Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.560
    Допаѓања:
    3.194
    Пред 4-5 години, на малиов (брат ми) му купив за роденден книга, али знаете од оние што се ко енциклопедии, со дебели корици, внатре ко детска сликовница, за мерак да си ја отвориш и читаш. Знам дека беше петто одделение и баш тогаш учеа историја за старите цивилизации, Сумери, Вавилонци, Грците, Римјаните и сите по ред. И баш и за тоа беше книгава, за животот и културата на старите цивилизации.
    Знам дека многу го интересираше тоа, па и со ќејф си учеше, исто ко мене. :D
    Омилен дел ми е тој од историјата, посебно Грчкава митологија многу ја сакам. Впрочем, сите митови, се такво многу ме интересира. Ако постои некоја книга во која сите митови се собрани, да ми пишете. :D
    Порано во една книжара тука кај мене, ја меркав Историја на светот. Тоа беше една огрооомна книга, може имаше над 1000 и нешто страни, и многу сакав да ми ја купат, али пусто, чинеше 4000 или 5000. Не ми ја купија. :(

    Дека обично учам во собата на малиов, дека е најтивко и никој не ме замара, и вчера таму си читав. Отварам фиоката и ја гледам книгава внатре, за цивилизацииве. И пак ја разлистав онака, никогаш не ја прочитав, оти и тотално ја имав заборавено дека ја имаме.
    И стигнав до клинестото писмо, т.е првобитните негови знаци и како тоа понатака се развивало.
    И знаете што? :o
    Го гледам знакот за жена. Знаете кој бил? :o
    Еве, да не објаснувам, се потрудив и го нацртав. :D
    Мислам дека знаете на што ми личи. :tmi:
    Претпоставувам дека некој маж ги цртал знациве од клинестото писмо, и еве доказ, дека гледањето на жената од страна на машкиот пол и до ден-денес не е променето! :tmi: :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • untitled.JPG
      untitled.JPG
      Големина на фајлот:
      6 KB
      Прегледи:
      484
    На La.Reina.Del.Sur, Annath, Trnche и 25 други им се допаѓа ова.
  2. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Чувството кога татко ти ќе ти рече: Еее.. ќеро јас ја сакам мајка ти и по толку години, исто како и првиот ден ! :inlove:

    Просто се стопив :lol: :* :$
     
    На Delta2, thelittle17, Moira и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Денес ми се случи нешто што не е својствено ниту за ваква голема плачка како мене.

    Работев нешто во ексел табела на работа, и тоа откако дојдов сабајлето на работа, па се до 17 часот :^) Значи, буквално цел ден. Кога конечно завршив, си викам чекај малку да одморам. Затворам табелата и оп - ми текна дека ниту еднаш не стиснав save :tmi: Луѓе, се` ми се изгуби, а не знаете колку време и нерви потрошив да го направам сето тоа, колку ситничарска работа беше и бараше 100% посветеност :@

    И така фино лепо си станав, отидов во тоалет - и си проплакав од мака ;( Ми се собра, не можев да издржам :( Значи ова мислев дека нема шанси да се случи ни во лудило, да плачам на работа. Среќа веќе 90% од колегите си беа заминати дома, па никој ниту ме виде, ниту забележа ;)

    После тоа уште поглупаво се чувствував зошто заплакав како лигла некоја, и така ми се сјеба цел ден денес |( Утре пак ме чека истата работа што денес не успеав не да ја завршам, туку да ја ЗАЧУВАМ :clap:

    Сега ќе ме расположеше само плата, а плата дури за 16 дена (да, да, ги бројам) :tmi:

    Дали да се самозапалам или да се упукам? :devil:
     
    На cinderella5, DeMelo, Jagoda123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    ЈАС ДА ИМАМ ДОЛГИ НОКТИ САМО ЌЕ СОНУВАМ!!!!!! :@
    Значи толку време ги чувам,ги средувам,најбитно што не ги грицкам и сега сами да почнат да се кршат? ;( Значи аман,ќе одам на козметичар и ќе си ставам вештачки па да видеме тогаш.... 8) Навистина ми е преку глава,дури внимавам што фајкам за да не се скршат и сега вака ми врајкат.

    П.С-Вие што имате долги нокти верувајте надарени сте. :*
     
  5. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Зошто ми е толку тешко после разделба со некој кој многу ме повреди ,умот едно кажува а срцето друго ...
     
