Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Нерон! Да бе, сега се сетив, ми текна, мене се Наполеон Бонапарта ми се увртел во мисливе |( незнам што ми текна.А можеби некој од страна го гледа пожарот, неговото ремек дело,мотајки му се во глава музиката на Бочели Time to say goodbye :D Се бива на денешно време, како што било некогаш :D
    Затоа треба за убави работи да се пишува, а не за лоши, оти лоши последици имат :geek: не може да биде се инспирација за убави работи.
     
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ете ме мене ,пак ви се вратив на форумот :hai: :wasntme: .Очигледно имам пропуштено многу но сега ќе пробам да ве исчитам сите.Жива ,здрава,со некое килце плус :worried:hock:,пред се пресреќна што со него ги доживеав најубавите денови.Со живеењето со него скоро месец видов каков ќе ни биде заедничкиот живот во иднина.Мир,бескрајна љубов од него,вниманието од моите кон него и неговите кои што направија да се почувствувам како нивна ќерка не можат да се заменат со ништо.Знам дека тое не е само глума,туку ралност која што ме очекува.ЈА посакувам таа иднина,секојдневното будење крај него,чувствувањето на неговиот мирис,неговите прегратки и бакнежи.Испраќањето на работа и дочекувањето со насмевка и бакнеж кои што изнудуваа насмевка на неговото лице,заедничкото готвење.шетањето и преставувањето на сите негови блиски како негова девојка,ахххххх сакам пак да се повтори сето тоа,сакам да го живеам таквиот живот кој што за мене е идеален.Не посакувам ништо друго и не ми ни треба ништо друго,а стравот за тоа како ќе ми биде понатаму исчезна,сега веќе ми е јасно се и одвај чекам да дојдат тие денови кога ќе можам целосно да му се псоветам нему. Сега следува период кога полека,но сигурно ќе се спремаме за еден од волшебните денови во нашиот живот.Како вчера да беше кога се договаравме што ќе биде и како ќе биде,а сега како што минуваат деновите се повеќе се доближуваме до тој ден.Се надевам дека сите ќе ја доживеете оваа среќа и чувство на исполнетост,ви го посакувам тоа од срце.
     
    На AngelOfArh, Lux, Trendafilka и 28 други им се допаѓа ова.
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Темата „Модни критики“ секако недостасува, меѓутоа, наместо заклучување, опомена, создавање тензии, препукувања, докажувања кој е во право, а кој не, мислам дека треба да се најде соодветно решение, како истата повторно да биде активирана на општо задоволство на сите.
    Ги согледувам и двете страни, значи пред се тука има членови на различни возрасти, со различни стилови,различни вкусови, со меѓусебна близина, со меѓусебни негативни чувства, финансиски способности и ред други фактори, кои колку и да не сакаме да признаеме, влијаат врз она што ќе биде напишано. Во почетокот критиките беа во поублажена форма, за да на крај достигнат ниво на навреди. На крај краева, колку сме ние меродавни и компетентни за овие коментари, со исклучок на оние кои студираат моден дизајн или на било кој начин имаат допирни точки со модата. Три минути во тек на денот гледање Fashion TV, не не прави fashion police а ла Марта Стјуарт.
    Мислам дека темава единствено не би добила клуч повторно, доколку администраторите се во можност да ангажираат стручни и компетентни лица, кои ќе ги коментираат комбинациите во темата (како што ангажираа лекари за некои теми од категорија Здравје). На тој начин, ниту една од членките нема да се навреди, ќе добие стручен совет каде греши во своето облекување и нема темата да се полни со офтопици од типот, ама вие сте блиски постои пристрасност или ова е одвратно, како си можела да се облечеш како за играње на шипка, ти си демоде, или ти си најубава на цел свет, а се работи за сосема просечна комбинација.
    Значи, да не се разбереме погрешно, треба да најдеме заедничко соодветно решение, во спротивно незадоволството ќе расне и на крај сите теми ќе добијат клуч.
     
