Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Бидете позитивни.
    Ако не ви враќа на пораките, размислувајте позитивно - Можеби умрел.
     
    На Antigonna, La.Reina.Del.Sur, UbavkaBube и 3 други им се допаѓа ова.
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Денес прв пат го слушнав :l: на бебушот.
    Now its real, имам и слика од точката :lol:- за во албум.
    Го носев и малиот со мене, гледа, се чуди, му кажувам дека имам бебе во стомакот ама сеуште не му е јасно, кога ќе ми порасне стомакот ќе му биде малку појасно.

    Викендот имавме инцидент со мм, малиот му е многуууууу љут :@
    Ми рипна малиот врз мене, мм се исплаши затоа што ми скокна врз стомак, му ја плесна една по газето,ааууу кога му скокнав како лавица зошто го удри малиот, не дека го разгалувам или нешто ама малиот не разбира дека не смее така да ми скока веќе, а овој мм место да му објасни па ако направи така пак тогаш може и да го плесне, уште не родено ќе го замрази бебето ако му правиме така.

    Нудистчево мое дека никогаш не бил удрен од нас, една фацичка тажна кога направи, напрчи муцето и солзи му течеа ;( , мм сакаше да го прегрне, баци, овој страшно увреден му го заврти грбчето и не сака да го види, не прима извинување љутково мој :D

    Еве трет ден не му попушта, кога ќе дојде мм од работа љутково демонстративно ја напушта собата, мм пробува да му се извини, љутково ги покрива ушите не сака да го слуша :rofl:
    Мм сега 100 пати ќе размисле пред да крене рака на малиов, со право се љути нудистчево :!:

    Затоа не сакав деца со мала разлика, уште е бебе и нудистчево, сака да се гали и мази, не знае дека некој работи што ги правевме до сега може да го повреди бебето, а не сакам ни да се почувствува запоставен па од старт да го мрази бебето, затоа и го носев со мене денес да го слушне срценцето, да биде во тек со се, да си го сака братчето или сестричето :*

    Задутре ќе го носиме на Cirque du Soleil, ваљда ќе му се смири до тогаш :?:
     
    На Antigonna, Anna-Banana, Hipster и 64 други им се допаѓа ова.
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Златни облаци го раѓаат новиот ден. Сонцето срамежливо ѕирка од зад планините, се буди. Ја отфрла од себе темната прекривка, ја заменува со светла, сина, најубава...
    Во тој пурпурен хоризонт убавина до убавина, не се знае кој облак е поубав од кој.
    До недоглед...
    Утринската свежина ја опива секоја пора, ја остава без здив, ја меѓепсува...
    Глетка која секогаш го измамила секој.
    Мене постојано, постојано и постојано до бесконечност.
    Ме храни, ме опива секојдневно. Ако ми го нема утрото, нема дел од мене.
    Прво Тој, неговата прегратка, неговото секогаш од срце кажано „те сакам„ кое ми ја затоплува душата и на -20, -30 степенчиња, потоа чешкањето со моето ѕверче надвор, па и рацете да ми помодруваат на него од студ, тоа е она што ми дава елан за живот :) .

    Денот по утрото се познава. Некогаш да, но не некогаш и не значи.
    Се’ е до нас.
    Или ќе внесеш свежина и светли искри во срцето, или ќе дозволиш темните јазици на мракот да те проголтаат.
    Трето, нема!

    Денес убав празник, Св. Серафим Саровски :) . Оној што сраснал со моето срце.
    Ова утро ќе го започнам со розеви и позитивни помисли. Ќе дозволам да ме однесат дури и до облаците, да се радувам заедно со нив.

    Овој ден ќе го фотографираме. А сликичката ќе си ја урамиме во златна рамка и ќе ја ставиме длабоко на некој ѕид во срцето. Да не украсува двајцата.
    Романтична душа, што ќе правиш! Не се бега од своја кожа.
    Сакам изненадувања, не за себе колку тоа што би го направила за Него, за секој што ми значи многу...
    Вечерва нека се подготвува за мнооогу љубов :$ .
    Романтична вечера, црвени свеќички, црвено вино и мнооогу љубов.
    Ќе славиме :inlove: .