    На tweety26 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  6. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    отвара сестра ми ФАКбук ...кхм ... мислам ФЕЈСбук глеа нотификејшнс ,инбокс ау ...и почиња на секоја можна слика што ја поставила нејзина другарка а и некоја сасвим рандом "лепотица ", ЛАЈК ЛАЈК ЛАЈК ЛАЈК ЛАЈК ,на сликите по 135 лајка и уште толку коментари од типот леле лепотица ,убавица ,кукла ,срцка муа :headbang:
    и се отвара прозорче за разговор ,читам " имам нова слика ај лајк и коментар " и пишала некоја другарка .
    ок ај сега ке му пишам на ( некој си таму) лајкни ми го коментарот и пиши нешто :headbang: :headbang: :headbang:

    ОУ МАЈ ГАД ,ШТА ТО ЧИТА МОЈЕ ОКО ЧОРАВО :|
    За што живеат овие деца за еден посерен лајк ,зарем тоа ги исполнува ....
    до кое дереџе не доведе ова срањево од технологија ?!
    каква иднина ги чека овие деца скроз затупавени во ерата на интернетот ,кој се користи во крајно дебилски цели ...
    Каде се нивните идеали?! :worried:

    ... жално многу жално ...

    ке се упукам со лопатаааааа :smoke:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ... желбата за ББ крем на Гарние заврши со среќно вдомување на Елегантниот еж, Длабоко во ноќта.
    Мене фетиш не ми е братучед, да се разбереме :D , ама книгите ми се; ми светнува сијаличка, ми заискруваат очички, сакам да ги имам сите книги на светов, ненаситнааааа ко женска верзија на Марјан Стојановски, ви кажувам најискрено.

    А продавачката, едно мало, ситно девојченце, сега кога ќе помислам поубаво :?: - можев и лесно да ја нокаутирам, и да зграбам повеќе книги, помеѓу крушка и кикиритка, кој мислите дека ќе ја добие битката? :!:

    Бладам женички, простете, ама се налеав со толку многу кафе, плус роденден во Кофи Шоп, го кренавме во воздух од смеа, едно време солзи ми потекоа, се подув како жаба. Бесплатен ботокс третман, три пати ура за сите громогласни и искрени смејачи на овој шарен свет.

    Со празниците си качив и некое килце, ама толку се чувствувам свежо, убаво, женствено, што да ви кажувам. Јес да сум крушка, ама си се гледам во огледало со задоволство, си се фрцкам, си се бендисувам бре. :makeup:

    Вчера чинам жиците си ги откинав на Pitch Perfect, па подоцна се разиграв на актуелните хитчиња низ дома (тука морам да признаам, ми светна сијаличка за акапела женски хор, кој ќе прави кавер верзии на модерни песнулки, па кој ми ја поддржува идејата, бујрум - да се исконтактираме, ужасно многу ми се ПЕЕ!!!). Хуго ми готвеше ручече, и упорно ме бркаше од кујната, да не сум си ја умирисала косичката.
    Ја дочекавме Старата-нова година во едно дебармаалско биртииче со коцкасти чаршафчиња, и културно ги игнориравме сите пожелби за опа-иха свадбена веселба, упатени на наша адреса. :D

    Животот си продолжи возбудливо во овој здодевен и предолг јануари.
    И јас како СексиБејби одбројувам до платата, а времето го мерам со помош на оброци за храна, новите неделни епизоди од омилените серии и ноќите посветени на љубов.

    Единствено ме убива што не можам да пишувам, подолго време не сум напишала ниту еден единствен збор, евентуално ако оваа мисла се смета за уметност (сликата е позајмена, слоганот е мој) :D
    [​IMG]
    Открив дека творам само во - најсреќните или најдепресивните моменти од животот.
    А сега сум во златната средина, си се шишкам таму како свежо угоено прасенце.
    Медиокритет завладеа, слава му; сега ми станува малку појасно зошто постои толкава маса на просечни луѓе.
    Зашто се среќни, ете затоа.
    :D
     
    На Mermaid, antonina, LilBaby и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Завршија колоквиумите, немам ништо за на испити. Крај, енд, финито, чао, ауфидерзен, аривидерчи, аста ла виста!