    На La.Reina.Del.Sur, anabel-a, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ситуацијава во градов станува се полоша и полоша :x
    се чуствувам ко да сум во хоро филм-протести, блокади, сега и пожар, до каде вака незнам :worried:
    инаку СДК дека има една од девојките на медитација што студира во Швајцарија и многу ме нервира ама и се восхитувам на упорноста искрено -сега е на распуст и само нешто договара и ние со неа, во кино, на Водно, и во Неделата и текнало ај да одиме на скијање на Маврово |( сакав да и речам ало женска олади малку не е Рочилд ова :!: , ок тие ке одат јас нема-едвај успевам да заштедам за основни работи пари како лосион за лице или млеко за отс. шминка пари а не за на скијање :fubar: здравје во иднина :) ама фала и на другата девојка што ме покани за во кино вечерва-најверојатно е масло на првава-се ок, да се дружиме да излегуваме, да отидеме и во Италијански ресторан, или во Шпанскиот-за вториот беше моја идеја ама гледам некако да се погоди моментот затоа што не сите земаат плата во исто време а не сакам да се наметнувам а Јануари месец полн со празници, се нема пари :worried: па кога можам , одам, кога не не :)
     
    На Inna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Тоше во едно интервју рече: "Не сакам стилисти, не сакам некој да ме облекува, всушност и ме нервираат. Дозволив еднаш да ме облече нај познатиот стилист во Македонија. Половина од луѓето критикуваа, половина беа воодушевени, исто како и сам кога се облекувам, половина ме критикуваат на другите им се допаѓа. Значи не можеш да задоволиш сечиј вкус, луѓето се различни, па од тогаш си го правам тоа на своја рака"

    Што и да правиш секогаш ќе има луѓе кои ќе се воодушевуваат и луѓе кои едноставно нема да им се допаѓа. А која е таа будала што сака а и може да им удоволи на сите?
     
    На Lux, Hipster, Mikako и 22 други им се допаѓа ова.
  6. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    3.666
    ^ Баш така.

    Затоа секогаш е најдобро да правиме онака како што НИЕ сакаме.
    И да згрешиме, од наша глава е бре. Што ако успееме ?!
    А ако послушаме некој друг и да згрешиме, ќе си викаме "Што ќе беше да направев по мое ?!"

    Е направи де. И ќе дознааеш :)
     
    На EleMental, Hopeful и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  7. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    iu
     

    Прикачени фајлови:

    • yu.png
      yu.png
      Големина на фајлот:
      418,6 KB
      Прегледи:
      240
    На kravce и EleMental им се допаѓа ова.
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Се отклучила модни критики :D Ела ваму :D
     
  9. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Нека завршува светсково,оти нервно ќе попуштам...
     
  10. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Балонот пукна. Одамна се дуваше, а деновиве се гледаше крајот на целата фарса, само беше прашање на време, да не кажам на денови. Можеби викотниците завршија но тешките зборови одѕвонуваат од сите страни. Тешко дека ќе се заборават кажаните измислици и доживеаниот стрес... :(
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Денешниов свет .. аааааааабе катастрофичка.Кој од кој позлобен , полош , гледа да наштети на другите.Инспирација за пишување.Чувства да те убијат.Без коментар да останеш еееееееј ! До кај стигнавме..до кај ќе одиме уште..Воедно со ова не тепаа на ракомет.. :envy: да не те снајдеееееее , ветар , ладно упм :devil: господ да ве чува од полошо
    [​IMG]
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Хајникен и чипс. Вујко ми навистина знае како да ме изненади. :wasntme:
     
    На kravce и Springy им се допаѓа ова.
  13. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Ај да се пофалам дека после првата си ги наредов и другите десетки и конечно после речиси две ужасно напорни недели (5 саати спиење на ден и тоа на рати - два пред колоквиум навечер, три после него преку ден) мислам дека заслужувам еден распуст и убаво да се одморам! :)
     
    На Buttterfly, Moira, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Нека ми прости Горниот, простете ми и вие на изјавата, обично се воздржувам... ама колку глупости видов и прочитав во последниов саат, насекаде околу мене, ми иде да земам една лажица и да сркам еурокрем. Од мака.

