата од форумот ... паричката е кај мене. За чудо имав претчувство ама не ни се затресувам за вакви адети. Ама ете ... Ако ова е некаков знак за некаква поубава година, нека биде веќе! Заслужив, нели ...
     
    На La.Reina.Del.Sur, CaperucitaRoja, marama и 29 други им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Некогаш овде, на ова парче земја, живееле многу херои. Ми се чини реков во една прилика, во различен квадрат од светов секој ден секој еден е херој за некого и нешто. Ама...херој, за поголемото добро, другите пред себеси, за една идеја, мисла, права револуција...нема. Секогаш ваквите моменти ме трогнуваат во филмовите (грдо е да кажам дека не е инспирирано од реалноста, но тоа е) ти дава некоја сила, моќ да застанеш зад некого, пред некого, за нешто поголемо од сите нас. Ние сме глувци во своите дувла стуткани, во немоќ, во неправда, изморени или предвреме предадени. Порадо би го предале соседот за своите дела, отколку сами да ја платиме казната. Себични. Не се замараме нели. А со секое вртење на главата сме еден од друг подалеку, го правиме светов едно помрачно место. Не сме учители сите, за да ги исправаме кривите патишта на другите, но учителите овде веќе не се доволно силни за создавање на уште посилна нација. Кога братчето во школо ти го исмејуваат сите, за да не си исмеан и ти, се придружуваш на толпата. Од една страна превласт на ароганција и себичност, од другата осаменост и отфрленост. И не ни е гајле...ние не се замараме.
    Контрадикторна сум на себеси, знам. Јас, таа што сака да избега подалеку од се, за себеси најдоброто и за најблиските. Колку јас би застанала зад некоја поголема цел? Храброст пред страв, сите пред Јас, истрајност до крај пред предавање од немоќ. Нема овде херои денес, херој еден за сите и сите за еден. Само херои за поедини животи. Па барем и тие да ги величевме, ама не...не се замараме.
    Мене да ми е добро, краток е животов. Овој живот каков ли ќе беше ако нашите претци вака постапувале и се однесувале.

    Испраќам прегратки на сите на кои им се потребни. Барем тие ги имам во изобилство за нудење. :hug:
     
    На La.Reina.Del.Sur, DeMelo, marama и 24 други им се допаѓа ова.
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    40.913
    Пол:
    Женски
    Прво сакам да се заблагодарам на сите за одвоеното време што ми честитавте роденден
    Ве честам со едно парче торта :D
    [​IMG]
    иначе турско кафе пијам во кризни ситуации како сега мојата кога очите ме печат од умор, а имам дете живо кое нејке да спие во никој случај :|
    од умор вчера си ја доби првата џумка на главата ...се пентареше по кревети, се качуваше по комоди и бидна ... :D
    него на никој не му посакувам да има соседи како моите , се доселија во исто време со нас ,пред 10 месеци и верувале или не они уште го уредуваат станот(читај рушат)
    денес ми пукна филм таман детево го легнав заспа на минут ете ги нив почнаа со бурмашините ..
    Среќа имаа не им се качив имаше да ја истурам лутината на нив као на никој до сеа :devil:
    и такаа драги мои
    Имајте убав ден со помалку стрес :D
     
    На La.Reina.Del.Sur, DeMelo, Divinebutterfly и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Јас сум од оние типови на луѓе кои од една страна понеделникот го мразат од дно на душа, а од друга функционираат турбо и со полна пареа макар спиени само 4 часа.

    Деновиве ми течат монотоно и неврзано, живеам само колку да поминат и не уживам во тоа.
    Мразам да одбројувам. Пример, ако треба некаде да одам никогаш не гледам за колку време треба да бидам таму туку колку само е часот.
    Ако случајно се разбудам пред алармот (што мнооогу ретко се случува) не гледам уште колку имам за спиење туку само си продолжувам со мислата - има време.
    Или ако гледам некој филм или слушам музика никогаш не ми е подесено да ми одбројуваат минутите туку си течат правилно. Дури ако го приметам ова кај некој обавезно го менувам - ми пречи.
    Исто и со родендените... никогаш не сум одбројувала уште колку дена има до мојот.