    А јас никогаш не сум била мрзлива како семестаров и ветувам дека од наредниот ќе се поправам. Чудно ми е што постојано нешто правев и немав време, а не учев. Што правев? Што направив изминативе скоро шест месеци? Немам поим. Времето може да го избројам во неколку настани: концерт на РХЧП, преселба, почеток на нов семестар, семинар, колоквиуми, концерт на Новел Ваг, лошо пијанство, колоквиуми, Нова Година, пропадната љубовна приказна, блага депресија, уште колоквиуми.

    А за мене новата почнува со завршувањето на колоквиумската во јануари, па затоа и сега ги правам овие листи. Настани што очекувам да се случат наредниве шест месеци: шопинг во Солун, друг семинар, почеток на нов семестар, колоквиуми, доаѓање на другарчиња од странство, концерт на Депеш Моуд, колоквиуми, и некаде помеѓу договор за работа и заминување за Дојчландијава кон крајот на јуни. Хоупфули.

    И сфатив дека животот ми се случува меѓу овие настани. Само го одбројувам времето од еден до друг и очекувам. И тоа е тоа. Ај, се надевам наредниве шест ќе бидат вредни за паметење и барем ќе можам да одговорам на прашањето што сум направила за време на нив.

    Ај да не станува депре постов, среќна сум денес и си купив светкава тетратка и 24 фломастери и сега ќе си бојам. Чао 8)
     
    На antonina, kravce, DeMelo и 6 други им се допаѓа ова.
  9. KenndallJenner

    KenndallJenner Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    5
    Hello.Сега се зачленив на форумот се надевам на добра дружба! :* :hai:
     
  10. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    ^ Кардашијан покрај сајтот го окупираа и форумов! :doh:
     
    На Juicy03, Sara123 и Cataleya им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.386
    Допаѓања:
    286.785
    Си одседов дома и денеска :$

    Туку за прв пат после не знам колку години се бањав на право пладне.
    Онака асално бањање, да се истегнеш во када со пена ова она, а не туш, не паметам од кога не сум практикувала преку бел ден.
    Секогаш тоа ми е вечерна рутина пред спиење, се тегнам едно пола саат, после се подвиткувам во постела и гледам некој филм.
    Кога бев помала и мама кога ме тертипеше со ефтината струја и неделното бањање, па ако ме фатеше редот меѓу првите тогаш :rofl: :^) .
    Ама години години минеле оттогаш.


    Е денеска прекршив рутината и се чуствував како некој криминалец, дури и малку перверзно. Сама дома сум се пикнала на среде бел ден се бањам :tmi:
    До толку ли бев нечиста па не можеше да почекам.
    Еми од што :rofl:

    Ми фалеше малиот да ми расшетува низ купатило, нешто да довикне, ја немаше ниту надежта евентуално да се придружи.

    И капак на се после тоа и дремка ме фана, па си прилегнав. И јас се прашувам од што |(
    Камо ли така лесно дремката и навечер да ми идеше, а не да се кокорам во екранот од лап топот.

    Туку само готвам, а и јадам а вагата покажа од 58 назад на 55 кг :^)
    Стрес ли е, брз метаболизам или стварно многу трошам ...

    Стасаа ракчињата и супата, оривчето од вчера ќе го дојадуваме ...уште малку и он да стаса од работа и ќе ве напуштам.
    Доста ве тероризирав за денеска.
    :hug:
     
