Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Некои чавки мислат дека се Гулабии.......
     
    На pamelche, srcence1607 и Angy.g им се допаѓа ова.
  2. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Нема парно? -Супер.
    За 2 недели? - ‘‘Ќе научам‘‘.
    Што е со Лилит? - Ќе се врати.
    Убав ден? - Убава ноќ.
     
  3. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    Дали тоа јас си го преценив мојот црн дроб...... уствари може више и го немам :D ама ај се регенерира тој нема гајле! туку што да правам јас со главата што ме боли, ништо не ми помогна денеска! ама ако битно убавиот помин останува, а главата ќе помине до утре......ако помине :?: :?:
     
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Има едно девојче во моето друштво, абе секогаш ги испревртува муабетите. Ако на пример ти се јави, те праша дали сакаш да одиме некаде ова она, после во друштво коа сме ќе рече Пааа Ричи ми се јави и ме викна, си реков што да не :o И ја гледам и велам, абре аман ти ми се јави што зборуваш, и тоа пред сите. А она, нее брее Ричи, грешка си! Упорно си тера по нејзино.

    Првиот пат мислев, ајде може изумила грешка е. Вториот пат си велам, оваа мене ме прави будала изглеа, мајтапџика е.. Сега, после 1001 пат, си велам, или јас начисто сум полудела или на оваа дефинитивно и пукнал некој капилар во мозокот.
    Луѓе нема да ми верувате, ама таков превртлив човек, не сум сретнала во животов. Има милион вакви ситуации, просто да и скокнеш да ја задавиш.
    Секакви луѓе има тоа е чудо, ама уште почудно е ако таа мисли дека ова што го прави е здраво. Или па може има селективна меморија, ги памети работите како што и одговара..
    Во секој случај не е здраво..
     
    На thelittle17, Ingvild, Springy и 12 други им се допаѓа ова.
  5. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам дека прочитав цели 84 страници од книгата, уште колку имам :(
    Ама добро битно почнав, не се откажувам морам да запнам со испитиве па послем се ке се среди, дај боже чим завршат испитиве да идеме со мојов да се одмориме негде, далеку од тука

    Не сакам да скијаме, сакам да се излежаваме по цели денови, да се бањаме, да изиграваме будали. Да ми кажува колку ми ја сака налудничавоста :$
    Да не масираат, да шетаме :)
     

    Прикачени фајлови:

    На anichka94, pamelche и CIA им се допаѓа ова.
  6. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Кога можеш да престанеш - не сакаш ,а кога сакаш - неможеш
     
    На Trnche, Moira, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  7. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Денес беше еден неочекувано преубав јануарски ден.
    Уште сабајле гледајки една емисија еден збор ме изнасмеа , за братучеди на струмички мислам дека беше брачетковци :lol: до душа ние битолчани брачеди викаме ;). Така сум се смеела уште посабајлечки знаев дека ке биди убав ден.
    Минаа часови часови , да не заборавам малку се посветив на диетата, всушност вежбање и после долго часовно седење пред лаптоп решив да излезам.
    Се до пред 15тина минути бев излезена.
    Имам 3 другарки со кои кога да излезам се враќам со болка во стомакот од смеење.
    Ја свртивме цееела Битола 3 саати се вртевме а излеговме да поседиме некој пола сат пред зграда , и на крајот завршивме дома со апаратот се сликавме и по уште една серија смеење. :rofl:
    Беше убав ден .Добра ноќ :*
     
  8. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Реалноста е, колку и да се трудам да престанам да мислам што ќе кажат другите, пак ќе има периоди кога мислењето на друга личност ќе биде причина за еден расипано расположение. Тоа е, нема спас. Неможам да терам и едноставно да не ми е гајле, така функционирам и колку и да сакам да се сменам, не можам.
    Пуста психологија.

    Туку да оставам депресивни муабети. Само што го гледав The Perks of Being a Wallflower, прекрасен е филмот, на некој начин ме допре. Го сврзувам со бестрашност, и многу други работи кои би биле клучот кон еден безгрижен живот, ако тоа има смисла. Убаво е да се искажеш во животов, прифатено е и виртуелно искажување, на пример на форумов, темава е создадена за тоа нешто. Да се искажеш вистински, вистината да се постави, да издишиш. Да извадиш се од себе за да не мораш да мислиш, отворена душа. Ова би била добра порака до мене, во периодите кога сум прилично интровертна и мислам на тоа што ќе кажат другите, дали ќе ни се совпаднат мислењата или не.
    Колку им е убаво на екстровертите.