    Во меѓувреме за освежување на умот повторно старата песна во ново руво.
    Патувањето во длабочината, во душата на мојата најверна пријателка, книгата.
    Нови хоризонти на повидок.
    Бесценето... :angel:
     
    На Anna-Banana, La.Reina.Del.Sur, kate21 и 15 други им се допаѓа ова.
  4. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Koj ke ceka do 20 da napravam test nemam trpenie sakam da znam odma sega da si go izraduvam na mm :) ajde neka pominit uste ovaa nedela..se izvinuvam za latinicata od telefon pisuvam :)
     
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Што молк утрово на темава? :)

    Колку што му посветуваш, низ омраза, внимание и енергија и чувства на човек кој не го сакаш, толку повеќе стануваш како него. Како комшивката што ја озборува комшивката што озборувала многу. Кој кого повеќе става на вредност по преференција. Со љубов и ладни срца се грејат, но и обратно.
    Ме загрижи помислата дека на моето куче му останува уште толку години живот колку што има сега...во најдобри околности. Не знам да оплакувам, барем не пред туѓи очи. Сеуште ми тежат оние кои веќе ги загубивме. Глупаво или не, таа ни е семејство, а кога поминуваш со суштество секој еден ден од животот, го љубиш па макар и не те разбирало. А ништо не е вечно, ние не сме вечни.
    Take my love, for love is everlasting
    And remember the truth that once was spoken
    To love another person is to see the face of God!

    Повторно на рипит филмска музика. И стиховите од харт кор на архангел во облак над глава.
     
    На Serafima, Hipster, Nymeria и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК...според моето броење: :l: :l: :l: :l: :l: :l: :l:
     

    Прикачени фајлови:

    На Serafima, CuteEva, Ana.Jones и 23 други им се допаѓа ова.
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Уствари, се е бесмислено.

    И нема да има више надежи, копнежи, очекувања за подобри утра и слични какушки.

    ...
     
  8. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    сакам да кажам дека не можам повеќе вака.. погрешив знам ..!! Се каам!! Не можам ништо да сменам :x
     
  9. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Епа колку е тешко кога некој план кој долго си го планирал ти се растура...така наеднаш!

    Цел месец штедев пари, сакав да купам некои парчиња облека...а не сакав да барам од моите, знаејќи ја ситуацијата.

    Секој денар кој сум можела да го заштедам, го тргав на страна.
    Еден викенд не излегов, а џепарлакот го зачував. И, онака ќе трошев пари за без врска, по кафани, по пијанчење.

    И еве само што планирав оваа недела да одам до Скопје, да си го потрошам заштеденото...така како што планирав и ОП, се растури работата.

    Солзи ми доаѓаат на очи. Можеби не е нешто којзнае колку голема работа. Но, ми падна тешко бидејќи секој денар ми е тешко заштеден. Ускратени задоволства, седење дома, броење и планирање. :sweat:

    Собрав 4000 денари. И денес поштарот ме разбуди на врата. Ми донесе сметка од One. Ја отворам, 3324 денари.
    Не знам ни јас како стигнала оваа сума. Изгледа нешто не е во ред со тарифниот модел кој го променив минатиот месец.
    Како да му речам на татко ми да ја плати сметкава? Како да го дозволам тоа?
    Кога тој треба да работи 10 дена од 5 сабајле до 6-7 попладне, за да ја заработи оваа сума. За што?
    За да ја плати мојата мобилна сметка! :fubar:

    Толку ми е жал. Кога ја виде сметката човекот, лицето му пожолте. Ми рече, добро е ете се случило. Но, знам каква кнедла му стоеше на грлото. Му го видов погледот, му беше тешко но рече дека ќе среди.

    Отидов до мојата соба. Го земав тоа проклето купче пари кои ги штедев. Му ги ставив во џеб и му реков ''Неможам да дозволам ова ти да го платиш, се срамам''

    И навистина се чувствувам толку непријатно. Ова е непотребен трошок.
    Најтешко, сите планови ми пропаднаа. Сега во мене ќе бидам, без денар пара.
    Но, добро е што сум штедела. Да не штедев нема да можев да му помогнам. Дури тогаш жива ќе се изедев. :|
     
    На Ana.Jones, kravce, Monna.Monna и 13 други им се допаѓа ова.
  10. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Сакам да сум сега во некое паркче каде што ќе можам да трчам, да трчамм, да викам, да се смеам, а не тука пред компјутеров, ладно време, психички најлошо ги поднесувам овие денови.

    Или да излезев надвор, а да бев на Маврово на пример или Банско, Австрија :inlove:, снег, скијање, но нема, нема ништо од тој сон. Сонуваш, сонуваш и одеднаш пуффф.. се исчезна.

    Лоша работа е ова кога си сам со себе, сите се некаде, а ти си буквално НИКАДЕЕЕ. Ајдеее бе барем со учење да почнеме, да се измешам малку низ луѓето.