    Боже мили.
    :x
     
    На potterholic, Hipster, elena.mak и 10 други им се допаѓа ова.
  15. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Зошто боли кога си вљубен ? Зошто неможам да одговорам кога некој ќе ме праша зошто баш TOЈ ?

    Две прашања, на кои мислам дека и уште еден живот да имам нема да ги одговорам.

    Ако некои случајно си ја решил оваа дилема, секако доколку ја имал, најискрено ќе го замолам да ми помогне. :)
     
    На Delta2 и Inna5 им се допаѓа ова.
  16. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Хмммммм, не знам што да речам....... :$ :wasntme:
     
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    И јас си одам од форумот, толку беше, ми помина меракот...
    Останете со здравје.
     
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Колку добри феминки го напуштија форумов. Штета, Останаа малкумина кои вредат за читање и од кои може да се научи нешто.
     
    На sm1zla и Katerinceee им се допаѓа ова.
  19. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Денеска по улиците многумина ја имаа можноста да ме видат мене и мојот чадор во потрага по колбасица 8)
    Да,да убаво прочитавте колбаси. :lol:
    Тоа врне,дува а јас онака цела пицната тазе бањата,нови фармерки и нов капут и плус чадорот идам у продавница по колбаси |(
    И така јас си идам и еден ветер кога ме удри исто ко да ме удри тавче со пача :geek:
    чадорот машала цврст ама некако ми бегаше од раце и ме носеше на сите страни и се осетив едно време ко Мери Попинс :|


    баш ко Мери Попинс. и така си фантазирам јас чадоров да ме однесе на Бахамите а таму да ме пречекаат слуги однапред платени (само не знам со што платени :^) ) кои ќе ме испратат до некој луксузен хотел и така фантазирајќи гледам сум стигнала до продавницата и едно влегување си барам колбаси од мега (дека само ти ми се убави) и таму едно бабуле ми вика 'чупе нема и јас сакам од тие убајте' и таква цела хистерична излегувам косата цела избушавена од ветерот фармерките мокри од дождот само чадорот не ми се скрши ееее шуќур еден чадор да не се скрши и едно јурииииш накај дома.

    Негоо сакав да си кажам јас ме тресна еден убав ПМС и денеска е денот кога си кркам ко свинче па се изнајадов крем банани,чипс ама не колбаси :|
    И си решив така да напишан нешто физика домашно па од понеделник сум во школо ќе си се вратам во нормала.
    Па ја слушам мајка ми како трачари на телефон со тетка ми рекла-казела оваа си имала швалер оваа се развела па таму незнам која затруднела додека мужот и бил во странство и така јас ги слушам и им се чудам од каде изворот на информаци :lol:
    и гледајќи вести нешто гледам Загреб натрупан во снег само се молам да не дојде кај нас бидејќи сеа почувам со школото и улиците ќе се направат цели со кал и обавезно јас морам да се лизнам на мраз и да паднам колку да не биде за џабе одењето по снег . :rofl:
    Друго немам што да ви кажам освен тоа да ми бидете поздравени и имајте убав ден. Ден?
    епа имајте убава ноќ некако многу брзо ми врви денот откако решив да земам да учам,да купувам колбаси и да слушам трачеви
    :*
     

    Прикачени фајлови:

    • mary-poppins.jpg
      mary-poppins.jpg
      Големина на фајлот:
      78,7 KB
      Прегледи:
      241
  20. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Конечно си се вратив на форумов. Конечно можам слободно да ја отворам секоја тема и да ги прочитам пропуштените мислења. На мал одмор сум и среќна што имам време да уживам тука.

    Поздрав до сите :*
     
    На Umbrella22 и Gordana10 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.