    А за утре, се што посакувам е да станам порано од обично, во мојава соба која би била осветлена, па да го имам она филмско чувство, да станам полна со оптимизам и волја за денот.
    Па да излезам надвор и да трчам еден саат. Потоа да научам тоа што треба, и да уживам во остатокот на денот, се да биде вистинско задоволство. Чудно цветче сум јас. :wasntme:
     
    На karenin, kravce и Libera им се допаѓа ова.
  9. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Никогаш нема да ги сватам машкиве и нема да им верувам :))))))
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.472
    Допаѓања:
    91.846
    Пол:
    Женски
    Навлезе за кратко време толку длабоко во мене, ме допре како никој друг пред него. А и тој го симна одамна неговиот штит.
    Сите забележале позитивна промена кај мене од кога сум со него. Другарка ми вика дека ќе го гушнела најсилно кога ќе го види за да му се заблагодари. Убаво ми е што и тие се среќни за мене и со мене.
    Денес и зборев за него и го спомнавме и Д. Тврдев порано дека било кој мој дечко следен ќе мора да го прифати Д. затоа што јас не можам без него. Не, не било така, можам без Д. него не сум му ни спомнала дека мора да го прифати, затоа што нема потреба.
    Денес се сретнавме на пола пат, онака двајцата тргнати еден кон друг за да се изненадиме. Се изненадивме многу пријатно. УБаво е, но и застрашувачки што размислуваме ко едно. Иако сме различен темперамент, јас бунтовна, лута, бесна, а тој смирен, полн со трпение.
    Се пожалив дека ми паднала флекницата од чевлата. Замолче, стана, зема материјал и почна да прави нова. Не, не е чевлар, но желбата да ми угоди, знаејќи колку ми се битни чевлите беше најбитна. И знаете што? Таа флекница излезе многу поубава од претходната.
    Љубов!
     
    На thelittle17, Elichka, La.Reina.Del.Sur и 22 други им се допаѓа ова.
  11. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Незнам со која причина е во моево срце ама планирам да го падам не му е таму местото бе...Ме нервира тоа што се преправаме дека се е нормално за другите незнам ама јас не сум добра глумица
    Ричи ти држи место муабетов и јас имам една таква ама кај мене ситуацијата е малку поинаква оваа многу обожава да зборува во мое име
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК никогаш човек незнае каде ќе го одведе животот.Некогаш ќе мора да тропне на нечија врата, токму онаму каде не е добредојден, каде поради својата гордост никогаш и не би си дозволил да тропне на таа врата.Токму таа гордост или неговото его, ги прави сите препреки преку кои мора да помине.А ќе помине, доколку знае како да се справи со своето его.Некогаш треба човек да му покаже на сопственото его дека не секогаш мора да е на власт.Арно ама, поради тоа негово константно владеење, губи многу работи кои отпосле му текнуваат дека му биле важни.Откако нема да успее истите да ги врати, доцна ќе му биде.Животот е игра, ама во смисла на како човек истиот ќе го живее.Не е секогаш сјаен, но барем од малку треба истиот да се испочитува.Не секој има леб да јаде, не секој може да си дозволи раскош, не ради своја вина, ради незгодноста на животот, само често се заборава тоа, поради соживувањето со проблемите во истиот, до тој степен да можеби и малку треба човек да одмори од истите.Мирот кај човекот го нема, поради нив.Зарем некому му е поважен немирот? Арно рече еден наш познат човек “ мирот не никаде на друго место, туку во нашата глава“ премногу добро и паметно кажано од негова страна.Така му беше мислата, колку точно погодив, незнам.Се согласувам со него.Ама ете некои луѓе не го разбираат ова, колку и да сака човек да им помогне.Се во животот човек може да направи само ако сака, другото е само изговор.Недовербата во себе си е гаранција за неуспех.Незнам како и воопшто луѓето очекуваат да им веруваат другите, кога прво тие самите себе си не си веруваат, а па да не збориме за дедо Боже.Вера што и всушност значеше? Зарем некои сметаат дека имаат добра проценка на сите работи во животот и дека истата им е точна? Врз основа на што? На нешто што нема база? Тоа е исто како кога бабе Ванѓа и дедо Нострадамус прорекнувале, толку увреливо, гаранција со без рок на траење, за да излезе дека и навистина не им било точно нивното пророштво, во глобала, не зборам за ситнурии.За да побијат некого во една дебата од ега, треба да имаат бога ми јаки аргументи, иначе некој што е професионалец, кој нема да му треба многу време, многу лесно ќе ги совлада, да речам.Та и со своите навидум врвни достигнувања се фалат, иако истите им пропаѓаат во вода, поради неоригиналноста.Лесно е човек да се фали со својот успех, но тешко е да биде човечен, покрај своите достигнувања во животот, а тоа треба животот да му го овозможи на човека, иначе џабе.Секоја чест на луѓе кои се врвни професионалци, успешни, а притоа човечни во вистинска смисла на зборот.Достојно за почит.
    И да си кажам, мислев општо, не за друго да не бидам погрешно разбрана, иначе Гигл транслате мојт напомош да биди :D
     
    На tweety26, perlaa, Jagoda123 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Чудни времина...
    Некогаш тој комшијата ти се обраќал со кај си мало
    те шеткал низ маалото,те играл,не те пуштал да играш криенка на пример,пошто ти си мало детуле,а тој е голем батко,и нема логика да се замара со тебе..
    во суштина те сметал за многу многу мала...и многу досадна