    Не е ваков живот за мене. Седи, јади, спи. Не, не :shake: :shake: За мене е живот од типот што толку многу ќе бидам цел ден зафатена што нема да можам глава да кренам. Е да, таму веќе се гледам, а и таков живот водам, кога не сме на овој безвреден распуст. Една недела ми е сосема доволна, од летниот распуст еден месец ми е доволен. Толку ! !

    А и килажата се зголемува. Па секако, кога поминаа толку многу празници и уште повеќе храна низ моите раце. А само седиш, седиш, не бреее, не. Ги бројам деновиве кога ќе помине распустот и конечно да си се вратам во живот 8)
     
    На Delta2 и Elichka им се допаѓа ова.
  11. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Сум ја сонувала BettyBoop25 :drunk:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Денес сум романтично расположен. Утрово се разбудив и слушам само италијански песни.
    А не го знам јазикот, но барам преведени лирики и ги пратам на Англиски.

    Колку и да се добро преведени, не можат да го доловат моментот на Италијанскиот. Има нешто посебно во тој јазик, нешто што ме смирува и трогнува и секогаш ми е истата слика пред очи.
    Како да ме носи во времиња пред моето време. Во времиња за кои сум премлад.

    Ја замислувам Италија, приморје, заљубени парови, зајдисонце...

    Ја замислувам каква ли била во 70-тите, во 80-тите, во раните 90-ти. Ја замислувам како Хрватското приморје, како во некој спот на Оливер Драгојевич.
    Не сум прошетал доволно, очигледно.
    Но утрово јас сум таму.

    Знам дека песнава не е поврзана со романси, но јазикот и текстот пленат.

    http://www.youtube.com/watch?v=sRo4Xr5rELI

    Утрово сакам да кажам и дека ми недостига една многу посебна личност. Таа тоа го знае, но сепак мислам дека не е свесна колку. А како ќе биде свесна со оваа моја воздржаност?

    Во скоро време ќе слави роденден и за жал, нема да можам да одам. Вчера ми рече дека сакала да се видиме на скајп, сепак да сподели дел од тој ден со мене. А знае дека немам кам, но сепак не било важно тоа толку.

    Ме стопи. И тоа не го покажав. Што да правиме со вакви луѓе?

    Ваквите ќе ги чуваме како капка вода на дланка.

    Тебе ти чувам прегратки какви што никој не добил од мене.
     
    На Elichka, Hipster, Libera и 38 други им се допаѓа ова.
  13. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Чувство на клаустрофобија...ѕидовите ме стискаат, просторот сака да ме зграбчи, прозорците се замаглени од тежината на облаците, зимава ме гуши, а јас сум пролетно дете. Музиката од неколку заостанати новогодишни честитки иритира, телевизорот се срами од својата оскудна понуда, телефонот занемено молчи од вчера, а јас барам издувен вентил. Всушност секој предмет има своја ширина, но јас се чувствувам стеснето во сопствената кожа. Полна сум со енергија, а се трошам на празни нешта. Почнав истовремено да читам неколку книги, но ниту една не успеа да го задржи моето внимание. Краткотрајно ме фаќа момент на креативност, ме убедува дека мојата муза е привремено недостапна...да се обидам да ја побарам подоцна? Чувство на сакам, не знам, како, се сетив, да размислам, не можам, можам, среќа, премаленост, потреба, љубов, инсомниа, парализа, истрајност, предавање, упорност, откажување, борба на хормони...постојат моменти кога сум си вишок самата себе си. Свиткана како гасеница, се затворив во една ларва и ќе ја чекам пролетта, кога мојата метаморфоза ќе достигне елеганција на пеперуга...А сега ќе си го гушнам семејството...само тие две срца можат да ми ја инјектираат потребната доза серотонин.
     
    На kravce, bittersweet, teddybear и 15 други им се допаѓа ова.
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Ц ц ц, и модни критики ја заклучија а? Форумов оди надолу. Од што многу сакате да се направите интересни и да соберете лајкови да дигате рејтинг, да користите сарказам каде треба и не, ова повеќе не е место за рекреација и пуштање мозокот на пасење, на некои членки им удира на психа и се под притисок дали ќе им се допаднат комбинациите на некои дотични пошто коментирањето оди во крајности. Ако сте вакви и во приватниот живот, јака им душа на оние покрај вас.

    Се повлекувам одредено време од овде, не ми се пишува повеќе, сите до една сте изменети, ви удри “славата“ во глава, уште еднаш се потврдува тоа колку е просто некој да кренеш во облаци.

    Поздрав.
     
    На Hipster, Monna.Monna, Katerinceee и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Е трт ! И модни критики ни ја заклучија, ако ни е. Па ко оние у парламентот сме море :roll:

    П.с. Да не му фали на некој нокт?
     