    И за сите други ситуации, го мразам чувството на одбројување или мерење на време.

    Не сум малер, но ко за беља секогаш ме снаоѓа она што не го сакам па така и сега. Почнав да одбројувам, но не знам што. Знам звучам лудо, но има нешто што не ми дава мир и имам чувство како голема промена да е на патот или ќе се случи пресврт во мојот живот. Не можам да го наречам ова интуиција зошто не е, но проклето не ми дава мир последниве неколку недели.

    Се прашувам дали е до зимската депресија која не ме избегнува секоја година, но како и да е морам да си најдам некое хоби што ќе ми помогне да си ги пренасочам мислите.

    Ништо нема да се случи, а и ако биде нешто, барем нека ме изненади позитивно и неочекувано.
     
    На marama, danichap, Juicy03 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Феноменално занимљив факАт: Цитатот за вселената и човековата глупавост воглавно го користат баш оние за кои истиот е наменет. Обратна пропорционалност.
    Ајнштајне, се преврчаш ли?
     
    На pamelche, zhirafa, JoxyTheFreak и 20 други им се допаѓа ова.
  6. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    На Elichka, anggell, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Фала на сите на честитките. Ми го разубавевте денот, вчера, а богами и денес :)
    Фала на убавите желби и зборови, и ви посакувам тродупло да ви се врати со убавина.

    Вчера се собравме неколку кај мене и се смеевме, направивме убава атмосфера.
    По традиција на тој ден ме фаќа депресија, со лоши спомени, кои како шлаканици ме маваат од далечното минато. Но со ваша и нивна помош вчера се расположив и плус се напијанивме малце со игра на пиенка :$

    И вчера се плеснав во кревет, сабајле со шамари ќе ме будеа. Мора на часови одам. Иначе ќе го преспиев денов. Како што би рекла „ Исправение на пијанствено згрешение.“ ( по вицот нели :D )

    Сакав да кажам, како заклучок на постов, сериозно почнувам да правам планови за уште едно веце.
    Не бива вака, кога се наредија вчера 10 души пред веце, како пингвини те на една те на друга нога, незнаев што чаре да најдам, кај да се испразнат. :D Вој пат, не е криво море, криво је пиво. :D
     
    На Serafima, anabel-a, teddybear и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    СДК дека ја слушам песната и срцето ми се кине зошто тој треба да замине на работа :( :( :( :( а песната убива
    http://www.youtube.com/watch?v=151T4Sl0fdE
     
  9. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Се немавме сите собрано вака одамна, за да не лутаме низ кафулиња на студов, со другарките се договоривме да дојдат кај мене на ручек. Станав рано, го исчистив хаосот во мојата соба, ја средив дневната, и почнав да уживам во готвењето, направив шпагети болоњезе, и за десерт им наравив пудинг од чоколадо.
    После ручекот се опуштивме со добра музика и разговор, се смеевме, се сеќававме на сите глуости, на убавите моменти.
    За жал се што е добро кратко трае, така и нашава дружба денес, се разотидоа, секоја по својот пат, секоја со свои обврски.

    Моите обврски чекаат, полниот садопер, нерасчистената маса, и раскрасување на елката, но ме мрзи да станам, после ваква дружба и ручек повеќе би сакала да легнам да одморам, да слушам тивка музика и уживам.
     
    На marama, Serafima, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Подзастанав на едно место и направив голема пауза, знаете, исто како кога во една реченица го испочитувате знакот запирка, но притоа правејќи драматична тишина. Се преслушав неколку пати и сфатив дека овој пат во животот морам навистина да го употребам копчето delete. Не бришев меморија, не бришев спомени, неостварени желби,луди недосонувани соништа...избришав личност која ја сметав за исклучително блиска, но очигледно чувствата не биле взаемни. Се обидував да ги проширам нејзините хоризонти, се обидував да и помогнам да си ја воочи грешката, да пружам шанса, но тежината на делата стана неподнослива и го отфрлив товарот. Се чувствувам полесно и без грижа на совест и сфатив дека годините не го градат другарството, единствено можат да бидат пречка во донесувањето на вистинската одлука. Минатиот пат ја сретнав и како да ме стегна мал грч, но говорот на нејзиното тело ми потврди дека воопшто не сакала да размисли дека урнатините на она што малку останало од нашето минато, стојат на изгниени бедеми. Широката насмевка на нејзиното лице, само беше потврда за моето конечно збогум на поединечни моменти од детството и тинејџерските години, кои ќе останат да живеат овековечени со нејзината лажна насмевка на неколку групни фотографии. И повеќе не се трудам да анализирам, нема потреба да читам меѓу редови, бидејќи се се сведува на една проста проза со кратки реченици без никаква недореченост и симболика. Ја избришав засекогаш, на ист начин како што сега ќе го избришам правот од столаната ламба што фрла светлина во една соба, во еден град, обвиткан во едно тмурно попладне...
     