    На ilipili, anuskaNESTLE, Peppermint и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Се чувствувам како снегулка, како творба на сесоздателните раце кои го создадо сиот знаен и незнаен свет, сето видливо и невидливо. Толку бев радосна во мојата колевка на небото, лежев на меките бели облаци и се радував на секој момент поминат со сесоздателот, но еден ден тој мојот создател реши дека е време да го напуштам и да заминам на моето животно патување, се растажив како да го напуштам, како ќе можам да живема без неговата љубов, без неговата утеха, но одлуката беше конечна, пред да тргнам заедно со моите други браќа и сестри снегулки на животното патување од небото до земјата, сесоздателот мој откина парче од моето тело и истовремено од мојата душа, само ми рече толку милостиво ќе се видиме пак, ти биди силна, издржи и не престанувај да се надеваш на мене и се ќе биде во ред, но како да бидам силна тага ми ја убиваше душата се разделувам од моето јато каде бев најсреќна, а сега толку повредена со рана од белегот со кој ме обележи сесоздателот мој за да ме познава во ројот од снегулките кои не праќа на земјата, а од таа рана постојано течеше мојата болка која ќе ме следи и ќе биде дел од моето патување од почетокот до крајот. Плачев јас, мака ми ја кинеше душата толку го сакав сесоздателот мој, а ме повреди ме обележа, а јас се срамев се плашев од тој белег иако тој белег ми беше даден од мојот сесоздател како знак на неговата љубов кон мене.
    И, така патува и плачев од раната и белегот додека моите браќа и сестри снегулки се радуваа и танцуваа лудо во воздушниот простор само јас бев сама немаше со кој да танцува оваа обележена снегулка, кому ќе му донесеше радост раната која постојано течеше од болка, никому, се обидував да најдам утеха во зборовите со кои ме исрати тој на патувањето , но утеха не наоѓавсе така едвај чекав да дојде крајот на оваа патување, мислев брзо ќе заврши но не, траеше многу долго, си мислев толку ли е долго ова патување од наето сесоздателно небо до земјата од која сме создадени, не минува толку брз не барем на нас тие што не бевме убави снегулки, туку со неправилна форма и згрчено лице од мака , тага и болка. Додека слегував на земјата бавно но патував со еднаква брзина како на почетокот, се топев полека го чувствуав секој зрак на сонце од небото како ми зема дел од телото од душата и знаев се топев како восок од топлината на огнот и на крајот целосно ќе исчезнам кога ќе ја допрам земјата, кога полека како капка вода ќе потонам во трулата и создателна земја и ќе исчезнам,а после некое време ќе ме заборават дека постоев некогаш, дека некогаш сум патела за мојот скинат дел уште во создателната колевка од мојот најмил создател, дека пролева толку солзи во осаменоста, дека имаше толку многу рани на душата, дека имаше толку љубов во моето срце, но таа љубов ја труеше горчината што ја чувствува од судбината моја.
    Да барам ли виновник за мојата судбина, или да се помирам и да тонам во мојата тага незнам, како ли да продолжам да патувам јас снегулката која сесоздателот ја рани и ја прати сама надевајќи се на повторната средба и заздравување на раната од исцелетелните раце на сесоздателот мој.
    Радувајте се снегулки на вашето прво и последно патување, еднаш се патува од небото до земјата, танцувајте и радувајте се, не плашете се од допирот на вашето тело на земјата таа земја ќе ве врати назад онаму каде што започнавте и повторно ќе бидете снегулки среќни и ќе лежите на меките и нежно бели облаци.
    Ова сум јас снегулката која патува и ќе патува има уште сила во мене, не се плашам од топлите сончеви зраци кои можат да ме стопат, ќе издржам до крајот и ќе славам за мојата мала победа над животот.
     
    На Moira, tweety26, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Женска интуиција никогаш не лаже!!!!!!!!! Бев толку вознемирена..речиси без никаква причина,се додека не се вклучив на фб,се додека не прочитав нешто што ми ги размрда сите косчиња,нешто што ме извади од контрола.....
    ...
    ......сеуште се тресам :@
     
  14. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    2.452
    СДК дека ми е потребен одмор, не можам веќе да учам...
     
  15. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Филозофија..
    Комплексна, комплицирана, најчесто раскажана на јазик кој многу тешко го разбирам, но бескрајно мудра и интересна.
    Нема многу да пишувам за моето воодушевување од овој старогрчки филозоф, колку и да напишам- малку ќе е.
    Ќе ставам само еден текст.
    Разговор помеѓу Сократ и негов познаник.
    Вреди да се прочита.

    Знаеш ли што слушнав за твојот пријател?”

    -“Чекај малку”, му одговорил Сократ: “Пред да ми кажеш било што, сакам да ти направам мал тест. Се вика тест со троен критериум. ”

    “Троен критериум?”, запрашал познаникот.

    -“Токму така”, продолжил Сократ: “Пред да почнеш да ми кажуваш било што за мојот пријател, би можел за момент да размислиш дали тоа задоволува одредерни критериуми. ” Првиот критериум е “Вистина”. “Дали си потполно сигурен дека тоа што сакаш да ми го кажеш е вистина?”

    “Не”, одговорил познаникот, “Само што слушнав и ...”

    -“Добро”, рекол Сократ: “Значи не си потполно сигурен дали е тоа вистина или не. Да видиме сега следниот критериум ”добро”. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш е нешто добро?”