  16. CuteEva

    CuteEva Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2012
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    131
    кафенцето до мене се опуштам со добра музика, па зарем има нешто подобро?
    секако освен едно 100тина пара обувки :wasntme:
     
  17. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Оф мили боже, ми фали летото со една веќе не толку драга особа со која си го имавме муабетот и можевме да одлетаме до ѕвездите и да се вратиме, ептен си ја сакав... Ама работите се променија, таа се промени и знам и да отидеме негде повторно заедно нема да биде истото, може јас згрешив, може таа, може и двете. Некако одеднаш прекина таа врска и тоа е тоа... Може и не ме чуствувала толку блиска како јас нејзе. И пак да се дружиме мислам дека повторно ќе бидеме истите, без разлика што другите мислат дека е некоја дигнена кокошка, добра е, знам... А може и незнам :?:
    Ми фали тој разговор со неа, неможаме повеќе си се дружаме ама тоа е тоа. Ги сакам пријателките неизмерно многу, ама нешто фали, тој разговор кој го имав со неа, знаеше за се да ме смири па што и да се случеше се наоѓаше решение. Се што е убаво кратко трае, во ова се уверив многу пати. Ама тоа е, ќе глумам невина озборувачка со моиве будали, иако може еден ден се ќе биде како што беше летово, се надевам ќе пронајдам некоја иста како неа, макар да биде слична и повторно да летнам до ѕвездите и назад... Еден ден, до тогаш ќе се трудам да се вклопам и да глумам како така со моиве најмили будали, оти мислам дека ако не правам така ќе почнат да ме избегнуваат како и секогаш што прават.
    П.С. Може моиве срцки ви изгледаат како некои злобници ама не е така, едноставно само јас не им се пронаоѓам во муабетот, па во последно време избирам да молчам одошто да тресам празна вреќа. :)
     
  18. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.404
    Допаѓања:
    126.842
    Фемина некако празна без модни критики,ако,кога незнаеме да си ги затниме устите и се држиме надвор од темата :fubar:
     
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.080
    Допаѓања:
    179.153
    Пол:
    Женски
    Можеби чудно, но јас, многу побрзо знам да се одделам од емотивната приврзаност кон луѓе отколку кон предмети... Ноќта за стара нова.. влегувајќи во дворот на вратата ми се запна омилениот прстен, пеперутчето ми падна некаде во снегот, ми остана само кругот на прстето. Како лопов го барав. Светев со мобилниот во 3 сабајлечки некои си 15тина минути обидувајќи се да го најдам.. но попусто..
    Утредента, станав со позитивни мисли, се присетував колку пати само го имам лепено од толку шо го обожавав, и пак го изгубив на крај....нели се убедував себе си дека така требало да биде, дека треба конечно да престанам да ги исправам работите...дека кога нешто ќе се скрши, колку и да се лепи и поправа одново, веќе никогаш нема да биде исто.. а ја тоа го праам буквално со се... упорно пробувам да ги оживеам оние работи кои ја изгубуваат првичната функција, а тоа е погрешно, треба да ги оставам и да се ослободам од нив... валда со предметите тоа подобро ми оди отколку со луѓето...којзнае..но, зазедов цврст став, си кажав на себе си дека веќе нема да го праам тоа и го фрлив и делот шо остана од прстенот.

    Муабетот ми е... доцна истото попладне, враќајки се од кај другарка, со само еден поглед надолу го лоцирав пеперутчето... :D коа се озабив од осумка до осумка ме болеше устава цела ноќ после тоа :rofl:
    арно ама, веќе нема да го биде за прстен, зашто нели, претходно го фрлив другиот дел...епа ако не го бива за прстен повеќе, може да го биде за ланче можда :?: како и да е.. стварно си го сакав тоа прстенче :) блесава сум на моменти.. ама ни мене не ми е лесно баш баш.. :D

    не се глеа убаво... воопшто дури.. ама ај... ова е она шо остана од него... :)
     

    Прикачени фајлови:

    • Image3095.jpg
      Image3095.jpg
      Големина на фајлот:
      208,7 KB
      Прегледи:
      363
    На Serafima, Katerinceee и zarah им се допаѓа ова.
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк ми стигна една многу секси понуда од една многу секси девојка еве ја
    Помина Нова година. Останаа свеќите на масата, каминот полн со жар и едно шише добро вино. Би ми било жал да не го испијам со некој кој е вреден за мојата љубов и внимание, ќе бидеш ти тој?
    Јави ми со порака дали да те чекам.
     
    На Moretti, Katerinceee, tweety26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.