    На thelittle17, La.Reina.Del.Sur, marama и 28 други им се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Шампањац молим лепо, новата година почна со полна пареа!
    Се нешто ново, нови луѓе, нова средина, нова работа, дури и нова чизма вртам еј! :D, нова глава - е добро де секој ден учам нешто ново и сепак сум поискусна за 370 и кусур дена ;)
    Минатата година ми беше прилично хектична во секој можен поглед. Направив ретроспектива и мојата животна математика вели: лоши вести, добри вести, лоши вести па добри вести. И се така до недоглед. Километри потрошени на патувања: cca 18.000. Сообраќајки: 2. Патешествија и авантури: безброј многу...всушност секое мое патување поминува со некоја надстандардна дешавка. Си велам, што карма ќе имав?! :D
    Свадби: 4. Променети флекници: 5 пара. Изгубени килограми: 4. Еден престој во болница, 3 посериозни боледувања. Бакнежи и оргазми: задоволувачки таман. Солзи: задоволувачки таман. Насмевки: па да ви кажам имам бајаги нови брчки направени околу очите, што значи ЈЕЈ, многу се смеам! А тоа е добро, нели?
    Сума сумарум, колку за да биде годинава таман имав од се по нешто. Лоши и добри страни. Убавини и стресови. Дожд и сонце. Болка и гнев исто колку радост и среќа. Животов прво ме гушка мене, па јас него, и се така до недоглед затоа што поинаку и не би можело да биде а рамнотежа мора да има во се.

    А што научив? Освен другото, дека туѓата болка никој не може да ја почуствува никогаш. Ако е човек, можеби ќе разбере, но нема никогаш да ја почуствува онака како што ја чуствува оној другиот. Затоа дечки, не е ок да се чепка во туѓи рани, ниту да се правиме дека „знам како ти е“.
    Не, не знам. Можам само да замислам. И ако сакам а можам, и да помогнам. Доволно е.
    И освен другото научив, дека ние луѓето можеме и знаеме да живееме заедно. Доколку се ослободиме од спрегите на ова искомплексирано и малограѓанско општество кое не гуши со својата конвенционалност и некое си клише сфаќање на одредени групи на луѓе врз основа на некаква нација, вера, раса или сексуална ориентација.
    Ау да. И научив дека кога ќе станеш продуктивен без да губиш време на глупости а се надградуваш себеси како личност од секој можен аспект, кога даваш предност на позитивни искуства повеќе отколку на негативни чуства, резултатите можат да бидат зачудувачки прекрасни. Потоа, се чуствуваш како нов човек :)

    Среќна Нова 2013. Тројчињата напаѓаат. И како што веќе еднаш реков, многу си ги сакам. На здравје нека ни е дечки! 8)
     
    На thelittle17, La.Reina.Del.Sur, anuskaNESTLE и 41 други им се допаѓа ова.
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека е убаво кога денот ќе ти започне со огромна шоља кафе и добра песна. Едноставно си полн со позитивна енергија и се радуваш на разни ситници.
    Убаво е да си млад. Ја имаш целата слобода. Доцна излегуваш, рано си доаѓаш дома, само затоа што никогаш повторно нема да го живееш истиот период.
    Мислам дека имам некоја фатална опсесија по машки со брада и не знам што повеќе да кажам, само нека е на арно. :|
    Нејсе, врска немам што сакав да кажам, али се на се, немам ни дувано, не сакам да изгледам ко да живеам некој американски тинејџ сон (YOLO -.-), ниту пак планирам да си пуштам брада. Едноставно - чудно убав ден.

    http://www.youtube.com/watch?v=E-eY7CVA9F8
     
    На kravce, tweety26, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  13. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Се на се убав ден, :wink:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Не знам вас али мене ми фали lilit на форумов.
     