    По 15 години,се случува пресврт..
    Тој е навлезен во триесетите,а ти сеуште си во раните 18
    Нема девојка,а ти имаш дечко..
    те сретнува случајно на некоја си глупава забава,и просто не може да верува дека тоа си ти :o
    Ок си викаш супер,батково ќе ми биде другар и ќе ми дава супер советчина ;)
    И оп по извесно време ти признава дека изгледаш прекрасно и дека му се допаѓаш :x
    И те убедува дека изневерувањето не е никаков грев :!:

    Жал мие комши, благодарна ти сум што ме играше како мала ,ама морам да бидам forever offline за тебе :/
     
    На thelittle17, tweety26, CIA и 2 други им се допаѓа ова.
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Не знам како да ги убедам одредени личности дека не треба да се замараат толку што зборуваат луѓето. Не знам на кој јазик да почнувам да зборувам |(
    Особено една драга личност, толку се замара што се обидува се да им угоди на сите. Вака зборувале, вака ќе правам.
    -Денес се фрли низ прозорец?
    *Не, зошто би се фрлила?
    -Леле, леле, нема скокнато низ прозорец, па како ти така? (пропратено со цинична насмевка)
    После некое време...
    *Еј, Ким, јас ќе се фрлам низ прозорец.
    Јас: Што ти е, зошто толку слушаш што зборуваат, се ли правиш што ќе ти речат?
    *Ама не е дека ми рекоа така, за таква личност ме мислиш? :o Не го очекував тоа од тебе :x Нема врска, ќе се фрлам, немам пробано. И ти треба да се фрлиш.
    |(
    И не можеш на крај да излезиш. Никако! Не знам дали е свесно или несвесно, ама на тој начин им ги затвора устите на луѓето, што е крајно глупаво.
    Не знам што е следно од ова замарање, а некако не сакам ни да знам. |(
     
    На tweety26, kravce и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  15. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    СДК дека овој форум не е за да се препукуваме и да се критикуваме.Барем мое мисење е ова.И некои теми се заклучени поради таквото однесување.Секој живее за себе во оваа денешнина.
     
  16. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Нема бе, луѓето ќе си тераат како што замислиле, како што мозокот им кажува дека се во право, па ти сугерирај дека греши ако сакаш до утре наутро.

    Чист пример татко ми. Тој не знае ни да сослуша а камо ли да те послуша и да земе предвид од тоа што го кажуваш. Ја знаете онаа фаца коа зборуваш, а личноста те гледа со чести обиди да те прекине во зборувањето (што автоматски укажува на тоа дека воопшто не те слуша туку едвај чека да дојде на ред и да си ја каже маката), ќе промумла два три збора као ахм, да да, и веднаш продолжува со својот став.

    Тоа не се личности со цврст карактер туку личности со многу ограничен памет, што во превод би значело ги интересира само она што е продукт на нивниот не толку функционален мозок, значи има разлика да се разбереме.
    Опкружена сум со такви и тоа не се во мал број.
    Зарем јас будала сум коа некој ќе ми рече нешто, ќе ме посоветува, размислувам, го анализирам кажаното?

    И велам на мајка ми на пример, џабе се мачиш мамичке, џабе зборуваш, тој така зацртал и нема назад. Погледни му го само изразот на лицето додека му објаснуваш! Зарем не те иритира?
     
    На thelittle17, Ana.Jones, WomanInRed и 15 други им се допаѓа ова.
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    17.259
    Не сум светица бе, ама у шесто одд. на кавер да ставам
    [​IMG]
    малку нелогично ми е.

    Него ми се јаде та ми се плаче. Ама не јадам, ќе си легнам сега. Утре треба рано да станам околу 1 ипол, ојлеле мајче. Посакајте ми среќа да станам :tmi: |(
     
    На Elichka, Divinebutterfly, anichka94 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11
    ^^ Со среќа! :P
    И зашто сеа ми се моташ толку многу низ глава ? м ?
    Неможам да заспијам сеа мислејќи на тебе бре животно едно.. совршено.. :$ Ахх.. Да се надеваме дека ова е само мало трескање од земја од моја страна зашо ако испадне нешо поише лошо ќе биде.. :(
     
  19. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Тие што се големите обожавателки на Џастин Бибер едната срумичанка другата скопјанка,тој ги ги твитнал на твитер.Лелее до сега не сум видела таква радост.Епа еве јавно ке им честитам.Се надевам во иднина и на мене некоја славна чичност ке ме твитне па и јас да се израдувам малце.Ама ајде де останува времето да покаже дали тоа ќе се случи.Од мене Goodnight and sweet dreams. :* :hug: :mm: |-)
     
  20. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Од кога ме немало бре!Дури сама се подзачудив што ми станало бре...Ах да ви кажам најискрено ма нема поубав форум од фемина.Како будала у 5 саат си лежам си читам и се смеам...а денов ми беше толку депресивен...али ете тоа да ти било лек за насмевки :)
     
    На Katerinceee и owl-ribbon им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.