    “Не, напротив”

    -“Значи”, продолжил Сократ: “сакаш да ми кажеш нешто лошо за него, а не си сигурен дали е точно. Се уште можеш да поминеш на тестот, затоа што има уште еден критериум-“корист”. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш за мојот пријател, ќе ми биде корисно?”

    “Не, баш.”

    -“Па”, повторно рекол Сократ: “ако тоа што сакаш да ми го кажеш можеби не е вистина, за мојот пријател не е добро, а за мене не е корисно, зошто воопшто би ми кажал такво нешто?”
     
    На thelittle17, Peppermint, Moira и 17 други им се допаѓа ова.
  16. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    хм :?: имало усте луге кои се од поранесните векови :?: изгледа имало!...
    е добро има де и сега сто?!!..
    како сто,па тие не можат да живеат во овој 21 век и да бидат како овој век..
    стварно бе :!: ада живеес со вакви луге мислете е лесно??а???

    е знаЧи воопсто не е лесно бре луге верувајтеме не е лесно..
    тие сакат да јадес тие како сакат,да пиес тие сто сакат,да купувас тие сто сака,истото ид а го носис,па да спиес кога сакат тие и како сакат тие и ..................т............................. :devil: :devil:
    ова јас веке не го можаааааааааааааааааааммммммммммммммммммммммммм!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
    не бидува бреј да правам сето ова како некој сто сака е не бидува јас ли живеам или тие мојов живот :devil: :devil: глупости :@
     
  17. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199

    и затоа Сократ никогаш не дознал дека жена му го изневерува со неговиот пријател :angel:
     
    На thelittle17, CuteEva, srcence1607 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.707
    Допаѓања:
    6.640
    Можеби сум досадна на сите околу мене што пекам да е лето, и колку ја мразам зимава и ладново време и одвај чекам да облечам шорц и маичка по кратки.. ама па што да правам кога ми фали летово. Мислам дека летово што измина беше најдобро од сите, и ми носи спомени, добри или лоши, што никогаш нема да ги заборавам. :) Нема ден а на интернет да не отворам и да си го гледам милиот ни Охрид, и уште помилата ни Струга, плажите, езерото и да посакувам да сме сега јули или август. :( Едвај чекам да дојде август, да се оставам во Радожда едно петнаесетина дена.

    Вистина е дека има убавина во сите годишни времиња, ама јас снег ни како дете не сум сакала не пак сега. Па кога ќе се раскашави, и кога одам сабајле во 7 саат во школо кога ќе се замрзне се,па ќе се исполизгам на мразот, аа не. Убава е и пролетта, и есента, ама кај нас за жал траат по 10 дена, зашто во Скопјево или е екстремно ладно, или екстремно топло, друго нема. Ама затоа летото е најубаво, сонце, топло, плажа, вода, забави, машкиии, лудување :)

    Досадна сууум знам, не ме тепајте ама веројатно има некој како мене што му недостига летото. А кога ќе помислам дека имаме уште една недела до школо, ми се лоши. Ама си ветив на себе си дека ќе учам и ќе ги поправам оценките, зашто и мене ми е незгодно после да барам нешто од моите а јас ништо да не им давам во возврат. А и секогаш оцените ми служат како против-аргумент кога моите не сакаат да ме пуштат до подоцна или за нешто слично. :wasntme: Туку, да не го тупам више, ич не ми текнува што да кажам веќе па да не ви досадувам.

    Поздравиии феминки :)


    [​IMG]
     
    На La.Reina.Del.Sur, lovely91 и pamelche им се допаѓа ова.
  19. Angy.g

    Angy.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    30
    Неможам да сватам колку брзо луѓето се менуваат.
    До вчера срце,злато а сега,одвај муабет прават..А има и многу лицемерни..се прават којзнае колку многу те сакат ,а те мразат колку за сиот свет..си велам и јас да почнам да функционирам на нивниот начин,но не..Господ е тука да ги казнува..јас неможам ништо да направам..Се му оставам на Господ..како што било пишано,така нека е.
    Како велат "Од пишаното,не се бега"..морав да си ја олеснам малку душава :)
     
  20. Caliopea

    Caliopea Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    61
    Сакам да кажам дека олку смеење навечер не е на арно. :|
    Од прееска неможам да се смирам, солзи ми течат како да плачам.Од незнам кога вака не сум се смеела.Ама убаво ми дојде , цело време бев смрштена :D
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.