  15. K4813

    K4813 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    9
    Сакам кажам, незнам речам!
     
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    ^ Чекам текне.

    Ете, помина и тоа со паричето.
    Поделивме, што поделивме питата (со праз беше :rofl: )...
    Барај, барај, нема ја нигде. Епа ај да видиме да не се паднала во куќата, или во Господ.
    Копај, копај... нигде нема. Ги распарталевме парчињата, абре нигде ја нема.
    Тука малце паника фати. Па ја прашувавме мајка ми. Мала ли е, голема ли е...
    Во фолија ли е, во хартија ли е... И почнавме веќе да јадеме, и кога дојдовме при крај...
    Сестра ми, наеднаш викна: Кај мене е! х20 пати.
    Од радост не знаеше што да прави, се вртеше ко пувеж у гаќи. (добро, ова баш не доликува за на маса)... Ама буквално, стана, го прошета цел стан, и пак седна. И повторно викаше: Кај мене е!
    Јас озбилно помислив некое чудо се случило, а оваа ќора да ти била.
    Па добро, сестри ли сме, што ли сме... :geek:

    Вчера ме праша сестра ми.
    Ми вика: Сигурно не ти се паднала, уште од тогаш кога ти ја местеа.
    Тука мајка ми, се вмеша: Никогаш немаме местено паричка.
    Е сега... ме утеши. :D

    И ко за грев... Пред да почнеме да ја поделиме, мајка ми ми вика:
    - Елена, ај ти прва, никогаш ти се нема паднато.
    5 минути размислував, анализирав, мирисав... И му дадов предност на татко ми.
    Да не бидам после јас крива. Вака подобро, ми го земале паричето, и затоа не е кај мене.
    Ама џабе. Втора бев по ред и пак ништо.
    Сестра ми беше трета. Треча среча. До тоа ќе да е. ]:)
     
    На booble.girl, kravce, tweety26 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Како се дрзнува некој да ви суди за нешто за што никогаш не ве видел како вистински се однесувате?!
    Денеска има многу мразачи - мразат се! Мразат што некој е различен од другите, а мразат и кога некој е ист како другите! Значи само мразат. А всушност и самите тие мора да се во една од споменатите групи, бидејќи трета опција не постои барем во однос на ова.
    Колку е тежок постмодернизмот. Или што и да е ова кое го живееме денес. Се постои, се е видено, се е досадно! Па затоа и различните луѓе се плукани. А некогаш тие различни луѓе биле најголемите потенцијали да останат запаметени во историјата. Знаете повеќето луѓе се како глудница волци. Напаѓаат само во група и можат да живеат само ако се зависни од некој друг. Некои луѓе никогаш не се учат самостојно да егзистираат.
    Мразам што ова глупаво општество функционира на принципот молење за работа. Несакам, не - сакам и јас да го правам тоа!
     
    На Moira, kravce, DeMelo и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Beyonce87

    Beyonce87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    38
    Денес дефинитивно има многу луѓе кои ти мислат лошо.Абре живеј си за тебе и не гледај што ти велат другите.Ако ги слушаш на сите како што на нив им одговара,е тогаш тешка работа.Гледај си за твое добро а остави ги друѓите нека мислат што сакаат за тебе и што сакаат нека зборуваат.Јас повеке не се замарам! ;)
     
    На Angy.g му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Зошто Мики Рурк е толкав мангуп 8) во " Bullet " ( смајли што воздивнува )
     
  20. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    СДК дека и миксед филингс и покрај се како знае значи да се искупи ц ц ц...Со такси дочекав голем букет богат со црвени ружи...де што да правам леле... Оф мори мајкоо.Еј да!Ми текна!Ке си ја пуштам ,,зошто си ме мајко родила,,
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.